1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.171
    Пол:
    Женски
    Исто. Познавам дете што го тепаа како мало па кога порасна проба таткото пак, нож доби.. Мислите нема да ги наполните децата со anger issues.. Ќе ви стојат цел живот за да си ги вадите комплексите врз нив. Имам познаничка едно ѓубре од жена го тепаше детето со боички и го извалкал ламинатот, сега е зависник, зависник од храна, дијабетичар, зависник од видео игри, анксиозност разви на мала возраст ( неможеше да излезе од дома без да оди во вц).. Што мислите кај ќе оди гневот??? Срамота.
     
    На Selena01 и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам со вилушка да трча, јаде во хранилка. Не ја оставам без надзор на 5ти. Не дека не се доведува до опасност,не сум јас супермен.
    Еве сега падна од пилатес топка.
    Се удри во ѕид. Уште јас да и рипнев. Дојде ја бацив, престана да плаче, и не се качи веќе на топката, без мама.

    Има начини, немате живци. Само се ќе ви се врати еден ден. Се надевам нема децата да ви патат, само.
     
    На IRBBB, Калатеа, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.100
    Еве нека не е исто плескањето по газе и нека не е насилство. Ама тоа плескање по газе или раче едноставно нема ефект. Нема да го научиш да не се става во опасни ситуации, освен што ќе си ја исфрлиш фрустрацијата нема ништо да постигнеш. Може само како игра да го сфати и од инает да ти иде.
    Наша задача како родители е да направиме безбедна околина за децата и да бидат под надзор зашто они се премногу мали и не може да разберат кога прават нешто погрешно. Наше е да ги отстрануваме од небезбедни места, да збориме да збориме и да се надеваме дека ќе ги допазиме. Ама секој со својот избор.
     
    На theowndemon, IRBBB, Lisandra и 3 други им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    14.332
    Имаше една поговорка: "Никогаш нема да сфатам зошто ќотекот на удрен на возрасен се смета за насилство а оној удрен на дете се смета за мерка на воспитување..."

    Мојата ќерка има 4 години, не знам дали е такво посебно детето ама ако нешто згреши и сум ја скарала после некое време доаѓа и ми вели "Мамо извини, зошто сум направила тоа и тоа..." Ако јас сум нешто згрешила и сум повишила тон или сум и рекла нешто тогаш таа бара од мене да и се извинам, ако веќе јас тоа самата не сум го направила (затоа што го навистина го правам и така и таа научи да се извинува кога погрешила). На тој начин искажува дека во тие моменти била повредена. Иако се мали, чувствуваат и они многу добро кога се обесправени.

    Јас и брат ми како мали не бевме воопшто проблематични деца. Не правев бељи ама сум трпела и физичко и психичко насилство поради оценки. Баш пред некој ден пред да заспијам се потсетив на еден ќотек поради двојката по математика (во петто одд.) и зборовите: "Џабе само не' трошиш, поарно да те сопрам од школо, ќе ти купам 200 овци барем некоја корист да има од тебе..."

    И како да ми се врати истата моментална болка што сум ја почувствувала тогаш и ми дојде да си заплачам исто како во тој момент. Почувствував голема жал за детето во мене, се уште повредено, неизлечено...

    Значи сето тоа останало во мене, поттиснато но и до ден денес горчи... И не, тоа не направило подобар човек од мене туку единственото позитивно што сум го извлекла од тоа е да знам каков родител нема никогаш јас да бидам. Моето дете нема да има детство од кое ќе треба да се лечи, има право да биде дете а за се што мислам дека прави погрешно барам и досега ми успева да најдам друг начин на кој можам да излезам на крај во секоја ситуација.
     
    На LUCI 99, theowndemon, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  5. emits

    emits Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    878
    Пол:
    Женски
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Кога ја прашува детето ти мама зошто ме тепаш, значи нема ефект никаков не ни знае зошто го тепа, шо ме натера да мислам дека и се претерува со ќотекот, таа нека го тепа тоа појма нема зошто и нека го боли, гревота за детето.
     
    На PollyPocket и le.soleil им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    11.112
    Пол:
    Машки
    Страшно како се бараат и најмали рачки за тепање на децата… :worried:
     
    На theowndemon, Purelove92 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    20.066
    Пол:
    Женски
    Не тепам, ама кога ќе претераат и не се разбираат од збор, кога ќе згрмам… знам и да казнам да не излезат надвор ако претераат нешто, под казна. Сум казнувала со одземање на играчки, далинско и слично на одреден период. Нежно за нежно, ама некогаш стварно граници мора да се постават. Не смеат да ми свртат грб кога зборувам, да ми се дерат или да ми треснат врата.
     
    На BlackNight, Skyler81 и Luna91 им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.578
    Пол:
    Женски
    Толку ќотек имам изедено, како сите вас заедно. (Мајка ми живееше ако не можеш по Магарето, удри по самарот)
    (Мои деца не тепам, карам)
     
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    7.594
    Пол:
    Женски
    Ќе тепаш дете и после ке мисли дека тоа е нормално ,па и оно ќе почне да тепа .
     
    На tinkerbell22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.114
    Пол:
    Женски
    Да бе, пошто некој стварно ќе пише: да, јас му мавам ќотек на детето, исто така му се заканувам дека ќе го истепам едно 28282 пари во денот. Секако дека никој нема тоа да го признае тоа и едно плескање по газ не е буквално едно плескање по газ.
     
