1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Се оди во оф топик, ама Били е во право. Јас сакав тема да отворам за ова. Колку се професионални работодавачите кај нас? На сите интервјуа што сум бил изминативе години, во најдобра рака, условите што ги понудиле биле просечни. Јас работам графички дизајн, со познавање на фотографија и видео. На 90% од интервјуата прашањето им е дали имам познавање од маркетинг и видео. Две посебни позиции кои се дупло поплатени од тоа јас што го работам. Ама секако, не им се плаќа плус еден вработен, па ако може со еден замав три муви да утепаат. А за 25 илјади, не нудам ништо повеќе од позицијата за која сум аплицирал.

    А да не зборам за интервјуата... Те на интервју си со газдата што поим нема од позицијата за која аплицираш, те ејчар тимот е на одмор, па имаш интервју со рандом вработен...

    Диктатурава што ја опишувате ко почит кон надлежниот, кај денешниве генерации не функционира.
     
    На theowndemon, Polyincognito, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Moe mislenje e deka nemozeme da napravime nikakva sporedba od nas kako deca I denesnive deca.Ne sum nekoj strucnjak za temava ama mozam da si go kazam svoeto mislenje.Starite vikaat kotekot e od rajot izlezen.Ne deka mnogu se soglasuvam so toa ama ne e loso nekogas I da se potcukne po gazebo.Zosto veruvajte mi deka kolku poveke popustas tolku poveke na glava ke ti se kaci koga ke potporasne.Jas imam dete 15 godini fala bogu nemam nikakov problem osven toa sto cel den sme pred lap top.Ja odnesov na psiholog ideme veke 3 meseci I rezultatite se vidlivi.Neznam dali se zadrzav na temata samo edno nesto nauciv deka treba da si gi slusame svoite deca I mnogu da zboruvame so niv.MNOGU RAZGOVOR samo toa uspeva a toa dali ke jade Ili nema da jade vo momentot ne e nikakov problem koga ke ogladne samo ke si pobara veruvajte mi.I samo uste nesto nema sovrsen roditel site pravime greski
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.508
    Допаѓања:
    175.852
    На IRBBB, KuklickaSk и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.508
    Допаѓања:
    175.852
    Ама и двајцата не сте тепани гледам. Ем ви напраив тема, ем уште тука се тепате]:)
    Ниеден од вас нема да вработам, така да знаете:D
     
    На theowndemon, LiquidLuna, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Nebittnaa

    Mrs.Nebittnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2019
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Ти ако вадиш на твоите каиш не значи дека и јас треба на моето.
    И не е работата за кафе општо во последно време е таков кај и да одиме.Ако не е по негово си ја мава главата на бетон или било каде се фрла на земја зошто не му даваме тоа што сака. Не е во ред други деца да ги удира ,штипне или било што..како мене што ми е криво и ме боли за него така и родителот на другото дете му е криво.Треба да знае до каде има граници.Ии го карам и не ,,отепувам'' од ќотек туку по газето за да сфати дека не е убаво друго дете да повредува.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Nebittnaa

    Mrs.Nebittnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2019
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Зборувам за на гости кафич или ресторант ни на крај памет со него.Еднаш отидовме и никогаш повеќе!
    Играчки тенџериња уште што не какви глупости не функционира кај нас.Мах 15 мин потоа пак исто.Ама 100 пати ќе ме крене де воа сакал де тоа де ќе му текне нешто...немам сила со него навечер легнувам нозете не си ги осеќам од него башка обврски околу куќата.Тој не беше воопшто ваков не знам што му се случи се надевам дека е период инаку едвај се издржува..(facepalm)
     
  7. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Фасцинирачко е како родителите се осудувани за своите постапки и добиваат совети од лица што никогаш не биле доведени на работ на лудило за тоа во која насока треба да оди воспитувањето.

    Јас се уште се немам соочено со тежината на воспитување, но знаејќи што значи умор, неспиење, преголема стимулација да направи врз една индивидуа, ми се сфатливи туѓите моменти на слабост и реакција.

