Уште неизлезени од болница од пораѓај ќе му смениме пол, не се секирај. Твоите проекции и фантазии разглобувај си ги дома...а ако те нервира некој да кажува факти, пак не гледам како е мој проблем. Баш многу зборува за тебе и колку си желна да си ги прошириш видиците, барем на ваква тема што е битна. Ама не после ти и пар членки ќе пишувате во теми за насилства, како жената не си отишла порано од дома и зошто трпела? Well...
Јас тука прочитав од членка имаше пишано дека детето и паднало, не знам која членка беше и имало модрица и за тоа ги следеле да видат дали тие го тепаат или навистина паднало.. И многу би сакал кај нас вака да функционираат училиштата, кај нас пола од вработените си уживаат психолози, педагози.. Има слушнато исто не се сеќавам во која држава, психологот си шета по часови, пример еден час во една училна, друг во друга и ги следат децата.. И ова е онака како што треба... Кај нас психолог ќе дознаеш дека има само ако скршиш инвентар во школото за да се плати... Оф топик сум ама во моето средно училиште кај што одев можам да ја пофалам само тогашната заменк директорка, интернетот е што иако одземаше електронски цигари, сум одел кај неа два пати еднаш затоа што бев во шорцеви, еднаш една професорка ме испрати имавме мало недоразбирање и не беше груба со нас, соодветно постапуваше без насилство. Интересно што мислам дека и двата пати ме пратија проф кај педагог ама нормално не беше на работа.. Сите ја сакавме и почитуваме, беше фина и една од професорките за која сите бевме еднакви, и покрај тоа што знаела и да врати некој дома за да се облече соодветно и да изрече казна, се тоа го правеше со љубов и не немавме воопшто страв од неа.. И плачеше по секоја генерација што завршува, што само потврдува дека сите не сакала и го правела тоа од љубов и многу пати на час има потенцирано дека е училиштето е воспитно-образовна установа и дека не и е битно само колку сме научиле од тој час, туку дека треба и некое воспитување да стекнеме од таму.. Само е доказ дека може да се постават граници без ќотек, насилство и со љубов.
Не, вие стварно превише хорори имате глеано, па лошо ви влијаеле. Друго објаснување немам. Вие едно обично плеснување како укор го доживувате ко насилство Болка нанесувало.. Да прашам, глас исто смее да се повиши? @Mr.Limonko у случај да детето твое беснее, крши, расфрла рецимо у маркет, ти со мирен, лабав, спокоен тон ќе му се обратиш? Дури и коа те надвикува? Само две три членки искрено и реално пишаа, и се запрашаа што е она што прави да они како родители потфрлаат во воспитувањето, другите сите упорно со глава у ѕид удараат и се дигаат у облаци како они биле совршени нежни мамички
Мислам дека секој треба доволно да си го познава детето за да го смири.. Може ова и на најмирното и воспитано дете да му се случи, затоа што тоа е изразување на емоции, за нас како возрасни е малку, за детето може да биде голема емоција.. И нема да го удрам или правам уште поголема драма и да му викам, со тоа го спречува да ги изрази своите емоции, моја должност е да го смирам.. И не само може со посериозен тон да му објаснам дека не се вика, да се смири, ќе земам во раце, ако продолжи ќе излезам од маркет ќе го смирам ќе чекам убаво да се смири па ќе разговарам со него.. И следен пат уште од дома ќе се договориме што одиме да купиме..
Јас на факултет учев за образованието во Шведска, за правата на детето, а и дека наставниот кадар има највисоки плати, таму треба многу јак просек за да влезеш у образование. Од овие ликови дознав дека и практично се применува она што го учев, знаеш, додека слушаш на предавања си скептик, не ти е толку верно, пошто у СРМ сѐ е декларативно само, ништо у пракса не се применува. Овде е незамисливо некој да се замара со тебе и твоите пошто ти забележал модринка, одиш у полиција без пола глава и овие на тоа ти викаат ај ве молам марш, уште еднаш ако пријавите ќе добиете вие кривична за лажно пријавување.
