Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.615
    Допаѓања:
    113.529
    Пол:
    Женски
    А знаете мм какво дете бил? До 9 месеци дневно плачел 3 пати по 15 минути на цел глас, не бил болен, не бил гладен, не бил жеден, едноставно плачел. Е после 9 месеци бил како ново дете, мирен, бубаче, но дотогаш душа и извадил на свекрва ми. Потпораснал пак табиетлија, правел бељи, еднаш куќа ќе запалел, еднаш украл од кај баба му многу пари и ги закопал во песокта во двор. Дете ете ќе речеш, до ден денес збори како мајка му го тепала, а нема врска, има некои фикс идеи во глава ставено и си мисли се си е по негово. Многу лошо дете бил во глобала, не давал да го шишаат, не давал нокти да му кратат, не давал да го погалат, не сакал апчиња, се под изговор ќе ме боли, па некогаш ќе ти прекисне и ќе го плеснеш по газот, кога веќе ќе ти збори дека си го тепал бар стварно да си го плеснал по газето де :D
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.210
    Допаѓања:
    109.790
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е мноооогу темпераментно дете, се да фати по продавници, па кога одиме некаде и вккаш рака да даде таа бега, па не сака во количка да седи, значи кога гледам како некои деца седат мирни во количка или се држат за раче, си викам блазе си им на родителите :( па ако се налути се треска по земја, тепа... вчера ми ја тресна една мислев мозочен удар добив, незнам како и доаѓа така да прави дали на оваа возраст сите така прават...незнам..
    и така многу ќе ме изнервира и ке ја удрам по газе или ќе ја потчукнам по образ, и таа се смее, најчесто јас ќе ја удрам по газе, а мм ако ја удри таа тогаш почнува да плаче.. незнам како е правилно да го потчукнуваш од време а време или да о оставиш така па што сака да прави... :( а од др, страна ниту моите ја караат ниту на мм неговите, тие повеќе ја разгалуваат
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.688
    Да разграничиме нешто:

    Не-тепањето НЕ ЗНАЧИ невоспитување, т.е. оставање на детето да прави што сака, значи само дека сте одбрале поинаков начин да го пренесите тоа што треба.
     