    Ми се случило да викнам на цел глас на себе пред бебето, затоа што со денови не спиеше, постојано плачеше, постојано бараше да се држи во раце. Бев доведена до работ на вистинско лудило. Тоа се криците на немоќ. Не се крици на тиранија врз сопственото дете. И кога ја имаш таа немоќ во дланка, се бориш со своите примарни инстинкти да реагираш за да преживееш. Себе-контрола не може да имаш во прекумерно стимулирана и вонредна ситуација. И некој ќе рече, што ако повишиш тон врз бебето, не разбира, сигурно му е нешто. Се согласувам, но и ти не можеш да судиш за ситуацијата, кога го немаш моето тело, емоции и перцепција, уште помалку енергијата која ја немаш, а и здравиот разум кој со секое неспиење полека се замаглува.

    Секогаш сум против ќотек како метод на воспитување, но од друга страна ми се сфатливи туѓите реакции во одредени моменти. Сепак, мислам дека на темава едните дискутираат за плескање по газ, другите за ќотек со боксови. Смешно е дури двете да ги рангираш на исто место. Вам исто би би било некој по газ да ве удри и да земе со боксови по цело тело да ве разлупа? Тоа што некои никогаш не кренале рака врз своето дете, не повишиле тон, не е дека имаат совршена самоконтрола, се совршени родители, туку се уште не им е тестирана точката на реакција. Затоа што две деца не се исти никогаш. И мене би ми било срам да дадам совет или судам родител кој не знам низ што минува и со што се справува секој ден.

    Затоа чувајте ја таа енергија на докажување колку некој е лош родител за себе, затоа што ќе ви треба. И ќе плачете за неа, и ќе плачете од немоќ и ќе плачете од фрустрација.


    Од друга страна и смешни ми се туѓите правдања на темава, како се зборува во деминутив за да ја оправдаш сопствената реакција во даден момент. Не е тоа плескање по газенце, туку си го плескал детето по газ. Си викнал, си се издрал, си изреагирал бурно. И мене се тоа ми е во ред и сфатливо. Нормално дека не зборувам за брутално тепање со модрици и последици.

    И некој на крај да ти каже ти си лоша мајка, боли. Навистина боли. Затоа што повеќето верувам, животот го имаат подарено на своите деца. Како изгледа подарен живот? Целото време, внимание, енергија, љубов, финансии да ги пренасочиш према друга личност која не си ти. И не треба утре фала да ми каже моето дете, го заслужува тоа од моментот на самото раѓање, но и ја сум несовршена мајка полна љубов.
     
    Последна измена: 7 јуни 2023
    На NEA, Asher, KuklickaSk и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Ќе му објаснуваш цееело време дека не смее да штипе, ќе му ги тргаш рацете, ќе му објаснуваш цело време. Не може дома да ве штипе и вие да не гледате толку во тоа, па кога ќе се случи со деца "си доби батини" :|

    Значи и не функционира ќотекот баш, така?

    За да сфати дека не е убаво да повредува друг, го повредуваш ти. Нему тоа скроз му е збунувачки.
    И од искуство од тоа што гледам наоколу - тепаните деца се тие што секогаш удираат други во друштво.
    Секако дека веројатно ќе му се случи некогаш во иднина и на мојот, ама не знам како со ќотек ќе му објаснам да не удира.
     
    На Mantisa, LiquidLuna, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Дали има некоја научна студија која го потврдува ова што го имаш напишано?
    Зборуваме конкретно за плескање по газ како контролирана физичка дисциплина.
    Не зборувам за тепање на дете во лутина.
    Напротив, во многу земји плескањето по газ не се смета за насилство, се додека не остави трајни и видливи последици врз телото и не се користат предмети.


    Еве конкретно мојот внук некој пат беше удрен по газ, па е мета на булинг од друго дете.

    Не знам и не ми е јасно како ги поистоветувате сите форми на физички акти под еден чадор. Не може шамар, плескање по газ, мавање со каиш, удирање со боксови да се класифицираат на исто ниво.

    Да беше толку едноставно воспитувањето и да беше се толку совршено, немаше ни затвори да постојат ниту државни закони и казни. Имаш еден куп закони како треба да функционираш како единка во едно општество, па тестираш лимити секој ден, зошто би очекувала од дете да сфати дека нешто не е во ред преку прекумерно зборење.

