Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Кај виде да се пронајдам во секое мислење? Тоа шо во моментов сум активна во дискусијава е друга работа. Ете нека е одземање привилегии. Замисли му речам ти ги одземам привилегиите на 5 минути, оди во спална. :rofl:
    Башка кои привилегии на 4 годишно дете?
     
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    20.190
    Пол:
    Женски
    Контам така и нема врска со твојата активност, туку со пишаното.

    |(
    Да, така кажи му и се ќе му стане јасно. Привилегии се ситни мали работи, а значајни за детето. Телевизија на пример, играчка и сл. Ја земаш играчката, не привилегијата. Привилегија не е да седи со тебе, па да го пратиш во спална. Биди така! (facepalm)

    Најголема награда за едно дете е гордоста во очите на родителот за добро однесување.
     
    На MacenceEna и elimkd им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Сум била сведок што од пријатели, што од случајни минувачи кај што тепаат дете и секогаш ми се насолзуваат очите кога ќе го видам малото лице преплашено, плаче, на изразот му се гледа немоќ, сигурна сум дека постои друго решение да се исправи грешката и дека ќотекот не е единствено и крајно решение
     
    На Dancewere, sino.o.oka, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Да, ај важи дека се замара со гасење цртани на тв или "ќе ја фрлам играчкава во канта". Телевизорот и телефонот секако не ги приметува. Рамнодушно ми вика фрли ја. Кога кажувам дека сме пробале се', не измислувам. Значи сме пробале се. И со награди и со млатење празна слама и со се. Со 5 минутна казна најдобро ни успева. Неможам да не го земам на пример негде кај што сака или треба да оди (како одземање на привилегија), немаме личност од доверба со кого да го оставиме. Значи не е муабетот дека ме замарал мене, па да го пратам во спална, муабетот е дека кога ќе седне во спална, неопкружен со мама, тато и играчки, седнува и главчето му мисли што има згрешено.
    Ја овде завршувам дискусија, да не излезе дека во све се пронаоѓам.
     
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
  6. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Ставив,па ми беше намрштен кога ги виде,па си најде нова занимација кај плинот,ми се качува на плотната и го пушта,тој свети го дува и се радува.Јас го гледам и му велам:Мамичка немој сине Џишшшш,Џишшшш ама џабе,му велам и го молам по 200000000пати на ден и така терам,не му повикувам глас ,не го тепам,си терам така,ама кај да е нервно не ми бега.
    Покасно ја затворив боцата,па ми беше лут дека нема џиш на шпоретот,а јас му пеам песничка,и така во круг секој ден по миљонити пат една иста работа.
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.112
    Пол:
    Женски
    А зошто да не викнеш? Не сфаќаат малите ѓаволи додека не викнеш. Јас 2 пати пробувам со убаво, после е само остро и сериозно. Триста обврски имаме во глава, какво молење по цел ден.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Знам,ама ете пробувам со тивко,оти ако викнам ќе вика и он.
    Не е баш мал,има 3 год.и 7 месеци.
    Нели децата не копираат ако викнам и тие викаат,ако скубнам и тие ќе скубнат,прво мене па другарите од градинка,а не сакам така.
    Не знам кој пат да го фатам,све правам со молење едно миљоните пат,Мамичка сине,немој ова,мамичка сине немој тоа и така....
    Изгледа ми останува да чекам,и дека повеќе ќе разбира кога ќе наполни 4години.
     
