Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.487
    Допаѓања:
    335.230
    Пол:
    Женски
    Додека си го мерите овде кој е подобар родител, во училиште децата ни ги силуваат учители,други ги бодат со нож,пукаат со пиштол,трети ги горат со цигара и хранат со измет.

    Сите колективно се/сме криви.Од родители до школски систем кој мува не го лази за децата па се со државата која никогаш нема соодветни казни за насилници од било каков калибар.

    Мн ми е жал за девојчето.Се прашувам како ке го надмине ова?Ке се лечи по психијатри поради некој др кој не се лечел…Страшно!
     
    На mKdevojce, MarigoldA, Mumoftwo30 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    2.633
    Пол:
    Женски
    Јас и сестра ми сме оставени на 9месеци во јасли. Сме немале баба сервис. Јас лично имам трауми од градинка и забавиште,и од тетките кои ме плескаа и кубеа редовно,како и децата. Мислев дека нешто се сменило,па првото дете одеше во градинка ,додека не се случија низа инциденти. Второ и трето дете не пратив во градинка,па со маж ми се реорганизиравме бидејќи немаме баба сервис.

    Во целодневна имаше сериозен инцидент со трето одделенци, проблемот стигна до ЦСР и МВР. Да биле салам родителите проблемот ќе се решел пред да ескалира.

    Не реков да не работат родителите, ама кога имаш дете/деца приоритетите се менуваат,децата се приоритет. Менуваш работа, или стил на живеење, се откажуваш од некои нешта итн...

    Некој погоре ги спомна уредите, ама не се проблем телефони,таблети,тротинети , проблемот се родителите. Детето не може да купи телефон и тротинет. Детето не плаќа интернет. Значи сепак проблемот е во родителот. И родителите немаат време за своите деца од држење телефон и губење осет за време со телефонот во рака.

    Ѕирнете коментари од родители по ФБ на објави за образование, ќе видите какви родители ,,воспитуваат,, деца. Истите очекуваат нивниот неизбрусан камен да стане бесценет дијамант во училиште,без тие како родители да се вложат.

    Во класот на ќерка ми имаме 5ученички со страшно лошо поведение и многу низок успех. Медицинска насока .А на уписи беа во првите,како добиле висок успех во основно знаеме. Да бевме во нормална држава ќе беа префрлени во друга струка веднаш по втората единица,а не ги влечат цела година,додека тие си пушат цигарчиња на прозор ,не доаѓаат на настава, малтретираат,исмеваат други соученици...итн... На родителите нивни им е испод чест да се појават на родителска средба,ниту еднаш се немаат појавено. Може многу работат луѓето па немаат време за глупи родителски и детски глупости. Нормално,саркастична сум.

    Јас растев со отсутни родители, без баби ,со клуч на вратот. Сум ги увидела недостатоците на себе. И не сакав моите деца така да растат.

    Така да ФлиртБери, исто како што ти си еден добар пример и се водиш по твоето искуство ,така и јас со моето искуство.Што не значи дека сме испаднале добро благодарение на родителите,туку сплет околности и среќа па не сме завршиле лошо. Не е баш се така црно и бело ,во животот има нијанси кои некогаш многу значат.

    За да дојде родител во ситуација да треба да го плесне детето, или веќе е ментално преоптоварен и истиот емотивно незрел па избувнува и мава ,или премногу го занемарил детето што детево не познава граници,последици.
     
    На kozuf, merriel0, mKdevojce и 5 други им се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    5.142
    Пол:
    Женски
    Мој избор е тоа дали ќе го родам или не, исто моја одлука е таа како ќе го васпитам детето.
    Важно е да биде васпитано и да не прави глупости- да НЕ МАЛТЕРТИРА другари/другарки.
    Васпитувај си го твоето на твој начин, не коментирај брутално на оние кои имаат вметнанто ќотек. Секој си го знае детето
    https://www.youtube.com/shorts/wBPSrjN9kjw
    Еве гледај си го ова.

    @tambelina
    Многу убаво те разбирам низ пишаното.
    Мојата цел на коментарите е тоа што секој си го знае детето какво му е. Да, никој нема да го тепа детето ако му е васпитано уште од почеток како што треба, точно дека обврските се зголемуваат кога се има дете, точно дека целото внимание се насочува кон детето, си дала живот, треба да го изнесеш на прав пат, точно е и тоа дека се поттикнува од родителот, ама ти (не само ти општо кажано) како родител најубаво ќе си го процениш детето какво е и со каква мерка да постапиш со него.
    Точно, ќотекот не е добар, не го ставам како примарна воспитна мерка, ама тебе детето ако само со разговор НЕ РАЗБИРА треба да си примениш други воспитни мерки.

    Исто како внука ми, имам наведено пример за неа дека со мало повишување на тон не разбира и веднаш плаче кога ќе и викнеш. Зошто?- затоа што прстите во штек си ги става, не разбра 2 пати со убаво морав да повишам тон. Мајка и применува gentle parenting ама гледа дека со тоа не разбира и треба да повиши тон, ако не разбере ке ја плесне по рака, за друг пат да не и текне да ги става прстите во штек.

