Транзицијата ги уништи тие генерации и ги направи такви какви што се бе другар, немаштија пред се, не шлаканицата што ја добил некој си таму у прво одд.
Премногу го разводнуваш муабетот, ама ако така нашироко и надолго ги гледаме работите таа генерација што ги воапитувала денешниве родители само ја искоцка државата и водеше ратови (прво поголемата, па помалата), половина отиде во воено профитерство, од еден масен стечај на друг, од искупени дипломи, функции и работни места, па така нивните деца ги преземаа нивните улоги, ама битно во твојата глава сите среќно и весело си живееја до крајот на животот. Некако не сте во контакт со реалноста.
Се' океј, ама за пропаднато општество многу работи играат улога, не само семејно насилство. Еве таа генерација 55 шо се, нека биле најмногу тепани, што е со милениумците што универзално имаат искуство дека биле игнорирани - оставени да праат шо сакаат? Додади тука грешни морални вредности, фокус на материјалното, искористување, корупција, продавање, дефокус од образование, недоволно читање на книги, недоволно патување и доживување на нешто надвор од тука, затуацност, генерален кич и невкус, балкански менталитет, форсиран патријархат, допиши до недоглед. Пропаст сме, врти-сучи, како и да е. А денес може помалце ги тепаат децата, ама повеќе гледаат у екраните него ли у децата, факт факат. Па допрва ќе видиме шо ќе биде и од новиве геерации.
Исто. Само една пуста надеж. Да се чуди човек како им е интересно да им стои тоа во душите. А, нема напредок на општеството и нема ни да има ако нема промени кај луѓето.
Имаме епидемија од размазени, некултурни, нестрпливи, бестрашни дечишта кои мислат дека се посебни, земјата се врти околу нив, немаат страв од ништо и никој и со кои никој не може да излезе на крај затоа што се "воспитувани" (читај невоспитувани) од генерација што била воспитувана со "старовремската авторитативна" метода кога ти ја влепувале една затоа што си погледнал на лево. Производ на таа метода ти е една цела генерација на родители кои ги оставиле децата сами на себе, без 5 минути посветено внимание на правилно воспитување.
Истото може да се тврди и за децата сега, нели? Не може да земеш еден фактор, да го „преседиш“ во сегашноста и да тврдиш дека ќотекот претходната генерација ги направила „луѓе“ а тоа нешто го немаат денешниве. Заклучок. Не е до ќотекот, кој докажано не е добра воспитна метода.
Транзицијата е крива, затоа сега на фејсбук пишуваат како малолетничките си го бараат што носат кратки сукњи Ако така гледаме јас сум производ од транзицијата, за голема среќа сум еволуирала со своите размислувања. Некои решаваат да останат таму каде што и ги оставиле. Дали не можат да отидат подалеку, дали толку им е, не знам.
Остај аман не вреди да се докажуваш. Како читам се повеќе мислам дека си проектираат трауми од детство. Мене ќотек не ме асоцира на мавање со каиш, сукало и слично тоа за мене е насилство. Ама тоа е.
Со тебе се согласувам дека ефектот врз денешните деца е кумулативен, и генерациски и ситуациски, не е само една работа. Се собираат повеќе фактори истовремено: Генерациски — стари, нездрави навики на справување со стрес и емоции што се пренесуваат од претходните генерации, Ситуациски — влијание од другари и опкружување во свет што е компетитивен и поддржува трансакциска логика. Технолошки — огромна зависност од екрани и технологии со кои родителите тешко се справуваат затоа што немаат искуство со нив (премногу пасивно време пред екран е поврзано со послаби егзекутивни функции, импулсивност и проблеми со емоциите), Социо-економски — родителите имаат помалку време и ресурси поради нестабилна работа, финансиски притисоци и стрес во нашето пост-транзициско време. Културни — живееме во опкружување со глобализирани очекувања и вредности што често не се совпаѓаат со реалноста дома или со културните модели на претходните генерации. Кога сето ова ќе се натрупа, лесно е да „експлодира“ лошо однесување. И затоа мислам дека едноставните решенија како (1) „ќотек“, (2) „биди само супер нежен родител“ не се доволни. Потребно е авторитативно воспитување: јасни граници и правила + многу љубов, објаснување и емоционална поддршка. Мислам и дека двајцата родители не се доволно вклучени во Македонија. Дека и таткото и мајката треба да учествуваат во воспитување на децата и да имаат конзистентен начин на воспитување, не по принципот „ако мама те кара оди кај тато и обратно“. Тој стил дава најдобри резултати според повеќето истражувања.
Детето не е ваша сопственост. Државата ви забранува да го тепате, Уставот ви забранува. Дури и кучето и мачето што се сопственост не смеете да ги тепате. Што ви е?!
