Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    19.377
    Леле да, сите ние се тресеме од родителите ден денес еве :sweat:

    Супер за сите вас кои ве разгалиле, вие немате трауми, скроз здрави и прави и физички и психички :sun:

    Само пазете на вашите постапки кои можат да повредат друг.

    Сеа не се ни поздравува, глеа да ти се испонаша, немаат почит ни кон нивните не па кон други.

    За култура да не дискутираме.

    У бус на пример, дали имаат видено шо праат, какво сељачко понашање е тоа? Не се изолирани случаи инаку.

    Тантрумите па посебна прича. Попрво мамичка ќе почне да цмиздри отколку шо е кадарна да го смири и да изреагира соодветно.

    Страв бе страв имаат од децава, страшна работа.
     
    На Mumoftwo30, FlirtBerry, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    469
    (facepalm) Ваква тема не треба воопшто да постои а тоа се дебатира турбо цел ден дал треба дете да удриш као васпитна мерка пошто си глупа и неисконтролирана будала. :headbang:
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    28.117
    Пол:
    Женски
    Дада научени вие на култура, на почит, затоа сите со психолошки проблеми сте, пошто многу убаво ве воспитувале:l:
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    19.377
    Лошо е коа и у ваква тема ќе се најде некој прозван :)

    Да не се знаело да се дискутира у трето лице множина.
     
    На Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    10.284
    Пол:
    Машки
    Факт е и запаметете дека без авторитет врз децата нема да имаат ни почит, ни свест а ни па одговорност ниту контрола врз тоа шо го праат. Треба да си ги ставите дечињата малце во колосек и да им кажите шо е зло шо е добро, ако сакате утре да имате здрави луѓе и нормално опшество.

    Не знам како го оправдувате бе ова.. ова е дно дно.
     
    Последна измена: 29 април 2026 во 16:19
    На eliesaab, Mumoftwo30, Raven22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    21.696
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не знам од каде ја црпиш таа енергија да се објаснуваш на луѓе за кои постои само “црно и бело”. Капа ти симнувам.
    Не вреди воопшто.
     
    На Mother of 2boys, eliesaab, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.975
    Некако се загубив во муабетите.
    Апсолутно сум против ќотек, и нема полошо од тоа да удараш дете. Верувам дека секој од нас се има доведено до степен да биде на раб да удри, ама со контрола и работа на себе, не удираме, оти сепак луѓе сме и луѓе не се тепаат.
    Исто, верувам дека ама секоја од вас си ги има шлапнато децата и доста потоа сфаќаме дека удирање и тепање не дава резултат, туку напротив, му се прави полошо на детето.

    Јас кај синко ни казни не употребувам, глас ретко да повишам, секогаш сме разговарале и бев на став дека секое едно дете може да се воспита со разговор. Ќерка ми ме демантира и ако некогаш велев дека не признавам тантруми, сега и помош побарав како да се справам со нив.

    Дете се воспитува до 4 години, од 4 до 7 се корегира. Многу клучни се овие години.
    Обично темпараментните деца се посклони кон правење проблеми, па затоа клучно е со нив да се работи уште од мали. Не е само дете и ќе порасне.
    Од куп примери околу мене сфатив дека не помага ќотек, не помага разговор, не помага само гушкање. Помага работа и вклучување на стручни лица.
    Но кај многу родители доаѓа до отпор и неприфаќање, стигамтизација и не дозволуваат да се работи со децата, па потоа работата ескалира.

    На темава како и секогаш се пишуваат и многу нереални работи, теории, се етикира, се мудрува. Реалноста е сосема друга и секое дете е приказна за себе.
    Нема универзален пристап, мора воспитувањето да се прилагоди на потребите и карактерот на детето. И на крајот да се знае дека сепак родителот е родител, а не пријател.
    Секако дека треба да се негува и пријателски однос, особено во пубертет кога е клучно да разговараат со вас, ама пред разговорот, детето мора да ја знае границата и мора да ја има почита кон родителот.
    За жал сведоци сме на деца кои немаат никаква почит спрема никого, не почитуваат правила, немаат никакви одговорности кон никого.

    Проблемот е многу поголем и подлабок. Не може да споредуваме како било порано, затоа што ништо не е исто. Но од друга страна, се што од порано било позитивно може да го искористиме.

