Не ми е јасно до кога ќе се вадат родителите кои го удираат детето со изговор демек го воспитуваат да биде мирно по туѓи куќи, истиот изговор следува и кога станува збор за давање и нездрава храна демек ќе јадело детево по гости затоа подобро јас дома да си го учам на таква храна Ја направивте работава како децава по туѓи куќи да ги растеме а не како да се оди еднаш/два пати неделно некаде на саат, два. До сега моето дете еднаш е удрен од мм, се исплаши кога ми скокна малиот врз стомакот а само што дознавме дека сум повторно бремена, го удри по газето и никогаш нема да му го заборавам тој момент, малиот имаше неполни 15 месеци, се гледаше на него дека беше многу повреден, понижен, само солзи му течеа без да плаче. Мм веднаш се покаја ама џабе не можеше да го врати тоа што го направил, син ми ако толку мал 4,5 дена се лутеше на мм, не сакаше да се гушка, не сакаше да го баци, му вртеше грб кога ќе си дојдеше дома, ги покриваше ушите кога му збореше мм, тоа веќе не сакаме ниту јас ниту мм да се повтори. Не знам што подразбирате под херметичко затварање??? Мојот дом е прилагоден на потребите на син ми, моите и на мм потребите се секундарни, јас немам потреба од викање да не гиба затоа што се што не е за гибање е кренато и недостапно за него. Не можеме да оставаме убави/скапи украси итн по маси и да очекуваме да не сакаат да ги фаќаат, апсурдно е тоа. Јас не патам од беспрекорна чиста куќа синдром (нели за комшиите да видат дека сме големи домаќинки) и затоа не викам/хистеришем кога ќе допре нешто син ми со прљави рачиња или играчките се расфрлени низ цела куќа, ги собираме навечер и утре јово наново со растурање, тоа му е работа, нема ваљда да седне со мене кафе да пие Мојата работа како родител е да му овозможам на син ми безгрижно детство а не да го полнам со стресови од дерење и тепање, да го упатувам во тоа што е добро а што лошо, да му одговорам по 100-ти пат на истото прашање затоа што така се учи, да му посветувам внимание затоа што тоа е единственото нешто што му треба. Според мене само така ќе израсне во нормална личност а со ќотек може само да израсне во фрустрирана личност која кога ќе стане родител ќе го продолжи тој зачаран круг на семејно насилство. Едно големо НЕ од мене за било каква форма на насилство врз децата !!!
Со трпение и време се воспитува. Пак ќе речам, за сите изговори што ги наоѓате да си го тепате детето, вие сте кривите, нетрпеливите и мрзливите, и кога не признавате дека сте погрешиле кога сте изгубиле контрола, сте лоши родители. Навредете се. Кога не се разбирате од збор што да ви правам, да земам да ве натепам? Јас кучето го немам удрено ниту еднаш за да го воспитам, а животина е, не можам да го седнам муабет да му правам сигурно. Не ми е јасно како можете да си ги удрете децата, и не само да ви е мирна совест, туку и да се убедувате дека тоа го правите за доброто на детето. Иронично истите на друга тема ќе речете со сила убавина не бива.
За жал сум била сведок на такво воспитување. Уште од малечка ја тепаа,немаше ни година дена а трпеше ќотек премногу. Добро е што сеуште не покажува трауми од тој период,а има 6 години. Немирна е,навистина.Но,нејзиното однесување не се промени.До ден денес е таква,немирна и непослушна.Вика и ги навредува нејзините,не се разбира од ништо.Разгалена е,едно на мама и тато. И што дека ја тепаа? Постигнаа нешто? Не! Наместо шлаканиците,да зборуваа со неа,да и кажеа што чини а што не,мислам дека повеќе ќе имаше резултати. Викаат дека детето до 3 години го формира неговиот карактер и навики.После 3тата година,тоа само се надополнува и учи од останатите. Некогаш треба да се повиши тонот и да се искара,но да се тепа и да се воспитува,не! Да си родител не е лесно.Треба да го изнесеш твоето дете на вистинскиот пат,да научи да цени,да почитува.Да знае што е добро,а што лошо.Да го научите да донесува само одлуки,со што помалку грешки. Најлесно е да го удриш.Но,не е ефикасно.
