Токму така, стручни лица треба во утринските емисии па и специјални емисии ,што ќе зборуваат на тема ,,ќотекот НЕ е од рајот излезен,, и за последиците по детето,а следствено и по родителот ,после вакви настани. Сите велиме недостасува едукација на многу теми, вклучувајќи ја и оваа. Но едукацијата треба да ја врши државата, преку медиумите, во училиштата, работилници . А не да се тресат родителите дали ќе добијат отказ од работа ако земат боледување за детето,камо ли да треба да излезе од работа за работилница во училиштето,или за периодот на адаптација во градинка. Во државите од прв свет додека трае процесот на адаптација на детето во градинка не се остава дете да вршти и пишти, туку во соработка со родителот, се прилагодува постепено без трауми. А не да ми кажуваат тука приказни,цел живот така функционирале ,,успешно,, ,на врата, на непознати луѓе, во нов простор им даваш дете и си одиш .... било забрането да влегуваат родители. Па уште коа ќе ми кажат поради хигиенски причини а со истите кломпи воспитачкатата,негувателката, шета надвор низ двор, потоа влегува внатре. Од јасли ни се децата со трауми ,па натаму. И да,државата има одговорност да ги штити интересите на граѓаните ,да ги спроведува законите. Кога како граѓанин веруваш во системот ,кој воедно и функционира ,нема да се плашиш да пријавиш проблеми, нема да се плашиш од незаконски отказ, би бил подобар граѓанин, родител итн ... Имаме нефункционален систем, мобинг на работа, врски, партии , и ова се последиците,секој се снаоѓа како умее. Нема време да воспитува дете ,нема доверба да пријавува во институции, едни ќе тепаат други ќе бидат тепани. Тепачите остануваат ,тепаниот се преместува во нова средина, не од што сака ,туку од што нема друг избор. Возрасните не се свесни за последиците после вакви настани, а очекуваме децата да бидат. Па голем број родители не сфаќаат колкава обврска имаат кон децата, никој не ги удира по џеб за материјална штета, никој не ги вика кај психолог во училиште ,во социјални служби ... три пати повикан уредно која училиштен психолог ,не се јавува, известуваше социјални служби , и таму не се јавува родителот , покренуваш постапка. А не ќе го молиме ,бил комшија, пријател, кум на Петранка. Кога ќе ги воспита државата возрасните во духот на законите тогаш ќе можеме да се надеваме за воспитани потомци. И НЕ, ќотекот не е од рајот. И мене првичната реакција во мојата глава ми беше ,ах како би ги нахранила дечиштава со измет , ама после сфаќаш дека си возрасен човек, и од возрасните се очекува разум,решение... А не неконтролирани ,импулсивни , ненормални ,реакции.
Ако децата денес се растат со нежно родителатво, од каде им се оние идеи за тепање и шамарање и мавање па и снимање? Не ми зборете интернет..
Од каде знаеш како се растени тие деца? Или си претпостави како што ти одговара за да си го оправдаш мислењето дека дома треба да се шамарат децата?
и јас мислам не дека се што ќе каже е ок ама за овој рил се согласувам. Нигде не спомнува дека треба дете да се тепа. И нас не не тепале ама ко ќе чуевме ЛЕЛЕ КО ЌЕ ПОЈДАМ ДОМА МОИВЕ ЌЕ МЕ ЗГАЗАТ одма беше друго. Ние не мислевме дека родителите ништо не ни можат ама овие сегашниве генерации мислат дека баш никој ништо не им може. Почит спрема постар или родотел јок!
имала страв дека ќе ја скршат ама не ја скршиле. Денешниве деца ич немаат почит спрема родител уствари и мислат дека родителот ништо не им може
Родителството те прави подобен да збориш за правилно воспитување исто колку што имањето чир на желудник те прави доктор - гастролог. Миа е ЗА ќотек ама јавно ја изложуваше приватноста на детето. Кажи ми што да направи дете чија приватност е на тапет на цела јавност од страна на родител? Ќотек? Или нее, она е родител, што сака ќе прави Миа и слични на неа се у стил ја сум родител, ја ќе убијам ако треба. И после x години мее децата неќат да дојдат да ме видат.
