Зрела бев! Си отварав, отклучував, ќе земевме за јадење, затварав врата од станот, идевме пред зграда со другите деца, лето беше. Најубави години ми беа тие, незаборавни. Ти кажувам, немаш помош од страна, шо ќе праиш? На школска возраст бев, распуст имавме, немало кој да не чува.
Јас само се надевам дека потенцијалните деца ќе ги раѓате далеку од вукојебинава и на секое шлапање ќе ви доаѓа ЦСР. Амин.
А тебе кој ти дава право да тепаш дете? Како да ти кажам, ќотекот не е излезен од рајот, ќотекот е семејно насилство.
Ти зборувај си за себе колку сакаш, ама апсолутно немаш право да тепаш дете, па дури ни сопственото. Само ме интересира, бидејќи оправдуваш тепање на дете, дали ако ти ја влепи еднаш маж ти затоа што си го изнервирала, ќе го оправдаш и тоа и ќе сметаш дека е воспитна мерка за да не ти текне да го изнервираш пак?
@Vikktorr Убави линкови си ставил. Ставив и јас пред некоја страна. За кого? Ги мрзи да читаат и да учат. Мислат дека знаат повеќе од врвни експерти на оваа тема. Можеби ќе им светне кога ќе ги увидат последиците. Како една жена која мислеше дека тоа што ја шамара ќерката е ништо, а години подоцно мораше да се фрла себеси во одбрана на внучето од ќерка ѝ која го удираше уште побетер и сакаше да го убие. Потоа внучето мораше да оди на терапија. Или една која велеше дека само малку го плескала синот, а во денешно време синот лежи во затвор за повеќе убиства. Велат дека ништо не е. Аха, додека не стане нешто. Нешто што за некој ќе значи доживотна траума или прерано згаснат живот.
Заклучок ? Дека возрасниве ( воглавно мамичките) се фолираат. Па ете дури и анонимно, на форум. На Фемина у секоја тема се иде до екстрем, така и тука, се отиде до таму да плескање по газе/раце при сериозен испад на дете се изедначи со крвничко тепање. Повишен тон ма какви да подвикнеш, психичко насилство ти е тоа. Божем еве ред чека мојата генерација пред психијатрија, истрауматизирана од плеската и виканицата од прво одд. Немој да се утепувате од земја ќе ве молам. Времето веќе си покажува која метода на воспитување е поефикасна. Старовремската авторитативна или нежнава денешна. Имаме епидемија од размазени, некултурни, нестрпливи, бестрашни дечишта кои мислат дека се посебни, земјата се врти околу нив, немаат страв од ништо и никој и со кои никој не може да излезе на крај. И не ти треба студија за да дојдеш до овој заклучок. Прочитај дневна штампа, излези во парк, во ресторан, во кино, набљудувај и ќе ти бидне јасно кој е авторитетот во семејството денес, родителот или детето.
Точно, затоа не се напнувај ако си зборувам само за мене. Моја одлука е тоа како јас ќе васпитувам, не твоја. Не ми треба мене некој да ме васпита. Не мешај поими.
И генерација на возрасни говеда што пишуваат "kuckata ako ne mrdne so opaskata" под статија за силување или семејно насилство. Ама sure , они се мирни, воспитани и паметни. И да, сите што браните ќотек сте со психички проблеми, чим не гледате ништо лошо во мерење муда врз дете. Само што децата утре ќе треба да ви бидат терапевти, да поправат возрасни магариња што на време не си ги решиле комплексите па се истураат на послаб. Па нив нивните деца и тако даље.
Не зборуваш само за тебе. Зборуваш и за твоето дете за кое јавно кажуваш дека ќе јаде ќотекот. Детето што си го родила, не си ТИ. Посебна индивидуа е, која ТИ немаш право да ја тепаш. Значи тебе маж ти не смее да те тепа, ама ти детето смееш? Очигледно не разбираш дека и едното и другото е апсолутно исто, СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Е.
Буквално ке дојде ден кога секој ке си ја земе правдата во свои раце.Пошо институции не прават ништо,родители не прават ништо,системот е распаднат одамна.Крај краева шо па ја сум должна да ти стојам како дрвена Марија додека ти ме гориш со цигари? И не, насилници не секогаш идат од насилнички семејства.Мн почесто од идат од супериорни каде шо главната парола им е Знаеш ли кој сум јас??Таквите растат распрдени,размазени деришта кои мислат дека на секој можат да му по*бат животот без никаква одговорност.