Јас можам да кажам за себе дека сум многу трпелива личност па немам некој голем проблем да се справам со ќерка ми иако она знае понекогаш да биде напорна ама нели тоа им е работа. Моите родители мене никогаш не ме удриле или бар ја не се сеќавам, може ме чукнале по газе кога сум била мала ама фрустрации и последици од тоа немам. Јас никако не подржувам насилство врз никого почнувајќи од животни завршувајќи со деца бидејќи мислам дека освен влевање страв во коски ништо друго не се постигнува со тоа. Подобро ќе повторам нешто 1000пати отколку да удрам дете. Но јас имам мал проблем со малата, и покрај 1000 објаснувања понекогаш знае да биде инаетчика, најчесто сака да седи на земја во двор или да се брцка со раце во некое вирче па да се мие на чешма и пак и пак и пак. Бидејќи објаснувања не помагаат си се фаќам сама како ја уценувам, на пример ако не седиш на земја ќе одиме на љуљашки, ако седнеш на фризер да се ишишаш ќе ти купам сладолед. Е сега, јас не сакам да ја уценувам но ова некако потсвесно го кажувам но дури и тоа знае да нема ефект, сама си повторува нема шишшишшиш нема сладолед, свесно нема да јаде сладолед ама да биде по нејзино. Не верувам дека е толкав инает толку мало дете но не знам што да сменам во тактиката.
ни една тактика од трите не е добра не е добро да го плашиш детето. пр. немој да одиш таму ќе те јади бабарога немој да одиш таму ќе ти купам нешто немој да одиш таму ќе јадиш по газето, ама ете секој родител применува по нешто
Не секој ама многу и тоа затоа што и самите не се едуцирани како се расте дете па прават најдобро што знаат а често и не знаат. Најбитните работи во животот: Како да најдеш соодветен партнер, како да постапуваш со други, како да заработиш пари, како да бидеш здрав и правилно да се храниш и како да воспиташ дете никаде не се учат туку секој ги прави спонтано и нормално се прават киксови и грешки
И моево БожиЧе е инаетливо дал на мене , дал на татко и којзнае Купив саксиско цвеке пред некое време и´ напоменав на Б... цвекето да го оставиш на раат ... и кога ке дојдеше до него покажуваше со прстето Не . Арно ама знае да ги влеЧе ливЧињата и намерно ме гледа во оЧи и прави ... и повторно и објаснувам , немој да го тегнеш цвекето ке го скинеш , и ке се тргне и пак ке го нападне ... Ова е само пример Не сум за удирање на дете , до сега малава ја немам удрено нит планирам .. Има и други методи на воспитување . Децата се , им треба многу зборување што треба што не ... И трпеливост исто , лесно е да се избувне и да се удри по детето .... ке прават бељи , ама ние као родители сме должни да примениме некои мерки , Ама со тепање Не Додека лазеше знаеше да отиде секаде , ама во штекерите имавме поставено заштита , по вратиЧките исто да не отвара таму каде не треба , сега исто пробува да се пентари по кревети несвесна на опасноста ако падне и сл. имав стаклена маса поради неа ја симнав во подрум , да недај боже тресне ... ама знае забрането и е пентарење Моево вЧера таман поминав со правосмукала зема ги растресе соленките низ цела дневна , секаде сусам .. не дека не ме изнервира , ама поЧекав се смирив и и објаснив дека не е убаво така , и и ги тргнав соленките ...после бараше да и ги дадам и не ги доби .... Знае исто во продавница да поЧне да досага да фака по рафтови , и ако не е мирна ја седнувам во колиЧка па нека плаЧе ..... знае да легне и на земја ако не добие нешто , ама ја игнорирам и ке види невиди ке се смири ке и помине кризата....Ете кај нас помага игнорирање во такви моменти Гледам да сум посмирена , така и на неа делувам смируваЧки ...ако некогаш ептен се изнервирам ја оставам со татко и , излегувам на некое време да ми помине лутината .
