Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да има почит. Ама, таа не се добива со еве ти ручек, тоа има денес и ако не го изедеш тоа е, ќе си седиш гладен. Не се добива со по некое шамарче или плескање по газето.
    Треба малку повеќе на децата да се мисли дека се човечиња, а не само деца кои треба а знаат кој е главен во куќата. Сакаме кога ќе пораснат да се одлучни, стабилни, ама од мали не им даваме да олучуваат, не им даваме слобода, па после се чудиме што се такви.
     
    На drugarka, mal.ecka, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира детето твое што јаде во градинка? Ете таму не ги прашуваат, таман работа 150 деца да треба да ги прашаат шо сакаат, како твоето денес јаде грав, а не го има никој прашано? Треба да се знае кој е родител, а кој е дете. Ние сме родители пред се на тие деца, па другари. И што го учиш твоето дете утреден да мисли дека све може со договор?
    Еве во комшии имаме едно дете, што очигледно не го влече јазик учење, сега 3то одделение, другарка моја му предава англиски, мајка му дошла да се расправа зошто почнале да учат глаголи, детето нејзино не било спремно сеуште, наставничката требала да се консултира со дечињата дали се спремни, она требала да воочи дека децата не се спремни за глаголи.
    Е сега замисли ти, твоево дете што го учиш. Дека сегде ќе биде како тоа што сака. Не ми ставај зборови во уста, никој не рече да го тепаш. Тоа дете треба да знае за авторитет. Еве јас се јадам од манџи, освен меса, јагнешки, телешки, мм ништо не јаде од манџи, све скоро суво сака. Мене мајка ми ме терала да јадам, мм го мазеле, синко јајца пржени? Нати синко. Што мислиш кој има подобро здравје? Што мислиш кој почитува повеќе родител? Што мислиш кој има поасален однос со родител? Мм нејќел да учи, аааа сега ќе му се дерам за учење, со мене никој од второ одделение натака не седна домашна да напише, а бев одличен ученик, мм двојкаш. И така натака. Дома ги имам примерите за вака и онака воспитано дете и гледам резултат сега како возрасен човек. Знаеш мм колкав проблем има со авторитети над него? Никој жив не трпи. А се тоа е зошто мама го оставала што сака да прави. Не зборам за размазеност, зборам за допуштеност и еее за ова ќе се дерам, еее тоа ќе му го забранам, ееее ќе го карам што мочал во гаќи дур спие, нека моча, ќе перам секој втор ден постелини, си го сакам детето не ќе му викам за тоа, ќе порасне, ќе помине. И така натака
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На KuklickaSk, marchi-cool, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Зарем ти секој ден го прашуваш детето што сака да јаде? Јас не. Може еднаш во неделата да биде прашана (ете ќеф да направам), другите денови јаде што е зготвено, мора разновидно да внесува, ако прашувам секој ден, ќе бидат тестенини, тостови и такви слични работи. Кога беше помала не јадеше тоа што готвам, сега е поголема, разбира и се навикна да јаде откако сум построга во однос на тоа.
     
    На marchi-cool, BlackNight, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.142
    Пол:
    Женски
    Озбилно мислиш дека ова е до воспитување и карање??

    А за јадењето, треба да се има предвид дека има деца што се поосетливи на мириси, вкусови и текстури. Еве брат ми има милион јадења што никогаш ниту ги пробал ниту ќе ги проба иако му се нудени и наметнувани од мал. Уште не ги јаде. Некогаш некои работи си се природни и вродени.
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.897
    Допаѓања:
    23.642
    За инат дур спие и не се сеќава ништо, моча у кревет.
    Не оти може има некој проблем со контролирање на мокрење.
    И тие што месечарат се невоспитани.
    И стари луѓе со инконтиненција од инат само мочаат.
     