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.112
    Пол:
    Женски
    Колку се поголеми, толку е потешко барем од досегашно мое искуство. Наша одлика се да ама не е дека баш секој момент го копираат. Не значи дека ти не смееш да му викнеш зашто и он ќе викне. Граници мора да се постават кој е родител, а кој дете. Колку ги поместуваме границите толку повеќе и тие ќе имаат слобода.
    Кога е во прашање ризик по живот јас не правам компромиси, па нека сум најлоша мајка на свет. И ми вика лоша си додека плаче по нешто што не смее, го игнорирам додека се смири и после му објаснувам зошто не смее. Ако проблемот е дали да јаде едно киндер јајце пред ручек можам да направам некој компромис ако ептен не бива. Мада и тоа го решивме со неколку муабети.
    Денеска конкретно не го сакаше ручекот и почна да се фрла на земја. Баба му да беше одма ќе скокнеше да му зготви друго ама јас знам дека јаде ориз и му текнало во моментот да извољева, па после 15минути игнор стана и два тањири изеде. Сум готвела и јас втор ручек ама ако стварно е нешто што не го јаде или ако е болен.
    Викам и го карам и нема да престанам додека не научи основни работи како функционираат зашто знам дека ако работите не ги решам сега или ќе станам хистерична мајка или ќе си легнам на брашното дека цел живот ќе си тера по негово, а јас ќе го следам. А немам намера ни за едното, ни за другото. Не осеќај вина и не се осеќај како лоша мајка ако го искараш, пред се родители сме, а после другари со нив.
     
    На Misskirova, see.emily.play, Mnik и 8 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Па добро, не мора и да му викаш. Ама ако е во опасност или прави било што што стварно не смее да го прави, едноставно го земаш и го тргаш оттаму. И да се бори, и да плаче, не можеш да го оставаш да игра со плинот и да го молиш со мамичка немој. Ќе поплаче, ќе му помине, па ќе објасниш дека не смее. Мора да има граници, ти си родителот и си задолжена да го чуваш безбеден.

    И веќе е голем за такви дистракции, тој ти е лут за нешто конкретно а ти му пееш песничка. Си стоиш на своето, му кажуваш дека не смее тоа и крај. Тоа е единствен начин да разбере дека стварно не смее.

    Ќе разбира кога ќе наполни 4 години, дека може прави се' што намислил.
     
    На Lianna Anna, Skyler, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.877
    Пол:
    Женски
    Го тргаш од таму, се симнуваш на негово ниво и го гледаш во очи и со цела сериозност му објаснуваш колку е опасно, може да се повреди и е го боли многу. Нема мамичка, песнички, кога е сериозна ситуацијата.
    Повеќе сфаќаат по изразот на нашето лице колку сме сериозни отколку по зборовите.
    Не прашуваш што сакате за ручек, не се договарате?
    Или што ќе зготвиш и тоа е, мора да се изеде?
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.112
    Пол:
    Женски
    Прашувам кога немам идеја, во главно готвиме тоа што сите јадеме или готвам за нас, а за него го прилагодувам како што сака. Не правам боранија на пример кога ни јас не ја јадам :D
     
    На MacenceEna и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Убаво имаше на едно видео Гоца Тржан изјавено, ги правиме децата главни дома, а неможе да се главни. Ја ако го прашувам син ми што сака да јаде секој ден ќе бидат компири пржени или тост. Во градинка како ги јадат децава 90% од работите? Нормално, знам дека грашак не јаде и боранија и не правам. Ама дете мало да го прашаш денес што ќе јадеме и тоа ќе ти рече сакам леќа и после ќе му текне не сакам леќа, сакам јајца пржени, ти ќе застанеш ќе пржиш? Вака свеки правела затоа мм пола јадења не ги јаде, зошто он не сакал ко мал и секој втор ден по два ручеци правела, некогаш и трет набрзински, синко не сакал грав денес.
     
    На marchi-cool, BlackNight, Misskirova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.112
    Пол:
    Женски
    Грашак не јаде ама правам. Си ја јаде манџата, зрната ги трга на страна. И јас така правев кога бев мала, сигурно нема четворица дома да не јадат пошо јас не јадам. Не готвам само тоа што сите не јадеме.
     
    На marchi-cool и Mnik им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    И јас гледам да не готвам тоа што не јадат, нормално, од мерак знам да си направам Боранија, а за нив двајца нешто друго, разбирам дека не треба со сила ништо, ама да се најде начин да јаде, а не да го прашувам шо сака. Мм од мал сирење не јадел, му смрдело и никој не се обидел ни да му даде. И сега истата таа што го мазела мм, кога ќе направи сарма, упорна е, напнува да јадел син ми сарма, а дете нејќе. И леќа нејќеше, проба некако, се убедивме, еве го сега секој ден да му правам, секој ден ќе јаде. Ама неможе дете да јаде само тоа, што тоа сака. Ете шо викаш ориз јаде, ама денес му текнало не јадам. Тоа што има на маса ќе јадеш. Неможеме по цел ден во кујна да сме.
     
