Страв и почит не се иста работа. Дете може од тебе да има страв, ама тоа не значи дека те почитува. Дали те почитува ќе увидиш кога ќе станат тинејџери/адолесценти, односно кога е веќе многу доцна за да се промени погрешно оформена личност.
Демек они кога растеле Бетовен и Моцарт ги слушале. Мојава генерација ги слушаше "Како кучето мое" "50 марки" "Пушиме" па не малтретирав деца околу мене. Сите споредуваат како било порано и како ништо не им било дека добивале воспитни. Епа овие денешни деца ги воспитуваат тие родители што пред 20 30 години биле воспитувани со шамарчиња.
Денес сме за жал од крајност во крајност со родителство кај некои. Дел се посветени родители и си работат и се грижат за правилно воспитување на децата (кое некогаш може да вклучи и повишен тон). Другите се или со девиза не ме занимаш прај што сакаш или со девиза срце на мама/тато тебе се ти е дозволено или ќотекот од рај излегол. Сите три групи произведуваат збунети деца, несигурни деца и деца кои се насилни (не само физички туку и вербално, социјално и психички). Дел се такви зашто не знаат поинаку, на пример попустливи се зашто нивните биле престроги со нив. Дел се затоа што немаат време за децата во борба за живот. Најлоши се оние што не пораснале па така нивниот живот е пред се и над се. Најбитно е да се средени скоцкани, сликани секој викенд како се журкаат и слично. Децата се воспитуваат сами, со интернет или од улица. А интернетот и улицата кај нас лошо воспитува. Учи на глупави вредности, на површност. Следење на социјални мрежи е докажано дека ги прави луѓето понезадоволни од себе зашто на социјални мрежи најбитно е фалење. На купче со нашата култура каде што исто е битно кој како изгледа, кој кај бил и со што се пофалил а не кој колку знае, што добро дело направил и слично имаме деца кои се бескрајно фрустрирани и немаат кому да се обратат. Денес на пример тешко е повреден 12 годишник откако паднал од електричен тротинет. Прашањето е кој нормален родител дава опасно превозно средство на дете. Односно зошто имаме потреба да се к...ме пред другите со глупости. Сега баш патував во друга земја. Луѓето имаат друг став кон животот. Не им е битно каде и со ког се сликале, не им е битно дали имаат една брчка повеќе или помалку. Битно им е да се прошетаат, да уживаат сами со себе или со најблиските. Е таа близина и скромноста треба да се вратат кај нас.