Во која друга крајност? Да не го тепаш детето, да го почитуваш како личност, да не го омаловажуваш и вреѓаш кога ќе направи нешто? Да не го тераш да јаде нешто што не сака зошто ти така си сакал? Да го прашаш за мислење? Сосема ми е во ред ако е тоа другата крајност.
Многу ја тупиш, претерано до крај веќе. Ти само почитуваш дете, ти само прашуваш за мислење, другите сите ги тепаат и ги вреѓаат...свашта. Постојат многу работи измеѓу, но ако твојот мозок работи само црно бело, ок, нека ти биде.
Драга Реинбоу, според тебе ние ги малтретираме децата што сме пристапиле построго за да пројадат? Што не ќе прочитам веќе.
Да е јадењето единствениот проблем , лесно ќе е . Низ колку животни ситуации се поминуваме , каде доаѓаме до нашите граници . Каде како родители броиме во себе до 3 да бидеме смирени да не ескалира ситуацијата. Децата знаат да ги тестираат нашите нерви . Ситуации со дете од 2 години кое бега додека сакаш да го облечеш во пижами пред легнување. Го држам да му измијам заби . Зошто е битно . Да не се романтизира родителството .
Моето е 2г што правам тоа јаде има период што нејќе ништо да јаде па му правам нешто друго за него..Инаку вака сум строга не може бе едно мало дете да седи и да плаче или без причина да штипе.Имавме ситуација нас дома нон стоп не штипе ама ние не гледавме толку во тоа.Еднаш во парк пошто он ди мисли на татко му е лизгалката имаше едно мало девојче пред него исплашено мајката ја тера да се лизга она само стои така моево зема ја штипна за образот.Мајката почна да нму вика на моето јас во шок прв пат ми се случува некоја трета особа да му се дере на син ми.Само го земав се тргнав и и реков извинете и он е малечок не разбира.Мислам да го пипнеше ќе ја фрлев од лизгалката надолу.Ајде помина тоа пред една недела пак штипна една внука дури ја раскрвави е богами си доби батини. Има еден табиет кога одиме некаде на гости детево не не остава ни кафе да пиеме се му е досадно се сака надвор или внатре зависи кај седиме. Ми иде да го треснам од земја период ли е не знам ама не ми се оди од него никаде
@Mrs.Nebittnaa отприлика месец плус исти ни се децава со возраст. Околу седењето на кафе гледам да сме негде на отворено и обавезно му барам некоја занимација за да можеме колку толку едно кафе да испиеме. Или кофичиња носам со песок да си игра, или самолеплива хартија носам за да ја лепи ( претходно дома исечена во форми). Ама ова на отворено каде што можам сето ова да го изведам, во затворен простор на кафе со пријателка и + со него не седнувам оти не сум раат. Со ќотек неќам да го терам да ме слуша оти спротивен ефект се добива. Многу пати сум се нашла во ситуација да треба да го удрам ама ај поминувам преку тоа. Му велам дека ќе го кажам на татко му што прави и сам се запира. Доволно е тежок животот понатмау, не треба и јас да го шамарам и детство да му уништувам. Зборување сака, многу зборување!
Навистина како смее 2 годишно дете да не се однесува како возрасен човек и да не знае да седне кафе да испие? Следно и каиш извади.
Јадење е само пример. Ако ти како родител го воспитуваш детето дека може и смее секогаш и секаде да каже што сака и не сака, да одбива да јаде, утре ке одбива да направи одредени работи од учителка, професори, менаџери и газди. Друго е ако си успеала да разграничиш дека дома е се како подмачкано, ке бирате јадења и сликовници, а надвор има свет кој нема да ја почитува и велича како ти сега. Туку ке побара и нареди, без опција да одбие без последици. И последици не се ќотек, туку казни.
Знаеш колку ги има... секое сабајле застанувам пред влез на школо да поминат деца... и секое сабајле се наоѓа некој да ми свири зошто сум застанала.
Инаку на темата како ги воспитуваме ние децата сега вс како нас не воспитувале... Прашајте некој што менаџира повеќе вработени на возраст од 20 до 25 години какви работници се. Значи деца кои се воспитувани на нов начин, без многу ограничувања, се со договор, без казни.. Знаете што ќе ви каже? Даваат отказ за 24 часа, се јавуваат во 8.20 (работно време од 8.30) да кажат дека 'се уморни или во пмс и нема да дојдат', бараат да излезат во 2 зошто се на фризер.... и секако имаат милион оправдувања зошто они се во право. Ген З, а и нашите деца, се и ќе бидат млади луѓе на кои никој не смее НЕ да им каже, или да им даде поинакво мислење од нивното. И уште нешто од лично искуствп. Син ми имаше 15м и јас работев од дома со него. Имам захтевна работа, за која ми треба концентрација. Помош од страна 0. Ковид мерки, ни жена не можеш да најдеш за помош, ни градинки примаат деца. Секако дека знам дека така не се чува дете. Зборам на тимс со шефот, и син ми доаѓа со извадена пелена, а раката цела со гомна. Го затворив лап топот, го однесов во вц, го измив, го облеков, и почнав од немоќ да викам. Не го удрив, само викав. Не дека не знам дека не разбира, дека е мал, дека истражува.. фала богу сите читаме денес и сме посвесни родители. Ама ете, викав може 5 мин, детето ме гледаше збунето, почна да плаче и јас почнав да плачам. По оваа ситуација јас завршив на психијатар затоа што бев убедена дека сум најлош родител во цел свет. Јас му викам на дете кое не разбира. Зора Митиќ, доктор психијатар ме ислуша све ова што и кажав дека сум најлоша мајка на свет, дека психички го малтретирам детето, дека јас читам како треба а не знам да се снајдам. Жената ми одговори дека родител што се грижи избувнува. Родител што се грижи кара. Движењето во 90тите на психолозите за родителство кое ги вклучува децата и им дава избор во се, резултира со неспособни млади луѓе кои сега се по 30г и кои доаѓаат сега со тешки анксиозности зошто се соочиле со свет кој не бил толку толерантен ко нив. Здравје, ќе видиме нашите какви ќе испаднат
Ќотек не е ни за магариња, не па за деца. Не ме тепале, не тепам. Маж ми знаеше да ч'тне по газе додека не се разбравме на негов начин каде стоиме со овој став и толку беше. Мене ме имаа размазено до бескрај, и ми требаа многу години да се свестам каде се наоѓам и дека центарот на светот, замисли, не сум јас. Многу труд вложив да го исправам тоа. Пазев со моите деца кога беа многу мали, пазам и сега кога големата е пред пубертет. Строга сум многу, ама не инаетлива. Да, секој ден се договараме што ќе јадеме. Наоѓаме заеднички јазик, се готви и тоа е тоа. Не ми е тешко, дури и кога ми е тешко. Секој си има свои обврски во кујна околу местење и раскревање на маса, затоа сеуште јадат се' интересно им е. Чекај нека пркнат, ќе видиме. На крајот на денот, сите зборувате за неуротипични деца без проблеми. Кога едно од три е неуродивергентно како кај мене, оди да видиш дали нема на трепавици да дубиш за едно залче што и да е.