    Не го пишувам ова за да ги охрабрам мајките да ги плескаат децата по газ, секогаш треба прво разговор, ама ми се прислошува кога ве читам како ревносно ги напаѓате за ситуации во кои не сте засегнати, ниту се справувате со нивните предизвици, ниту знаете што точно ја довело мајката да го направи тоа. Лесно е од страна да сугерираш и да даваш совети, и секогаш сме најпаметни за другите, но не е така кога го живееш сопствениот живот и секојдневни предизвици.

    Секако децата ќе бидат заебани кога ќе пораснат, а за тоа да му се заблагодарите на токсичното општество и услови во кои растат, а не од плескање по газ.
     
    На NEA и Mrs.Nebittnaa им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Да тргниме од нешто наједноставно - дете учи од то шо гледа. Ако гледа плескање - ќе плеска. Ако гледа викање - ќе вика. Така учи да збора. Така учи да се движи. Така учи шо е прифатливо, а шо не. Ако дете е плескано, то учи дека то е "нормално". Ама праша дали ова е поткрепено. Да, е.

    Извор

    И то ова е прв линк шо отворив. Ако седнам да копам ќе најдам уште многу.
     
    Последна измена: 7 јуни 2023
    На Mantisa, Biljarkata, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.556
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    Се смета.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    Насилството раѓа насилство. Или несигурни личности.
    Не се воспитуваат деца со шамари ни плескање по газ. Со тоа го учиш дека во ситуации кои го фрустрираат треба да реагира со насилство или другата крајност да биде повлечена личност без свое јас, која во спротивно би добила "воспитен" ќотек.
     
    На Mantisa, MilaSs12, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Многу штур одговор. Посочи каде и во каква мера.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Има студии, погоре Кечап ти посочи нешто, ако те интересира и повеќе барај.
    Јас зборував од лично искуство. На лизгалки були го туркаше и удираше син ми, дедо му стоеше на страна цело време додека го туркаше, дури откако го удри дојде, го собра и го плескаше по газ. Мислиш дека го научи друг пат да не прави така? Не, истото дете на истите лизгалки исто се однесува цело време, само ние стоиме понастрана.
    Начинот е да го тргнеш од ситуацијата, ќе плаче ќе вреска ама ќе си го однесеш настрана од децата кога ќе видиш дека се доближува до таква ситуација а си го знаеш детето. Кога знаеш дека детето е такво, си седиш со него и спречуваш такви моменти, а не од страна на клупа со цигарата и умот на пасење па после малку плескање. На тој начин никогаш, ама никогаш нема да се "превоспита".

    На роденден во игротека брат и сестра оставени сами, сестрата цело време удира други деца, а братот нејзе.

    Многу добро знам колку е комплицирано, и јас имам дете. Не очекувам да сфати од прекумерно зборување веднаш. Ама го гледам дека разбира. А како ќе сфати од плескање, те молам објасни ми?

    Воопшто не ја нападнав ниту давав совети. Ова е тема за дискусија, и дискутирав од моја гледна точка. Точно знам какви се тие предизвици, моето дете минува низ период со секојдневни тантруми. Ги знам многу добро ситуациите, нервозата, буквално те доведува на работ и те ПОЛУДУВА.
    Пак ќе кажам, темата е за дискусија и тоа правиме тука. Сите имаат лични искуства, оттука и зборуваме.
    Сите родители ќе изгубат трпение во еден момент. На крај памет не ми паѓа да ги обвинувам. Прашањето е дали после тоа ќе дојдиш на темава и ќе оправдуваш ќотек зашто ете си изгубила трпение во тој момент, или ќе се замислиш и ќе му се извиниш на детето дека тоа не било во ред, и ќе се потрудиш да се собереш нареден пат. Од тоа учат децата.
     
    Последна измена: 7 јуни 2023
    На CameliaMiller, Ava.84, firequeenn и 4 други им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    19.583
    Пол:
    Женски
    Со "воспитни" и плескање по газ, бев сведок на едно апла невоспитано дете. Бевме на роденден, никогаш у живот го немам видено детето претходно и почна да мава по ќерка ми и едно друго дете со лулашка. Почнавме да му објаснуваме со една мајка дека не треба така, дека ќе ги повреди дечињата. Одговорот беше "они се криви затоа што стојат таму каде што јас сакам да мавам". Ок, си ги земавме децата, не ќе се расправам со 5 годишно дете.
    Го посмартав до крај, детево нема по кој не мавна и кој не проба да повреди. Правев муабет со другарка ми кај што бевме на роденден дека не ми е јасно зашо детето се понаша толку агресивно. Буквално целта му беше да повреди некое друго дете.
    Нејзиниот одговор беше дека таткото помини, замини за се што ќе направи детето погрешно му мавал "воспитна".

