1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.149
    Допаѓања:
    161.783
    Пол:
    Женски
    Оти се работи за деца.

    Насилство врз деца треба да е најстрого осудено. Тепање не е воспитвање. Башка шо то тепано дете расти и влегва во општеството и се однесува како плод на своето растење.
     
    На CameliaMiller, KateKane, Marge и 3 други им се допаѓа ова.
  2. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Секој за своето дете,така? Па зошто моето да биде тепано и малтретирано од твоето? Имав ваков случај,што треба јас да воспитувам туѓи деца како НЕ треба а мајката ќе си се прчи со цигара и кафе.Еве ќерка ми секој ден беше удрена по 2/3 шлаканици од страна на пријателка ќерка и .Дали тоа е во ред? Епа не дозволувам.
     
    На Miss666 и Misskirova им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.149
    Допаѓања:
    161.783
    Пол:
    Женски
    Дали си свесна колку работи се сметаат за насилство при растење дете? Очигледно не лол. Ко не треба да го отепаш детето и да е видно малтретирано за да се смета за насилство.

    Плескање е насилство.
    Вербално малтретирање е насилство.
    Запоставување е насилство.


    Ако дете Х тепа дете У на училиште мора да се види каква е динамиката дома. Најчесто (нормално, од секое правило има исклучок) или самото е тепано (шо е насилство и така учи дека то е нормално и прифатливо) или е запоставено (шо е пак, насилство, и то шо не го добива дома, а то нешто е љубов, внимание и грижа - го бара со то шо привлеква внимание на себе). И така однесувањето на дете У го афектира и дете Х. Ама не треба ни да е толку комплицирано. Било шо од ова наведено погоре ако се случва - секој треба да го интересира пред се за заштитата на то дете зошто греота е било кое дете да врви низ нешто лошо.

    И дур се прашваш за какво насилство, ти одговарам само на прашањето шо к*р ни е да се грижиме за туѓо воспитвање. Па, за заштита на децата и нивната иднина. Сигурно нема да се замара со некој ако очигледно од петни жили пробва добро да го расти детето. Зато насилство бести.
     
    На M.B., CameliaMiller, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mahrisa

    Mahrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    Da,site so tepaat deca,rastat vo sredina na losi roditeli??
    Ne be ti mesas poimi,dobro aj neka e taka
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    И ти го оправдуваш насилството ,упс "плескањето " ?
    Не можам веќе да читам,запрепастена сум. А и што се трудите да објаснувате на вакви НЕродители?
    За нив ќотекот е од рајот .Жално
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Ај прочитај што напиша, ама стварно прочитај. И размисли. Те молам.
     
    На tinkerbell22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.507
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Од толку "воспитани" деца кога ќе отидат негде на гости куќата/станот го демолираат.
    Ептен се нежни и разгалени денешниве деца од родителите.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.219
    Пол:
    Женски
    Јас пак не знам ни едно дете што е вакво покрај посветено внимание од родителите, ама искрено, сите деца што се насилници потекнуваат од фамилија каде нешто им фали на родителите, и да и премногу разгалено дете, не е разгалено оти не го тепаат, него разгалени е оти сепак не знаат да го воспитаат на правилен начин, екстрем е и тоа.

    Јас не сум била ударена никогаш, значи и денес екстрмно мразам ќотек и решавање на проблеми со тепачки. Знам особа која беше тепана од татко му, и тоа неколку пати крвнички тепана, и он си кажува, а татко му не признава. Како тинејџер беше немирен, се тепаше и беше тепан, влегуваше во конфликти и има проблем со контрола на бес на моменти. И сигурна сум дека не е така роден или разгален многу, туку последица од научен начин на решавање на проблемите, дека ќотек е решение. Денес погоди што, па и не се баш многу скаат со таткото, денес работи на тоа да не биде таква особа, денес вели дека свое дете нема никогаш да пипне.

    Ако вас како возрасни не ви е прифатливо некој да ве удари по газ, да ви влепи воспитна, да ве скубе, тегне за уши или плеска по раце кога покажувате негативни емоции, зошто, побогу, ЗОШТО сметате дека на дете тоа не влијае????
    Не знам да не се чукнете во глава, каква последица оставате на вашите деца.
    Денес на сета достапност на стручна литература и интернет и стручни лица, жално е одредено понашање да го корегирате со ќотек. Ама сериозно.

