Јас немам срце да удрам никој, а не пак своето дете. И така жал ми е да гледам некој како го тепаат. Јас сум многу остра на зборови, така ќе се справувам со моите деца - со разговор. Никогаш не сум била учена на насилство. Никогаш не сум била тепана. Мама знаеше само да ми залепи една, ама тоа беше доволно за се Дури и викав на моите поарно ударите ми добар ќотек отколку да ми зборете.
Детето што е тепано, ќе научи да тепа. Имам неколку добри ќотеци изедено од моите, ама си ги заслужив. Како што викаат - ќотекот е излезен од рајот, па ако не помага разговор, шамарот е неопходен .
Па јас не мислам да си го тепам детето. И не се согласувам со тоа дека детето што е тепано ќе си ги тепа своите деца. Баш напторив. Кога ќе осетиш како е, нема да сакаш истото да му го направиш на своето дете. Ама ако сметаш дека тебе ќотекот ти го дотерал паметот, ќе сакаш и ти така да му го дотераш паметот на детето. Се е индивидуално.
Јас да си надополнам.Мислам дека за секој е ’здраво’ да изеде барем еден ќотек во животот. Јас убав ќотек имам 2-3 пати од мајка ми јадено,ама ми беше мнооогу заслужен.Сега сум благодарна за тоа.А од тато имам еден шамар јадено и толку.И тој си го барав.А брат ми е тепан,тепан ама пак умот не му иде.И со разговор и со се,ништо не помага.Што дете ќе беше она....
Сметам дека нема никаков позитивен ефект ќотекот како воспитна мерка,без ралика каков е.Како еден претходен пост напишан во темава,се може да се реши со разговор.Родителот ја дава насоката за тоа како би требало да се однесува неговото дете,но подоцна детето се оформува во начинот на размислување,однесување, според тоа како е воспитано од родителите и влијание има средината во која живее.Нема потреба од ќотекот за да се воспита едно дете,затоа што грешките во животот се тие кои што придонесуваат за правилно однесување.
Па и не дека секогаш можеш се да решиш со разговор, особено со мало дете. И не зборуваме за тепање, туку за воспитно плескање по задничето Јас малото го имам доообро шлапнато по газе за фаќање штекери и за излегување на тераса само. Толку. Ама од тогаш не ги прави ни едното, ни другото. Сакам да кажам, ќотекот е неопходен за навистина важни лекции. Така му се дава на тежина. Тоа се случило само два пати, и се знае дека е сериозно и дека бељата не смее да се повтори. Ама ако е секојдневие, не дава никакви резултати.
Имам да ви опишам една интересна случка, на која не можев да и се изначудам. Седевме во парк со мојата ќерка. Дури таа трчкаше наоколу, до нас имаше мајка која нервозно пушеше, а истовремено од раце не го испушташе своето детенце. Детенцето бараше да си одат или сл. Налутено наеднаш и удри силна шлаканица на неговата мајка. Се прашував можно ли е ова дете да е природно агресивно....од каде научило да удира....мајката се вџаши и таа му залепи силно на образот...значи ова дете често намесото со смирен збор и со убавово, било воспитувано со грубост и удари. Удирање си е удирање и то е насилие. Ниту животните не поднесуваат грубост!!! Бидете внимателни со своите деца, за во иднина и тие да бидат добри и внимтелни со вас!!!!!!!!!!!!! Сакајте ги, гушкајте ги, зборувајте им убави и поучни зборови...тоа не е трошење време, тоа е давање ЉУБОВ.
Имам син што има 6 години,и да ви кажам многу ама мнооооооооогу темпераментен,хиперактивен,немирем,нон стоп е во движење.Само бељи прави,каде и да отидеме мора нешто да срши да расипе,абе умот да ти излезе.И тој редовно си јаде ќотек.Ама ништо ,никакви резултати нема.Тој пак си тера по неговото,не те ни слушат што му зборуваш.......ЛУДИЛО....Се трудам да го фатам со убаво,ама ни така не сака..Незнам стварно сто да правам
Џабе да го тепате,контра ефект има.Детето само ќе отрпне на тоа и за инат ќе биде уште понемирен.Да се носи на психолог.Читав статија за хиперактивни деца и таму пишуваше дека мора да се свати сериозно...детето да се носи на психолог. Од него да се извлече позитивното и да се насочува неговата негативна енергија кон тоа што го интересира за да се претвори во позитивна. Родителите секогаш да бидат покрај него.
А зошто не го вклучите во некоја активност? Да се насочи детето додека е мало кон нешто. На пример да го праќате на тренинзи за фудбал или да учи да свири на некој инструмент? Таму е друго, постои доза на строгост и детето ќе се смири. Плус е убаво за него. Јас сум им многу лута на моите родители затоа што од мала не ме вклучиле во ништо, а многу работи ме интересираат, но веќе е доцна тек сега да почнам да учам нешто. Детето ќе се насочи кон нешто и ќе гаи љубов спрема тоа.