    На Lolo5, JuLleE, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.615
    Допаѓања:
    113.529
    Пол:
    Женски
    Не е до времето Коритсаки, таа си ја поместувала границите пополека несвесно, секој ден помалце помалце, и еден ден видела дека ако сака нешто да добие треба само да се тресне од земја. Оваа нашава бргу се залажува, малку само ќе ја отргнеш од тоа што го сака, пример наместо сладолед ќе и покажеш каде има камчиња и и се отргнува вниманието. Додека пак на другарка малиот од година дена добива казни, го затвараат во соба и никој не разговара со него, е нема буквално никакви подобрувања, исто е, ако не и полошо, ко што вика Коритсаки се тегне, вришти, се тркала по земја... Нема правила, но дека не е до периодот туку до родителите, во тоа никој не ме убедува дека не е така, според мене родителите се тие кои ги пуштаат границите на децата се повеќе и повеќе, пример наместо во количка пошто ги мрза да ја тегнат ќе го фатат детето за раче и ќе го носат, епа нормално после кога на нас не ни одговара па они не сакаат во количка, се смееме кога прават глупости, они тоа го сметаат за ОК, па после кога ќе ни прекисне и сакаме да подчукнеме по газето воспитно, тоа не пали. Тоа што таа не реагира на твоите воспитни е иста приказна како на МСкорпионка, вие си играте така, она мисли дека тоа е игра, а со татко и е построго, он не е мамичка нели. Но јас сепак не сум за воспитување со плеска по газето или образ, напротив, поготово кај деца кои комуницираат, многу полесно е да ја седнеш и да и објасниш. Пример ќе дадам еден, сестра ми се преселија во куќа, и куќа како куќа, дворче и можности за малово да ужива, се навикнала во вода да се брчка, ама зошто, ја видела мајка и како ужива во брчкањето со црево и она сака, и полнеле кадичка со вода и она видела дека е убаво и нормално дека сака, секој сака во лето да се олади. Да не бегам многу од темата, малово сака босо да брчка, ама цементот не е баш најдобар и има многу песок и камчиња и не може баш босо секаде, па пишти нејќе да облече папучи, сестра ми помал отпор и ми вика ај остај ја нека се брчка боса, пиштеше детево едно 5 минути со раце на лице, едно време прекина и преку рачиња ме ѕирка дали ја гледам, и ги тргнав рачињата и и реков, боса нема, ако сакаш да облечеш папучки во ред, ако не нема црево и вода, детево како попче некое, си ги облече папучките и весела си продолжи да си игра. Значи можело и со разговор а? Кога јас успевам понекогаш со неа да се разберам, секој може мислам. Пак ќе речам, не можам да тврдам, моето искуство е многу мало, јас сум со внука ми само привремено, а сестра ми треба секојдневно со неа да се докажува, не велам лесно е ;)
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.210
    Допаѓања:
    109.790
    Пол:
    Женски
    Проблемо е што и со збор неможеш да и објасниш, јсс прво и кажувам тоа не чини и зашто..но таа по свое си тера.. :| сакам да кажам тоа што и е во глава да го направи ќе го нправи, па ти ако сакаш викај и , удри ја. Не сакам да ја направам размазена , од тоа нјмногу се плашам :(
    се надевам во градинка да ја примат само, па таму да се научи на ред и мир дека ќе неможе да прави што таа сака :(
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.827
    ^ Јас сум најмалку веродостојна да дискутирам на темава, ама мислам дека дете од две и пол години, ако дотогаш било научено дека се‘ му се допушта, ете и самата кажа дека вашите родители ја разгалуваат, нормално дека сега на твоите зборови ќе пружа отпор и ќе тера по нејзино. Досега тоа и‘ било дозволено, ќе смета дека и понатаму тоа треба да биде така.
    Иако две и пол години не се многу, сметам дека карактерот на детето и неговите навики се градат уште од првите неколку месеци по раѓањето. Не е лесно дете кое веќе најверојатно зборува, оди, размислува, можеби сама и јаде, да го научиш на некои нови навики зашто си сфатила дека досегашново однесување излегува од контрола и не е во ред.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.069
    Допаѓања:
    203.973
    Пол:
    Женски
    Едно знам, тепањето не е решение. Ама и друго знам - никогаш не знаеш какво дете ќе ти се погоди. Син ми е прилично темпераментен, пред некој месец почна т.н tantrum фаза, и знам дека ќе трае долг период. Знам дека ми треба стрпливост и треба многу зборување, нонстоп се расправаме со мм за тоа. Тој сака да му удира воспитни по газето, јас сум против. Устава пена ми фаќа од зборување, по цел ден сум со него и се трудам да му го исполнам времето со различни активности, посебно сега, затоа што не можеме цел ден да бидеме надвор (премногу е топло). Ама од друга страна, ако имам работа по дома (а имам, ако ништо друго, барем ручек да направам за него, друго се имам баталено кога сум сама со малиот), детето се убива од плачење зошто не сум со него. Колку и да му зборувам, мислам дека не сака да сфати, и сака да биде по негово. Казните не палат кај него. Сме имале доста ситуации на трескање од земја, ама претежно дома, во јавност досега не се случило (дај Боже така да биде и понатаму), и тогаш главно го игнорирам, не му обрнувам внимание, чекам да сфати дека нема да го добие тоа што го сака. А некогаш, ако игнорирањето не помага, се трудам да му го свртам вниманието на нешто друго. Не дека не ми летнала раката, си признавам, сум го удрила по газето, ама тоа мене повеќе ме заболе отколку него, па не го ни правам тоа, особено затоа што гледам дека нема ефект (тоа од мм). Освен тоа, го гледам дека се обидува да ме манипулира, а прилично добро го прави тоа, дури и јас се чудам кај му текнуваат некои работи.
    За реалните опасности и повреди децата не се свесни, па зборувањето е еден од начините да им се укаже на тоа, на нивен јазик, за да сфатат зошто се лутиме и ги караме кога прават нешто што не смеат. Децата учат на искуствата и грешките, па понекогаш е добро да ги оставиме сами да научат некои работи, а ќотекот сигурно нема да помогне тука, напротив.
    Мене моите никогаш не ме тепале, барем не се сеќавам на такво нешто, ама знам каков беше татко ми кога ќе згрешев нешто. Не мораше ни да ми каже, само да ме погледне, и толку беше. А знам дека сум била прилично темпераментна, место не ме држело.
    А мм пак поинаку е воспитуван, си јадел ќотек редовно бидејќи исто бил многу немирен и темпераментен, не во смисла намерно да прави проблеми, туку дете како дете, љубопитно, се сака да види, се сака да проба, се сака да знае.
    Сметам дека треба детето да се почитува како личност со карактер и согласно со тоа да се спроведува и неговото воспитување. Не може исти методи да палат кај сите деца, ама јасно е дека ќотекот никогаш не бил, не е и ниту ќе биде начин за воспитување. Јас сум по карактер нервозна личност, периодов ни е малку проблематичен, ама се трудам детето да не го осети тоа, и не сакам ни да ги празнам своите фрустрации на него, па да го тепам и казнувам и за најмала грешка.
     