Пробај со забрана на правење на нешто што најмногу го сака во моментов. На пример кога ќерка ми сакаше најмногу Ноди да го гледа, забраната за гледање ни беше „заканата“. И да знаеш како има ефект! Ама мора да најдеш нешто што најмногу го сака во моментот, во спротивно нема да и` е гајле и пак ќе си го тера тоа што сака да го прави. Сега па мојава се научи на „Извини“, и само тоа го вели Некни ја истури течноста со која правевме балони (нетендециозно, ја поттурна несакајќи) и и` велам: Ништо мама, сега нема повеќе балони, се истури течноста. И таа одма: Извини мамаааааа А бе душе мило, викам, не е дека си ти крива, него немаме повеќе со што да направиме течност Ако ви е за утеха - поминува периодот, затоа на него гледајте како на нешто привремено и без многу стресирања
Како дете на родител кој не знаеше порано да објасни со убаво, полека и смирено, туку мораше да вика додека не му се напрегнат вратните жили, неретко и да ме плесне тврдам дека тоа е главната причина за мојата одбивност кон него. Ќотекот не е мерка за воспитување, ќотекот создава обратни чувства од оние кои оној што те плеска сака да ти ги наметне. Сум била тепана и за најмала ситница, на она што се сеќавам иако низ магла е кога ме плесна зошто не сакав да го гушнам, а имав можеби некои си четири години. Што разбирав? Дали тоа е вистинска причина за да се постапи така? Како што растев, така се повеќе и појасно сфаќав во каков пекол сум осудена да живеам. Да бидам виновна за најмала најневажна работа, удирана и казнувана. Растев со страв да не погрешам. Некогаш не можев ни да се изразам правилно, а со никого не ја споделував својата мака. Тоа што најмногу ме убиваше психички стана моја најголема, најчувана тајна. Каде и да одевме, мразев кога се враќав дома. Ги мразев ѕидовите во кои се удирав додека пробував да избегам, ги мразев теписите кои ги собираа влакната од мојата коса, а најмногу од се` ја мразев онаа девојка која беше закачена на ѕидот (уметничка слика) зошто кога бев тепана само таа ми беше пред очи.. и беше нем сведок на она што ми се случува. Кога реновиравме, молев за да ја исфрлиме најпрво неа. Мислев и чувствата и сеќавањата ќе исчезнат со неа, ама тоа никогаш не се случи. Од тогаш поминаа неколку години, работите се изменија, не паметам кога последен пат ме удрил. Знае да се развика, но го знаете она делче од вас кое веќе е сосема рамнодушно и не дозволува да покажете било каква реалкција? Срцето ми отрпна веќе, се научи да живее со болка. Еден појак тон од негова страна не предизвикува ништо во мене. Ама одбивноста постои. И не верувам дека некогаш ќе ја снема. Како што нема да ги снема ни моите лузни, ни моите исплакани солзи. Сега самиот е свесен што направил од нашиот однос, од оној кој требаше да го имаме, но доцна е. Доцна е за секакво можно зближување, доцна е за разговор со кој може да се реши се`. Предоцна.. Го пишувам ова и покрај тоа што знам дека има луѓе кои ме познаваат овде, за да сите оние кои тврдат дека малку ќотек не е на одмет, да ја исфрлат таа мисла од главата, освен ако крајната цел не им е да ги исфрлат нивните деца од срцето. За секој родител мислам дека е тешко да живее без љубовта на своето чедо, но замислете како му е на детето кое на овој свет не доаѓа воспитано и со стекнати навики, туку родителот е оној кој треба да му ги разграничи работите. Да го посоветува, утеши, па и разгали понекогаш, помогне, едноставно да го изразне на вистински начин. Ќотекот не е мерка со која што би се израснало и воспитало на правилен начин едно дете. Запомнете, детето не е животно нити пак боксерска вреќа!