    И како ќе научи детето дека не треба да удара по кој стигне? Од татко му? Се сомневам.
     
    На SummerGirl, SuperGirl24, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    Вчера тргнав да пишувам за тепањето деца, па си викам ај кој ќе се кара со жениве. Ама, неин. Ми е гајле која ќе се сложи, која нема. Секој за своето дете.
    Сум за шамар ко метод во воспитување. Значи не зборам ќотек сеа, шамари, главата од ѕид не знам, со сукало, со папуча, ама ако згреши сериозно да му се залепи една. Зошто? За оставено јадење, за слаба оценка, моеш да се објасниш и да повишиш тон, не е нешто сериозно. Да ме вреѓа детето, да краде пример од мене, од други, да се тепа, да е насилнички настроено, и те како. Мора дома да се знае кој е авторитет, ќе напраам споредба со чување куче.Куче и дете не е исто, да, ама воспитувањето е слично. На кучињата им давате награда кога се послушни, а кога ќе се измочка/искака кај што не смее, казна, епа така и со децата.
    Добило петка, ќе го пофалиш, да се осети убаво, вредно, дека напраило нешто. Ама ако праи глупости и попушташ, ќе се качи на глава. Не викам дека со шамар ќе прекине тоа да го праи, ама ќе има страв од родителот, и ќе знае дека друг пат нема да смее да му текне не па да го напраи тоа.
    Не сум за буквално тепање деца, и ижживување. Ама мора дома да се знае кој е родител, а кој дете. А последниве години мислам дека веќе и родителите толку не се замараат. Се глеа по децава значи. Било кај ќе приметите, по молови, по автобуси, по автобуски, кој од кој позагреота.



    е ова пример е за ќутек. Мое дете да е, коа ќе дое газот ќе ѝ го исплескам. Зошто? Прво пошто е многу ниско три девојчиња на една да ѝ се пуштат, па уште и снимаат демек вау глејте шо праиме. Па загреота сте бре, место домашни да пишувате заедно, косите си ги кубете
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.122
    Допаѓања:
    11.877
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 сеа глеј коа ќе ти се стаат мајкичките мили, тешко тебе има да биде. :rofl:

    Шала на страна, насилство не поддржувам но авторитет и стравопочит кон родител мора да има под точка разно!!!

    Нека напраат една паралела, у време коа е така ќе им врзеле по некоја воспитна на децата и денес, коа не смееш буквално да ги допреш, пошо одма на психа ги мава од шо се нежни и осетливи.
    И на крај нека си го постават прашањето: Зашо децава денешни се вакви ко шо се?

    Нели се најнај со нив, најдобра третман добиваат, работат на нивното психичко здравје, им се попушта, ги тинтраат, им исполнуваат музички желби, задоволени у секој поглед, за да на крај пак да се здивени до степен на лудило и не ебаваат жива сила. Иронично некако е.

    Значи сепак родителите потфрлаат некаде и нешто не праат ко што треба ама кај ќе признаат дека е така.
    Некои ни појма немаат што им праат дечињата коа се у школо или надвор на пример ама затоа први се за да ги одбранат дури и коа знаат дека не се у право. Ама какви родители такви деца.
     
    На Pa8la, Brpbrp, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    4.450
    Во моите генерации обично ваквите силеџии доаѓаа од семејства со ниски животни вредности, имаа страв од родителите, летаа шамари, непочитување, лажење, криење, заканување и сл. Од родителот не треба да имаш страв, треба да имаш почит и доверба, убава работа ако ми се плаши детето од мене. А почит и доверба со шамарче ваму таму не се добива.
     
    На kalinaka, strelec231992, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    А од кој да зема пример ако не од родителот? :D Децата се слика на родителот.

    Другото нема ни да го коментирам. Зборано презборано е на темава.
     
    На LiquidLuna и Viveki им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.556
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    Па добро од некој што се шета со ножеви не очекувам нешто подобро.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.