Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    4.999
    Пол:
    Женски
    Не можеме да се разбереме, џабе објаснувам. Или не можеш да ме разбереш, или не сакаш да ме разбереш.
    И јас сум имала тантруми, сум ги шлапнала ли моите? НЕ!
    При воспитување треба да се знае кој е дете, а кој е родител!
     
    На fana и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.384
    Допаѓања:
    28.120
    Пол:
    Женски
    А на старост ќе ги тепате вашите родители ако се помочаат, ако скршат нешто, ако не јадат што сте им дале?
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.442
    Допаѓања:
    206.636
    Пол:
    Женски
    Сигурно не паметиш. Ама верувам, како што сум видела деца во налет на бес ги удираат родителите, браќата/сестрите, па и бабите и дедовците, оти така родителите ги казниле во налет на бес кога биле непослушни. Децата го копираат однесувањето, па кога возрасните не знаат да се контролираат, како очекуваш од дете да знае?
     
    На CameliaMiller, Pixi5, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Машки
    Сама велиш дека детето учи така што го зема за пример родителот..
    И каков пример ќе му биде тој родител што го шлапнува за секоја грешка во животот?
     
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    3.365
    Пол:
    Машки
    Имаме интернет, отворени извори, искуства, истражувања, но не знаеме баш да го користиме. Еве, да помогнам.


    Мета-анализа (анализа на повеќе студии) која опфаќа 50 години истражување и преку 160.000 деца (да бидам фер, сите се од други земји, значи култури поинакви од нашата) покажала дека колку повеќе дете се тепа, толку е поверојатно да ги крши правилата и да покажува антисоцијално однесување

    https://news.utexas.edu/2016/04/25/risks-of-harm-from-spanking-confirmed-by-researchers/

    Студија за егзекутивни функции (за американски деца, да бидам конкретен): Невробиолошките истражувања покажуваат дека родителската агресија кон деца активира синџир на стресни реакции во невроендокриниот систем кој го оштетува развојот на мозокот во префронталниот кортекс, областа задолжена за внимание, планирање, одлучување и контрола на однесувањето.

    https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0145213423004623


    Истражување објавено во Child Development покажало дека кај деца кои биле тепани, мозокот реагира на потенцијална закана на сличен начин како кај деца кои доживеале потешки форми на злоупотреба. Децата кои биле физички казнувани имаат поголема веројатност да развијат анксиозност, депресија, потешкотии во регулирање на емоциите и во учењето

    https://www.gse.harvard.edu/ideas/usable-knowledge/21/04/effect-spanking-brain

    Истражувања покажале дека болката од казнувањето предизвикува рефлексна агресија. Кога нешто те боли автоматски реагираш со агресија, а децата знаеме дека немаа развиен механизам за мета-когниција. Значи, учиш на телесно ниво да враќаш со тепање, и пред да станеш свесен дека е тоа лошо, и потоа и си го носиш тоа цел живот.

    https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC3768154/

    Врската помеѓу тепањето и физичката злоупотреба е најзагрижувачкиот ефект. Разликата помеѓу двете најчесто е само во степенот (времетраење, сила, предмет), а не во намерата. Значи, без разлика каква намера имаш со тепањето, да е и за добро воспитување тоа детето го доживува како казна и агресија ...Повеќето документирани случаи на физичка злоупотреба почнале со физичко казнување. Еве истражување со податоци од 20 години.

    https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC3447048/

    ***

    За Македонија интересно истражување:

    Во Македонија само 4% од возрасните сметаат дека физичкото казнување е неопходно, но сепак 45% од децата физички се казнуваат. Еве студија на УНИЦЕФ https://www.unicef.org/eca/stories/every-right-counts-when-discipline-turns-violent.

    Најголемата регионална студија опфатила 42.000 деца од Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Романија, Србија и Турција. Физичкото насилство варирало меѓу 50.6% (Македонија) и 76.3% (Грција) за доживотна изложеност.

    https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC5749026/

    И, повторливо и еве извештај од СЗО, од 2025 година, свежа и е официјална позиција на Светската здравствена организација со заклучокот дека нема апсолутно никаква придобивка од физичкото казнување, ни за децата, ни за родителите, ни за општеството.

    https://www.unicef.org/eca/stories/every-right-counts-when-discipline-turns-violent

    **

    Значи.

    1. Никаква корист од физичко казнување. Намалува егзекутивни функции, каде се регулираат емоции, метакогниија, може да има многу долгорочни ефекти, и да предизвика анскиозност/депресија.
    2. Детето (осоебно пред 7-8 годишна возраст) не може да толкува добра или лоша намера кај родителот.
    3. Лесното „тепање“ не е безопасно.
    4. Културни разлики во ефектите на физичко казнување постојат но се занемарливи во однос на негативните ефекти од физичкото казнување.
    5. Иако Македонија има релативно/споредбено пониска стапка на Балкан, сепак секое второ дете отприлика било физички казнувано во текот на животот.

    Не, не, не поддржувам физичко казнување, ни најмало. „Ќотекот НЕ Е излезен од рајот“.
     
    На Annath, CameliaMiller, Abel и 2 други им се допаѓа ова.
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    4.999
    Пол:
    Женски
    Јас карактерно не сум човек што би кренала рака на родител/баба/дедо.
    Затоа не ме уверувај во нешто што не е така.
    Доколку имаш такво искуство, тоа е друго.

