1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.743
    Допаѓања:
    122.010
    Пол:
    Женски
    А, каде е твојата емпатија кога не разбираш дека секој удар е физичко насилство?
    Каде е твојата емпатија кога на форумов те читаат жртви на психичко и физичко насилство?
    Каде е твојата емпатија кога го фрлаш раѓањето како аргумент во дискусија во која е неприменлив?
    Да те потсетам.
    Не мора да родиш. Од мала возраст можеш да бидеш жртва на насилство.
    Да, жртва!
    ЖРТВА!
    Жртва на неспособни родители кои наместо да ја прифатат сопствената вина, се истураат врз детето!
    Прифатила ти или не, и „меките“ удари се физичко насилство кое создава трауми и остава тешки последици!
    Некогаш и трагични!

    Фала Богу, емпатични луѓе и стручни лица поминале долги периоди истражувајќи за последиците од насилството. И од ова што ти и други го негирате!
    Наместо да негираш трауми на други, оди прочитај што велат стручни лица. Гугл има куп опции.
    Пред да ја повикаш Манчмалоу за нејзината емпатија, оди побарај каде си ја затурила твојата.
     
    На _Naumche_, nevermet18, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Леле готово, детево претепано е.
    Тебе не те удриле некогаш твоите, и тоа е насилство?
    Родителот треба да има авторитет, а не детето, па утре нека ви се качи на глава.
    На пример детето ако ти фаќа по штеќери, и не се разбира од збор, нема да го плеснеш по рачето?
    Подобро јас да го плеснам, отколку не дај Боже струја.
     
    Последна измена: 14 март 2024
  3. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.919
    Пол:
    Женски
    Лош ти е примеров, се ставаат штитници во штекерите, измислени се точно за таа намена. А кога нешто не е строго забрането брзо го губат интересот децата. Има милион други битки за водење.

    Пред да имам деца и јас сум мислела е де што ќе биде некогаш ако изедат ќотек па и ние сме јаделе.
    Сега ја имам избришано таа опција дека воопшто постои. Ќотекот е само примитивна форма на докажување авторитет и доминација, не е решение на долг рок.
     
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    А бре луѓе дајте ве молам, не збориме за ќотек ќотек, за да го претепаш детето, туку секој родител го плеснал по газе, раче.
    Добро тоа онака го пишав како пример, сум видела деца како истрчуваат со точак и возат на сред улица, и на ова треба така полека да му кажеш на детето кога ќе се извадиш од памет дека не дај Боже може да го згази кола?
    Читај поназад, ќе видиш какви примери има, дека има разбрани деца и неразбрани, некои не се разбираат од збор.
    Па на гости тие деца го демолираат цел стан, имаше и такви примери, ти можеш и да не се замараш, тоа си е твое.
    Секој родител си го знае детето и најдобро знае како со него, не може некоја Стојна да кажува како да го воспитаат детето, може не и изгледа убаво тоа, ама родителот си знае најдобро.
    Ова ќе направите како јас да ги претепувам децата зошто го пишувам ова, го пишувам од примери од околината, не лично од мој пример.
    На маж ми братучедка детето женско е толку немирно што никако не се разбира, скокајќи од кревет падна на маса со главата, и си ја дупна, беше и на шиење, вака е подобро, отколку да плеснеш по газе?
    А дали детето треба да има авторитет кон родителот?
    Епа затоа син претепал татко, внук баба, дедо, е од такви родители што ги размазувале.
     
  5. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.616
    Пол:
    Женски
    @Pa8la а дали мислиш дека коа ке скока на кревет и го плеснеш по газе за да не падне ке рабере и веке нема да го прави тоа?
     