    Мислам дека доаѓаме до точка каде што, генерално, на светско ниво мораме да најдеме решение и модел кој ќе го намали насилството помеѓу децата, кое ви велам е застрашувачко и е ноќна мора на секој еден родител.

    @JoyJoy насилство има секаде, но не секаде се пристапува на ист начин. Ете јас за случајот што не сум од Мк, знам оддамна. И не само за овој случај, туку за доста за кои не се зборува се уште јавно. Нена веќе спомна дека ќе се пикне под тепих. Главниот проблем во Мк. Додека секаде интензивно се работи да се превенира и намали меѓуврсничкото насилство, во Мк се фаќаат врски за да се сокрие и амнестираат сторителите.
    И пак ќе се надоврзам на онаа погоре. Се детектираат тие отстапувања кај децата уште во рана возраст, ама родителите не се спремни да превземат нешто со цел правилно да го воспитаат детето.
    Напротив, се остава да порасне и да прави уште поголеми неволји.
    И како што реков, проблемот глобално постои, некој некаде многу греши. Каде и колку, е прашање само, и што може да направиме ние како родители за да се спречи ескалација.

    На темава очи ќе си извадиме, на пример.
     
    На WarriorAngel, andrejko82, LadyD и 10 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.369
    Допаѓања:
    279.065
    Ништо не ни е, само цели генерации невротични сме. Нетепани и тоа.
    Од што ништо не ни е, оќе.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    40.043
    Пол:
    Женски
    Светот е во срање бидејќи денешните родители родителството го сведоа на скрипта и бљувотини од ‘научни’ истражувања.

    Немаат ‘страв’ од дома, и понатаму таа бестрашност води кон вандализам во училиште, пред законот, на работното место, животот општо.
     
    На Stressed Out, eliesaab, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    10.058
    Пол:
    Женски
    Демек ако си ги тепаме децата нема да има вандализам во училиште, на работното место, животот општо?

    Вие зборувате за отсуство на воспитување. А воспитувањето не значи дека мора да биде тепање. Освен ако сметате дека вашето дете нема доволен капацитет да разбере, па треба да се служите со примитивни методи.

    Објасни ми, бидејќи никој не се обиде да објасни, како недостаток на ќотек ќе вроди некаква психопатија кај моето дете?

    Нема врска што љуљашка беше поим во мое време, сите бевме тепани, а тие некако спонтано се кршеја сами од себе. Исто така сите од моја генерација помалку или повеќе сме шлапани, кои тогаш се тие деца што вршеа булинг. Да не кажам какви работи имаше, ама немаше тогаш интернет да споделиш.

    Како со носталгија зборувате за ќотек...човек да се запраша што проблем имате и зошто не сакате да си го решите. Ко една мајка, ќе мава дете затоа што во штекер брцало. Не е детето криво, ти не знаеш за подобро, а најверојатно ни подобро не ти покажале. Ваквите размислувања ми се на ниво на тежок примитивизам.
     
    На nextredstyle, WarriorAngel, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш право да го коментираш ова!
    Психолошките проблеми не секогаш идат од дома. Некои имаат и лични проблеми кроз животот кои воопшто не се поврзани со ќотекот на времето што ти бил од родителите.
     
    На Mumoftwo30, Raven22 и tambelina им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    28.117
    Пол:
    Женски
    Ако некој е тепан ко дете и тврди дека арно му правеле, ондак тоа Е психолошки проблем, како да ти кажам.
     
    На nextredstyle, WarriorAngel, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    15.007
    Пол:
    Женски
    Тргнете од себе,почитувате сега сообраќајни знаци и дозволена брзина зошто се плашите од Safe city казните нели?
    Просто е како грав,не знам зошто упорно се извртуваат муабети.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    17.743
    Се трудам да применувам некој вид на џентл парентинг, не знае што е ќотек, да ме извади од такт знае, посебно наутро кога треба за градинка да се спрема, 2-3 пати имам плачено изглас поради тоа што не можам да најдам начин да ја натерам да стане и да се спрема навреме.

    Да ја разгалуваме, не ја разгалуваме, но ете денес на пример е дома и цел ден се расправа со мене како свекрва. Стопати повторив дека треба да си ги собере играчките, нормално не го направи тоа, и покрај тоа што цел ден имаше забрана за цртани и сладолед.