    На Aнонимус_, Lianna Anna и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Не ја прашувам, се договараме. Предлагаме сите што да се јаде. И не, не бира тостови, не ни јаде тост, сувомеснато не јадеме воопшто. Леќа јадеме два пати неделно, најмногу сака да јаде чорби, потоа оди ориз и пиперки, грицка зеленчук за ужина, овошје обавезно. Благо си е десерт за после јадење и јаде ретче чоколадо или сладолед и толку е, не ни бара. Сама знае кога и е доста, трга тањирот, не можам повеќе и толку. Никогаш не сум и рекла ај уште едно залче, ама многу малце изеде... И ние не јадеме секогаш исто, некогаш изела малку, океј, некогаш повеќе.
    За храната скогаш сум зборела и мислела дека се оди на долгорочен план, не е само набутај го додека е мало, ќе порасне и треба да прави здрави избори.

    Во градинка имаше јадења што и се свиѓаа и јадења што не и се свиѓаа. Тоа што и се свиѓаше јадеше, тоа што не и се свиѓало не јадела, ужинала само или малку каснувала.
     
    На mal.ecka и see.emily.play им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Во ред е за доручек на пример го прашувам кога е дома и за вечера, ама и ручек да прашувам, цел ден во кујна да го поминам, не фала.
    Да, до тоа е. Неможе дете 3 годишно зошто ти пишти да го пуштиш да отвори врата на ќумбе, да се изгори. Шо ќе го карам дека таму не треба да фаќа, дете е, не разбира.
    Јас разбирам дека нешто човек не сака и не му е вкусно. Ама неможе дете да не ти јаде ниедна манџа и ти да му даваш макарони, јуфки, тарана, лебчиња со јајце, пирошки, пици. Супа чат пат. Ете од што не сакал и не се потресувала да го натера некако да јаде, дете е ќе порасне, ќе јаде тогаш.
    Ама па кога јас направив пилешка чорба и мм јадеше, свеки ме праша што му направи, на 32 години прв пат чорба да јаде? Изгледа бев упорна да го превоспитам.
    Значи неможе за се што ќе ти рече детето не и ти да речеш добро. Мм на 4 години 35 кг имал. Ден денес мака мачи со килограмите и другар доктор што има и матичниот и во теретана кај што оди, што прави муабет вака со фитнес тренери и поупатени, сите истото му го кажуваат, дека од дете му е овој проблем направен, од што бил оставен шо сака да јаде и колку сака.
    Може да се објаснуваме до утре, ама многу работи зависат од нас, родителите.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.142
    Пол:
    Женски
    Читаш за што те цитирам или слабо?
    Ти пиша дека требало да го кара мт кога ќе се измочал навечер, за тој дел беше цитатот.
     
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Па во склоп на цитираното ти објаснив. Или не ти одговара?

    А ако збориш за мокрењето, ако е во ред според вас да го оставиш 2 саати пред спиење да се изнапие течности и познавајќи го дека ќе се измоча во кревет, да не се замараш да го разбудиш зошто е греота да се буди детето или не дај Боже да му намалиш течности пред спиење или па да му збориш дека не чини, да се трудиш нешто да смениш, да ти е сеедно шо спие водено цела ноќ, незнам шо потреба да збориме понатака.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.142
    Пол:
    Женски
    Не не ми објасни. Се редактирав, прочитај.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.142
    Пол:
    Женски
    Леле јас месечарев и си зборам понекогаш. Сигурно не ме воспитале да сонувам луцидни сонови. :D
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Се едитирав, прочитај.
    И ете во склоп на тоа, одкога ја моето го искарав и седеше во ќош 5 минути (после околу 8 месеци мочање во кревет) , како така веќе 2 месеци не се моча во кревет, туку дури и сам знае да седне на нокшир, до кревет го чувам? И сега според тебе која е повеќе мајка, таа што го остава да спие водено зошто она го разбира детето или ја вака неразбрана немајка што превзема нешто детето да не спие со саати водено навечер? Зошто во мојот случај се гледаше дека од мрза го прави.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.897
    Допаѓања:
    23.642
    Според мене нормална мајка ќе праша матичен/педијатар дали е нормално дете да мокри на таа возраст во спиење и ако не е, што би можел да е проблемот и како да се реши.
     
