Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Да, сигурно, гледам така дека е што јас и околу мене така пораснавме со мора да јадеш и мораш да го испразниш тањирот.
    Пребирлив и неодлучен. :D
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.140
    Пол:
    Женски
    Тинејџер може и сам да си зготви ако не му одговара или не го јаде ручекот. На 15 години не си мал/а за едноставен ручек.
     
    На Elenpelen, Lianna Anna и Cosmi им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.897
    Допаѓања:
    23.636
    Абе имаш па и луѓе посебно на Балкан што самите тераат едно исто со готвењето и мора и децата нивни.
    Моите на пример се ептен по манџи и чорби. Грашок, ориз, компир, месо, зелка ако не е како манџа направено, не се важи. И како мала ме тераа и со сила јадев. Посебно компир манџа ми е бљак. И еве ден денес такви јадења ми прават киселини и ги неќам на вкус и преферирам суви јадења.
    Истиве ствари погоре ги обожавам суви и варени.
    Или боранија исто никогаш не засакав. Значи ако нешто ми праи гадење у уста и стомак, колку сака нека е здраво, нема да го јадам и пројадам
     
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Женски
    Точно, ние сите сме готвеле освен татко ми зашто буквално само за ручек доаѓал дома. И на 15 год сме се договарале што ќе јадеме. Кога се помали не можеш да се договориш за глупости, а не за ручек. На 15 год, па и помали можам да кажам дека сме имале некоја рамноправност дома зашто секој придонесувал, кој финансиски, кој со чистење, готвење итн.
     
    На mal.ecka, Angie1432 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.727
    Пол:
    Женски
    Каде прочита мора да јаде?

    Јас реков детето може да одлучи тоа да не јаде, а не да одлучи што ќе руча семејството.
    Може да одлучи за себе,не за сите во семејството.

    Точно.
    Ако не му одговара ручекот сам нека си направи.
    Ама не смее да се дозволи тоа да кажува што сите ќе јадат.
    Ние како родители тоа го знаеме и колку месо ,јајца итн. треба неделно да внесат.
    А не пикавец од 8 год на пр.
    Но разлигавено дете што од мали год одлучува што ќе јадат сите, ќе му одат по газот и на 20 год. И ќе му трчаат со послужавникот.
    Тоа дете никогаш нема да се адаптира на други услови освен на научените,тоа да диригира.
     
    На Mnik, joy1, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Ти дали прочита дека се договараме што ќе јадеме? Јас не кажувам денес ќе јадеме леќа, сакаш јади, сакаш не. Викам, што ќе јадеме денес, што ви се јаде? Па дали ова, дали она, и паѓа договор.
    Разлигавено дете.|(
    Ова ко кога ми викаа бебе кога беше, немој така, ќе видиш ќе прооди па после тешко тебе. После немој така, ќе видиш ќе почне да збори и тешко тебе, па немој така, ќе видиш во градинка, па на школо, па вака ќе видиш, онака ќе видиш, ќе се расправа само со тебе, ништо нема да те слуша, треба да знае кој е родител. Поминаа тие работи, ништо што кажаа не испадна еееее...
    А ќе видиме на 20.:angel:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ти можеби не, во вашиот дом ќе сте навикнати на таа динамика и ќе ви е нормална. Утре други ќе си имаат мака со неа :D
     
    На mal.ecka и Mnik им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Па, не знам дали со неа ќе си имаат другите мака или со оние што се шлапани, па ги шлапаат другите. Ќе видиме.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    За јадење мислев се збори не за шлапање.
     
    На mal.ecka и Mnik им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    А како други ќе имаат мака со нејзе за јадење?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.727
    Пол:
    Женски
    Ако и се јаде 4 пати неделно макарони,ќе и правиш?!
    Да,разлигавено дете резултира во разлигавен возрасен, кој не е флексибилен и не го интересираат туѓи потреби и интереси туку само свои,зошто така принцот или принцезата дома го научиле.
    Е само што тиарата кога ќе излезе од дома ке ја снема.
    Ќе биде реален живот во кој нема секогаш да ти се исполнуваат желбите.
    Тоа дете треба да функционира утре и на екскурзија и во студентски.
    Е ако не му одговара храната ќе биде кмее .
    А на 20 е лесна работа.
    Причекај ги прво 12.
     