Еднаш одамна пишував на оваа тема,кога имав едно детенце и кога беше помалечко,сега имам две ,сеусте сум против котекот како воспитна мерка,но треба да се разграничи дека ако го плеснеш по газе после 50 пати објаснуванје дека некоја работа ке го повреди и не е толку страшно,отколку самото пред очи да направи огромна белја која ке го боли повеке.Јас сум многу толерантна и трпелива но овие деца одат до последната линија на нашата трпеливост,јас сум си ги родила си ги сакам најмногу на свет,но мислам дека една по газе за вразумуванје,нема да остави никакви траги,како впроцем и ние кога сме биле деца.Јас сум била многу немирна и инаетлива,мајками знаела по газ да ме плесне,и никаква траума не ми оставила,напротив знам дека за мое добро било,,,,,,има разлика ,,воспина ,,со насилство,,,,
ЗнаЧи `една по газе за вразумуванје `денес доби керками од Свекрвата Денес бевме со свекрвата и малото излезени , денес е вторник и тој ден на свекрвата е резервиран за малово и така малава цел ден уморна по топлово нејкеше да седи да ја возиме со колиЧката сакаше да оди сама , одбиваше се што ке и понудевме и изнервирана зашто малово не ја слуша ја удри по газе . ПоЧна да плаЧе детево и јас така целата збунета ја прашав Зошто ја удри малата ??? И објаснив дека можеше да најде друг наЧин да ја натера малата да седне , да биде мирна ... итн Душата ме доболе искрено , солзи ми надојдоа ... и така два пати јасно и појаснив да не и се повтори истото , нема удирање ни по Газе ни по Рака . Малата од тоа нит ја послуша нит ништо . Едвај ја смирив после тоа , не дека ја здоболе , не ја удри силно ама као и да е , Поука од тоа нема никаква , само револт и се створи на малата Свекрвами увиде дека е грешка , дека не требаше така , и падна и криво ама касно беше По инерција и дошло така да ја удри , јес да не беше силно ама не смее да се крева рака Па овде и казниво со закон е и такаа И пак ке реЧам има и друг наЧин да се воспитува дете , со кревање рака НЕ
Имам 3 годишна внука која е прилично размазено дете, инаетливо, тежок карактер и згора на тоа не комуницира со нас, не комуницира со никој, не збори сеуште и би рекла претходните сите описи паѓаат во вода кога ќе кажеш дека не збори, а нормално дека ќе се инаети кога не знае да каже. Но мене ми е внука и мене срце ме боли кога некој ќе ја плесне по газе, да не зборам за повеќе. Постојано дискутирам со сестра ми како не е начин да се плесне дете за да се опамети, и да ја скршиш од ќотек нема да постигнеш ништо, и она си има мака, тешко и е да ти каже што сака. Јас никогаш ја немам удрено свесно, сега ќе ја удрам за да не и се повтори, мислам дека пре раката ќе си ја исечам отколку да ја шлакнам по газето, но во лутина ако пример чепне во штекер што знае да направи, ако направи нешто од инат или кога цел ден не јаде ништо друго освен благо, не викам дека не сум останала рамнодушна, сметам дека тепањето не е решение, но децата знаат некогаш навистина да извадат од такт, па така и мојава мала манипулаторка. Неодамна сестра ми подигнала решение за легализација од општина и детево ко што е надарено на тетка за цртање си нашло хартија и си чкртало по неа, направило дупка баш на местото каде што е печатот за правосилност. Ми се јавува сестра ми избезумена, можам ли да подигнам ново решение, вака така и ми вика сега ќе ја скршам од мавање, леле мене едно тешко кога ми дојде, сто пати ја побарав на телефон, ја проколнував да не ја тепа туку да ја седне да и објасни, ма не бре, не ми крева слушалка. Сва среќа размислила сестра ми и сфатила дека она е крива што го оставила решението на дофатливо место, она што и јас и го кажав. Луѓе не знаете колку тешко ми дојде, секакви филмови во глава ми се свртеа, леле ако ја удри лошо, ако нешто се деси, срцето топче ми се сви, да можев би летнала од едниот до другиот крај на градот да ја заштитам. Од тогаш не ми се десило ни да помислам да ја чукнам по газе ма што и да направи, па така со саати објаснувам и пантомимицирам за да сфати малецката. И дефинитивно Моирче, треба да е казниво дури и потчукнувањето по газе за памет
^ Ако се сеќавам добро, ти кажуваше дека сестра ти и зет ти не комуницираат многу со неа, дека си имале други маки над глава..... Тогаш нормални се сите реакции од тоа дете, НОРМАЛНИ. Тоа сака внимание, сака љубов, сака близина, сака да е слушнато иако не зборува. Сака време само за него, сака да знае дека барем 1 саат во денот е во центарот на универзумот на мама и тато, и тука нема ништо необично и чудно. Чудно е што сестра ти одбира да ја удри за да ја „смири“, а не да ја тргне во другата соба и да ја гушка додека не се смири, за да можат нормално да се разберат. Јас сфаќам дека сите сме во трка со времето, не` јадат финансиите, преживувањето, секојдневните проблеми, ама тоа дете не знае за нив, и НЕ ТРЕБА НИ ДА ЗНАЕ. Затоа е тешко да си родител, зошто тоа дете не` тера да сме потрпеливи, поразбрани, поблесави и поотворени во срцето, што во ова (не)време, значи дека стануваме поранливи кон светот, а тоа не ни оди во прилог. Моментот со документот нема ни да го коментирам.....јасно е дека детето не е криво, нема место за никаква казна, само објаснување со убаво дека тоа што не е нејзино - не смее да го гиба, и толку. А за нејадењето цел ден (освен благо) пак се знае кој е крив. Тоа дете само да не земало пари да ги купи благите? Кога ќе размисли родителот што се` му прави на детето со своите постапки (често правени да му „удоволи“ за да заќути) ќе сфати дека секоја реакција е последица од НАШИТЕ акции, ништо друго. И како да го удриш детето за нешто за кое сме САМИТЕ криви?