    Последно нешто што има научено во градинка и што постојано ми повторува е: "Јас имам право да одлучувам за мене самата. Не треба само ти цело време да одлучуваш."

    Шест години ќе полни за два месеци иначе.

    Знам дека нешто правам погрешно, но што, не знам. Не сум паметна која е равенката за успешно родителство во тој поглед.
     
    На Mother of 2boys, Mumoftwo30, dromka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков ќотек правиме муабет. Не зборам за удирање од земја, зборам за ќотек во граници на нормала. Да те удрат за да те потсетат пак да не направиш глупост е едно, а ќотек- малтертирање без причина е друга прича.
     
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    4.861
    Пол:
    Машки
    Кој е и каков е тој ќотек во граници на нормалата?
    За дете стресно и само да го чукнеш..
    Децата кои се воспитувани со ќотек, развиваат претпоставка дека љубовта и дисциплината доаѓаат преку билка и страв што има последици во целиот живот..
     
    На Pixi5, JasBee11 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.545
    Допаѓања:
    69.426
    Пол:
    Женски
    Никогаш. Апсолутно никогаш, пре би рацете да ми се исушат отколку да ја плеснам.
    Само моментот да го замислам, да ја плеснам, колку ќе биде повредена, мислам дека нема начин на кој би ја вратиле довербата после тоа. Не прави вакви глупави генерализации, стварно нема потреба.
     
    На Pixi5, nextredstyle, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    28.117
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш зборев у друга тема, еве ќе прашам баш овде

    Многу ме интересира дали овие што се ЗА ќотек оти нели, друг начин нема, некогаш земале храна за маче и му дале на детето да нарани улично маче. Дали некогаш го научиле да засади цвеќе, дрво, дали го вклучиле во некоја хуманитарна акција за донирање, дали го сретнале со лице со посебни потреби да му објаснат дека и тие се луѓе како нас, поразлични ама пак како нас. Нека личат на глупост и малце клише муабет, ама вака се учат деца да бидат пример за светот околу нив, вака им покажуваш дека ТИ некогаш за некого можеш да направиш нешто убаво и тоа да ти се врати, да сакаат и помогнат на некој послаб што не може да им возврати (мачето), дека цвеќето и дрвото што ќе ги засадат може не зборуваат и не ги боли, ама им користат на пчелите и птиците кои живеат меѓу нас и ни го даваат воздухот што го дишеме.
    Вака детски и клише ама децата не си ги воспитувате само за вас дома, туку и за светот надвор од дома. А ако сакаш детето да израсне во добар и праведен човек, ќе се потрудиш повеќе од ќотекот. Нормален родител би сакал детето да знае да сака други луѓе, животни, природа и се околу него. Оние што само ги маваат, сакаат да им е раат главата на нив.
    Кај мене во маало, неколку пати сум била сведок деца да се грижат за напуштени мачиња и кутриња дур не ги вдоми некој. Им прават креветче, им носат храна и вода секојдневно. Не ги знам какви се децата надвор од ова, ама постапкава им беше за поздрав.

    Јас со комшиски деца како дете исто. Си игравме со маалско маче, храна му носевме, ова таман нe' видеше, ете го трча да се гали. И сфаќаш дека некој те сака, те одбира тебе зашто си му докажал дека може да ти верува.
     
    Последна измена: 29 април 2026 во 23:29
    На Pixi5, nextredstyle, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.975
    Од цел пост за ова се фати. А друго беше поентата.
    Не генерализирам, сакав само да кажам дека ќотекот не е решение и стварно не сфаќам кој воопшто некогаш смислил дека треба да тепаш сопствено дете за да го воспитеш.
     
    На christinnn, azelea, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.545
    Допаѓања:
    69.426
    Пол:
    Женски
    Не генерализираш, а викаш верувам дека ама секоја од вас си ги има шлапнато децата, ова ако не е генерализирање не знам што е. Па сакав да ти кажам дека не, не испробуваме сите дали ќотек ќе упали, па после да викаме ете, се пробав, со арно, со ќотек... Некои сосема сме на чисто дека ќотек не доаѓа во обѕир и е апсолутно за секаква осуда, без прво да го шлапнеме детето.
     
    На Pixi5, nextredstyle, JasBee11 и 4 други им се допаѓа ова.