Да ама може нема да сака у моментот тоа шо сте се дог, ќе смени желба. Тато сакам хеликоптер! Идеш му купуваш. Ти го треснува од глава и ја крева продавницата у воздух. Јер емоција нели, тага, плач, бес, итд.. Сакам вистински!!!!! Голем, огромен. Е тука више со тој твој мирен тон, детето научено, почнува да се разгалува, следен ден се фаќаш како почнал да те команда и да не те рецка, дури да си игра со тебе и да те условува и манипулира. Да, децата знаат да бидат одлични манипулатори. И така се потфрлува.. Се испуштаат од раце, па ќе се чудиме што не' снашло коа на ист начин би се однесувал и би имал исти очекувања од другите и околината. Да му се удоволува, иначе покажува сила
Колку звучи убаво ова на зборови само Добро, свесни сте шо кажувате?? Сакаш да кажиш дека имаш магично стапче за смирување? Абе чоек, детето не е робот па на дугме да работи. Некогаш нема да имаш шанса да го смириш, колку и да мислиш дека си најспремен, ете едноставно ако го фати вишок енергија ќе збесни, ќе почни да вика да се дери или ќе те уценува и манипулира и ќе те видам тогаш како ќе зборуваш смирено. Детето не се разбира од збор бе, уште смирено да се разговало.. Тоа луѓе свесни возрасни не се разбираат од збор а не пак дете И не. Никој не вика ДА СЕ ТЕПААТ ДЕЦАТА, него ти како родител треба да му воспоставиш авторитет, да му кажиш кај му е местотоза да знај дека не треба да прави шо ќе му текни оти си го разгалил и да се качува на глава кога не е време ни место.
Да одговорам јас на ситуацијата со викањето, кршењето во супермаркет. Да не бидам/бидеме преапстрактни. 1. Работата почнува пред влегување во маркет. Превентивно ќе му кажеш на детето.„ Треба нешто да купиме, ќе завршиме брзо. Денес не ти следува чоколадо.“ (Карикирам со примерите) 2. Зависи колку е реакцијата голема, ако се случи. 2.1. Ако е мала до средна. Ја игнорираш, Не му даваш на значење. 2.2. Ако е голема. (а) Остануваш спокоен, колку што можеш. Детето кога гледа дека имаш реакција сфаќа дека може понатака. Тантрумот се храни од реакцијата, иако е контраинтуитивно. (2.2.1) Валидираш. „Гледам дека си изнервиран/оа, сакаш чоколадо, но се договоривме дека нема да купиме денес“ (2.2.2) Дури и да не си завршил со купувањето велиш, повторно смирено. „Гледам дека си лут/а, ќе одиме сега во кола додека не се смириш, ќе се вратиме пак“. (2.2.3) Ако се смири. Го пофалуваш. „Ете, гледаш дека можеш. Ќе одиме сега пак?“ (2.2.4) Ако не се смири долго време. Едноставно одете дома. Алтернативно сценарио: Што ќе се случи ако викаш или реагираш бурно? (1) Губиш авторитет. Детето учи дека немаш контрола врз ситуацијата (2) Ќе влезеш во циклус на засилување - тоа вика - ти викаш. (3) Учи дека изразената реакција е начин за справување со тензична ситуација. (4) Го учиш дека следен пат може да го следи истото сценарио имплицитно. Дури и да не се согласува со тебе, следниот пат ќе вика за му купиш тоа што посакало. (5) Учи дека емоциите не се регулираат туку се „живеат“ до максимум. Ова е замислено сценарио, едноставен „алгоритам“, разни решенија за различна возраст и карактер/температемент на дете.
А кај реков дека ќе му купам се што посака? Така и се учи дека не може се да има во животот преку тоа чоколадо што ќе го преплаче и не е лошо да плаче и да искаже незадоволство и емоција.. И јас како возрасен иако знам често дека нешто е невозможно, не ми е сеедно што не можам да постигнам да го имам, само не сум дете и не реагирам толку бурно како децата.. Детето уште се развива и гради и не е способно уште да си ги контролира емоциите, затоа родителот е тука да го научи..
