https://www.instagram.com/reel/C-emGHLomBw/?igsh=MXM0eDZ6NmFqMXptaQ== За тие што тепаат ради "пикање прсти во штекер", нека го изгледаат видеово и описот под видеото
И играчки носиме, ама ќе се фати за глупост најголема, стапче некое дете да држи оди да му го земе. Ќе морам да почнам да го прибирам дома кога ќе почне да се тепа, не гледам друго решение. Се надавем е фаза и за брзо ќе му помине
Мене ова ми е решението за се. Не дава раче - дома. Изводи по улици - дома. Ја фаќаат мајките на лулашки - дома. Евентуално ќе научи што може, а што не смее да се прави надвор.
Не е помало поголем е брат му, 8год има. Може и таму згрешивме што и да му земе му викавме остај го помал е да не плаче и ова малово изгледа си сфати дека се што ќе посака може да добие
Па да, ма да големиот самиот му попушта за мир во куќа. Со деца работам и јас, 30 ќе ги средам ова дома едно не можам
Ова сакав да ти го пишам. И јас истата грешка ја направив со малиов 2, демек не разбира па се зема од големата, а таа е 5. Денеска бевме на шетање и до една специјализирана продавница за играчки. Сами да си одберат што сакаат. Дојдовме дома тој ја батали неговата, сакаше се да собере од сестра му. Ама веќе почнува да разбира и не му дозволив. Му кажав дека тој си има негова играчка, плачеше, ама брзо се смири. Мора да се постави граница што е чиво е и да се дели кога оној чива е играчката сака да дели. Си играат задно цело време, си делат се, ама некогаш малиов сака само тој баш со се и јас така ајде помал е не разбира, ама ете мора да разбере некогаш. Почни така за почеток.
Да, да тоа веќе почнав, и надвор веќе почнав да не му давам ништо туѓо да фати, иако му даваат. Му кажувам чим не даваш и тепаш ништо не смееш да земеш. Со големиот немаат исти интереси па и немаат за што многу да се скараат.
@kalinaka еве @Yowannty и од свое искуство ти напишала многу убаво. Истото ќе те советував, нека не му попушта до толку постариот, мора да научи малото на граници. Така се однесува затоа што дома братчето му дозволува/дава се', па очекува сите деца исто да се однесуваат.
Така. Само упорност и ќе научи сам. Моите се машко и женско и покрај тоа што тој си одбра кола, таа барбика со еден куп додатоци, тој пак и сакаше се. Ретко се караат за воља на вистината и си играат цело време заедно, ама додека си делат е ок. Проблем настанува понекогаш кога тој нејќе да дели, а сака и нејзино. Ама мали се уште, па верувам дека и интересите ќе му се сменат понатака. Јас надвор од дома немам сеуште проблем, не се меша со други деца. си стои на страна, ама подобро е на време да се спречи.
Јас имам обратна ситуација,со тоа девојче што си игра најмногу (одман до нас живеат) се и зема,пример нашата ќе сака да пие вода и таа веднаш ќе и го земе шишето и и ја испива цела вода и нашата плаче а нејзината мајка не мрднува со прст ,нашата дава се тотално,играчки ,цело,време сака да ја гушка другата ја удира ја шутка ја куби за коса,шлаканица. Не знам како да реагирам во тој момент освен што ја земам ќерка ми ја гушкам и си одиме дома ,утреден пак ииста песна.Ќе ја види во двор и плаче по неа а јас не сакам да бидам блиска баш поради тоа што и ќерка ми не знае да се одбрани и не сакам да гледа и да учи вакви работи.
Исто, син ми во глобала е многу мирен, сите деца се му земаат а понекогаш и тој сам дава, но кога тој сака нешто, никој не му дава, потоа се повлекува и сам игра. Ако сака нешто трпеливо стое и чека да заврши детето па ќе земе тој. Мене тоа ми е многу криво, иако родителите им кажуваат вратете го на Х тоа, детето ќе се инати, син ми ќе плаче и пробуваат него да го смират. Искрено би сакала да знае и тој така да се бори за нештото што го сака, не разбира за да му објаснам па го оставам да се снајде во ситуацијата. Ама претежно не се снаоѓа
Мешаш внимание со воспитување. Можеш ти да му висиш над глава на детето секоја секунда, но ако тоа не чувствува тежина од твојот збор и од твојата санкција се е џабе. Насилниците не секогаш доаѓаат од ’тепани’ семејства — многу често доаѓаат токму од домови каде што родителот е толку преокупиран со својата ’емотивна регулација’, што станал небитен како фактор.
Ти го промовираш спонтаното плескање како начин на дисциплина отфрлен неефективен метод од цела научна фела.. Никој и најмалку ти? Прочитај претходни коментари. Проблем во едуцирање нема. Проблем има во неедуцирање. Едуцирањето секогаш носи позитивен бенефит, неедуцирањето или полуедуцирањето продуцира егоисти. Здрава дисциплина не е наносување болка, плескањето не е дисциплина, уште помалку здрава. На крајот, децата и те како стануваат насилници и од заушка и од правење центар на свет. Можеби ако не одиш цело време до двете крајности за да ја оправдаш првата што и самата ја следиш, ќе успееш да видиш што ти се посочува. Ама ти си упорна да го наметнуваш твоето мислење за пермисивни родители на сите што не плескаат, па нек ти биде.
Толку паламудења и прочитани купишта книги и научни трудови, ама резултатот е средно жалосен. Ни за жива глава нема да сменам мислење дека разгалувачкото родителство е полезно. Родителот денес се поише е само како фигура, така ми се чини, дур е преокупиран со себе и својот личен живот, страшно потфрла и произведува гниди од деца.
Гледам дека ти е многу удобно во твојата црно-бела поделба каде што секој што не верува во твојата ’гушкачка’ утопија мора да е застапник на насилство. Тоа е таа класична замена на тези: ако не се согласувам со твојата попустливост, значи сигурно сакам да ’плескам’. Со таа логика, не е ни чудо што не можеш да ја согледаш разликата меѓу авторитет и агресија. Меѓу ’плескање’ и ’правење центар на светот’ постои огромен простор наречен одговорност. Проблемот е што вие тој простор го пополнивте со дебати и емотивни регулации, а децата научија дека нивниот збор е последен. Тоа не е ’научно потврдена дисциплина’, туку класично губење на контролата спакувано во убави зборови. И не, не го наметнувам моето мислење, туку само ја посочувам реалноста која еве гледаме дека студиите не ја покриваат: децата кои горат врсници со цигари се производ на систем каде што родителот се плаши да каже ’не’ за да не ја повреди нивната ’драгоцена емоција’. На крајот, додека тука се трудите мене да ме сместите во крајноста на џелат врз моето дете на улиците ни шетаат ’регулирани’ деца кои не знаат за граница.
Моја гушкачка утопија. Не го ни читам понатака филозофирањево. Пишав и претходно, реторикава на наметнување пермисивност за оправдување на својата насилност, на друго место. Јас се оградив од двата пристапа одамна.
Патем, коа више милувате да паламудите дека не сме праеле разлика меѓу пермисивно и џентл, запрашајте се дали вашето не преоѓа у пермисивно, ама искрени бидете. У пракса не глеам баш позитивни примери