Јас ќе дадам се од себе моето дете да го воспитан со љубов и не нема никогаш во животот да го удрам.. Моето дете ќе се дружи со сите деца уште од мало нема да го одвојам од ниту едно дете, било ромче, сиромашно, болно, ќе го научам на емпатија.. Сигурно не се соодветно воспитани тие деца па го направиле тоа, ама тоа не значи дека само ќотек им флел... Мислам дека низ форумот има и доста мајки (може и татковци има, не сум сретнал) што имаат добро воспитани деца без ќотек, кои што имаат емпатија. Повеќе проблем е занемарување на деца, а ќотек ви е само најлесна метода наместо да седнете и да разговарате со тоа дете и низ игра може и низ игра можеш додека се играш соодветно на возраста да му објасниш.. И не само додека расте и после, и кога е тинејџер треба доста да внимаваш со кој се дружи, какви му се размислувањата, како му е на училиште... Овој проблем со детето што го малтретираат траел долго и сите знаеле, епа треба при првиот пат штом дознаеш што се случило да реагираш, дома ќе го сднеш еден добар разговор, зошто го прави тоа, дека не е убаво и утре на училиште за рака со тебе да се извини на тоа дете, да се покае за тоа што го сторило, а можеби уште веднаш ќе си го однесам на психолог и ќе инсистирам сите други деца кои вршеле булиг да го направат истото, иако не сум родител на малтретираното дете ќе помогнам на тие родители цело училиште да го кренат на нозе и децата да си добијат укор по еден вклучително и моето дете...
Моето мислење е дека ќотекот не е воспитна мерка, туку знак дека како возрасни сме ја изгубиле контролата и трпението. Децата не учат преку страв, туку преку пример, љубов и разбирање. Наместо казни, мислам дека најмногу им е потребно нашето време. Да бидеме навистина присутни – да ги слушнеме кога зборуваат, да ги разбереме кога се лутат или се тажни, да им објасниме наместо да ги оттурнеме. Кога детето чувствува дека е приоритет, дека има доверба во родителот и дека може отворено да зборува, тогаш и однесувањето природно се подобрува. Разговорот, трпението и поставувањето јасни граници со почит се многу поефикасни од било каква физичка казна. Така не само што учиме дисциплина, туку градиме и личност која има самодоверба, емпатија и сигурност. На крај, прашањето не е како да ги „смириме“ децата, туку како да изградиме однос во кој тие ќе сакаат да соработуваат со нас.
Се изгуби дискусијава. Едноставно е , родители мора да имаат авторитет кај децата. Мора да умеат да кажат Не, наместо да го разводнуваат , да се прават компромиси, да се преговара и одлага. Тоа се границите. Доследни, Јасни со висока структура. Темава требаше да биде посебна поради случајот за кој збориме. А тоа би било причините поради кои се случи кривично дело на група деца. Ај ќе збориме уште 500 страни за тепње, за разни генерации, непостоечки стилови во педагогијата итн.
Ти, чинам не живееше тука? Со овој памет и мајндсет, таму каде што живееш, детето ќе ти го одземат во секунда.
И јас имам читано нешто, мислам дека @FlirtBerry е Шведска или Холандија. Познаници у Шведска живеат неколку години, го имаа расшлапано детето онака балкански, детево кажува у школо, многу проблеми имаа. Ги пееја и за пушење под аспиратор дома пред децава. Исто и за геј парови детево давало коментари у школо пошто у учебник имало сликче, кога учеле нешто за видови семејства, ве молам воздржете се таму од фиромизам, глумете скандинавци, кога ќе се вратите у СРМ, шамарајте ги и учете ги по ваше, ќе ви ги земат, тоа ли сакате, омг плс, мој добронамерен совет.
ГОСПОДЕ БОЖЕ ИСУСЕ АМА КОЈ МРДНАТ КОЈА БУДАЛА ОВА ПРАВДА БЕ СТАЈЛИ? Дали вие сметате дека ние на темава сме до волку отидени со паметот? Насилство? Сме растеле меѓу насилници? И ние сме или ќе станеме у иднина насилници? Да знам кој ви пере памет волку, само да знам..
Ќотек е насилство. Што е иначе?! Памет "ни перат" домашни и светски стручни лица за развој и воспитување на деца, ама на Фемина во 2026 лето ќе оправаме дали тепање е или не е насилство. @Cosmi која педагогија прифаќа било какво физичко или психичко насилство (било какво тепање, скубење, вреѓање, врескање) како соодветен метод? Те молам посочи ми, јас такво нешто немам прочитано, а богами прочитав повеќе него што сакав да знам.