Цитирај каде некој пишал да не се повиши тон. Нормално е да се умори и фрустрира родител во одреден момент. Треба да има поставени казни, правила, да се има авторитет. Ама овде конкретно зборевме за шамар нели?
Едно е да му повишиш тон и искараш, а друго е да му шлапаш шамари. И тоа по глава веројатно. И тоа ќе гледа од вас и утре ќе удри друг и така малку од малку ќе стане насилно дете. Сами си правите.
И? Не ти делува дека решението можеби е да пробаш да го оставаш почесто самостојно да си игра и да се научи да се занимава самото? Како шамар го решава тоа? За да не се жали веќе на ништо од страв?
Значи се согласуваме дека во афект би го шлапнала детето во ситуација како горенаведената? Бидејќи не гледам тука некој да го оправдува ќотекот. Ја оправдувам било која мерка на загрижен родител кога детето е во живото загрозувачка ситуација.
Јас лично не би шлапнала ни во афект. Мислам дека тоа во афект ни доаѓа како сме биле третирани и првичната реакција ни е таа, да удриме. Затоа практикувам свесно родителство.
Еве ај во мојов случај дојди дома кај мене, вака како сезнајка и научи го да игра самостојно. Ќе ти бидам многу благодарна. Зошто ја све пробав повеќе од 2 години и не удрив шамар ниеднаш.
Што ако ти излета детето на улица? Ќе му кажеш еднаш. Ќе му кажеш два пати. Ќе му кажеш три пати. Колку шанси имаш пред да се случи беља? Еве не те слуша, бега. Што ќе правиш?
Не можеш да го научиш, потреба му е тоа едноставно, мало е уште, иако тебе не ти изгледа мало. Доколку го прифатиш тоа и се помириш, полесно ќе ти е. Јас на пример, седнував да цртам, бојам со нејзе, ама шкрткав демек, а настрана пиев кафе. Па се менувавме со маж ми. Такво ти е детето едноставно, можеш да си бараш решенија и додека бараш, ќе порасне и ќе си игра само.
Сама се пронаоѓаш. Ама да, сите што шлапаат во афект или било како сами си прават. Не секој знае како правилно да воспита дете и мисли дека е скроз правилно да го удира затоа што преминало преку улица или бега. И оп шамар ќе го реши проблемот. Мхм… всушност само повеќе ќе го продлабочи нареден пат пак ќе ти избега и кога нема да се плаши од шамарите и ништо не научило така.
Кога беше мала реков, бев до неа. Нема шанси да излета ако си на штрек и пазиш. Не може да оставиш мало дете и да му дадеш доверба дека ќе гледа преку улица. Ќе види куче на другата страна и пак ќе си претрча. Значи, кога си до улица внимаваш максимално. Еве сега дури оди сама, ама нефреквентна улица. На фреквентна е до мене, со мене и за рака.
Ние родителите.Ама ако не го искараш си лош родител и се дозволуваш,детето ти е непослушно и размазено и пази сега,ако го искараш исто така си лош родител затоа што немаш контрола и трпение.Значи како и да е си критикуван.Пред некое време добив таков осудувачки поглед затоа што имав трпение и пробував со разговор да ја смирам ситуацијата значи буквално почнаа да ме сожалуваат,детето ме малтретирало,нивното дете не смеело така и милион други глупости.После некое време сопругот го плесна по газе за истото од претходно(затоа што ми се сили,ме удира,ме навредува) и исто беше посрамотен како родител.Ја буквално се губам во улогава на родител и еве овде на форумов учам што и како треба па пробувам да применувам.
Па еве веќе 2 години поминаа од тогаш, внук ми нема никого удрено. Лани 3 месеци седеше со нас, ништо слично не направи. Така да, немора баш да значи дека е баш се така. Можеби зошто било еднаш и инцидентно незнам. Не дека имам потреба да ја бранам золва ми амааа познавајќи ја каква е како родител, можам да кажам и на едни од најдобрите во таа "работа" може да им се случи во афект да згрешат. Сама си кажа дека и било криво и после му се извинила. Јас сум дете растено со ќотек буквално за ситници, знам како е, затоа и се трудам тоа да го искоренам. Ама шо вика мм некогаш колку и да се трудиме за нешто да е обратно, вкоренето ни е. Затоа и се трудиме да не е случај со нашето дете така, ама имаш различни ситуации.