    И да детето може нема веќе да прави иста работа откако ќе го натепате, ама не оти ве разбрало, него оти си набило страв од вас. Јебем родителство ако детето има страв од мене, мислам ќе се осеќам како најголем фејл од мајка. Ауу како ме наапа темава. Катастрофа.
     
    На M.B., CameliaMiller, Mandela и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.507
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто само македонските деца се немирни, навистина не ми е јасно.
    Кај и да сум одела во странство децата се мирни, еве и на плажа кај и да имало македонци децата вриштат како да ги колеш, а родителите ништо не им прават, ниту ги тепаат, ниту ништо.
    А сум видела и дете како тепа родител, и ова прифатливо е, да немав авторитет родителот врз малолетно дете?
    Ова јас што сум го видела, не мора да значи дека и во ваша близина има вакво нешто, и не мои блиски, туку непознати некои.
    Јас сум против ќотек, ама и против разгалување деца.
     
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.790
    Пол:
    Женски
    Воспитано и невоспитано дете не се разграничува со тоа дали е детето тепано или не. Нежно родителство како што милувате да кажете не значи по автоматизам да му дозволите на детето се. Родителството и воспитувањето на деца се многу покомплексни од една проста реченица, невоспитано е детето, разгалено е и слично.
    Убаво кажа @1209 ако општо неприфатливо е некој да те удри, зошто е прифатливо да удриш дете? Сеедно како, по газ, рака, уво, небитно. Мало дете нема капацитет да разбере тоа што ние како возрасни мислиме дека треба да разбере. Се е ново, секој ден учат нешто и нормално е да го истражуваат светот. Исто како што е нормално како родител да поставиш граница кога е веќе тоа опасност за детето, ама не се прави тоа со ќотек. Затоа што просто и едноставно нема ефект, не го учиш на ништо. Страв од родител и почит се две многу различни работи. Ваљда треба да очекуваш кога нешто ќе му се случува на тоа дете да ти се обрати тебе за помош а не да има страв од тебе.
    За деца што удираат родители. Нормална фаза е, и поминува, и има начини како да реагираш во такви моменти. Далеку од тоа дека сме сите зен. Ама учиме да бидеме. И не, не е дека не ми пука филм. Ама не е начин да ја удрам неа, зошто мене ми дошло премногу од се. Ако јас не сум способна како возрасна жена да си ги контролирам емоциите и да ги испроцесирам, како да очекувам од мало дете да го направи тоа.
    И уште ова, многу често не ги оставаме децата да бидат деца. А тоа е да растураат играчки, да трчкаат, да изронат храна на тепих дур јадат, да се смеат, да се будалат и да играат. Често сево ова е дефиниција на невоспитаност, бесно дете и слично. А уствари тоа се само деца кај што сево ова е нормално.
     
    На M.B., see.emily.play, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.219
    Пол:
    Женски
    Ете @Thinkerbell. многу убаво мислење даде, се согласувам апсолутно и сите треба да го прочитате што мислите дека тепањето е решение. Мислење на место. Баш ова сакав да го кажам ама изумив, ако вие не можете да се контролирате во жолта минута што знаете што се емоции и знаете кко треба да се контролираат не знам како очекувате дете што уште не знае за сите емоции да има контрола на нив и да разбере.

    И да децата прават работи за деца, не треба ти упорно по сто пати да му велиш не во штекот оти оно не разбира што е штек и струја, туку како родител треб да го затвориш штекот и сите опасни места за да го заштитиш.
     
    На Sun&Moon, KateKane, Mother of 2boys и 7 други им се допаѓа ова.
  12. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    937
    Затоа што кај нас децата се 'разгалени' бидејќи им фали внимание. На запад се разговара со децата и активно им се посветува внимание, така да децата не мора да се лигават и изведуваат за да добијат внимание. Кај нас владее мислење дека детето ништо не разбира и дека џабе ќе објаснуваш. Па и кога почнуваат да зборуваат наместо да се поправа и да се изговара правилно, со децата се зборува како нив, тотално погрешно. Телевизии, телефони и сл. во градинки се незамисливи, не да собираат родителите пари за да купат. Се седи и вечера со нив, секојдневно. Книги се читаат секојдневно и тоа погодни за возраста и со тоа се спремаат децата за тоа што ги чека во животот. Содржините на книгите на мк. (ако се читаат) се ужасни, пр. јас го сакам тато, тој ми носи поклони - језиво. Децата бараат внимание и со нив да се разговара. Фактот што сите се ок со реалноста дека кај нас децата покасно прозборуваат е морничава. Ги носат на логопед и тој вели никако тел. и тв. ама тоа за домашните е преголема жртва па нема шанси да го спроведат. На запад луѓето и не гледаат тв или ако гледаат кога ќе си легнат децата, кај нас во домаќинствата е нон стоп вклучен, едно станување од кревет се фаќаат за далечинското од младо до старо - преголема стимулација за децата и одвлекување внимание.