    На Lianna Anna и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Моите ме тепаа, ме тераа да јадам што Бог дал дента и не ги интересираа моите училишни обврски, а јас *ИсПаДнАв оККК*. Муабет на секое истрауматизирано делулу човече
     
    На kalinaka и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.142
    Пол:
    Женски
    Не знам за каква мрза збориш и колкаво ти е детето, ама развивање на нормален рефлекс и лачење на хормони кои се потребни за да не ти мокри навечер детето се природни процеси кои не се поттикнуваат со седење во ќош и "воспитување"...
    Ко што кажа @Munchmallow20 се прашува педијатар, ама океј прво треба натпреварување со свекрвата. :?:
     
    На Aнонимус_, Munchmallow20 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.163
    Пол:
    Женски
    Дај бе не пишувај небулози. Не е ова натпреварување која е подобра мајка, конкретна тема е за начин на воспитување. И која мајка овде пиша дека оставила дете водено ноќе, оти греота било да поспие. Постојат други нормални начини, а во согласност со развојот на детето.

    Али ок, најбоља мајка си. Еве ти орден. |(
     
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    (facepalm) у реду е. Еднаш сфатете ко што се пишува. Ја зборам за два различни начини на воспитување дете и резултат од истите. Немора да извртувате. Ај во право сте за се, не вреди да се објаснувам очигледно.
     
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    А прочита негде дека не прашав? Или ја од ракав стропав нешто? Сигурна сум дека вие на форумов многу повеќе знаете за моето дете од мене, нели како нормални мајки
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.100
    Допаѓања:
    43.420
    Пол:
    Женски
    Темата е ќотек како воспитна мерка . Сум против тепање деца .
    Во примерот дали би удрила дете кога ќе претрча улица и е во опасна ситуација, дефинитивно не . Би била среќна дека ништо не се случило , детето е живо здраво . Во тој случај јас ќе сум крива ако претрча пред кола. Треба пазење , зборење. Е сега колку ефект ќе има кај 1 годишно, 2 годишно во моментот . Ама со тек на време ќе знае за опасноста од претрчување. Или за било која опасна ситуација во која би се нашло детето .

    За ручек , да се договориш со едно дете можеш . Ќе се најде компромис . Дојди со 3 деца договори се :wasntme:
    Едно јаде се , друго јаде еднолична храна и се помирив со тоа. Зборено со педијатар .. дете здраво право .
    Самото воспитување на дете е тешко , истоштува целото секојдневие . Секое дете си е свое индивидуа . Свој карактер , со мани и доблести .
    Треба да се има авторитет , не страхопочит ..туку отворен однос . Да се искрени со мене , во секое време да се обратат за било кои која работа .
     
    На KuklickaSk, marchi-cool, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.727
    Пол:
    Женски
    Родителот е тој што одлучува што ќе има семејството за ручек согласно нутритивниите или хранливи потреби на детето и возрасните.
    Детето може да одлучи да не сака да јаде,а не што да има за ручек.
    Ако детето одлучува што денес ке се јаде дома, нема да се добие одлучен човек, туку пребирлив и неспособен да се адаптира, бидејки во животните предизвици па и во изборот на храна треба да си прилагодлив и флексибилен.
    Ако им всадите навика тие да го одлучуваат ручекот многу ќе ви биде интересно кога ќе дојдат во пубертет и наеднаш детсто кое јсдело здрава храна,манџи и салати ќе одлучи да ручате хамбургери па мама ќе мора да готви што синко или ќерка сакаат за да не трескаат врати и се лути во соба.
     
    На KuklickaSk, marchi-cool, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.