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Не знам, еве ти кажи ми, моите деца не скокаат по кревети ниту дома, ниту по гости, и не знам како е, така сум ги воспитала и се разбираат од збор, а и такви се децата, некои се темпераментни, еве и на брат ми се мирни, сум ги чувала и ме слушале, за разлика од сестра ми што се немирни, ете значи не е до мене, ниту до сестра ми, не ги ни удрила, им збори како треба, џабе, и едните, и другите сум ги чувала, ама ете едните не се разбираат.
    Можеби сите имате мирни деца, па не знаете како е со немирни.
    И пишав и погоре, од примери од околина пишувам, не од мои лични примери, ама неее, веднаш некој ако напише спротивно мислење од вашето рипате, и мислите дека тој што го пишал мислењето истото тоа го прави.
    Ете членката што го видела примерот со мајката, нека каже дали детето го претепала или не.
    Пиша, сите си пишавме свое мислење, и не мора за тој пример да се испишат 100 страни.
    Толку од мене, не сум тепач на деца, само пишав родителот треба да има авторитет не детето, да се знае кој е родител кој дете.
    Затоа читаме скоро секојдневно како син утепал татко, татково мирен, синов пијаница и наркоман.
    Е сега ќе пишете таткото така го воспитал, па има и многу примери каде што таткото е пијаница, синов не е, има деца што се без родители па се воспитани.
    Нив кој ги воспитал?
    Нели се е до родителите?
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    158.474
    Пол:
    Женски
    Или, замисли, малку контроверзно... You baby proof them.
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    23.336
    Проблемот е што родителите често си замислуваат како детето треба да се однесува и кога нема да ги исполни нивните замисли, детето е лошо, невоспитано, проблем.
    Конкретно за случајов што ја поттикнало дискусијава вчера; самиот родител донел одлука и му дал тротинет на детето, а не морал. Детето со дадениот тротинет, пуштено на патека возело, се забавувало, истражувало. Не ги послушало командите на мајка му, океј. Иде до него, шлап. Кој си ти да не ме слушаш кога ти кажувам што да правиш?
    А можела прво да му објасни дека така не се вози, дека може да се повреди, дека може друг да повреди, и да се обиде уште еднаш со повнимателно возење. Ако и тогаш продолжува на ист начин, можела да му го одземе и тоа да биде тоа. Па следен пат ако сака пак да го вози, да вози внимателно, инаку пак ќе му биде одземен. Ако гледа дека упорно вози невнимателно, нема веќе тротинет, крај. Зошто комплицираат?
    Зошто сами се ставаат во ситуации каде егото ќе им биде повредено и таа емоција на скршено его ќе ги натера да бидат агресивни? Спрема сопственото дете.
    Тука не е ни прашање на авторитет според мене, туку немоќност како возрасен човек да си ги контролираш сопствените емоции и избувливост.
     
    На Annath, astrophile, Bulibu и 3 други им се допаѓа ова.
  9. unearthlysarah

    unearthlysarah Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    5.190
    Пол:
    Женски
    Не, не сум го плеснала никогаш. И сеа тоа значи дека моето дете ќе ме тепа кога ќе порасне? Живи глупости, се читаш ли што пишуваш?
    Ти ги удираш твоите? Така ли се воспоставува авторитет? Во this day and age, при огромен пристап на информации, студии и триста начини за да се освестиме и да бидеме подобри од нашите родители, уште има родители што си ги плескаат и тепаат децата. Свесна си дека тоа е одраз на твој немоќ подобро да се справиш со ситуацијата?
    И да, ќе судам, зошто кога ќе видам во јавност такво нешто ми се превртува во стомак.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.919
    Пол:
    Женски
    Измеша сега од крајност во крајност се во еден кош.
    Ајде од почеток. За истиот ќотек зборев и јас. Удар е удар точка.

    Секакви деца постојат секакви темпераменти и карактери тоа не оспорувам. Тепањето нема да ги направи помалку љубопитни или помалку подложни на "несреќи". И ние тепаните пола сме со дупнати глави и шиени места по тело. Кај крв колената те боли се, кај си знаеш ќутек ќе јадеш пошто си паднал. |(

    Кога децата уште немаат резон за причина - последница наше е безбеден простор да им обезбедиме, а нивно е да истражуваат и да тестираат се. Во тој период нашето НЕ многу не им значи, а ние пошто ги рачунаме за големи мислиме дека за инат ни прават нешто.
    Кога веќе може да се разбереме треба многу многу зборење за да дојдеме до посакувано нешто. Ќотекот и заканите се само пократкиот пат. Истепај го, бесот ќе ти помине, дете ќе се исплаче и готово завршена работа. Утре пак истото ќе се случи. Ефект 0.

    Апсолутно детето не треба да е главно во куќата со авторитет. Ама авторитетот се гради преку постапки и зборови преку страв е само лажен авторитет што лесно може да се отфрли понатаму низ животот. Строгоста на родителот не е еднаква на ќотек.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Си ги извртувате зборовите како ви одговара.
    Одминете ме, рециплирајте и на членката што го почна ова.
    Не, не ги удирам моите деца, ама гледам колку распрдени и разлигавени деца има, па вие изгледа не читате дека во градинка има булинг од невоспитани деца, или не сте се соочиле со такво нешто, па паметувате тука.
    Имам причина можеби зошто го пишувам ова, ќерка ми од едно девојче заврши со крв на нос.
    Според тебе во ред е тоа?
    Утре твоето дете така да го видиш, да ти се јават додека си на работа, и да истрчаш набрзина во градинка, да си го видиш детето со крв, па ќе правиме муабет.
    4 годишно дете да пушти крв од нос на друго дете, до каде отидовме ејјј.
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    23.336
    Случкава со ќерка ти е болна, секој родител би се осетил ужасно.

