Насилството секогаш доаѓа од позиција на немоќ, недоволно знаење како да се справат со ситуацијата вербално, мрзеливост и неодговорност, полесно им е да шлапнат отколку да се посветат на детето.
Еве од такво дете мислење да ти кажам. Воопшто немам последици во животот од тие работи. Во граници на нормала мислев шлапнување, а не тепање до крајност. Еве ние шлапнатите немаме последици, многу нормално си го живееме животот и не е ни дошло на памет да ги повториме некои грешки за кои сме биле шлапнати. Како и да е, развиени сме нормално и без последици. Премногу далеку отиде со муабетот.
Одамна не читам километарски реферати на форумов, немам време ниту волја да те читам до крај. Утре мое дете кое натерало друго дете да јаде измет, да дојде дома, прво има Господ од мои раце да го види, па после ќе идеме по психолози и психијатри да му установат шифра. А ти со исто такво дете, седни па муабет натенане прави си, па така се додека и тебе не почне со истото да те храни. Твое право.
И какво тепање е нормално? Само шамар, два шамара, бокс, модрица, скршеница? Оти може шамар, а не бокс со тупаница рецимо?
Никакво тепање не е оправдано. Ни малку, ни по газ, ни малце скубнување, ич никако. Ти мислиш дека "ништо не ти фали" исто како останативе што мислат дека "ништо не им фали", но во реалноста тврдам дека сите кои сме воспитувани (со ич, малку или многу ќотек) на стравопочит, т.е. страв од оние кои треба да нè заштитат, имате и имаме последици кои изгледаат како разни неврози во најмала рака и ред други потешкотии ако сите тргнеме да работиме со стручни лица на себе. И не може кој како сака да прави, децата со Устав се заштитени од физичко и психичко насилство. Кој како сака прави оти нема држава да земе да "тепа" возрасни, а не деца. Ужасни коментари од мајки. Ужасни.
Те читам и упорно тврдеш дека сме сјебани генерации. Јас пак, имам друг впечаток. Сега си бев Мк. И пак ќе кажам, со исклучоци, али мнозинството од генерацијата, и тие околу нејзе се прилично остварени лица. Работа, фамилии, некои и доста успешни во работата и кариери. Според ова што се насекаде пишува низ форумот, излегува дека сме скро пропаднати и оштетени генерации, а ете јас имам друга слика. Од каде ви е заклучкот само не знам.
Анксиозни, депресивни, фобични итн., со автоимуни е секој втор, сите сме супер да. Не зборувам за невработеност, необразованост, зборувам за психичко страдање. А тоа не го знаеш освен ако не ти кажат, ја гледаш сликата која ти е претставена само.
Не знам зошто упорно се збори за тепање. Муабетот што започна во мак. Инстаграм блогерки не требаше тука да се префрли. Една од причините за насилствата е отсуство на авторитет ! Нема авторитет дома. Нема авторитет ни во училиште, затоа што дел од денешните генерации се поттикнуваат од дома да не ги рецкаат наставниците 1 % Ниту да ги почитуваат. Инаку и најновата студија на околу 6000 деца следени неколку год.во Британија покажа дека децата воспитувани со “нежно” трендот имаат многу големи проблеми во училиште .
Абе ако ги следам Америте што прават со хомскулинг ќе мислам дека сите деца од дома што учеле се неписмени. Тоа што некадарни/неедуцирани мислат дека прават нешто, не значи дека прават. Односно нежното воспитување не е отсуство на воспитување, и нежниот воспитувач/родител е авторитет. Туку не тепа, не вреѓа, не се служи со застрашување. Кој е тој авторитетен пристап што не е силеџиски? Тоа ти е џентл парентинг со модерно име. Немање авторитет е секако проблем сериозен, само со насилство не се создаваат здрави луѓе. А секој ќотек и секоја навреда се насилство. Ако знаеме дека незадоволство од мажот/жената не решаваме со тепање, навреди, закани, зошто би го правеле ова на деца во однос на кои сме во позиција на моќ?
Подржувачот на нежно родителство односно Нежниот родител не е авторитет. Токму најголемиот проблем на овој непостоечки ,а интернетски раширен стил му е неспособноста да се постави родителот како авторитет. Авторитетен стил силеџиски? Сериозна си? Тоа е најдобриот стил на воспитување. Авторитет воопшто не значи тоа што го опиша. Или мислеше на авторитарен?
