Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    На 14 год почнуваат дечковци да имаат, на 15 цигарите, и ене на тик ток со ЛИДИЈА се снимаат.. Апла се ЗБЕСНАТИ
     
    На JoyJoy, tambelina, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.459
    Допаѓања:
    279.582
    Де де, на 12 ми беше првиот бакнеж и дечко, ептен опасна работа |( Ни Фејс, ни Вибер, ни ТикТок, ни Инстаграм немаше. Покасно негде Хај5.

    И ова на пример не го криев оти не ме малтретираа на тема "срамота е да се има дечко", "срамота е така да се облечеш" и слично, повеќе се фокусираа да бидам "казнета" ако не напишам домашно на пример или правам нешто/зборувам кога "не смеам" т.е. кога они се со друштво, а јас ваљда треба растение да бидам. И бев, научив навистина, со поглед одма се смирував и заќутував. Не дај боже па да плачам на нешто емотивно (цртан, филм, песна, ватевр) - лигава сум, преосетлива, треба да ојачам :^)

    Затоа ни ден денес не им одам на слави и слични проводи каде што ќе ми се вратат тие чувства дека сум "too much", инфантилно се тригернувам, постојано внимавам и толку психички се изморувам што ми треба на крај терапија да се изрегулирам. Порано потпаѓав дека "така треба", сега одам само ако сестра ми оди, пошто уште од мала научи како да ме "одбрани" и да ме приземји и да препознае кога сум тригерната. Сама не идам, фала, недруштвена сум |(
    И ако ми се плаче си плачам, на тој што му е незгодно нека си побара помош, јас за себе си побарав и си барам.

    Секако дека родителите никогаш нема да ми разберат, ниту очекувам, очекувам од млади луѓе денес да се пописмени на темава.

    Да ги прашаш моите дали имаат некаква врска со последици по мене денес, секако дека немаат, па никогаш не ме тепале!
    Е така исто звучите, многумина, "не се тепани", "тОа Не Е нАсИлСтВо", "дА мЕ сРаМи ПрЕд НаРоД", "на дете ли да му објаснувам :^)" (ваљда, ако сметаш дека е личност, па според тоа го почитуваш, треба да објасниш)

    Ме потсеќате на токсични шефови што мислат дека ако ти се надредени/вработувачи те поседуваат.
     
    На KuklickaSk, azelea, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Машки
    Сосема нормално е на 14-15 години да имаш прва врска, мојата прва врска беше баш на тие години..
     
    На _Nofilter_, Mazegin и Pixi5 им се допаѓа ова.
  4. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    финтава е што не му се дечковци туку кој знае што.. све ја то поштујем али токлу збеснати не сме биле.. и јас имав 15 год и не се сликав на тик ток, и не бев збеснат ко сега децава што се..
     
    На JoyJoy и JasBee11 им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.459
    Допаѓања:
    279.582
    Оти немало ТикТок, си ги правел глупостите актуелни на твојата генерација, како и сите генерации пред нас.
     
    На MilaSs12, No Makeup, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Машки
    Јас само би се надоврзал на ова..
    Јас не бев тепан кога имав прва врска и сите дома знаеа дека сум заљубен ниту за една врска немам криено, тогашната девојка беше тепана дома никој незнаеше дека е во врска со мене, ме знаеа само како дел од нејзино друштво и не знаеа дека е сама со мене некогаш а не со цело друштво.. А мислам дека треба на тие години да знаеш со кој ти е детето и да не се плаши да ти каже.. Не знаеш со кој може да влезе во врска и да остане само, еве да сум бил психопат, насилник или да не сум бил јас туку некој таков што се можело да и се случи а нејзините ништо да не знаат...
     
    На azelea, MilaSs12, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    11.487
    Пол:
    Женски
    Се, се, ама миленијалци кога ќе почнат да раскажуваат колку не чинат денешните деца, не биле како нив, воспитани :rofl:
    Генерацијата што го омасови булингот низ училиштата во Македонија. ‍Ја така имам слушано.
     
    На Mazegin и JasBee11 им се допаѓа ова.
  8. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Ни сум миленијалец ни па реков децава не чина.. туку реков збеснати се треба да си обрна внимание родителиве..
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Машки
    И се поради тоа што не се тепани?
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    11.487
    Пол:
    Женски
    Не знам што си пишал, искрено. Cакав да го напишам она уште пред некое време, само го немав. He се однесуваше на некој член конкретно.
     
    На anata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    ДА, до ќотекот е !!
     
  12. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.715
    Пол:
    Женски
    @Apash Дали твоите те тепале и зошто? Ако да, што си научил од тоа?
     
    На JasBee11 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Темава произлезе од случајот, но како и секогаш повеќе крива е околината. Криви се тие што замижувале на такво понашање и на тоа што не превземал никој за да стигне до овој степен.
    Убаво знаеме колку булинг се врши на денешницава… пробувам да се сетам но во моја генерација не се случувале вакви работи, ни во основно ни во средно кога учев. Вистина е дека од секогаш постоеле такви деца, но тоа биле поретки случаеви. Сега во секоја генерација, во секое училиште и во секој град има вакви деца.

