1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    2.457
    I'm just saying да им мавневте еден шамар додека се мали нема да имаше вакви возрасни нарциси и лигли шо се лутат кога не им се иде по гз.
     
    На mssuniquee, Mother of 2boys, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Треба да се знае кој е родител, кој дете.
    Нормално ни родителот не треба да биде насилник, ниту детето.
    Ама стварно некои деца се невоспитани.
    Што им сметаат кантите за ѓубре па да ги шутираат и превртуваат.
    Толку се воспитани, се дерат по улици, пред зграда деца од 10 години, срамота.
    Со насилство ништо не се решава, ама утре тие деца ќе станат насилници.
    Прво имај, па речи оп.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    А кој да ги воспита, они сами себе?
    И стварно веруваш дека оние што се насилни се такви од што многу биле дома сакани?
    А за рипни па речи оп, влечи си трауми од тепањето ти па речи оп.
    Носи модрици и плаши се од сенката своја па речи оп.
    Стани детски психолог па речи оп.

    Нека те тепа било кој па речи оп.
     
    На unearthlysarah, Mother of 2boys и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  4. Oriental

    Oriental Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    466
    Дефинитивно се разидуваме со размислувањата.

    Не е поентата да се креира генерација нарциси растени во стаклено ѕвоно, но не е ниту шамарот решение.
    Што реши шамарот според тебе во конкретната ситуација?
    Детето нема да забрза со возење во иднина?
    Нема да се трка со девојчиња?
    Има капацитет на возраст од четири ипол да испроцесира зошто е шамаран, или во иднина само ќе поттисне траума, што мислиш?

    Освен тоа, баш напротив, ради вакви мери на воспитување може да се јави конта - ефект и отпор па во иднина да носи низа непромислени одлуки.

    Он топик, во време кога трпение и нерви отсуствуваат е многу тешко да се 'родителува'.
    Затоа покрај биолошката должност постои и умствена, една жена или маж да стави прст во глава дали може и треба да биде родител преку тоа што ќе размисли кои би биле придобивките а кои негативностите за неа и детето.
     
    Последна измена: 13 март 2024
    На nextredstyle и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    18.637
    Пол:
    Женски
    Срдечен поздрав до сите мајки на деца нејадачи! :* :clap:


    Кажете жити се шо апчиња зимате, и јас сакам!!
     
    На mssuniquee и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Само незаинтересиран родител "воспитува" со шамар.
    Со лепење шамари не само што му прикажуваш насилство туку трауми и лош начин за решавање проблеми.
    Шамар не е начин на воспитување.
    Лигли и нарциси пошто не ги воспитале нормално, не пошто не им мавале ќотек.
     
    На unearthlysarah, Mumoftwo30, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ниту влечам трауми, ниту моите ме воспитувала со ќотек, ниту децата ги воспитуваме со ќотек, ниту ме тепа некој, ниту носам модрици.
    А ти детски психолог да не си ?
    Јас познавам деца на родители што се образовани и на добри позиции, што се дале од себе да ги воспитаат, ама ете децата се такви, не секогаш е до родителите, и не ги обвинувајте беспотребно.
    Не дај Боже да ви се случи такво нешто, ќе се прашувате каде сте згрешиле, и нема да добиете одговор.
    Не рипајте одма, само тоа ќе кажам.
    Има деца без родители па повоспитани се.
    Кој ги воспитал нив?
    А тебе кој те воспитал да немаш емпатија?
    Не зборам само за сега, те читам по темиве, емпатија 0.
    И сите се истрчавте што се уште не сте ни мажени, немате ни деца.
    Па порано и наставниците тепале.
     
    Последна измена: 13 март 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    158.478
    Пол:
    Женски
    Насилството раѓа насилство. Удирање дете не е "покажвање авторитет" туку мрзлив начин да се добие дете кое си посакувал, тивко и умно, ама тој некој не е спремен да го стави трудот. Тој некој не е способен да размисли како тоа дете исто така истиснува шо осеќа, шо и тогаш ама и во иднина ќе си донеси свои проблеми.