    На MilaSs12 и Mnik им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Уствари грешка, она ќе си има мака кога ќе види дека во градинка и училиште никој не те прашува што сакаш да е зготвено. Шок ќе е кога ќе види дека возрасните поставуваат граници често отсечно, без да се наведнат до тебе, да те гледаат во очи дури со смирен тон ти објаснуваат пола саат една работа.
    Не велам да се оди во крајности и да се споредува како некои со цркање и викање им бутаат храна на децата и поставуваат правила, само некогаш треба да се постават поостри правила (на културен начин нели), не за родителот се почувствува како шеф банде дома, туку за нивно добро.
     
    На MilaSs12, LivingGlam, Cosmi и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Леле, океј е, намали со тоа дека си совршен родител. Пет годишно дете ми е нонсенс да одлучува што ќе има за ручек денес. Готвам секој ден различно и јаде.
     
    На Peanut Butter и Mnik им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Тоа дете јадело во градинка, јаде и во школо. Читате ли уопште или само да се долови поента?
    Бриџит, ми нема детето три години. Читајте што се пишува.
    Не, намалете вие вашите несигурности на други да ги пренесувате.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Читам и општо мислење си давам. Знам дека сакаш да претставиш ко да си ти ептен кул, се договараме што јадеме, сите право на глас, демократија :D а ние другите бап пачата на маса и јади или сукалото го вадам :D
    Ок е, сме биле сите со мали деца, може некогаш, одвреме навреме треба да слушаш поискусни наместо да си убедена дека си совршена мајка која 100 процентно знае како треба.
     
    На KuklickaSk, MilaSs12, Cosmi и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Нема проблем, ќе намалиме. Но многу знам такви разгалени принцези што денес ги тепаат родителите ако не го добиле посакуваното.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Не, не, извини си кажа дека во градинка некогаш јадела, некогаш не, ете нели кога одиш во крајности, биди реална.
    Што и секое второ дете го прави. И децата на овие шо кажуваш дека со сила ги тераат да изедат цел тањир (им ставаш повторно зборови во уста) , истото го прават во градинка.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Не се претставувам, читам и одговарам на она што читам. Поискусни фала, какви се генерациите подалеку од такво искуство. Никаде никогаш не сум рекла дека сум совршена мајка, вие така очигледно ме доживувате, фала ви. Си знам јас колку сум вложила и вложувам во родителството. За да не бидам родител што си го тепа и навредува детето.
    Да, ама не бара посебно да и се дава нејзе, не писка и вриска и не се мршти да прави драми. Гледаш разлика? Не е ни битно.
    Очигледно нема ништо конструктивно во дискусијава веќе, па ќе застанам тука. Може темата на ќотекот да се врати.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не те доживуваме така туку осеќаме дека ти така се доживуваш :D
    Сакаш ништо од твоите (нашите) трауми ко деца да не доживеат новите генерации, логично. Но решението не е да се оди во друга крајност. Си има и тоа свои недостатоци на кои не ни помислилуваш пошто се фокусираш само на недостатоците од едно минато воспитување.
     
    На MilaSs12, An-na, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Дефинитивно сум против ќотек како воспитна мерка. Ако претрчало веројатноста дека било моја вина е голема бидејќи сум знаела дека имам дете кое сеуште нема развиено осет за опасност, па сум допуштила да се оддалечи од мене. Би била среќна дека живо останало а не да истурам бес на него.
    Зборење зборење зборење и очи отварање.
    За јадење. Големите, сите три се големи јадачи, јадат секаква манџа или овошје/зеленчук како снек.
    Но, има едно но, кога имаат индивидуални преференции и варијации ги почитувам.
    Едната ќерка сака обичен варен ориз, не тава, па таков и спремам. Минута работа е, после во чинијата си става од додатокот, салатата, зошто да ја “казнувам” и да и наметнувам нешто што не го сака.
    Се чудев како бо градинка јадат нешто а дома не сакаа. Е од градинка научени го сакаат готовиот спанаќ, не тој со лист, па почнав таков да им правам, леќа ја сакаат црвената( пак навика од градинка) не кафената, па таква им готвам итн. Имам повеќе вакви примери. Не сакам одбивност да им се створи кон храната па одлично функционираме на овој начин.
     
    На Калатеа, firequeenn, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.