    Меѓутоа од муабетов испаѓа дека распрдените разлигавени деца заслужуваат ќотек.
    А всушност ние гледајќи ги од страна не знаеме што им се случува на таквите деца и зошто се такви. Можеби се такви какви што се баш поради тоа што добиваат ќотек.
    Можеби не им е посветено време, па пробуваат да привлечат внимание преку правење проблеми. Можеби се невидливи дома и нивните чувства, вклучувајќи ја и агресијата, не се валидираат. Можеби нивните не се замараат што им прават децата и ги оставаат да бидат насилни. Можеби многу работи. Потребно е мноооогу работа со децата, многу пратење и посветување.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    158.474
    Пол:
    Женски
    Деца кои вршат булинг се најчесто деца кои се тепани дома зошто родителот води по пример ако тој тепа - детето нема да е подалеку; или друга подлабока причина која се занемарува како на пример ако не добива воопшто внимание дома па пробва на секој начин да го добие на другото место каде врви најголем % од времето. Накратко за дете да врши булинг, тоа влечи корен од насилството на родителот, било тоа тепање или занемарување. Пошто и занемарување е насилство.

    Дете растено со gentle parenting не е разгалено дете зошто е дете кое добива внимание и објаснување, дете на кое се му се удоволува зошто на родителот му е мака да објасни и да стави граници - е разгалено дете. Од исти причини и родител тепа - мака му е да објасни и полесно му е да крени рака (иако вервам често пати во опасни ситуации и стравот преовладува). И то е така пак, зошто тепање и занемарување двете се форми на насилство на деца.
     
    На senjorita-v и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Не заслужуваат ќотек од родител, ама ќерка ми најмалку заслужува ќотек од некои си девојче.
    Сега ја читам темава страници наназад, не сум ја ни знаела, видов кога ги преместија мислењата тука.
    Леле како и секогаш имало расправање, па за јадењето се расправале, дека детето не треба да се кажува што да јаде, Бог да чува.
    Изгледа ни вие како постари членки на форумов не сте ја читале темава.
    Секој што има различно мислење, се расправа.
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    23.336
    Не се расправам, праам муабет на темава.
    Секако дека ни едно дете не заслужува тоа што и' се десило на ќерка ти. Ни едно дете не заслужува ќотек.
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.121
    Допаѓања:
    172.873
    Ко ќе прочитам ваков случај мене ми е јасно дека по дома се тепале, не дека се размазувале. Единственото дете кое што го знам,, воспитувано,, со викање и ќотек, се однесува исто така, вика и тепа од мало.
     
    На kalinaka и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.526
    Допаѓања:
    38.364
    Пол:
    Женски
    @Pa8la за тоа време што седиш дома со децата можеш и некоја книга за деца да прочиташ. Не ни мора физичка книга, интернетот е денес најголема библиотека.
     
  18. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Деца "воспитувани" со ќотек понатаму решаваат проблеми со ќотек пошто не знаат за поинаку.
    Ми нема логика родител да поддржува воспитување со ќотек а не тепа дете и не бил тепан ко дете. Пошто ако тебе те воспитале без ќотек и ти воспитуваш без ќотек значи има и друг ефективен начин.
    Први се истрчувате да ги критикувате оние без деца дека се неискусни и не знаат што зборат, ама вие како родители би требало да го знаете ова. ;)
     
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Фала ти воспитувачке.
    Не, не седам цело време со децата, одам на работа, а децата во градинка.
    Сум прочитала книги, не се секирај, сегде се расправаш само, ти прочитај некоја книга.
    Кажи им на тие родители чии деца тепаат да прочитаат некоја книга.
    Твоето дете нека ти го тепаат, тоа е твој проблем, моето не сакам.
    Се разбираме?
    Зошто јас да прочитам книга?
    Да научам како да си ги одбранам моите деца од невоспитани?
     
  20. unearthlysarah

    unearthlysarah Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    5.190
    Пол:
    Женски
    Ама каква врска има бранењето на своите деца со тепањето на своите деца? Друг е муабетот овде.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.