    На Waverly Raven, Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. 2cents

    2cents Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    85
    Ќотекот е излезен од рајот. Само у последниве неколку години наеднаш стана проблем, т.е. се опшо е проблематично за "разбудените".

    Ако вербално не те слуша, кога ќе го заболи ќе слуша. Тоа ти е исто децата прават бељи се додека не се изгорат, а после ја учат лекцијата дека не треба така.

    Многу нежни луге има сега, ако кажеш ќотек одма го толкуваат како тепање до смрт, а ако не е тепање до смрт ондак го пореметува детето го прави насилник или ќе ќути и слуша секогаш и секаде во животот.

    Еве сите што сме јаделе ќотек како мали насилници сме, несаглам луге...
     
    На Anyshka и Roxy1991 им се допаѓа ова.
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    7.594
    Пол:
    Женски
    Имам дете кое ке полни за скоро 2 години.
    Знам да ја "плеснам" по раче ,малку ,кога ке направи нешто на пример како ,да сака да брцне во штекер или ми уклучува рингла ,нешто со кое може да направи беља . Ке ја плеснам малку по раче и знаеш што прави ????? Ми се смее ,ми се врти ми се смее и пак повторува исто.
    Не ,ќотекот не е начин . Сега и кажувам " мама таму џиш " и верувајте ама ,ме разбра .
    Знаеш што произлезе од нашите генерации и генерации на татко ми ,што сме тепани ?! Психички нестабилни луѓе ,70% на антидепресиви!
     
    На Selena01, theowndemon, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  14. 2cents

    2cents Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    85

    Не може да ти се смее после плескање по рака, најверојатно многу нежно ја удираш и не претставува вид на предупредување. И не е само плескањето, туку намерата "intent" треба да види детето.

    Инаку не сме нестабилни ние, баш напротив, a глеј ги сегашните генерации, како правени со мочка да се...
     
    На BlackNight, Gosh, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    7.594
    Пол:
    Женски
    А како треба да удирам дете кое нема ни две години ако не нежно? Да ја истепам ? Не ве разбирам стварно во умовите .
    Извинете вака ама сите што мислите дека дете од 2 год треба да се удри за да го здоболи ( кое што се вика уште е бебе ) за мене не сте нормални.
     
    На Selena01, Waverly Raven, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.171
    Пол:
    Женски
    Никогаш моите ме немат допрено, како мала си играв со едно девојче и дојде мајка и ја претепа јас се скрив под маса и не излегував дури таа жена не си замини, а не ни знаев да зборувам течно. Кога дојде мајка ми да ме вади од под маса и велев тетка х тепа деца!! Значи дечињата се како сунгери се знаат, се впиваат, прво чувства, расположениа па зборови, а од 6 годишна возраст почнуваат и да реагираат. Мене ако не ми веруваш читни го Фројд малку пред да се решиш да станиш родител. Девојчето што беше тепано знаеш каква личност е? Во основно претепа дете и тоа машко замисли психата каков партал и била .. Ден денес е насилна и со ниска самодоверба.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    10.783
    Пол:
    Женски
    Се гледа тоа од дома и кога детето ќе дојде да се поздрави со вас или да ве гушне, па место тоа ќе добиете шамар по образ. И ова ми се има случено и на прашањето зошто добив ,,мама ме тепа, мама го тепа и тато, тато ја тепа мама, сите тепаат".

    Е сега, јас не можам да влијаам на туѓо дете, зашто очигледно ако нешто се повторува тоа дете не ни треба да биде воспитувано од неговите. Истото се случи после х време, само не на мене туку на мече. Па ајде повторно седење, па зборење, но сето е џабе зашто модел на тоа е мајка му. Деца секогаш фаворизираат мајка, не дека е тоа нешто лошо (но во вакви ситуации дефинитивно е).

    Да не кажам за моментот како мене лично ме тригерна (зашто најмалку што би очекувала е шамар од дете) и ајде што не добив никакво извинување, туку мајката горда дека детето правилно е воспитувано.
     
    На Purelove92, LiquidLuna, anuska_dzuli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    7.594
    Пол:
    Женски
    Вчера пишав за една ситуација во друга тема.
    Некогаш се прашувам дали сум строга со детето кое нема ни 2 години, кога ке пробам да и објаснам некои работи . Кога ке ги видам колку мува не ги лази и не знаат да се справат ниту да разговараат со дете .
    Дете кое дома гледа " тепачки " веднаш се познава со однесувањето.
     
    На tinkerbell22, eliesaab и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    10.783
    Пол:
    Женски
    @Misskirova вакви мајки обожаваат пред дете да се караат и мудруваат, мене лично ми направи ситуација да ме вреѓа, па детето да прашува зошто јас не враќам.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.114
    Пол:
    Женски
    Аха океј тогаш да земеме да убиваме деца за да се рачуна за насилство. Јас не знам како гледаш мало кревко најмило суштество на светот и ти доаѓа нагон да го истепаш. Иначе, ништо ова не е ново од просветлените, туку цела наука што докажува дека ова што го збориш се глупости.
     
    На Waverly Raven, KateKane, Purelove92 и 4 други им се допаѓа ова.