Не знам како да искоментирам на темава. Не сум за меко модерно родителство, ниту пак за комунистички третман. Не би да удрам свое дете, но ако се најде во живото загрозувачка ситуација, како примерите погоре, нека ме суди кој сака, но ќе бидам способна да удрам. Подобро траума од шамар, отколку во болница или во инвалидска количка. Коментарите од типот треба да се разговара, треба да се гушка, треба да се објаснува ми се толку надреални што просто се прашувам дали за деца или за кукли правиме муабет.
Ќе се најде во животозагрозувачка ситуација ако не го пазиш и го пушташ само, па претрчало преку улица. Кој е крив тука? Или што брца во штекер? Или милион други работи кои треба да се отстранети со мали деца, ама ние немаме слушнато за обезбедување на домот? Мене ми е надреално кога читам за ова ќе го плеснам, за она ќе го плеснам, целата вина на децата се фрла, децата се вакви или онакви. А родителите ретко кога себе се погледнале да видат што им е тригер кога детето плаче и зошто толкава нервоза им создава.
Ама еве кажи како можеше да почне да се буди одкога седеше во ќош? Некои работи едноставно како да не сакате да ги сфатите. Све имаме дома, од сложувалки, сликовници, боенки, водени боици, багери, виљушкари, ваљаци, лего коцки, значи нема што нема од играчки и занимации. Читаме книги, сложуваме, ама зарем јас немам обврски бе луѓе? Вие дома ручек не правите? Кога ќе правиме нешто благо ми помага, мати со миксер, стално гледам да е ангажиран, некогаш ради него да не му е досадно правиме торта, значи не е дека детево има недостаток на внимание па да е вакво. Друга работа, еве кажи ми во градинка како може да е скроз поразличен? Воспитувачките стално ми го фалат, како најмирен, си игра со децата итн. Кога ти кажувам дека сум пробала со се, значи сум пробала. И мм што е многу потрпелив од мене и нема проблем да објаснува едно исто по цел саат секој ден, почнува да урла. Значи еднаш навечер не е легнат без плачење и викање. Сите можни начини се пробани. Ти му викаш ајде на спиење сега, он ти вика да поседам. Колку да поседиш? Уште 5 минути. Ајде 5 минути. Верувај и пола саат е оставен после тие 5 минути, пак со пиштење легнува, а заспива одма. Значи уморен, а нејќе да легне. Сл приказни пред спиење, со цртани, со се. Знаааачи со се.
Можеш само да си одговорна за своите постапки, но не и за туѓите. Ти се случило некогаш нешто за дел од секунда? Епа тие се тие ситуации. Не може да си 24-7 alert. Не може. За штеќер се согласувам, тоа би било моја вина. И се би било моја вина ако е во домот. Но, надвор од домот не би рекла дека се е моја вина.
Јас кога имав некои 9 години мислам, се изгубив. Бевме со моите до викендица што е скоро на излез од Скопје и во близина имаше еден маркет. Одам да си купам нешто чоколадо ама на враќање ја утнувам споредната уличка и тргнав по друга. И терам уште по таа улица, мислам на прав пат сум. Гледам не сум па тргнав по некои други демек да се вратам .Ама како пробувам да се вратам, се изгубив уште толку. Почнав да плачам од страв, веќе помина и доста време. Па после за среќа како акав ваму таму најдов пат што води на главна улица и излегов на главната и почнав да се враќам назад и ги гледам моине со кола идат, тргнале да ме бараат. И после само ми кажаа како да ја познаам лесно уличката што води према куќата. И после не се изгубив таму уште еднаш И да ви кажам, на тој претрпен страв уште шамари ми фалеа. Да, јас бев крива ама ете и возрасен ќе утне улица (ми се десило да замислете) не па дете.
Јас коментирам во случај да ми излета дете на улица. Не е иста ситуација. А се може да се случи. Затоа што не сме совршени како што се правиме на форум.
Значи намалете со mom (parent) shaming бе луѓе. Убаво едно време не се пуштав на форумов, шо ми влезе незнам пак. Не сте реални, не сте. Кажувам дека во 2 години три пати е потплеснат по газе, ти до која крајност одиш. Значи ајде родителството е зеленило и цвеќенца, ние родителите ништо не знаеме. На 7 годишно дете што стои карши тебе, ти трудна со стомак до заби, му кажуваш кога да помине, он претрчува пред кола, пак си ти крива шо не си поминала преку улица. А нештото е правено и зборувано милион пати пред тоа. Епа извини ама на 7 години цела моја генерација сами одевме во школо и сами поминувавме улица. Не мислиш дека нешто е погрешно во денешницава и воспитувањево? Золва ми живее во една од најбезбедните држави во Европа, кај што не се газат пешаци ко мравки по улициве, затоа исклучи го аргументот денес има многу несовесни возачи.