    Ако детето истрчало и родителот се уплашил па удрил - удрил оти не знај како да се соочи со сопствениот страв, а не дека е точниот одговор. Детето пак не знај шо се случва пошто удирање не е одговор.

    Тоа што "ќотекот излезе од рајот" и "еве и нас не удираа па што" се само реченици за да се оправда сопствената делузија и мрза пошто таму каде сме е комотно чак и на штета на нешто кревко, како дете. Дете кое треба да го штитиме, а не да сме извор од кој треба да е штитено. Ама нееее. Да се знаело кој е авторитет.

    Шо би рекле младиве, go outside and touch grass. Редно е.
     
    На senjorita-v, MacenceEna, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    И како си испаднала саглам човек без ќотек?
    Нели само со ќотек се воспитува?
    Или сепак можело?
     
  10. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Читај малку поубаво.
    Кој кажа со ќотек дека се воспитува?
    А бе кој се разбрал со тебе?
    Емпатија 0 имаш.
     
  11. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Со овие неколку реченици доаѓаме до заклучок дека проблемот е во родителите и во нивната незаинтересираност и нетрпеливост.
    Дете е дете и не расудува, затоа возрасните носат одговорност за нив.
    Полесно е да се залепи шамар и да се даде телефон отколку да се седне и да се разговара.
     
    На nextredstyle и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  12. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    А бе затоа децава прават булинг врз некои деца, воспитувајте си ги така.
     
  13. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ако стигнало детето на 4 години да те тепа треба да се запрашаш каде си згрешил ти како родител, уместо да го бламираш детето.
    Пак ќе кажам, 3 годишно дете не расудува ко возрасен, затоа родителот е должен да му укаже кои постапки се правилни и погрешни наместо да се смешка кога го мава.
     
    На unearthlysarah, Mumoftwo30, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  14. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    И преку qур од тоа вашето 'ако не си родила не си релевантна да дадеш коментар за деца и нивно воспитување'.
    Се слагам дека не е ист пристапот со туѓо и сопствено дете ама олабавете со таква надменост.
    Ако некој не пишал на форумов дека има дете не значи дека нема. Можеби некоја се бори со неплодност, или е детски психолог, или има големо искуство со деца. Давате безосетни коментари за да докажете поента.
     
    На nextredstyle, Miss666, astrophile и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Моитедеца не ме тепаат, нека се запрашаат тие родители што така им се однесуваат децата, кажав само примери што ги знам.
    Толку од темава, кажав што имав да кажам.
    Дискутирајте си понатака.
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    Ти?
    Добро еве поинаку ќе прашам.
    Зошто не си ги тепаш или убиваш родителите?
    Оти викаш тука или ќе го тепаш или ќе те тепа.
    Епа тебе нит те тепале, нит ги тепаш нив.
    Како така е можно?
     
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Од удирање до тепање има разлика
    Ајде дискутирајте си меѓусебно како ќе ги воспитуваме вашите деца.
    Ти пиша дека мајка ти те не се однесувала убаво со тебе, и тоа значи дека тепаш други?
     
  18. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Машки
    Нема разлика. Двете спаѓаат во насилство.
     
    На unearthlysarah, theowndemon, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ако беше насилство до сега ќе им ги одземеа на сите децата.
    Според вас не треба ни да се повиши тон на дете, како направивте, како мајката да го претепала детето.
    Верувам дека секој родител го плеснат детето макар и онака по газето.
    Како сакате воспитувајте си ги вашите деца, никој не ви се меша, ама не се мешајте ни вие, не судете многу, зошто не ја знаете ситуацијата.
     
  20. astrophile

    astrophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    271
    Ако детето не е доволно возрасно да разбере со збор, која е поентата да го удриш?
    Ако е доволно возрасно да разбере со збор, повторно, која е поентата да го удриш?
    Наравоучение - поента во удирање дете нема, има само родители кои не знаат да се справат со своите деца. Толку.
     
    На kalinaka, Youknow, Srckata28 и 5 други им се допаѓа ова.