Да се разбереме има различни ќотеци , едно е да го скршиш од тепање што се вели а друго е да го плеснеш по газето. Еве јас на пр. јас не го тепам туку доволно е да подвикнам и да кажам. Во ретки случаеви го повлечам за косичката кај увцето (боли таму многу, знам). Имам изградено авторитет пред него и кога кажам нешто кажано е. Децата се толку комплексни, радознали и ја осознаваат околината. Треба да знаеш да навлезеш во нивната психологија и да го предвидиш нивниот нареден чекор.
Јас сум голем противник на ќотекот и воопшто воспитните шамари.Никогаш во живото немам добиено шамар од никого...татко ми е наставник и он секогаш викал децата севоспитуваат педагошки со зборови.И фала му на бога и јас и сестра ми имаме навистина почит кон нив и знаеме до кај ни се границите и никогаш не сме правеле некој сериозни бељи.Ама мама и тато знаеле да седнат со нас и со саати да разговараат за се отворено се правело муабет.И знам дека никогаш нема да кренам рака на никого посебно не на мое дете
Ех колку сукала имаат летано на мене......! Ама затоа денес сум човек станата! Секој ден ќотек си јадев, ама и заслужував знам! Денес можам да речам Ви благодарам мама и тато!.... Да се навртиме на темата....Јас сум за некој шамар навака, натака, али да се потече детето од ќотек секој ден, едно големо не! Како што си кажа Трендафилка, не џабе рекле ќотекот е излезен од рајот!
Фала ви многу за советите,ама јас стварно ке го запишам на некој спорт барем таму да ја трошит енергијата.Еве оваа година почна на школо да оди,а пред тоа и во градинка одеше.Демек ќе се смирит .....ама ништо од тоа.Се надевам дека ќе почнит да ме разбират што му зборвам,дека све за негово добро прам.Најмило мое.Толку е мило,само да си го гушкаш.Многу ми е криво од ко ке си го изејт ќотекот,ама од контакт те истават
Ивана, само немој да ја оставиш таа работа недовршена. Немора да е на спорт. Можеш да го насочиш и на нешто друго. Убаво е детето кога се стреми кон нешто и си има цел во животот. Ти кажувам според мене. Лута сум затоа што никогаш не ме насочиле моите кон ништо.
Ќе се потрудам правилно да го насочам во животот,впрочем тоа е желба на секој родител.Ама верувајте многу било тешко да се биде родител .....
За шамари баш и не сум, ама една добра „по газот“ добро би дошла. Погоре некој веќе спомна дека ќотекот е излезен од рајот и тоа е точно. Сум го „ јадела“ како мала и искрено.... влијаеше малце на мене (по природа сум многу тврдоглава).
Се сеќавам само еднаш мајка ми ме има удрено по газот. Бев мала, но сепак се сеќавам. Како мала сум била многу немирна, но сепак плескање по газот кое од пелената неможе да се осети. Мислам дека ако татко ми не беше тука, мајка ми и те како би ме тепала. Се одвикна и мајка ми од ќотекот, но ја сфатила малку поозбилно работата со карањето и викањето, па сега за се' ми вика. Сепак не е праведно до толку викање. Грешка сфатила нешто. Сепак може да се решат сите детски глупости со добар разговор.
и јас сум против за тепањето до крајност но потребно е е малите дечиња да се плескаат по малку за да се смират, внук ми го имам само еднаш удрено(мало шамарче) и ми беше толку криво што за малку не се расплакав а тој се утепа од плачење но не бидејќи го болеше туку се навреди(ние многу си се сакаме и не се караме ) потоа ми се извини(има 3 годинки) значи ја сватил грешката што е добро. а јас како мала бев многу тепана и тоа неправедно мислам, одсекогаш сум била мирна и затоа сум јадела ќотек, ако добијам 4ка на школо ќотек, ако не ми се јаде ќотек, кога пораснав ако задоцнам од излегување само еднаш пак шамар,(цело време од мајка ми тоа, од татко ми еден шамар само зошто ја скрив сестра ми со дечкото) и ја изгубив цела почит спрема нив кога пораснав си терав по свое речиси ги исклучив од животот бев мн револтирана а и уште сум но сепак ми се родители правам се за да бидат тоа а ако треба да постапам како што чуствувам никогаш веќе треба да не ги видам. но знам дека ме сакаат и толку можеле да размислат. сега јас треба да земам пример и кога ќе имам деца да не правам се она што мене ми правеле затоа што останува во душата до крај....