@Mr.Limonko И да се надоврзам, предавањата за Шведска, со воодушевување ни ги држеше професорка која ни дилаше нејзини учебници (кои чинеа по 2300 денари), мораш да ги купиш истите за да влезеш на полагање. Значи ликушава збореше за совршен школски систем, мечтаеше за истиот, али она е дел од оние кои овдешниот го сјебуваат. Надвор од тема е, а можда и не толку, пошто мнозинството сме баш овакви.
Денес кога технологијата е толку напредната со безброј достапни информации и кога имаме безброј ресурси на располагање ние како луѓе упорно тераме што има да учам како да поставам граници, само ќе го шлапнам/плеснам/скубам и ќе престане. Едната крајност е тоа а другата кога се се дозволува без да се каже не и создаваат утре возрасни неспособни личности. Во секој случај емотивно незрели.
Ќе се смири не може вечно да седи и плаче во маркет.. И ќе го смирувам колку и да треба.. Сигурно има членка која што имала прилика нешто слично да и се случи со детето, па еве нека каже дали уште седи и фрла во маркет или се смирило. Не е качување на глава тоа што искажува емоции.. А авторитет може да се постави и без насилство..
Емоционално незрели...Да, тука лежи најголемиот проблем. Сите подразбираат емоционална зрелост, а нема систем кој нѐ учи на неа. Попрво човек ќе стане ракетен инженер, неврохируруг, супер успешен менаџер, ама нема да стане зрел, навистина зрел. Живееме во општества (не само нашето) што „генерираат“ и се „хранат со емоционална незрелост и никако да излезем од циклусот...
Инсинуираш дека "нежното" родителство е неработа со децата. Еве бидејќи јас тврдам дека нежното родителство е авторитативно, кој е поточно методот, стилот различен од нежното родителство што е општоприфатен во науката за најисправен? Душевната болка што тој удар го нанесува е неспоредлива и немерлива во однос на физичката, а последиците траат засекогаш, или додека детето не стане возрасно па си побара помош за која тепачот може и да не дознае. А може и ќе стане самото тепач. Бидејќи не можам да се едитирам Што убаво сум рекла во 2019, си стојам на мислењето и денес. Не е детето никогаш толку проблематично, колку што е егото и незрелоста на родителот.
Ама не осеќам душевна болка еве, ради таа причина не. Не ги мразам родителите, ги поштувам, не им се плашам, иаме генерално пријателски однос. Највише се присетувам и си влечам трауми од булингот и една друга ситуација која не ја предизвикаа моите. Воопшто не ми влијае така како што опишувате. Тепач не сум станала, на мравка не сум газела, емпатична сум, сакам животни.. Тука мислам да завршам, нема поента да се цитирамe до бескрај. Да искористам прилика да ги поздравам екс 'другарките' дволични кои лајкаа одвратни коментари кон мене прееска, и се ситат. Очајни сте срцки (ќе се пронајдат) Убава вечер
Сега гледам дека и претходно си ми реплицирала каде тврдиш дека пермисивните родители се незаинтересирани. Тоа ми кажува дека слабо ги познаваш воспитните стилови. Напротив пермисивните родители се преприсутни полни со топлина и љубов, му пружаат подршка и се пријатели со детето ама немаат авторитет, немаат воопшто поставени граници. Нежното е баш тренд, не е научно утврдено како стил ниту анализирано сериозно, освен неколку студии кои тврдат дека децата се поанксиозни, и дека имаат слаби резултати со снаоѓање во училиште, што е за очекување бидејќи ако не се соочило со дисциплина,одбивање па и неправедност,критика, а тоа е нешто што ќе се случува и во школото и во животот, тешко ќе се снаоѓа доаѓајќи од под стаклено ѕвоно каде нема цврсто не! Најголемиот недостаток е токму тоа, лесно се заменува НЕ со промена на вниманието кон друго. А кога си фокусиран на преговарање и договарање ти цврста граница, немаш. А без јасни граници, децата продолжуваат со тестирање. Затоа и денешните родители се жалат и се исцрпени велат дека имаат “тешки” деца. Немаат тешки или многу захтевни деца. Имаат деца на кои им поставиле слаби граници. Сега имаме и нов тренд контра нежното, ново Фафо родителство, каде децата најдобро учат од природните последици на своите постапки, па ќе ги бомбардираат родителите со него. И ќе имаме фафо родители.