Секој тодлер мава. Ако навистина седнала нешто да прочита, да се заинтересира за упатството како се гледа дете, ќе знаеше дека удари од тодлер се сосема нормални. Ако не очекува да чита и пишува на таа возраст, не знам како очекува да знае дека тоа што го прави не е добро. Затоа објаснуваш, дека тоа што го прави, боли. Како сакате да објасни мало човече што нема доволен фонд на зборови и тестира граница? Што е поразлична она од некоја друга што пушела цигари на 16 години. Еднава не се криела, другава се криела. Ни едната, ни другата не излегле подобри. А и ништо не очекувам подобро од човек што се сложува со било што што излегло од устата на Миа. Тепајте ги децата и во моментот кога ќе свртите грб, средни прсти ќе ви покажуваат. Не, така не се создава почит, само страв. Нема страво-почит. Не знам ни како тие два збора одат во комбинација. Се тешите дека детето ќе ве почитува. Ќе ве ,,почитува", до моментот додека не созрее и сфати колку дебилен начин на воспитување е тоа. Ако некогаш се деси тоа, обично кога не се дешава, за жал го пренесуваат на своите деца. И се чудат зошто денешниве деца се вакви. Затоа што само на Балкан остана актуелно да тепаш деца.
Ова сакав да го кажам. Миа не ми е репер за кој леб да купам, а не дете како да воспитувам. Полуписмена надрндана ванаби инфлуенсерка, со 0 кредибилитет зад себе за ништо, освен за можда врати од ноќни клубови.
Не ја поднесувам ама во право е. Децата мора да имаат страв дека за нивните постапки ќе има последици и казни.
Што е добро кажано тука? Сама вели страв имала ќе ја скршеле и затоа се криела. Значи - фајде од стравот? Јок.
Зашто секој втор збор ви е страв? Стварно не разбирам. Дали наместо страв може да има свест, да се развие свеста и совеста, да освести дека постојат добри и лоши работи и дека кога се однесуваш лошо, освен последиците, да се развие свест дека некому му правиш лошо и дека тоа не е добро. Зарем во животот само стравот ве движи? @Pixi5 Така де, се криела од страв и толку, така се решаваат ситуациите, родителот несвесен за ситуациите, детето од страв се крие.
Таа и претходно се криела од нејзините кога била во врска со некој насилник. Од страв. И после ја сокршиле. Не ја можам Контрадикторност до максимум. И што научила од ќотекот и стравот? Нит школо како што треба завршила, нит некоја професија има, нит понашање, нит па некое размислување. Пие, пуши, драми, се кара со сите, го обожава Бака Прасе. Баш е пример зошто да не го тепаш детето и дека треба да му се посветиш максимално. Дојде време некој да ја слуша на тема воспитување на деца
@Pixi5 Така де, се криела од страв и толку, така се решаваат ситуациите, родителот несвесен за ситуациите, детето од страв се крие.[/QUOTE] Катастрофа... сама си се побива со муабетот ама добро повеќе памет и не може да очекуваме. Поразително ми е колку лајкови и коментари со поддршка на истата небулоза се изначитав...
По таа логика треба да научат добро да се скријат за да не добијат казна, не им треба внатрешен морален суд зошто нешто е погрешно или исправно. Тебе што те спречува да убиеш некој? Совест, морален компас, закон? Ако не се плашиш од затвор, би убила?
Искрено мислам дека претеруваш. Никаде не сум рекла дека децата треба да се плашат од родителите како од страшила и секогаш сум за тоа да се има доверба дете-рдител ама детето секогаш мора да знае дека родителот има авторитет и неговата е последна некогаш. Нема преговарање. По вашето јас треба утре со 5 годишно дете да водам дебати зашто да не му купам се што ќе посака? А бе има да биде НЕ. Зашто? Зашто мајка ти и татко ти така кажале. Крај. Доста веќе со тоа објаснување и повелување. И после имате размазени деришта кои не трпат НЕ, не трпат критика.. Кога ќе дојде до некоја возраст кога ќе може да му се објасни со два збора ќе му се објасни зашто некои работи се какви што се. Децата треба едно да занаат имаат права и привилегии - права на детето додека не наполни 18 години должен е родителот/ старателот да му обезбеди дом, образование, храна, облека, здравство. - привилегии на детето се се останато. Дете треба да зане дека правата му се загарантирани а привилегиите можат да му бидат одземени доколку родителот/старателот одлучи дека треба. Детето ниту еднаш не смее да биде центар на внимание и да се консултира за се и сешто. Детето треба да знае дека е сигурно дома, дека е сакано, дека има заштита, ама мора да се знае кој е родител а кој дете.