    Зависи за каква грешка зборуваме. Ај сега вака, ти доаѓа полиција на работа и пред колеги и колешки ти вика 'Твоето дете е на снимката како прави булинг на друго дете, го тера да јаде измет и го гори со цигари.' Одиш во полиција, разговор со полиција, со социјални служби, пошто еве збориме за малолетни деца. Си одиш дома, детето твое те чека. Му викаш 'Ќерко/синко, абе зошто така си направил, сега по полиции ќе се влечеме, знаеш не е убаво тоа така, ајде сега оди легни си во соба одмори се, напорен ден си имал/а'- го гушкаш.
    Седнуваш на столот и размислуваш ШТО ПОНАТАМУ со оваа случка.

    Значи нормално е детето да ти прави штети во општеството, само заради тоа што на времето кога си требал/а да превземеш по строги мерки кон него не си превземал/а и си мислел/а дека само со разговор си решил се, а не си и нормално е детето да оди и да прави штети и да ги трауматизира неговите другари само заради тоа што не си сакал ти да го трауматизираш со тоа ако го шлапнеш кога е заслужил.

    Јас во ваква ситуација ќе го предадам моето во социјална служба и нека му судат они и ќе се срамам од самата себе зошто не сум превземала многу повеќе од разговор, а недај боже да се доведе во ваква ситуација мое дете, само заради нечие неваспитание да пати, тогаш не жалам никој.

    Немам деца да, но сум го почувствувала моментот на мајка.
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    @Vikktorr Сега малку ќе те изигнорираат и ќе пишуваат како нежен родител е пермисивен и без авторитет, и како мантра ќе се повторува дека и они биле "шлапкани по газето" и ништо не им фалело, баш научиле ред и однесување.

    Одредени одлуки се донесуваат од срам и од страв од осуда кај комшиите и фамилијата, не дека навистина се резонира дали тие одлуки се правилни или не. Откако ќе се случи нешто сериозно, можеш и да го испржиш од ќотек, притисната од срамот и стравот да не те оговараат, ама во суштина, тој ќотек, повторно, нема да ја реши ситуацијата.
     
    На Annath, Pixi5 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.370
    Допаѓања:
    279.071
    Темава е доказ кој колку сам за себе емоционално пораснал, за да може друг да расте и воспитува.
     
    На Abel, Munchmallow20, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    10.060
    Пол:
    Женски
    Оправдуваш твоите што те шлапале затоа што не си сфаќала. Не знам само што оправдуваш, тоа што твоите сметале дека немаш доволен капацитет за сфаќање или тоа што твоите не знаеле да те воспитаат, па се послужиле со најлесното, удри.

    Немаат деца, а уште на неродени веќе им ја кројат судбината дека ќотек ќе им удираат.
    Како да кажам, нека се навреди кој сака, ама тепање и урлање ми е најсељачко понашање што некој може да го има. Најдолно.

    Боље да си ќутите, отколку уште толку да се откривате себе какви сте.
     
    На Annath и Mazegin им се допаѓа ова.
  10. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    2.610
    Плус ако е машко детето, да не се чудиме од каде магично ќе никнат насилници за едно 15 години.
    Зашто нели тие си се родители и тие си ги “воспитуваат” децата како сакаат.
    Чиниш ќе ги праќаат у изолација и преживување на некој остров со диво племе.

    Се грозам искрено, жал ми е само за родителите кои од петни жили се борат и даваат огромни напори да ги растат своите деца без ќотеци, за тие деца еден ден да бидат нормални и емпатични луѓе.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    19.392
    Ај одговори ми дали кретенките го копирале однесувањето од нивните?
    Гомна за ручек им даваат?

    Не ги познаваш лично членовите какви се, затоа не се расфрлај многу со клевети Арабелке.

    Чекај шо???? Ги обвинуваш моите шо ме оставале у градинка??
    Сериозно?
    Забегувате бе еј, дали сте свесни колку сте станале параноични вие за се?
    Не е океј. Преиспитајте се шо тресете.

    Коа немаш избор шо ќе праиш ај кажи ми?
    Како ќе ги нараниш тие деца бе?
    Слугинката ќе ги чува или дадилката?

    Камо сите да беа ко моиве камо, а не денешниве шо за кур не ги бива.
     
    Последна измена: 30 април 2026 во 18:09
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.384
    Допаѓања:
    28.120
    Пол:
    Женски
    Веројатно не ама сигурно и не поминале нивните дома да ги учат на емпатија према други деца, возрасни и животни. Оставиле мозокот нивни да прима задоволство преку понижување и насилство наместо преку убави дела, што се учи преку примери.
    Можда пошто самите родители се такви - исмејуваат и понижуваат сѐ што е послабо.
     
  13. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    4.999
    Пол:
    Женски
    Клевети дека не знаеле да не васпитаат нашите убаво, добро видовме кој е и не е покрај нејзиниот коментар!
    Нека шири дипломатии колку мисли толку, нека не не преваспитува нас.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Дали читаш воопшто што се пишува или онака превентивно избувнуваш и се расфрлаш со прашалници и шоовци, за да биде драмски и филмски коментарот. Мајко мила, вака ако демонстрирате трпение и сто пати мери/еднаш сечи, може на темава клуч слободно.