    И јас сум од мала во градинка, имав баба сервис, моите се убивале од работа да можат да ми купат банана чоколадо, да заштедат пари за мене, за нивното дете кои биле свесни дека следува потреби, образование, свадби итн. Да жртва бев на булинг поради мојата килажа и знаев агресивна да бидам од страна на општеството и да се тепам со другарите кои ми вршеа булинг, ама дома васпитни мерки, казни сум добивала за тоа и на крајот од денот престанав, сфатив дека правам грешка со тоа.

    Друг краток пример да дадам, долг ми е постот, не практикувам долги постови ама ајде сега, колешка на мајка ми практикуваше gentle parenting, размазено детиште од мало и беше, сакам чоколада од 100 денари, не од 50 денари, МОРАШ да ми купиш, кај бе морам да ти купам? Еве ја сега, мака си мачи со детето, 2ро училиште менува заради тоа што е ИЗБРКАНО од училиштето заради тоа што е размазен.
    Да, го тепа, џабе ти е сестро да го тепаш, теле се учи, не вол.

    Генерално, во ова време, не дека не го оправдувам gentle parenting, нормално прво се практикува тоа, ама ти како родител кога ќе видиш дека детето не те разбира со смирено правење на муабет, те гледа во лице дур му објаснуваш и ти се смее, онда не знам што треба повеќе, дали да продолжиш така или да му направиш рестрикции.

    Судете и правете ме колку сакате дека сум психички пореметена, излезена сум на прав пат, не сум фатила патишта кои водат до неповрат. Образование имам, почит имам, работам и моментално на праг сум на стварам фамилија. Им благодарам на моите кои ме донеле до овој степен!!!

    Да искоментирам за постот на членката која имаше напишано за девојчето како сега ќе се опорави од овие случки.
    Не знам искрено, солзите на очите и гневот во душата ми дојде кога го прочитав тоа. Не сум родител, не можам да се ставам на местото на нејзините родители, ама како човек се ставам на нејзино место и ќе искоментирам девојчето да биде силна и господ да и ја подари цела сила на овој свет. После овие трауми што ги има доживеано, за жал ќе има и тешки психички последици, од некои кои не се доволно васпитани.
    Зошто некој да трпи за нечие неваспитание?
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Да да, затоа кога едно од тие "чуваните" дечиња умре пред некое време (не се сеќавам дал падна од прозор или нешто друго се случи), поинаку се пишуваше и во црна хроника и во дедицираната тема. Деца се деца и ако немаш попаметна работа на деца да им оставаш други деца на чување и уште да се фалиш дека ништо се случило, ете ти ја радикалната идеја од погоре, не ни мораш да раѓаш деца.
    Сериозно "ништо не се случило" ви е оправдување за некои работи, "ништо не се случило" во многу многу ситуации, ама кога ќе се случи, не знам тогаш како ќе се чувствувате и што ќе пишувате.
     
    На CameliaMiller, JasBee11, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    28.439
    Пол:
    Женски
    Просто прашање:
    Дали сметате дека тие деца кои се мирни, не прават белји, се тепани?
    Или дали може да е дете мирно и културно без тепање?
     
    На JasBee11 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.511
    Допаѓања:
    45.894
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе коментирам брутално за луѓето кои вметнале ќотек, затоа што не е тоа избор дали ќе му направиш на детето зелена или розева соба, туку насилство за кое се одземаат деца. Твојот избор завршува онаму каде што почнува туѓ живот. Оди прочитај нешто место да гледаш шортс на јутуб.
     
    На Lianna Anna, theowndemon, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    5.142
    Пол:
    Женски
    Доволно сум начитана, фала што ме мислиш.
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.411
    Допаѓања:
    42.866
    Пол:
    Женски
    Каков родител такво дете
     
    На Pixi5, JasBee11 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.086
    Допаѓања:
    140.167
    Пол:
    Женски
    1. НЕ
    2. ДА
     
    На zuto, lovestoneddd и JasBee11 им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    28.439
    Пол:
    Женски
    Ахам, значи сепак може без ќотек.
    Фино.
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    40.095
    Пол:
    Женски
    Како и у секоја тема филувате ти и уште пар пре-начитани членки, нема поента со вас да се разговара. :D
    Претпоставувам дека си од оние што детето ти да сака да смени пол на 10 год, ќе речеш ДА, пошто некое истражување ти налага така.
    и де кажи ни што читаш, сакаме како тебе начитани да сме ние насилните :D
     
    На Iva:), mKdevojce, Intergalactic и 3 други им се допаѓа ова.
  12. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    5.142
    Пол:
    Женски
    Фала богу, родители извадени на прав пат, детето исто.
    Фала им што ме ТЕПАЛЕ кога требало!
     
  13. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Од моето досегашно искуство, ваквите „невоспитани“ деца често всушност имаат сериозен недостаток на внимание и љубов од родителите. Поминуваат часови и денови пред телефони, гледајќи содржини без контрола, што веќе се одразува и физички (лошо држење на телото, грпка, искривување), а тоа неретко останува незабележано од родителите.