Дојди да те ,, плеснам ,, по газот и после да те нокаутирам, па да видиш разлика од прва рука. За останатите цитати, највише шо мрзам е да се повтарам и да млатам празна слама. Пишав тоа што пишав. доста е.
Дај аман нека ги гушне некој, да им чукне малку сенс во тоа празниот простор во главите. Леле што прочитав, начин на расудување Ако дечко ти те плеска по газ и раце шат пат по расправија не е ништо, си го изнервирала како ќе те воспита иначе кога си луда и неразумна во ПМС?! Насилство е само ако те помодри до непрепознавање. Ете да си знаете да не плачете пак во темине за насилство ако не сте саглам помодрени. Распрдени едни. Не знаете да рассудите што е љубавно васпитна плеска кога сте лошки, а што е ќотек. Овие па со нивната замисла за “нежно” некст левел импосибл. Да се чуди човек. Како да ви кажам, ама страв по ниедна земна дефиниција не раѓа емпатија кај било кој човек, не буди морал, ниту свесна дисциплина. Единствено предизвикува болка и уште повеќе страв.
Него ај да речеме со ќотек ќе постигнеш авторитет и страв, океј. Како ќе постигнеш доверба и сигурност? Како ќе му укажеш да ти се довери тебе кога има проблем? Оти луѓе си ги удираат децата и зашто имало здравствен проблем, зашто е жртва на булинг (жртва, не насилник) зашто некој манијак пробал нешто да му направи. Сум ја кажала случкава многу пати, ќе ја кажам пак. Со другарка за малце ќе бевме нападнати од двајца улави, и оваа вика Да не дознаат моите, ќе ме убијат. Зашто она е проблемот, им го носи проблемот, не е жртвата за нив, немаат сочувство према неа. Ако некој е само авторитет, само "ќути и слушај ме и не прави проблеми" не можеш да бараш тука засолниште кога ти имаш проблем. Јас бев причина за срам оти бев жртва на булинг. Сум била таква грев, сите ме исмевале, сигурно ми фалело нешто. Јас бев проблемот, не жртвата на проблемот.
Ај мене некој нека ми објасни само како имате душа да удрите такво мало слатко човече? Вистина има срце да удрите некој што нема како да се брани? Еве ако станува збор за тодлер, како можеш да го удриш, кога знаеш дека нема доволно ниту фонд на зборови, ниту знае како да искаже што му е.. Еднаш се играв со тодлер и бараше да нацртам куче, од кога го нацртав почна да плаче да се лути, и дури откако го смири мајка му каже дека плаче затоа што сум нацртал овца а не куче.. Може стварно личело на овца и во негови очи јас не сум исполнил тоа што сум му ветил дека ќе нацртам куче.. И што требаше да го наплеска мајка му зошто плаче, па друг пат да не плаче... Едноставно не знае уште да си ги контролира емоциите, не знае да каже, ама ќе научи ако му посветиш внимание.. Нема детето да се разгали ако го гушкаш, сакаш, ако го чуваш... Нема да стане насилник ако не го тепаш.. По лошо е да му набиеш страв со ќотекот па да избегнува да ти каже работи кои што го мачат.. Ете денес на 3г ќе го мачи тоа чоколадо што не си му го купил, утре на 13 ќе го мачи некој сериозен проблем на училиште, ама ако ти го натепа на 3 и не соработувате, утре на 13 нема да ти побара помош..
Просто прашање те прашав, ако треба да имаат страв, морален суд е непотребен, стравот ќе си го среди своето. Да имаше основа дека стравот ги воспитува луѓето, немаше да има криминалци, пошто ќе се плашеа. Смртна казна постои, па ете и понатаму некои луѓе убиваат, стравот не помага да не убијат. Стравот ги тера да се кријат, а не да не направат нешто. И тука ти е тој проблем, детето ќе се крие од последицата (страв), а нема ни да направи нешто ако има всадено морален компас за исправно и неисправно. Затоа Миа пушела и се криела, да можел стравот да влијае, немало да пуши воопшто нели?
Многу ја разводнувате работава. Значи стварно. Никој нормален човек не си го осакатува детето од ќотек. Олабавете со тие ставови.
Реков никој родител не го осакатува од ќотек, ај да ви објаснам то значи оваа реченица сликовито Ни еден нормален родител нема да земе да го мава со каиши, со сукала со стапови до крв пуштање, на двена основа. Тоа е осакатување. Сериозно се прашувам каков ќотек сте јаделе вие кога на прво спомнување се тригирате на зборов.
Значи само ако му се познава на телото е малтретирање.. За тебе менталното здравје на тоа дете не е битна? Не е битно како на тоа дете ќе му се одрази тоа чукнивање ако нема модрица? Мене денес да дојде некој да ме удри до степен да ме онесвести и некој само еден шамар да ми плесне исто ќе ги гледам и двајцата како насилници..