И сеа по дифолт значи, ако родителите дома не го маваат детето, тоа дете ќе мава други деца? Нема логика. Баш напротив, ако дома го маваат, тоа дете ќе смета дека тоа е нешто нормално, и може да е посклоно и тоа да удри друго дете. Или може да не е тепано дома, ама па и никој не го воспитал дека не треба да мава други деца, и за тоа е одговорен родителот, и никој не го оспорува тоа. И не значи дека ако некој родител не го удрил своето дете, дека тоа автоматски станува разгалено. Тоа е веќе друга тема.
Јас сум како мала до тинејџерство, била доста тепана, можеби не со каиши, но богами силно ударана, скубена и со некои пластични стапови кои многу болеа. Кај мене тоа воопшто не функционирало, не ми беше воопшто грижа за таа последица, не допираше до мене. Се инатев, се расправав и само тивко го примав ќотекот со огромна лутина во мене. Сепак, јас бев едно разгалено детиште до моја 20та година. Знаев дека се што сакам можам да имам затоа што родителите никогаш не поставија авторитет со мене. 3 сати ќе молев за нешто и ќе попуштеа. Со домашни обврски тек како постара почнав да помагав. Единствено што добив од ќотекот се anger issues и за многу голема жал, нетрпеливост кон мојата 6 години помала сестра. Не помогна воопшто при моето воспитување. Така да тешко дека нема веќе да има лигли ако се употребува ќотек како воспитна мерка. Јас сум чист доказ. Исто ми е страв да имам деца пошто имам осеќај дека ми е вкоренета таа нестрпливост кон деца затоа што моите цела нестрпливост и нервоза ка истурале на мене. Така да размислете дали вреди да удараш деца. Моите немаат добро искуство со ќотек - мада, на крајот на денот луѓето не го ни сметаат ќотекот како воспитна мерка. Го користат како лечење на лични нервози и им е послесно само во моментот. Што е уште потажно. Работете на тоа да сте трпеливи луѓе и детето ќе има прекрасен пример за какво треба да биде.
Не. Ама други последици си има(ше) И дај жити све жално е во 21ви век кога имаш милион тракатанци од типот блокатори за штекер, за кваки и фиоки, за ќошеви толку наудрени да се прајте.
Фактот што го поставуваш ова прашање ти го дава одговорот. Иначе, агресија не е резултат на (не)воспитување. Толку.
Ваква слична случка беше објавена пред неколку дена во битолска женска група. Мене читајки ми падна премногу жал за детето, а исто и на членката (сведокот) што го пиша постот. Шокот беше кога ги видов коментарите од “мајките” Која била таа да кажува, не била мајка не знаела како треба, зошто се мешала?! После коментарите само си излегов од постот без коментар. Јас незнам како е да, не сум родител но имам доста помлад брат и моите никогаш ниту јас немаат рака кренато на него. Ниту е лошо дете ниту ништо. И сигурна сум, илјада посто утре кога ке сум родител нема да ми паѓа на памет да кревам рака на мое чедо! Господ да ги казни сите шо мислат со умноболен ум ко порано шо имаше право секој секого да тепа почнувајки од селските “учители” вујковци стрини тетки и пичке материне. Амин
Дај олабави малку, онака како пример тоа го пишав, кога ќе се фатите за нешто како слеп за стап. Оди во темана невоспитани деца, па прочитај кога доаѓале на гости со деца, децата лом им правеле, сигурно од воспитаност многу, и мајките на телефон дремеле, туѓ ќе им пази нивни деца. Фала што ми кажа за блокаторите, леле не знаев, да не беше ти ништо. А бе попаметна од тебе нема, ќе те прогласиме и за најмајка. Само ги провоцираш сите. Пријатно од мене, на игноре ќе си. Кај пишав дека оправдувам ќотек? Е ајде и да не им повишиме тон на децата зошто се нежни.
Имам добиено шамари од луѓе (меѓу кои и од едниот родител, но за среќа се освести за штетата) што до ден денес ме болат. Тоа што остава трага во душата не се заборава. Што ми се случуваше? Тресење, гушење, завршување во болница... Членката погоре убаво ти кажала. Постојат блокатори за детето да не фаќа. А, ако детето е од најрана возраст учено да не фаќа, нема да фаќа. Дете се воспитува со зборови. Со долги, постојани и трпеливи раговори. Не се воспитува со насилство!
Леле девојки, дај олабавете, пишав и погоре дека тоа онака го пишав, знам дека постојат блокатори, не знам како го посочив тоа како пример. Не ме интересира за другите деца мене, ако сакаат и на маса нека се качат, јас си гледам за моите, како ќе ги воспитам не треба да ја интересира некоја си Стојна. Ако ми прават неред дома нивните деца кога ќе дојдат на гости и те како ќе им посочам да не прават така ако мајката наместо да реагира дреме на телефон. Да, имате право, до родителите е. Ајде да одам на гости со децата и нека рипаат, а јас нема да реагирам, ќе дремам на телефон. Како што мене никој не ми е должен да пази мои деца, така и јас не сум должна да пазам нивни. Секој си одговара за свои деца. Читајте ја темана невоспитани деца па ќе видите какви има. И нигде не пишав дека оправдувам ќотек. Толку.