Или не можеш да ме разбереш, или не сакаш да ме разбереш. Или од твоето зацртано не си поминуваш. Не би да се објаснувам повеќе. Гледам не бива. Глупо размислуваш, сори. И да, реков дека ќе го шлапнувам по заслуга ако треба, не дека ќе го отепам од ќотек.
Само ќе пренесам статус/мислење на мој познаник. Нема да му го наведам името, иако статусот е јавен. Само копи/пејст направив. Има добра поента, иако се не согласувам со неговиот речник и упатувања кон институции. ** Инспирирани граѓани од инцидентот во Ѓорче, раскажаа тажна приказна, која ми го разбуди ѕверот во мене. Не можам да се изначудам од маса мои сограѓани, кои се фалат од ќотекот кој го јаделе по дома, од комшии, особено од даскалите во училиште. Како да се натпреваруваат кој повеќе ќотек јадел и на кои се креативни начини биле ќофтани. Меѓу нив гледам интелектуалци, па и вработени во образование. Главната парола им е "не држеле строго, сме имале стравопочит (најперверзниот збор за мене) ама имало дисциплина и сега сите сме успешни и психички здрави луѓе, додека денешнава младина била "како со мочка правена". Имам маалку поинаква перцепција, која со задоволство ќе си ја споделам со вас. Ве охрабрувам да ми се спротивставите и еве, да ги споделиме различните ставови на темава. 1. Нашава генерација, околу 55 , која се фали со ќотекот во детство ја уништи државава. Ги сотре вредностите, а нели "биле добро воспитани". Цвета паролата "снајди се", Итар Пејо, корупција и криминал на најјако. "Само да прашам нешто..." 2. По распадот на Југославија, можевме да изградиме држава каква сакаме, а на своите деца им оставивме трулеж, затоа децата масовно ни бегаат, оти, нели супер сме биле воспитани. 4. Ако сме биле толку добро воспитани, зашто последниве 35 години имаме толку омраза и поделби по сите основи? 5. Да се фалиш дека те тепале со каиш, сукало, шлаканици, заушки, ленири, стапче од географија, стоење во ќош со саати... И на крај следи "тоа не направило луѓе". Не бе сограѓани, тоа ви всадило трауми и фрустрации за кои не сте ни свесни. Демек ништо не ви (ни) фали? Многумина од нас слободно шетаат без дијагнози, а имаме и такви кои плачат за итна хоспитализација, само не се свесни. Не отишле да се проверат. ** Со тебе се согласувам со тоа дека се оди во крајности на форумов и токму затоа сакав да наведам неколку издржани и peer - reviewed студии, и насоки од признати светски институции. Но, очигледно ни тоа не води никаде.
Нека звучам као бабетина, ама имајте деца па зборите. Знам и такви шо рекле никад нема да го мавнам, па мавнале или истегнале уво или нешто слично, знам и такви што збореле по газ ќе мавале дрндрн па сеа го немаат тоа у нив да го напраат. Како уопште можеш унапред да се решиш дека би мавал по заслуга, што год и да е тоа, а не си ни у ситуацијата...
Нема што да те разберам, не си за разбирање. Ти си таа што не може да разбере дека немаш право да тепаш дете. Шлапнуваше=тепање. Дали еднаш си го шлапнала, дали 100 пати, исто ти е. Си го тепала. Патем не се воспитува со ќотек, ама гледам 100 станици наназад пробуваат да ви објаснат на секој можен начин и џабе. Сте ставиле во глава дека со ќотек се воспитува. Како бе не бевме нормална држава да ви чукнеше социјално, па да им објасневте нив што значи шлапкање на дете по заслуга.
Зошто баш по газ/раце? Зошто не бокс по нос? Зошто не кршење прст? До кај е границата што е воспитување, а што тепање?
Мене ми е смешно како го обвинуваат нежното родителство за производство на генерации кои вршат насилство, од друга страна самите се тепани и сметаат дека треба и тие децата да си ги тепаат. Одговорот е пред очи, ама дали се работи за слепило или селективно лудил, не знам. Нека има логика нешто.