    На Moira, DeMelo, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Не знам јас какво дете ќе имам, ама сум за потчукнување по газе. И мене ме плескаше мајка ми понекогаш по газ, па немам ни трауми ни ништо, баш заслужено сум си го добивала. Никогаш на друго место, само тапкање по газе! :!: Не се сите деца исти, некои се разбираат од збор, некои се потемпераментни и инаетливи, па ти ако сакаш до утре објаснувај и труби, џабе е.
    Порано понекогаш ми го оставаа братучед ми да го чувам и се случуваше да го плеснам. Чепка со прстињата во струја, ги тегне гајтаните од телевизорот, ми го тресна телефонот, не се разбира и по сто пати да му објаснуваш и уште па се смее, епа кога го шлапнав по газето како попче си се смири.
    Пред скоро време бев во Џамбо и едно дете легнато на плочки, вришти, се треска со рачињата и со главата од земја, абе од корен креваше. Мајка му го игнорираше некое време, па и прекипе кога го фати, му даде две-три вруќи по газето, се усрами малово па си се заќуте.
    Да не се повторуваме по сто пати, никој не вика крвнички да се претепуваат или како што има некои родители доаѓаат нервозни од работа и да ми простите неизеб*** доволно, па се истураат врз децата, ама ако не се разбира со муабет, од корист е една воспитна.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Понекогаш си треба.
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.463
    Допаѓања:
    262.895
    Пол:
    Женски
    Сфаќам јас што е муабетот со потчукнувањето по газето, ама никој нема да го удри детето за да го здоболи толку за да друг пат не прави така. И автоматски казната нема ефект. Во моментот можеби да но (бар според мене) нема да допринесе и друг пат да не прави исто.
    Паметни се децата и баш знаат да манипулираат, се чудам од кај учат :)
     
    На Moira и imelda им се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.352
    Пол:
    Женски
    Јас сум против било какво физичко казнување на детето, без разлика дали е мало потчукнување по газот или поголемо тепање. Е сега јас ова го зборам вака теоретски, кога ќе имам свое дете незнам која песна ќе ја пеам :D . Сум заклучила дека секое дете е свој карактер, значи многу често вакви теоретски предавања не функционираат во пракса. Од друга страна имам две ѕверчиња кои буквално израснаа кај мене дома. Значи кај нас спијат со денови. Поголемиот е мирничок, ама тоа малото е на госпот бељата. Значи ако он се запне за нешто прелажување нема, ако се наљути џабе ти е се и со добро и со лошо што сакаш прави му ситуацијата нема да се смени. Колку и да ми зоврие не сум се осудила да пуштам рака накај него ни за мало потчукнување. Незнам зошто, едноставо не е мое дете и сметам дека јас немам право на таква работа. Сакам да кажам без разлика што си му на детето тетка, баба... немаш право. Тоа си е одлука на родителот и само на родителот. Јас да имам свое дете и било кој друг да го потчукне, па макар и сестра ми, мислам дека ќе замерам.
    А сестра ми инаку многу разговара со малово, ама стварно многу па се убедуваат и договараат мислиш стартегија некоја коваат. И сега веќе е израснат и мислам дека има влијание, мало влијание но сепак е напредок.
     