Мене повише од тебе ме нервираат невоспитани деца ама како да ти каже човек дека ќотек нема да смени ништо
Не ми одговори на прашањето. Второ авторитет не се гради со ја те родив ја ке кажам како ке биде. Децата се индивидуи, имаа чуства емоции кои прво не ги разбираат не знаат да се носат со нив за разлика од нас возрасните. Секој удар над дете било во која форма е насилство, точка. Да воспиташ дете кое ке има емоционална стабилност, зрелост, дете кое ке има самодоверба кое ке се бори за себе е многу тешко и е многу повеке од покажување заби и поставување на некаков си моментален авторитет. Детето треба да му верува на родителот за да се гради здрав однос а не да има страв од него. И жално е многу шо никако да заврши тој токсичен круг на генерации од типот нас шо ни фали и дека ќотекот е излезен од рајот... Ни фали и тоа многу ни фали. И многу ме радува шо доста родители се трудат учат и се надградуваат за своите деца и за себе но некако ни фали уште многу.
Која си ти да ти одговорам? Судија си? На распит во судница сум па да ти одговорам? Олабави, многу си напната. Многу си зимате за право да се мешате во туѓ двор. Гледајте вашиот да е чист, не берете гајле за другите, има кој. Патем членката која го почна ова, ја снема, нека каже дали детето е претепано, па нека пријави тогаш. Ќе кажувале тие на некоја мајка како треба да го воспитува сопственото дете. Ај некој да ви дојде и да ви каже вашето како да го воспитате. Нема да ви биде убаво, така? Толку деца познавам размазени, разлигавени, и невоспитани, и дај престанете со тоа дека биле тепани од дома. Вие со нив седите па знаете?
На што се должи агресијата? Живеам во земја каде што не смееш да помислиш да удриш дете, не пак да извршиш такво дејство. Воедно, јас такви одредени ѕверови од деца никаде немам видено. Ги носат во игротека, тепаат крвнички помали деца, шутираат по инвентарот со цела сила, лупаат, кршат. Човек да се запраша во што психопати ќе пораснат. Да, знам зборувам за деца, но да си сведок на такви ситуации, на очите нема да си веруваш колку само агресија извира од некои деца. Што пишува во тие книги што ги пишувате на секоја тема? Како бе сите вие што немате деца се знаете за децата и сите книги сте ги прочитале. Не се тепани, а тепаат. Од каде учат тогаш и како се воспитува такво дете? Што се прави за едно дете да не биде агресивно? Те молам само поштеди ме од булшит мотивациони совети.
А зошто не одиш да ја пријавиш, што ме замараш мене? Место да објаснуваш тука, оди најди ја и кажи и. Бог да чува сте. А дете од 10 години што тепа друго дете, шу прајме тогаш? Лесно е за туѓ двор да се коментира, зачистете ги вашите, и ви се молам одминете ме. Уште ова да те прашам и толку. Еве ти да си била на местото на членката што го пиша ова, што би направила, би ја истепала мајката? Или еве гледаш како мајка го тепа сопственото дете, што би направила? Баш ме интересира. Тие ќе и кажувале бе. Многу јаки сте на форумов, а да видите ќе свртите глава и ќе ги одминете.
На што се должи агресијата? На тоа што родители не им обрнуваат внимание, не им се троши време со нив. Дали се тепани или не- не знам, ама знам родители што им се пуштени децата на улица (буквално или фигуративно) па сега види. Таа фигуративната улица може и пострашна да е. Ако збориш за игротека, значи помали деца, јас немам видено такво нешто.
Мислам дека многу на темава, ама и општо во животот, занемарување како форма на насилство не го земаат сериозно, како и ефектите кои ги носи то. Исто занемарување и "лабаво" родителство мешаат со gentle parenting. Шо нели, немаат врска едно со друго.
Да, вистина е дека и од тепани деца излегле прекрасни личности. Муабетот е дека ќотекот не помогнал тука. Или "помогнал" во онаа смисла дека детето сфатило на своја кожа како е да си малтретиран, па е сосема спротивно од тоа. Ама па често вакви деца се премногу самокритични баш ради истава причина. А иронијата е дека родителиве што тепаат сакаат утре нивното дете да не тепа никого ама да смета дека е сосема океј тоа дете да го тепа после неговото. Ко...мене ме тепаа, што ми фали, еве никого не тепав ама затоа сега си го тепам детето мое. Лоџик left the chat.
Ме потсети. Мислам и на темава дека имам пишано. Лошо е партнер/пријател/друг возрасен да удриме, имаме сенс за вредност за другата личност и за себе. Ама детето е "сопственост" како да не е чоече и наеднаш е "океј".