    На BlackNight и Skyler им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.877
    Пол:
    Женски
    Тоа е маката, детето да не е главно дома и да немој да не команда нас возрасните случајно.
    Од таму и потекнува ќотекот многу често, баш од тоа место. Не може бе еден прцул мене да ме команда по дома, јас сум главен.8)

    Не мора да е главно, може да и е рамноправно зашто тоа е исто така :o човек. Мал човек, ама сепак човек.
    Ние се договараме, што ни се јаде денес, и нормално дека размислува во контекст на тоа што јадеме секојдневно. И сама кога ќе реши што сака да јаде тоа и ќе го изеде.
    Намалете малку со борбите со детето, немој леле да не е главно, има да биде јас како што ќе кажам. Па после ќе пораснат во неодлучни луѓе зашто за ништо не одлучувале, немој главни да не бидат.
    Ах бе....
     
    На crimson, AlicaInWonderland, Dancewere и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    23.906
    За ова со јадењево
    Јас како дете не толерирав овошје. Дијареа ми правеше
    Посебно домашни овошни сокови.
    Имавме онаков џусер и често ме тераа по цела чаша цедено. И трчај после на шоља. Ама не бе, јас инат само сум водела.
    И кога требаше овошје да јадам, мислам тепачки имаше дома.
    Инаку на вкус си сакав овошје ама на стомак ми сметаше.
    И веќе во пубертет ми помина ова.
    И покасно еднаш кога гуглав видов дека кај некои деца се случува во детство да имаат проблем со апсорпција на фруктоза и појава на дијареа што обично се надраснува во тинејџерство.
    Така да...
     
    На MacenceEna и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.112
    Пол:
    Женски
    Зошто да има главен, и самата викаш рамноправност. Рамноправност секако нема, како може дете од 2-3 год да е рамноправно со родител? Тргни од тоа дека никако не придонесува во домот.
    Правилата ги поставуваме ние, ако тоа значи главни ок, нека значи.
    Ај со едно дете ‘Што сакаш мамичка да јадеш?’ Пица. ‘Ок, јас и татко ти ќе јадеме тоа што ти сакаш, само немој да се осетиш дека ние сме главни’.
    Со 2-3 деца на кого да погодам? Имаме и ние живот, работа, обврски дома, социјален живот, одмор од пола саат можеби да истегнам нозе?
    Супер за тебе ако така функционирате ама не е за секого, јас не мислам дека е правилно.
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На minne992, BlackNight, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.229
    Допаѓања:
    176.098
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблеми со текстури и до ден денес. И моите пробвале да надраснам некои работи и јас сум пробвала сама да се изложвам на работи шо едноставно ми се гнасни. И еве ко возрасна пола групи храна не конзумирам сепак. Шознам, да едно е да го изложиш детето на различни текстури ама скроз друго е да го форсираш по секоја цена да ги јади работите шо ги неќи.

    Не мислам тука на "ок неќам поќе од граво дај ми сега тост" туку мислам на "магданосот прај да сакам да повратам и боранијата ја јадам само со солзи и ми е траума".
     
    На drugarka, MacenceEna, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.825
    Хмм малце се претерува со рамноправност , еднаквост и сл.
    Ние сме возрасни и од децата треба да израснеме стабилни личности и мора да има детето пример и авторитет. Јас имам 3 деца и таман работа ако се договарам со нив за ручек, сите различни желби и вкусови имаат.
    Ги консултирам, ги прашувам за вечера или за благо ако правиме , но им давам две, три опции и да изберат. Не ќе правам за едниот јајца, за другиот тарана и за третиот лепчиња пржени.
    Не ги тепам никогаш, знам да им свикам кога го чепкаат најмалото или се крајно незаинтересирани и се прават дек не ме слушаат.
    Мора да се знае кои се родители а кои деца, здраво е да се има авторитет. Не мислам на стравопочит, но да ги почитува и слуша родителите е потребно за едно дете.
     
    На nevermet18, marchi-cool, BlackNight и 5 други им се допаѓа ова.