Не знам дали сте свесни дека 99% од родителите се такви, немаат поим како со деца. И потоа децата се такви какви што се, кој помалку кој повеќе оштетен, уствари врие од мрачна тетрада само некои подобро го кријат тоа но на крајот од денот сепак остануваат сами со сопствените демони, кого лажат, мене, тебе? Маски everywhere..
Родителиве ги смируваат децата на тој начин што им даваат телефон и ете мирно е детето.. и гледа детево на интернет све и свашта и после на 12 год Тик Ток и ЛИДИЈА се главна опсесија..
И многу НЕ си ги сакаат децата. Жална и сурова вистина ама тоа е. Детето им е само жртва за истурање недолечени фрустрации. Авторитет да, ќе воспоставиш. Иди пружи му поддршка кога има проблем, да те видам. И тогаш е "ќе ми правиш стресови ти мене на овие години". Безусловна љубов мај ес.
Колку години ти се неписмениве технолошки родители?На колку години ги родиле па да не знаат андроид телефон 73 години или нешто,ако имаат деца од 12 години ?Малку филмски е ова,и ако е технолошка писменост да имаш инста ,и друго и да редиш слики?Повеке е до запоставеност и трчање до основни приходи како ПЛАТА.Денес се се плака немаат школите секција некоја ,па да те бива ,па ајде да оди дете таму на спорт,музика или било што бесплатно зашто си добар како порано.Плус кредити за стан,па недај боже татко коцкар,пијаница или женкар и ете пропадна фамилијата.Да се разбереме ова физичкото насилство се гледа ,ама психичко запоставување е МНОГУ МНОГУ ПОТЕШКО од тоја шамарот воспитен ако трае со години,а трае.Обарзец на однесување се учи од свите роители и се пренесува генерациски и несвесно.Интернет и мрежите се само плус додаток ,сол на рана на мисијата РОДИТЕЛСТВО.Петрушевска БЕЈБИ прави петција против социјални мрежи ,ајде да се потпишеме сите против ова зло што почнаа да го забрануваат во некои земји.
Pa eve okolu mene ima 40 godisni ato ne znaat. Kje im dadat telefoni a ne znaat kako da gi zastitat od losi raboti. Ne znaat za aplikacii za kontrola sto gledaat, so kogo komuniciraat, sto pisuvaat...
не сум баш сигурна. Нигде немам чуено да каже дека ќотекот од рајот е излезен. епа тоа и ни е муабетот. Денешниве деца мислат дека никој ништо не им може и дека тие можат и смеат се да прават. (Секоја чест на исклучоци). Кај го има бе ова? Пијани на 15-16 год? Некогаш вака ко ќе чујам,или каки што имаше пред неколку месеци на форумов во коментар една членка пишано,додека седела на јафе понинало дете околу 5 год и и покажало среден прст... абе некогаш треба убав ќотек не мазнење на децата
Детето не ти е воспитано ако се плаши од тебе да не направи нешто лошо, пред тебе ќе биде бубаче од страв да не го истапаш, а кога не си тука ќе прави лоши работи. Дете се воспитува со многу зборување, дека тоа што го прави не е добро, дете се учи од мало на емпатија, дека се околу него има душа и маче и куче и мравка и дрво. Значи треба да научи што добро, а што лошо, а не да се плаши од ќотек. Очигледно сум имала премногу среќа во животот и никој никогаш не ме удрил, ни мајка, ни татко, ни наставник. За мене е незамисливо да кренам рака на некого, посебно на некој послаб и помал од мене. Од тоа сваќам дека насилството раѓа насилството. Сите оние кои добивале воспитни ко мали сега им е нормално да си ги потплеснуваат децата.
Песната Лидија е најмал проблем на децата денес. И не. Не растат со gеntle parenting. Растат без parenting зошто родителите се презафатени и не се замараат.