Збориш со некој што имаше лепенка 24/7. Те разбирам дека е напорно. Истото го правев, готвеше со мене, комплет све. Немаше шанси сама да си игра. Тоа почна негде накај 5 или ипол. Сега веќе на седум станува сама и си игра два саати, си зема банана или мусли си става си јаде и си се занимава. Ама, кога беше мала, си игравме заедно, и покажував све, читавме, на некои деца им е потребно помош или досадно им е сами едноставно кога се помали. Нема да биде секогаш така. И јас пуштав цртани да погледа, ни цртани тогаш не сакаше, ама пак, не е ништо до детето ниту е криво за нешто, ниту е ова повод за викање и плескање. За спиење си има рутина, нема ајде оди легнувај туку спремање малку по малку, се привикнува на идејата за спиење и почнува да го чувствува уморот. Збориме за постапки на мало дете, не на возрасен човек. Дете на кое му е толкаво вниманието. Нормално дека си ти одговорна ако го пуштиш само да претрча улица. Што ви е? Надвор сум алерт, сега веќе не толку кога е поголема, ама помала стоев до неа на лулашки, како да пуштиш тодлер сам и да не си одговорен?
Тачно сѐ може. Баш затоа ќотек нема да реши. И со и без ќотекот може све да се случи. И "недајбоже" ситуации. У мојата ситуација ако ми опалеа шамар место да ми покажеа како да ја најдам улицата, следен пат пак ќе се изгубев зашто ништо немаше да научам од шамарот. А веќе не се губев после зашто знаев како да ја препознаам улицата.
Добро ете ти си подобар родител од мене и толку. Шо ќе се објаснувам понатака. Ете твоето дете е поинакво, камо да можев со моево да имам рутина како бебе да е, тутни му го млекото и заспиј. Епа не е. Еве на другаркава малата сама и вика, ајде мамо да си легнеме. И што? Подобар родител е она? Не, до детето е.
Се може да се случи. Од каде знаеш што се случило. Може се држело за рака и во последен момент се тргнало. Мене внук ми каков стрес ми предизвика. Беше поголем, јас натоварена со ќеси, среќа немаше прометна улица, почна да бега. Фрлив се почнав да трчам, не можев да го стигнам. Кога го стигнав така ми дојде да го шлакнам, ама ајде не е мој. Сакам да кажам, ќотек е едно, друго е во афект да изреагираш.
Лелеее поборник за ќотек? Да детето ми го тепаат во градинка, вака полесно ти е? Стално се наоѓате по некој вака да паметува, желни за драма.
"Тригерот" е тоа што секоја желба им се исполнува,што се научени да биде по нивно или никако,што не го знаат значењето на зборот "НЕ" и што мислат дека светот се врти околу нив.
Не продолжувај да се објаснуваш, ќе не пријават за семејно насилство, ќе излезе децата за добро утро си ги шлакаме. Не гледаш дека одма извртувачи на зборови се појавија
Овде зборуваме за ќотекот како воспитна мерка, не афект. Ако нешто треба тоа е да има поголем shaming за родители кои користат ќотек како воспитна мерка. Нула толеранција. Ако не се пронаоѓаш во ваквите родители, не користиш ќотек за да го воспиташ детето, што се наоѓаш повикана?
Желна сум да ти ја доловам твојата контрадикторност. Во градинка е мирно и не го тепаат. А дома мора шамар за да е мирно. Не знам како поблаго да ти кажам, ама...до тебе ќе да е. Место да браниш шамари, прашај ги во градинка што метод користат за да примениш и ти.
Во градинкс поинаку гледа на тој авторитет, сфаќаш? Во градинка мислиш тон не им повишуваат? Ама дома ја ако повишам тон за вас сум насилник, така да, не вреди да се објаснувам понатака. Башка шо таму има занимација по цел ден. Дома неможе некој да го анимира по цел ден. Морам да влезам во вц некогаш, не?
Разликата е во тоа што таму не е сам па на него се да му се угодува,како за сите така и за него.А дома детето си е свесно дека целото внимание му се посветува на него и си манипулира.
Добро, да. Сакав да кажам нема дете што се раѓа непослушно и послушно, тоа се прави со воспитување. А тоа значи да разбере, што, како, зошто. Во градинка, поинаку е поставен системот, дома тестира граници. Не знам кој е правилен пристап за твоето дете, сурфај, прашај стручни лица, пробајте да смените нешто. Не дека сте лоши родители, туку оти децата не идат со прирачник за употреба, а ние не добиваме автоматски знаења, кој е правилниот начин.