    Имам блиска пријателка на мајка ми, нејзиното дете се соочува со булинг поради тежината. Девојчето има тикови сега како последица на тоа, разговарано е со сите но нема резултат. Секогаш на училиште после 3 часа се јавува да ја земаат. Знаете што опција разгледуваат сега? Да им дадат документ девојчето да не ги оди последниве месеци од 4та средно. Последно пред неколку дена професорот ја понижил пред класот и се појавиле тиковите кај девојчето, цел клас се смееле дека ќе ја стават како ѕвонче кога ќе заврши часот. Сакате шлагот на тортата да ви кажам и каде ова се случува? Во медицинско училиште. Утре ќе очекувате да не лечат такви “докторки”. Или ќе ги видеме гордите родители кога ќе закачат слика од матурска како децата им завршиле средно медицинско.
    Само едно ќе кажам, таквите ваљда не налетале на родители со краток фитиљ, сите до еден, вклучително и професори и директори ќе ги пуштам на тик ток фамилијарно кај што јадат г**на.
     
    На JoyJoy, azelea, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Машки
    И што постигнале со ќотекот?
    Ништо!
    Со насилство ништо не се решава, ниту се спречува..
    Цел живот малтретираш соседка и мислиш дека си поинаков од децата од Ѓорче?
     
    На merriel0, JasBee11 и Pixi5 им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    11.487
    Пол:
    Женски
    ‍Јас сум против сите облици на насилство, меѓу кои и против физичкото. Тепаните генерации цела историја предизвикуваат војни. Во 21. век го уназадија светот, го втурнаа во хаос.
     
    Последна измена: 1 мај 2026
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    2.727
    Мене само ме интересира колку од овие родители што оправдуваат шамар, знаат каде, како и со какво друштво се дружи нивното совршено дете.

    Дали со сигурност знаат дали нивното совршено воспитано дете не е були во училиште.

    Дали нивното дете кога иде по родендени не ја слуша Лидија.

    Дали нивното малолетно дете не се крие од неговите родители за неговата прва девојка или прв дечко на 14-15 години.

    На крај краева не им е ниту битно.
    Добро е, моето дете знае да се одбрани, барем моето дете со гомна не го ранат
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.336
    Допаѓања:
    84.342
    Пол:
    Женски
    Ќотекот само предизвикува страв кај детето. Ниедно дете не треба да има страв од родител. Родителот треба да е строг и да поставува граници, тоа може и без ќотек. Ако мава, толку му е способноста и трпението.
     
    На merriel0, tambelina, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.413
    Допаѓања:
    28.470
    Секој еден насилник на училиште е дете кое или е тепано дома, или е комплетно растено без внимание. Секое од нив е дете со 0 добиена љубов. Зошто не може да сакаш некого и да го маваш така по потреба или да го игнорираш целосно. Другата крајност се децата кои не се насилници, но трпат насилство секаде зошто гледајќи го истото дома не сметаат дека тоа е погрешно. И мама ми мава шамари, ама ме сака. Нели?

    Деца насилници се бубачиња пред родителот кој ги тепа, за кога се сами да маваат и машки и женски. Уште од прво одделение. Со никаква почит кон наставник, кон соученик зошто и самото дете не ни знае што е почит. Од кај ќе знае кога нити му се дава право на збор, право на избор и право на мислење.

    И? За какви восптини методи збори госпоѓа експерт на секоја тема Миа?

    Видете во вашата околина кои деца се насилници. И прашајте ги вашите деца да ја завршат реченицата: јас те родив, јас ... па да видите на која страна влечете..

    Син ми на пример одговори : па ти ме роди, ти ќе чуваш. И знае дека секогаш, за се може да ни се обрати.
     
    На azelea, Simon4e0507, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.336
    Допаѓања:
    84.342
    Пол:
    Женски
    Дете кое е тепано може и да израсне со став дека тоа нема да тепа, оти искусило дека е лошо. Не секогаш насилството создава насилници. Повеќе би рекла дека негрижата, невоспитувањето, непосветувањето внимание создава насилници, луѓе без емпатија.
     
    На tambelina и JasBee11 им се допаѓа ова.
  20. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    901
    Пол:
    Женски
    Апсолутно!

    И во досегашните мои искуства, децата насилници немаат нула љубов од родителите секако и внимание, се, само да им се подалеку од видик. Дете бара да се работи со него, на негов развој, напредок, разбирање на светот а не шамарање, тепање, насилство.

    А оваа тетка Миа сама се форсира оти си има следачи а нели од тоа и заработува, па трчкум веднаш дојде на подкаст да збори на темава. Стручњак требаше да слушневме ко што личи.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.