Никаде не пишав дека со шамар ќе се реши нешто само дадов мислење зошто во градинка е послушен а дома не е.
Јас во афект за коса ја фатив за да не излета пред кола. Не сакав да ја искубам, туку ја фатив прво за коса, па после за блузата. Од страна можеби изгледало ко да ја тепам.
Ќе му кажам пак дека не треба така, кај што можам би тргнала опасност. И веројатно други работи што сега не ми текнуваат ама постојат. Оти па фала богу си има луѓе кои си разбираат тие работи. Ќе прашам стручен ако треба. А ако шамарот пак не делува? Потежок ќотек, тепање?
Епа, хипотетичка ситуација е, не се случило. Родителите се криви. Значи, родителот ќе го размази детето, па после го тепа зошто е размазено, така му доаѓа. Од мало се поставуваат граници, ако не го тепаш не значи дека си пермисивен родител, не знам како да ви објаснам. Се поставуваат граници со зборење, со последици кои треба да се поврзани со актот. Еве, мојата коа беше помала нели, ставаше све во уста, фаза е знаеме и треба да се погрижиме да нема ситни делови. Како потпорасна зема едно мало играче и пак во уста. И реков, страв ми е дека можеш да се задавиш, тоа не е за во уста наменето, доколку го ставиш уште еднаш во уста ќе го фрлам бидејќи не е безбедно. Нормално, го стави пак во уста, а јас земав и го фрлив. Она зема да плаче и да урла зошто е дете. Ама, не попуштив, ако тука попуштев ќе беше толку од мојот авторитет. Ќе сфатеше дека и да речам нешто џабе е, само така си зборам. Ама, додека она плачеше, јас не се дерев по нејзе зошто плачев, баш напротив, и реков дека и мене ми е жал што морам да го фрлам, ама дека не е безбедно и тоа да е она добра ми е поважно. И никогаш не велам нешто ако не сум сигурна дека можам да го исполнам. И знае кога ќе речам нешто дека е опасно, не смее, дека е така. Значи, граници може и мора да се постават, само тука е разликата како се поставуваат и кога. Ќотек не е потребен.
Како би ја тргнала опасноста? Ќе забраниш луѓето да возат коли? Детето ќе го врзеш во подрум? Многу сте самоуверени дека се во животот излегува како што вие мислите дека е. Милион луѓе, милион ситуации.
Добро ама не е се така црно бело. Пред некое време ми излезе видео од една емисија. Негде по Америка мислам беше ако не грешам. Мајкава со мало девојче и бебе шетала по улица. Му паднала цуцлава на бебево, се вратила 2 чекори да ја земе, рече во секудната ќерка ми ја снема. Ја киднапирале. Не ја има најдено и ден денес. Водителов и вика нели можеше да бидеш повнимателна? Мајкава вика секој ден кога излегувавме на прошетка ја држев за рака или ја туркаше количката со мене, не ја испуштав од вид. Ама ете, секунда. Офтопик е, ама сакам да ти доловам дека не е секогаш се така ко што си мислиме. Ти можеш многу да внимаваш, ама никогаш неможеш да знаеш што може да се случи
Па и вие со шамарот сте исти. Ќе му врзам шамар и готово ќе се смири. Имав у комшии порано такво дете, кога и јас бев дете. Мајка му до плачење го удираше, ова кога нема да го гледа, пак по старо продолжуваше. Ама пред неа мирно демек и оваа горда види се смири. Ахам да. Многу пати идев кај нив, мајка ми се дружеше со неа па знам.
Од кој период се поставуваат граници?Затоа што кога е под казна и сите играчки се тргнати на страна он удира на вратата со нозе,кога пробувам да го држам вриска и ме гриза,кога зборам он ми вика бла бла бла бла и така во круг секојдневно.А за ништо што сум кажала неможе не сум попуштила.
А како би знаела ти како би изреагирала во дадена ситуација? Кај мене сите карти се отворени. Воедно имам слична ситуација со внук ми доживеана. Ти имаш нешто слично доживеано, па да споделиш твое искуство или знаеш на комшивката само како и е во домот?
Како дете да, кажав и поназад. Ама чекај, на детето чувствата не се битни, само на родителот. Осакатена сум од тоа дека јас бев и сум крива за секоја опасност верувај. Кога се изгубив беше еден позитивен пример ама многу други не беа.
Според возраста се оди, еве мојава кога беше помала и да земев да фрлев нешто немаше да разбере зошто е тоа направено, што дека сум го фрлила, до 18 месеци немаат ни самоконтрола развиено. И зависи што направило, најчесто најдобро е да е причинско-последично за да разбере зошто нештото е одземено, немаше да има смисла на пример да и речев сега за казна нема да гледаш цртани. За некои работи додека се мали не вреди ни да се расправа човек со нив, освен ако не е за безбедност. Сакаш да одиш така облечено, оди така облечено, секогаш велам дека и битките треба да се одбираат.
Искрено глупаво е да удриш дете за нешто што може и на возрасен да му се случи.Три пати ми ја поплави кујната дома,секојдневно нешто е истурено на земја, креветите секој ден се мочани ама тоа е нешто што се средува и со разговор може да се реши ама да ме удира и да ми се сили е неприфатливо. Сега има 3 години и 2 месеци.
Има смисол. Гледањето цртан не е детска потреба туку баш привилегија и како таква може да се укине. Многу побезболно отколку нешто што е детска потреба.
За неприфатливи однесувања не се укинуваат потреби како гушкање на пр.и детето да се игнорира туку баш се укинува цртан кој е привилегија. Пр. Го удира братчето и тоа е неприфатливо однесување. Што ќе укинеш како привилегија ?