Ова е најдоброто нешто што го поседуваат младите генерации. Им се восхитувам и почнувам да ја следам нивната мантра на не трпење на авторитет, наредување. Едноставно не дозволуваат некој рандом шеф таму да се изживува врз нив и да си игра к*рташак. И додека старите генерации растени во Југославија, се тресат пред шеф и одат со мантрата "ќути, има и полошо", младите генерации знаат колку вредат и се ценат себе си.
Мислењево ти нема врска со цитираното, членката наведе реални примери со безобразни постапки од страна на вработените, ти пишуваш сосема нешто друго, диви им се на храброста на генерации кои не трпат мобинг и непотизам и без да размислат два пати даваат отказ и не погледнуваат назад. Спомна Авторитет, наредување, тоа и ти налага секоја организација од врвот па надоле до почетното најниско ниво, секој од надредениот добива наредба и се очекува исполнување на задачи. па ти беше голем поборник за Југославија мајки му, што ти се деси
Неодговорност не е баш за пофалба. А секако и сите не вредат толку колку што се ценат или мама им кажала.
Едно е да се цениш, а друго е да не почитуваш авторитет. Кој технички, потекнува од дома како си го стекнал. И јас се ценам и си играа ку*ташак со мене, ама ниеднаш не ми текнало да не идам на работа затоа што имам одговорност спрема работното место. Едноставно, даваш отказ. Не правиш штета на другиот човек, во случајов газдата со тоа што нема да се појавиш на работа. Оти тоа е неодговорно, идиотски и детски. И во секој случај, нема допирна точка до темава во која што е муабетов
Не знам каде работите и на какви позиции кога за вас е неодговорност не одење на работа. Во ИТ, каде што сум јас имаме во месецот 2 слободни дена да не одиме на работа чисто онака, од кејф, без никаква потреба, и секако може тоа да го кажеш кога сакаш, па и 5 до 12. Исто и флексибилно работно време, работење од дома и одење на фризер во 2. Одење на масажа. Итн. Итн. Од друга страна, во капитализмот нема трпење на неодговорност и никој не држи на работа вработен кој не му носи профит. И не си ги завршува задачите. Никаде во историјата нема пример каде што еден вработен може да донесе поголем профит на месечно ниво од тие што носат во ИТ. Еден високо квалификуван вработен може да држи цела фирма, и неговиот отказ да значи клуч за газдата. Такви вработени знаат да си се ценат себе си, да бараат секакви поволности. И, ако ги трпат, има причина што ги трпат. Односот не се заснова на авторитет и наредување, туку на взаемен пријателски однос со учество на двете страни. Секако, ова е утопија за луѓе кои рмбаат како робови во текстилна индустрија или на лента. Таму, им ја вадат душата. Единствено таму прифаќа да работи оној кој нема друг избор. Но, со тоа што се повеќе фали работна сила во државава, а младите имаат можност да си заминат од овде, не трпат ниту таму. Треба нашиве газди да се зачешаат малку по главата и да размислат зошто истиот тој вработен што не е одговорен овде, е одговорен и ценет во Германија, Австрија, Хрватска итн. Лигави биле, не ценеле авторитет, отказ си давале одма, не им се работело... за 22к, оти не биле тепани од дома. Аха.
Не знам што ќе пишеш ако доктор на закажана операција не ти се појави пошто има два слободни дена у месецот и у 5 до 12 му текнало да иде на фризер, или на пожарникар му текнало да пие пиво и да си земе слободно јер има право на тоа де, небитно тебе што куќа ти гори. Постојат работни места и струки кои не можат да функционираат така. Тоа не значи дека тие луѓе "трпат авторитет", баш напротив. Повеќе ценам одговорен работник, отколку "ИТ стручњак" што мора ненајавено да иде да се бричи, мислам кај со муабетиве. И како некој кој работел у ИТ у Европа, тврдам дека не е така како што си пишал, и одење на работа кога ќе ти текне не е доказ дека некој те цени.
Мислам може да се дискутира и дали биле тепани како мали или како дошло до тоа, ама сигурно има и други аспекти. Појма немам кај би ја ставила, во општи ваљда, м?