Ок е. Не можам да се расправам со некој кој упорно не сака да разбере што друг сака да каже. Само вие водите инает со тие популарни психологии.
Си ги осакатуваат. Ама тоа не е прашањето. Секоја активност ваљда треба да има некоја цел. На тепањето што е целта? На "така кажав и така ќе биде" што е целта? Еве мене не ме тепале, ама користеле други методи, посебно истакнувам тивок третман и баш и ова "така реков и така ќе биде". Тивкиот третман ни денес не им е простен од моја страна и на тоа работам со терапевтот, а "така кажав" не им поминуваше зошто пак правев по свое, па 400 пати нека кажеле дека не може, морам да знам ЗОШТО не може. Кај мене овие методи не им успеаа за ништо освен да знаат селективна вистина, па сега на 35 не филтрирам затоа што сега не ми е гајле, си должам на себе да живеам за себе, не ми треба одобрување. И не убивам луѓе оти имам морален компас, совест, а не оти ми е страв. Од страв правиш нешто и се криеш, рецимо и сама постојат правила кои не ги почитувам (општествени, законски) само сум научила како да се покријам за да не добијам казна. Не зборам за сериозни прекршоци, од типот на цигара кај што не смее, на пример. Стравот не ме спречува ако сметам дека нема логика забраната кај што постои.
Не е популарна психологија нетепање. Буквално нема ништо модерно и револуционерно, 20 век одамна го оставивме зад нас. Ок барем оние кои уствари се занимаваат со студии, ние уште под феудално турско сме ваљда, шо знам.
Авторитет не по секоја цена, затоа што има претерано многу вистински глупави родители, искомплексирани родители, конзистентно нервозни родители, незаинтересирани родители, итн, итн. Само затоа што е родител не значи дека правилно расудува (секогаш). "- права на детето додека не наполни 18 години должен е родителот/ старателот да му обезбеди дом, образование, храна, облека, здравство." - ова е дел од проблематиката, ама сериозен, стварно презирам родители што само гледале да истераат 18 години школо, облека, јадење, а никад не седнале еден муабет на ниту една тема да направат, поготово со машки деца што пораснуваат у неспоосбни муженца вечно зависни од жена за основни работи. Едит: еве ко родител уште една мисла што ми пролетува (буквално вака размислувам секогаш од разни аспекти и константно стравувам дека некако го упропастувам моето дете): вака буквално го дресираш детето да почитува авторитет со ќутенка и да прави што ќе му се каже без објаснување.
Еве ти прмер кога го чував на другарка детето , и тоа скоро секој ден зашто така налагаше ситуацијата, сега е скоро 18 години. Не се еќавам конкретно што правеше ама знам дека имаше многу голема веројатност да се удри. Му реков еднаш Немој таму, пак отиде, после проба уште два пати. Го земав за рака го седнав во скут му објаснив, дека ако направи така , ќе му се случи тоа и тоа и после ќе мора да одиме на болници да го шијат. Убаво му објаснив. Нит повишен глас ниту ништо. Детето престана. Така да не сум јас монструм која би го земала да го истреска зашто на првото немој не ме послушало. Тоа да ви е јасно. Ама, има ситуации кога зборовите не помагаат. Така да полека со осуди.
Никогаш удирањето не е решение, ама никогаш, освен во самоодбрана, ако тодлер е толку способен да ти ја загрози безбедноста, тепај да се спасиш. Со тоа што си цитирала погоре, оди прочитај што вика Уставот за било какво тепање на дете, баш било какво, и малку и многу. Срамота е Нена, кучиња и мачки дресираме без ќотек успешно, срамота и ужас е човечко суштество да биде тепано како било.
Ако на вашето дете прва помисла пред да направи нешто погрешно му е "од дома ќе ме скршат" а не "чекај, зошто не треба вака; дали ќе повредам некого/нешто со ова; итн", значи негде бааги сте ја утнале работата во воспитувањето со вашите шамарчиња, ќотечиња, кубења и заушки, па всушност вашето дете не ја ни разбрало причината зошто тоа однесување не е добро.
Да, детето треба да се плаши од последици. Ама последици по другите, а не по него само. Да има осет дека ако нешто направи, ќе го боли другиот, а не дека шамар ќе добие. Затоа го зборев она претходно, да знаат да сакаат други луѓе, животни, да бидат хумани, емпатични, а не само да се плаши дека него ќе го боли. Нешто би правеле околу ова? Нормално не. Али мрзи од родители ќе го удрат и чао пријатно.
Па за тинејџери баш и немам искрено, децава у мое маало се од 5 до 10, моето нема ни 5 уште. Како и да е, како може ич да не знаат шо праат? Па самите родители ваљда ги користат истите мрежи? Им ги купиле уредите? Не го кажувам ова ко мудрување, туку сигурно имаат пристап.
Би се зачудила колку децата се распашана команда. Технолошки неписмени родители, кога ќе им дадат на деца телефон и немаат појма што прави на тој телефон имаш резултат како овој од школово во Ѓорче. На 12 годишно дете му купува I phone 17... а самиот тој ни обичен фиксен телефон не го совладал.