Мојата 4 ипол годишна внукичка, денес беше кај мене на чување. Брат ми ја има размазено максимално, девојчето брлавее без сопирачки. Ја бутна куглата со златната рипка, лом стана по ламинат, џогери бришење, рипката среќа преживеа. И се обратив сериозно, дека така не смее да прави. После, имав спружено чорапи и гаќи на метален спружник, земала малава и преку тераса ми ги исфрлала дури јас пуканки и правев. Ме разбесни ужасно Ајде трчање со неа да соберам, па пак да перам. И, дури надвор, ми истрча на улица. И ја стигнав, ја скубнав малку и почна да се дере небаре жива ја дерам, да привлекува внимание. Се качивме дома, и пуштив цртан, пуканки и дадов и рече дека и се кака. Нокширот е у тоалет и таму отиде да кака. И ја нема, нема и одам, ја нема у тоалет, испаничив, врата заклучена не излегла надвор - таа се пикнала у машина за перење (имаме од најголемите со голем отвор) а и таа е ептен ситна и флексибилна. И, кога очекуваш дека нема што повеќе беља да направи, излегла на тераса и скоро пола се прислонила на ѓелендер, готова да падне. И јас пламнав, ја повлеков, ја исшамарав - почна да ми враќа ќе ме каса таа мене, ја искубав едно убаво, убави шамари и дадов и ја затворив у спална. Викање, дерење, хаос. Тоа и е прв ќотек. Таа е татина и мамина принцеза. Ни глас не смее да се повиши, и авторитет над детето се нема и тоа интензивно почна да се покажува последнава година. Уфф, ми олесна шо ја истепав. Иако внука, не се трпеше веќе ова. Од збор не се одбира!
Си можела да разговараш со брат ти, да го искритикуваш во врска со воспитувањето, и крај краева имаш право да одбиеш да ја чуваш ако знаеш дека е таква и не можеш да се справиш со неа. Ама нема оправдување да натепаш дете, и тоа туѓо. Па уште ти олеснало бе... една барем малку одговорна личност би се преиспитувала и каела што кренала рака, какво и да било детето. Ептен за фалење.
1. Како тоа дете од 4 год само во вц и на тераса 2. Ја да сум Мајка и има на клоци да те кренам. Е толку имав да кажам.
Почнав да те читам, мислејќи дека ќе биде позитивно мислење за малечката, ама ми се слоши читајќи. Особено на делот каде што се радуваш што си ја истепала малечката. Ох, толку многу се радуваш, ти олеснило, па и се фалиш дека добро си ја истепала. Што мислиш дека постигна со тоа? Авторитет? Не. Тоа најмалку. Освен страв кај малата, ти не можеш да постигнеш ништо друго со такво однесување. Ах да. Можеш и да ја научиш на агресија и да и дадеш до знаење дека тепањето е начин да го изрази своето незадоволство. Да, можеш да се обратиш сериозно. Со причина. Но покрај тоа, мораш да објасниш зошто се обраќаш така и зошто малечката не смее да го прави тоа и тоа. Треба да ги објасниш последиците од нејзините постапки, а не да и ги покажуваш последиците од твоите. Се надевам дека разговараше со брат ти за нејзиното, односно за твоето однесување. Иначе, 4 годишна возраст е период, каде најчесто се случува развојна фаза на "мал пубертет". Сосем нормално. Ама како ти би знаела? А и речиси сум сигурна дека детето сакало да привлече внимание, односно, немало соодветна занимација. И биди среќна што навремено си ја нашла на тераса. Деца на таа возраст, често немаат развиена перцепција за висината, односно не ги знаат последиците од падот. И тоа не е за тепање, ами за објаснување и отварање очи 40. Однесувањето на внукичката може да се поправи со многу зборување, објаснување, внимание, трпение и љубов. Истово и преку приказни, примери, соодветни игри од кои ќе научи. Но за тебе и твоето однесување е касно.
Ајдее, вие сите сте светици и психолози, демек нема да истрипате ако видите дека е на раб на смртта и да изреагирате бурно и во афект нели ? Да не ме каснеше што ја повлеков, немаше да ја исшамарам. Детево имаше соодветна занимација, цртан филм, пуканки. И не е туѓо дете, моја крв е. И разговарав со него, и ме разбра. Малата прекина да плаче одамна пред да дојдат да ја земат. И ме прегрна и ми се извини ми рече ,,Извини тето што бев лошка како Марија од мојата градинка, нема повеќе". Брат ми рече прв пат некому да се извини или да рече благодарам. Со мајка ми имаме натегано дека малава е веќе испуштена, дека доволно авторитативно не се држи, не за џабе смени 3 градинки нели ? Каса деца, ги тепа, исто и наставнички, ќе ја шлапнат оп снаава ја испишува од таму баш кога ќе и се покаже авторитет дека НЕ Е НАЈСИЛНА И НЕ Е СЕ НЕЈЗИНО ! И НЕ МИ СЕ ПРАВЕТЕ ХИПЕРСЕНЗИТИВНИ, ќотекот е од рајот излезен, и барем мајка ми ме подржува во тоа што ја исшамарав. Јас сум расната со по некоја шлаканица кога треба и стоење во ќош, со дисциплина јака, и во градинка и школо и тука.
Токму тоа и се обидувам, со зборување, со позитивни работи, со награди за тоа што била добра. Ама не е секој ден кај мене, за да и го фатам редот. Преразмазена е многу лаже. Си седна пуканки јадеше, гледаше цртан. Јас и реков, седи тука идам до тоалет, климна с глава и беше вдлабочена у цртанот. Минута време немаше со отворена врата мочав и слушам ШКЛАП, ете ја на тераса, да ми извиниш ама се допомочав в гаќи.
