1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми го има направено тоа наставничка за нешто што не бев ни виновна. После тој настан, во тоа време и беше табу тема, добив панични напади и имав уплав од наставничката. Моите се чудеа зошто не можам воздух да земам, ме носеа по доктори додека не се испостави дека тоа било на психичка база. За некого тоа не е ништо, но мене ми остави траума. До ден денес памтам до детал. Така да, не е така наивно како што се кажува.
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.433
    Допаѓања:
    47.467
    Пол:
    Женски
    Не си прочитала можеби.
    Нема врска. Има разлика од шамар до, ќотек и ќотек-ќотек. Тенка е границата меѓу храброста и лудоста. А тие што се храбри не се плашат од ништо. А кога не се плашат.. видовме во Белград.
     
    На Anyshka и st-el им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    40.028
    Не знам, ја по мислењава глеам овие плеснативе еднаш, два пати, станале нормални особи кои не е за таква воспитна мерка, за разлика од мазениве и пазениве што се иживљаваат на све што ќе стигнат...

    @ArabellaStarfall, тоа ти што кажуваш све е точно и потполно се согласувам, али пак не е тема на муабетов мој.
     
    На Anyshka, SummerGirl, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  4. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    И со прачки по прстите на рацете, и на казанија стоевме и никој не смееше да мрдне на часот.
     
    На Anyshka, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    11.206
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall во ред тоа, ама ете оттогаш па натаму ја гледаме младината. Сега ни ред, ни бутур.
     
    На Anyshka и st-el им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Од каде си сигурна како биле воспитувани еве конкретно овие што кршеа лулашки?
     
    На enaena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Факт е дека ако не се спроведуваат одредени методи во училиштата или во семејството, младите се распашана банда.
     
    На Anyshka, SummerGirl, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    40.028
    За такви од лични искуства со истите, со животов гарантирам дека никад не биле никако воспитани...

    Не е тоа научна фантастика, праи глупости оти му се може, оти не сноси никакви последици.
     
    На Anyshka, SummerGirl, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Истото како и останатите лабилни родители. Имав професорки кои беа професорки во права смисла на зборот, достапни, топли, но никој не се осмелуваше да прави проблеми на час. Значи... доаѓаме до поимот пристап. Се се решава, ама прво треба самиот да се решиш во главата.
     
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Мислиш сериозно дека се се решава со воспитна? Демек некој шамар да им удрел и овие немале да кршат лулашки. Па баш, тоа се испуштени деца при родители што решиле само да се рамножат, а не воспитаат и научат на вредности.
     
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Точно дека и пристапот е важен, има педагози кои умеат со децата, било мали или тинејџери..
    Имав и јас такви, убави спомени имам..
     
    На Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Како тие успевале тогаш без да вршат насилство?
     
  13. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Имав еден школски со него и овие не можеа да се справат, значи некаде мора да се применат и други методи.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.743
    Допаѓања:
    122.010
    Пол:
    Женски
    Бар тие што знаете странски јазици читајте истражувања и книги на стручни лица.
    Детето и не треба и не смее да биде казнувано заради грешките на родителите.
    Ако свеста заборави, потсвеста нема да заборави.
    Поради тоа детето во тригер-ситуации ќе бира да одговори со насилство наместо со барање помош од некој.
    Ради честа изложеност на удари, во детството ќе развие погрешна перцепција дека секогаш треба да решава проблеми со рацете и нозете или некое оружје наместо со зборови. И како возрасен врз други лица ќе го прави истото што му го правеле родителите или ќе го прави на уште полош начин.
    Единствен валиден метод и за родителите и за детето е психолошко-терапевтска поддршка.
     
    На eliesaab, lackygirl, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Какви методи?
    Ти би сакала на сопственото дете да му применуваат насилни методи во школо?
    Трагично е што ликови што немаат уште деца, веќе смислуваат начини како да го воспиташ детето со шамар, наместо да се прочитаат две реченици како да бидеш родител без да користиш примитивни методи. Гледам се покажа во минатото колку биле ефикасни. Затоа сега тријат раце психијатрите.
     
    На Misskirova и Sophitas им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.300
    Допаѓања:
    200.493
    Пол:
    Женски
    Истите тие што тогаш биле казнувани во училиште, се родители на овие деца што го демолираа игралиштето во Капиштец, или кај и да беше. Доволно кажува тоа за ефикасноста на тогашните воспитни мерки.
     
    На Amellie13 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто тогаш ако не беа ефикасни, сите ја поздравуваме учителката/наставникот со станување на почеток на часот и пиле не смееше да прелета кога се одржуваше час...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.300
    Допаѓања:
    200.493
    Пол:
    Женски
    Оти тоа беше погрешен начин да се воспостави авторитет.
    Затоа тие, тогаш деца, денес возрасни како родители имаат трауми, и одат во друга крајност, односно им дозволуваат премногу на децата, ги оставаат да прават што сакаат, тие се тие што се јачаат во школо против наставниците и останатите родители и деца.
     
    На lackygirl, Amellie13, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Ама не бевме казнувани од сите наставници вака, напротив...
    Паметам дека од прво до четврто одделение се применуваа вакви методи, потоа во погорните одделенија и средно училиште, не.
    Сепак почитувавме педагог.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.526
    Допаѓања:
    38.364
    Пол:
    Женски
    Тоа што не можете да замислите растење без насилство е затоа што самите сте преживувале нездрава атмосфера дома и незамисливо ви е дека има луѓе за кои тоа не било реалност. Сите прво го гледаме она кое што е во нас.

    Ова врв. :D Стварно најголем успех на едно училиште е учениците да станат на почеток на часот и да не смее пиле да прелета. Затоа сме потонати во секој сегмент од образованието, затоа што уште живеете во '85 и банални и бесцелни бонтон правила се сметаат за показател на успех.
     
    На kalinaka, Zumbulche и Sophitas им се допаѓа ова.