    Кога детето ќе направи нешто недозволиво, често нема никаква реакција – ниту укор, ниту разговор, ниту насочување. Наместо тоа, се гледа рамнодушност и незаинтересираност.

    Токму затоа сум против физичко казнување. На овие деца не им треба ќотек, туку љубов, внимание и јасни насоки што е правилно, а што не.
     
    Последна измена: 30 април 2026
    На Pixi5, Mumoftwo30 и boo3 им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.863
    Допаѓања:
    11.383
    Пол:
    Женски
    Научете ги децата да ги почитуваат другите деца и никогаш да не вршат врсничко насилство. Нема жртвата на булинг и нејзините родители помалку да ве мразат, ниту да имаат подобро мислење за вас оти сте го натепале булито откако ја нанело штетата. И булињата од ќотек или занемарување се такви агресивни и бараат внимание, oд простотилак на родителот.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    5.433
    Пол:
    Машки
    Каква врска има полот со ќотекот?
    Еве твоето дете да сака да смени пол на 10г, ќе го истепаш?
    Еве јас не знам како би требало да реагирам единствено со разговор, да го убедам дека е мало за толку сериозни операции за кои може ќе се кае во иднина, ама ќе си побарам стручна помош за вакви посериозни ситуации, ќе си го однесам детето на психолог и секаде кај што треба, за да видам прво зошто на толку мала возраст бара такво нешто...
     
    На Pixi5 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.411
    Допаѓања:
    42.866
    Пол:
    Женски
    Од видеото точно се гледа дека детето го прави истото како родителот. Дали ти го оправдуваш ова?
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    28.877
    Јас ова го зборувам. Се соочувам со ова моментално. И искрено, гледајќи ги родителите на тие деца како се однесуваат во воспитно образовна институција, па и пошироко, јасно ми е зошто се нивните деца такви. И пак ќе речам. Не може сите луѓе и сите деца да имаат ист карактер и да се исто воспитани. Ние нашите нема да ги тепаме, нема да им попуштаме, нема да ги запоставуваме... ама друг ќе го прави тоа и проблемот со булингот останува.
    Како да се справиме со проблемите со кои се соочуваме е прашањето?
     
    На JasBee11, JuLleE, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.907
    Пол:
    Женски
    Не размазуваш дете со gentle parenting, размазуваш со permissive parenting.
    95% од тие што пишувате на темава не правите разлика меѓу едното и другото, ги ставате во ист кош, а разликата е небо и земја.
    Permissive parenting - на детето му е дозволено се, љубовта се заменува со исполнување на желбите, односно се смета дека така се покажува љубов и му се дава се' што ќе посака во замена за родителско присуство и воспитување.

    Gentle parenting - воспитување и растење со љубов, со градење на здрава врска меѓу родител и дете, а сепак со поставување на цврсти и јасни граници до кои родителот конзистентно ќе се држи и детето ќе научи да ги почитува. Се учи на емоционална регулација, емпатија, комуникација и почит спрема другите луѓе.

    И она што сите го забораваат, децата учат од своите примери, а тоа се родителите. Како родителот се однесува, најчесто децата го копираат тој начин на однесување, па сега вие видете...
     
    На Marijanche33, Lianna Anna, M.B. и 13 други им се допаѓа ова.
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    5.142
    Пол:
    Женски
    Секако дека не, имав наведено погоре дека за секоја погрешна постапка на детето е родителот крив.
    Детето сепак е огледало на родителот, нели?!
    Во голем дел од ситуациите и општеството си е виновно за тоа. Еве внука ми од градинка научи да покажува среден прст. :)
    Пак ќе напоменам, јас не оправдувам да се тепа детето ако е добро васпитано и без никаква причина тебе ти текнало па удри по детето.

    Точно така.
    Баш исто коментирам дека детето гледа од родителите пред се.
    Инаку за разликите што ги имаш направено, не значи дека ако родителот го шлапне детето и не го сака и не го расте со љубов. Јас не зборам за ќотек удирање и трескање од земја. Зборам за шлапнување во некои ситуации кога не сака да разбере тоа што му е претходно со убаво кажано.
    Веќе за споредбите за ќотек каков што поголем дел од членките разбираат тоа е насилство.

    Конкретно за видеото што ми е ставено погоре како пример, може би детето го научило тоа од улицата, сепак не се чува дете во кафез, треба да го пуштиш да си игра, да се извалка, од кај знаеш се што може и не може да научи од улица?
    Точно дека родителот има најголем дел во воспитуванието и тека во вакви ситуации треба да превземе нешто, а не да седи и муабет да си прави.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.907
    Пол:
    Женски
    Затоа и детето после ќе те шлапне кога ќе има некој тантрум или нема да добие нешто што ќе го побара. Самата кажа, децата учат од родителите.
    И нема секогаш влијание околината во однесувањето. Ако му поставиш добри основи од дома, нема да има толкаво влијание од околината.
     
    На Lianna Anna, merriel0, JasBee11 и 6 други им се допаѓа ова.