Сметам дека малку пресериозно го сфаќате она „потчукнување по газе“. И јас сум била потчукнувана од мајка ми како мала, па еве ништо не ми е. И немам никакви трауми од детството и пак ја сакам мајка ми НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ, и душата ја давам за нејзе! Таа беше и сеуште е мајка над сите мајки во моите очи! Мене лично повеќе ми смета викање, урлање, дерење и вреѓање, отколку една „воспитна“. Најсериозно, мене повеќе ме болеше мајка ми да ми се развика, или не дај Боже да ми каже дека сум ја разочарала, или да ја видам да плаче, отколку да ме удри. Се согласувам со Rosii: Да не ме сфатите погрешно, она „потчукнување“ никако не треба да биде на редовна основа. Мора да се знае кога е неопходно дете да се потчукне (кога по 50 пати објаснување, како што кажа Роси погоре, детето упорно не сака да послуша). Spoiler Во случајот со внуката на Ангел, воопшто не треба да се потчукне детето, бидејќи родителот не внимавал каде и што остава! Во блиската околина имам пример на како не треба да се однесуваат родители со дете. Доколку детето денес направи некоја глупост (што е нормално за мало дете) и ако родителите се расположени тој ден, тие ќе му се обратат: „срценцеее“ и ќе се изнасмеат слатко. Кога детето истата работа ќе ја направи во ден кога родителиве не се расположени, е тогаш станува светска војна: викање, урлање, плачење (и мајката и детето плачат), нема веќе „срценце“, има „краво една“ (на мало дете). Искрено, пред да се воспитаат децата треба да се превоспитаат родителите. НЕ е НЕ и кога си расположен и кога не си! Така се учи детето што е исправно а што не е. А инаку, само му правите хаос во и така збунетата мала глава. Како тоа, денес е интересно, а утре не е? Во тој случај ни потчукнување, ни тепање, ни викање, ни објаснување не помага. Доследност, родители, доследност треба во воспитувањето! И уште нешто: правилата треба да важат во секоја куќа! Исто е и дома, и кај баба, и кај тета и некаде на гости. А особено кога одите на гости: очите 16!
На страна тоа Моирче, тоа што моиве не комуницираат правилно со внука ми е друго дваесто, тоа што се одлучуваат да чукнат по газето наместо добар муабет е страшно. Имам случаеви кога по неколку пати сум требало да и пофторам но на крај сме се разбирале. Но мајка и често вика дека не е се така лесно во пракса како во теорија, можеби и има право не знам, сеуште немам деца за да речам не е така, може да се разбереш и со муабет
Малата моја често си ја плескам по задник, штипам, гризам, ама не за казна туку како игра понекогаш кога имаме и двете вишок енергија, па се бориме во спална...Па така за неа удар по газето и сето гризење и штипење е игра проследена со смеа, и ако некогаш одлучам да ја удрам за казна, веројатно нема да сфати разлика ОСВЕН ако не е проследено со повишен тон, нервоза, бес во очите. Тоа е страшно и тоа е она што ќе ја повреди, а не благ несвесен удар по рачето некогаш додека со убав тон и објаснуваш што треба а што не. Си ги знаеме сите децата и знаеме што може да ги повреди. Се знаеме и самите и знаеме кога сме изреагирале погрубо заради воспитување, а кога затоа што сме изгубиле нерви и едноставно сме се истуриле на нив.Да не се лажеме дека секој удар макар и најмал е воспитен, ама ако ви се случило еднаш, двапати да не се потресуваме па толку, луѓе сме грешки правиме... Не можеш да глумиш смирен родител ако по природа си нервозна личност. Можеби првата година/две додека е мало па си велиш ок, ништо не разбира. Но штом малку потпораснат и сфатиш дека можеш да се разбереш а не сакаат од инат или сл. тогаш се јавува правото твое лице. Ако од малку се нервираш, ако не си трпелив, ако бараш стално да е по твое, таков ќе бидеш и како родител...