Автохомофобична, агресивна и субмисивна со мажи истовремено. Интересна комбинација. Сега знам и зошто. Жал ми е што родителите така се однесувале со тебе, се надевам дека еден ден ќе научиш дека сите работи не се решаваат со насилство.
Тоа дете некој го исчувал за ти да го тепаш?! Аман само не ја земај да ја “чуваш“ друг пат. И баш затоа што си била растена со ќотек сега си насилник. И после од каде бил булингот во школите, па еве од ваквите ко тебе.
Правилно си постапила кога не се разбира од збор така треба, а овие сите паметниве кога ќе се најдат во некоја таква ситуација тие слободно и песни нека пеат не само да зборуваат
Не, јас не сум раснета со ќотек, ами со по некоја шлаканица само кога сум била немирна, како дете. Јас сум знаела дека за да не бидам шлакната, морам да не правам бељи. И сум знаела што значи збор на татко ми и мајка ми, да сум раснела како и многу од вас што сега се правите експертки. Тука завршувам, нема што повеќе да се објаснувам. Не дај боже некоја од вас да доживее таква траума како денес и во афект да удри шлаканица ете, па веднаш агресивна. Убава вечер. П.с Булингот го прави внука ми уште од сега врз децата од група, знае дека ромката има вошки и со неа да не се дружи. Епа јас тоа не сум го кажала, ами некоја хиперсензитивна како вас.
Туѓо дете не се удира, нема врска што ти е внука. Факт е дека има премногу разгалени деца али тепањето не е начин. Ако не можеш да ја чуваш не ја зимај кај тебе, јас не би земал такво дете да причувам ако не сум спремен за "теророт" што би следел У секој случај лошо си постапила, јас да дознаам дека на мое дете му се случило нешто вакво би те дигнал у воздух, сори нот сори.
Дека така си растена, затоа тепаш. Супер пример од мајка ти си наследила. Не ни се правдај тука нам. Оправдај се пред самата себе. Утре твои ќе имаш. Авторитет не се покажува, а најмалку постигнува со тепање. Не ти се извинила од ништо друго, туку од страв. Проблемот треба да го решат родителите, не ти или мајка ти. И тоа со тепање. Па уште се поддржувате една со друга за ќотекот од рајот излегол. Тешко тие што се растени и растат така. Цртан и пуканки не се соодветна занимација, особено не ако поголем дел од денот бил сведен на тоа. Лажењето е резултат на бујна фантазија кај децата. Период кој минува. Каква штета што нашата држава е таа што е. Ваквите како вас, во други држави, завршуваат со одземени деца. И тоа со полно право. Оправдуваш ќотек, убаво кубење, шлапање и фалење на јавен форум за истото. И тоа дете што не го родила.
Шлаканицата не е ќотек? За другарка прашувам, ако не е ќотек нареден пат така да ја поздравам. Јас на пример сум растена без ќотек, па ги почитувам моите. Шо знам изглеа не е до ќотекот.
Не е начин секако ќотекот но некогаш е неизбежен а тоа не значи дека е агресивна или што ти знам јас и тоа дете и е внука не е туѓо.... А иначе брзо сега читав дека дете се фрлило од зграда пошто му забранале да игра игри на play station и тие можеби пробувале со зборување....
Пред 20, години јас имав 10години, а брат ми 5. Тетка ми го натепа брат ми по газ и му удри шамар пред мене. Уште ја мразам поради таа постапка. Дете што не си го родила ти не се тепа. Ќе имаш твое па ќе видиш дали ќе ти биде сеедно кога некој ќе крене рака на него без разлика колку е бесно и немирно.
Ваква комбинација како тебе и на Сопругов е типичен пример зошто некои деца се сакатени од сопствените родители и зошто цел живот растат со трауми. Па после зошто стануваме нација на дијазепами и хелекси, е од вакви. Чувствување задоволство откако ќе истепаш дете не е нормално, па ти до утре теши си се дека е. Само се надевам дека не работиш некаква работа каде дете може да е муштерија или пациент пошто тоа би било еквивалент на катаклизма.
Не ја родила. Не ја носела 9 месеци под срце. Не е нејзина. Туѓа е. Нејзе и е внука. Тетка е. Не е мајка, не е татко. Внука и ќерка не е исто. И нашиот закон не дозволува насилство врз децата, ама очигледено никој не му се замара. Жута штампа. А проблемот е друго, не пс. Тоа може да биде само изговор. Вината е речиси секогаш кај родителите. Најчесто таквите како тебе. Веројатно го тепале, оти нели, ќотекот од рајот излегол. Да било тепањето добро и да имало резултат, немаше децата да им ги одземаат ради истото. Абе леле. Не ми се верува што читам. Страшно!
Се извинувам многу ако ве превозбудив со мојата постапка, но имам уште многу детали што би ги кажала , но не сакам бидејќи веќе така би влегла во приватност што не е моја па не сакам да си имам проблем со снашката. Секако дека не споделив целосен осврт и нема. Факт е дека и ме сфативте изгледа ептен живописно. Само сакав да се искажам и да ми олесни ( судењето што како знаев дека беше неизбежно). Нормално, не би сакала ова мое "излагање" да фрли сенка на мојот лик и дело тука. Имајте убава вечер и јас ја напуштам темава, нема потреба да продолжите со напаѓање и мешање баби и жаби.