Каме за моите автоимуни никако не е виновен начинот на воспитување или што и да е од тоа време. Да не препишуваме се на времето во кое сме растеле. Ако повеќето од нас ти имаш впечаток дека сме со психолошки страдања, тогаш знаеш колку пак денес имаат новите генерации? Многу повеќе. Инаку, за муабетот за авторитетен начин на воспитување ќе се согласам дека е најдобар и мене доста пати форсиран од страна на стручни лица особено кога се работи за хиперактивни деца. Не можеш поинаку, оти во вакви случаи нема простор за друго. Не може да сфатете дека реалноста на терен е многу сериозна и дека децата денес немаат никакви граници, почит, однесување. Би сакала да се вклучаат во дискусијата и други членки кои имаат деца кои се во пубертет. Не може само да зборуваме на основа на теории и студии. Теренот зборува друго. Патем зошто авторитет на родител го веднаш поврзувате со ќотек? Авторитет се ствара и без насилство.
Имав другарка у маало која што татко и постојано ја тепаше ако не го изеде ручекот. Истото девојче малтретираше други девојчиња. Крвничко тепање беше. Девојчето е сега со прекумерна тежина. Сега да ја прашаш, таа ќе рече океј сум, ништо не ми фали, не страдам од ќотекот на татко ми. (Само што храната денес и е копинг механизам).
Еве јас ќе се вклучам како родител на булирано дете од шесто одделение, кое патем денес беше на средба кај психолог заедно со други родители на деца кои му вршат физичко и психичко насилство. Она што го дознав и дознавам секој ден е застрашувачки, речиси на исто ниво како случајот со децава од Ѓорче. Сите зборуваме за едната или другата крајност во текот на воспитувањето, особено кога се децата помали, не земајќи предвид дека за градење на личноста не е само родителското воспитување фактор, туку и воспитувањето од други лица: баби, дедовци, роднини, дадилки, градинки, училишта и останата околина. Колку повеќе начини и модели на воспитување, толку поголем хаос во карактерот и однесувањето на детето... Гените секако играат дополнителна улога покрај опкружувањето и моделите на однесување и воспитување. Значи не е можно сите исто да бидат воспитани, тоа е факт. Што правиме кога ќе се дојде до оваа фаза, каде се преминуваат границите на нормалноста? Џабе да дробиме дали и како децата биле воспитувани. Прашањето е како да се поправат пропустите (намерни или не) кои се направени во текот на растењето на детето? Како да се превенира да дојде до посериозни последици и да се спречи постоечкото однесување? До утре може да се натегаме дали е ова или она правилно, но дали мислите дека е помалку важен и начинот на решавање на проблемите во подоцнежната фаза од воспитниот процес? Што дека јас моите деца ги воспитав да се културни и мирни, кога сега тоа им е страшен проблем и животна траума? Ние не ги тепавме и малтретиравме дома, ама сега ги тепа и малтретира друг. Училиштето ретко изрекува опомени и мерки, организира само работилници со учениците и средби со родителите, на кои повеќето родители не се ни појавуваат, институциите не преземаат ништо...
Ниту зборувам за тебе лично, ниту за било кој лично. Ако не го разбра мислењето еве да повторам, нежното родителство не е пермисивно родителство, авторитетно е. Не мешајте почитување на личноста на детето (оти тоа е, личност исто колку и родителот) со незамарање и невоспитување. Ако не е нормално да те тепа маж ти, ако не е нормално да ја тепаш подредената оти не работи како што треба, ако не е нормално да ја тепаш продавачката затоа што е дрска, не знам како е нормално да тепаш и вреѓаш дете. А дали имаш или немаш ти лично последици од какво и да било твоето воспитување, јас на форум не можам да знам, таа работа се дознава и решава со стручни лица, ние овде тоа не сме.
Не знам дали јас не пишувам добро или не ме читаш добро. Авторитет не е силеџиство и не може да биде, што значи паѓа во вода темава "ќотек како воспитна мерка" односно авторитетот не може да го постигнуваме со силеџиство. Нежното родителство има премиса дека детето се почитува како личност, затоа што тоа и е, а не дека му се дозволува само да се воспитува. И воопшто не е интернет поим и идеја, не постои барем помодерна литература која поддржува насилство, во било каков облик, како воспитна мерка. Авторитет имаат и нежните родители, пермисивните не се нежни, незаинтересирани во најдобар случај се. Не знам зошто упорно се мешаат едни со други, кога немаат допирни точки освен што се родители.
Утре твое дете да го прави истото, не сум ти крива јас што си израснала таков монструм. Сама себе испрати се како родител. Ќе го претепала, Господ да го видел. Штом си способна да претепаш крвнички свое дете, чукни си ја главата дали треба деца да имаш.
Инаку ме интересира, ова со булингот е крајна дестинација за реакција од родителот. Вие што оправдувате ќотек, во кои други ситуации ќе го претепате детето Господ да го види, за да не дојде до вакво однесување? Што за вас е оправдано за шамар, за заушка, за клоца? Кога веќе цврсто браните дека децата треба да се тепаат, ако сте мајки, кога сте ги тепале, ако не сте, кога е соодветно да ги тепате за да превенирате да не станат були.