    Ќотекот па и еден удар по детето кажува многу за немоќта на возрасните да се контролираат, детето секако нема да разбере зошто е тепано, ама ќе разбере дека мама и тато му прават нешто лошо. Тоа секако не остава позитивни последици.
     
    На Mother of 2boys, CameliaMiller, LUCI 99 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Последен пример што го кажувам во темава.

    Детето над нас е тепано, викано, спомнав веќе. Од некна мислам да не си играме со неа веќе, ама денес дефинитивно крај.
    Како прво е 4 години, ја пуштаат сама. Фамилијарно си седат на тераса, и се дерат по неа одозгора.. Јас седам доле пред зграда, дека моево уште помало.
    Се дерат секако.. Од ѓубре по доле.. Некна помислив, моево слуша се.. Ајде викам деца со деца..
    Али денес кулминација на ситуација, викаат по неа за безвезе нешто. И и викаат на мојава: X удри ја Y не слуша ич.
    Само срипав, викнав Х НЕ!! И ја прибрав.

    I was right was I?

    Жал ми е за детето, ама за моето повеќе..
     
    На see.emily.play, tinkerbell22, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Женски
    Може не е за тука прашањево мое, ама гледам убави совети даваат членките за како да се воспитаат деца.
    Вака сега, моево е 2 години и во последно време е станат многу насилен, значи ако реши да земе некоја играчка од некое дете дали е негова или туѓа одма оди со кубење, буткање или пробува да гризне. Цело време сум до него кога сме надвор и искрено страв ми е кога ќе се приближи до некое дете. Зборувам нон-стоп дека не смее да удира дека деца се галат се гушкаат.
    Не сме го удриле никогаш ниту него, ниту брат му, не би ги удрила никогаш. Нормален однос имаме дома, правило ни е со маж ми да не се караме пред децата. Стварно ми е чудно од каде таа агресија кај толку мало дете.
    Дајте совет, или некоја литература како да се справам со оваа фаза? Или добар психолог кој би ме советувал како да го решиме ова?
     
  15. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Крева рака, го тргаш од ситуација, се извинуваш на родителот и го носиш дома.
    Наредно, пак исто, пак дома.
    И зборување во меѓувреме. Многу!
     
    На 1209 и kalinaka им се допаѓа ова.
  16. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Женски
    Да, го тргам од ситуацијата, ама не можам да го носам дома, имам уште едно дете што ми е жал да го приберам дома на секое негово кревање рака.
    Во маало си игра, ги знае децата сите и родителите го научија веќе, сите викаат фаза му е остај го ќе му помине, ама не може бе се да биде по негово
    Он се смирува за момент и мислиш готово сфатил и нема повеќе да прави така ама трае до следната негова идеја дека мора нешто да му земе на некое дете.
     
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Ќе му носиш играчки секакви од дома, се шо може да ти побара и ќе му кажуваш ова е твое и со ова играј си, ако не да му ги дадам на другото дете..
     
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Машки
    Не. Ќотек никако.
     
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Не го разбирам ќотекот, како на некои му иди да мава, по некој шо е буквално беспомошен. Дали ќе е убаво за некоја грешка некој да ве удри, како вие ќе се чувствувате, одма ќе биди насилство.
    Исто е и со децата, а тоа нема ни да врати од страв.
    Како ние шо се разбираме со зборови и децата разбираат, само да му го знаете јазикот, на негов начин да му објасните за работите. Шо треба време и труд, но на крај се исплати.
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.237
    Значи нема вечно да трае, 3 пати вака врати ги дома и ќе научи. Мора да сфатат дека лошото однесување има последици и ќе плаче ќе преплаче ама следен пат ќе знае.
     
    На kalinaka и LiquidLuna им се допаѓа ова.