  12. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Кај мене имаше многу ќотек.Повеќето пати со каиш.Но не како воспитна мерка баш.На некој начин како казна или пак кога јас и брат ми ке се степаме тој не сака да слуша и ке не истепа (ама баш тепање) за да седиме мирни.А татко ми е многу нервозен и агресивен човек.За што и да се изнервира удри врз нас.А и јас многу грешки направив,но јас никогаш не можев да му се отворам,да ме ислуша,да ме советува-секогаш ме осудуваше и навредуваше.Тој нема да ме тепа и ке ме почитува само кога јас ке бидам неговата совршена керка која што не прави грешки и кога нема да биде нервоен човек,а тоа второто не е баш можно,а првото можам,морам и сакам да се потрудам да не правам грешки,ама совршена не можам да бидам никој не е совршен.
    Повеќето пати не ме тепа од што сака,туку тој нема храброст,смелост и не знае како да разговара со мене и ќотекот му е единствено решение.
    Ама се помирив со тоа бидејки го знам каков човек е,таков бил,таков е и таков ке биде.
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    мајками ме тепаше многу ама затоа па јас бегав на улица :rofl:
     
  14. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Моите родители никогаш не не тепале мене и брат ми. Од кога знам за мене и до ден денес, секогаш кога ќе направев нешто лошо, мајка ми ќе ме седнеше на разговор и ќе ми објаснеше зошто не требало да го направам тоа и кој се последиците ако продолжам да го правам истото. Она што таа ќе ми го кажеше, јас најчесто го сфаќав уште пред да го започне разговорот. После разговорот, јас тоа нешто никогаш не го повторував. Тој разговор, за мене беше и сеуште е најголема казна.
     
  15. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Никогаш не ме удриле моите. Само еднаш јадев ќотек од мајка ми, кога беше врнежливо, и мама одеше по патче каде што немаше кал и вода и ми рече да одам по неа, а јас инат магарешки, си се цапнав во вода и кал и лом бев целата. Си го заслужив ќотекот. :)
     
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Ова ме потсети на едни комшии во зграда што ги имав, беа моја генерација некаде и кога мајка им ги тепаше тие на сет глас викаа Стојноо,Марикоо,Љубоо(сите комшики што ни беа по ред) помагајтее!! ама онoа живи се дереа, а недај боже па да успееа да и избегаат на жената цела зграда и цела улица ечеше :rofl:
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kameron21

    kameron21 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    против котеќ сум
     
  18. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Немам сеуште дете но не би ја употребувала оваа воспитна мерка. Да удриш шлаканица е најлесно, ама што од тоа ќе научи детето?!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    НЕ
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    стварно не ми е јасно како некој може да дигне рака на сопственото дете и да не му се извини... Мислам погледни се, ти си возрасен а тоа е едно слабо незаштитено суштество, твоја обврска е да го заштитиш а не да му нанесуваш болка. Зошто да ја истураш нервозата врз некој што не може да ти врати, врз некој што е беспомошен. Тоа дете во тебе гледа херој, заштитник, од тебе очекува подршка. Најважно учи од тебе, а ти своите комплекси ги лечиш на тоа беспомошно суштество наречено дете.
    Мене никогаш не е удриле ама имам еден комшија абе го кршеа. Одвратна ми е глетката кога ќе видам некој искомплексиран вол или крава да го удри своето дете. Абе ми доаѓа да го задавам, ама што да се прави, сето тоа е дел од феноменот наречен Балкански шовинизам.
     
    На Lolo5 и Moira им се допаѓа ова.