Всушност не се удира ни туѓо ни свое дете, не само туѓо. @1992g а не дај боже тебе да те рашамара така некој. Или не, ти не си размазена. Сега само страв од тебе, и што ќе седи мирна за да не ја истепаш пак, друго ништо не си постигнала кај неа, никаков авторитет или што ти знам. Не знам дали во иднина планираш да имаш свои деца, ама да размислиш добро пред да се одлучиш да имаш. @Soprugot ти и педофилија подржуваш, па за ова ич не ме чудиш.
@1992g ќотекот не е излезен од рајот и со ќотек, кубење и тегнење не се добива авторитет. Со ќотек дете не се воспитува и не се учи на убаво однесување. Жалосно е што тоа дете дошло во твои раце и што си добила поддршка што си му мавала шамари. Јас да сум родител на тоа дете, ќе се потрудам веќе да не го видиш со очи, еве искрено ти кажувам. Само знаеш што е најтрагично? Што луѓе како тебе работат во градинки па како воспитна мерка и начин да смират туѓо дете го тепаат и кубат. Жалосно што од млади луѓе го читам и слушам ова.
@1992g во случајов ти си таа што требало да добие ќотек зашто си оставила дете од 4 години само да се занимава. извини ама правење пуканки и пуштање цртан филм за да седи мирна едноставно не се доволна стимулација за дете од 4 години. На дете на таа возраст му треба константа стимулација од аспект играње игри, трчање, рипање, скокање и слични активности. ВО отсуство на вистинска стимулација детето решило само да се занимава. Па така заради вродената потреба да истражува и да биде активна се напикала во нешто кое и се видело занимливо (машината за перење). Досадно и било да седи и да не истражува како врпочем и на секое дете на таа возраст. Да сте цртале заедно, да сте се подавале со топка заедно, да сте гледале нешто заедно, побогу да стоела до тебе и заедно да сте правеле пуканки не би имала потреба да се пика во машина и да фрла работи од тераса (инаку истпо многу деца тоа го прават за да сфатат/научат каде одат работите што се фрлени). Не може да очекуваш на дете на таа возраст да ги знае сите последици од нејзиното однесување Од твојот пост може да заклучам дека никој од вас веројатно не знае како да воспостави однос и дисцилина на детето. Брати ти веројатно од страв дека ќе биде родител од кој детето се плаши (како што веројатно се плашел тој од неговите што го тепале и казнувале), ти и мајка ти зашто насилството го сметате за прифатливо. Не е тука никој светец, ама како што опиша ти не си го удрила детето туку баш убаво си го истепала не еднаш туку неколку пати. Ми се случило и мене два пати да го удрам моето сопствено дете од три години ама само по рака кога чепнал во штекер од страв за да не се повреди (инстиктивно малку го плеснав и одма се повлеков) и по газ еднаш зашто се стрча кон улица само што го извадив од кола. Му се извинив што го удрив и двата пати и му кажав зошто го удрив. Никогаш повеќе не сум го удрила. Проблемите ги решавам со зборување, предупредување и стоење во ќош ако ептен ја претера и продолжува после две опомени. Има начин. А за тоа дека е були. Веројатно е зашто не и помагате да сфати кои се последиците од нејзиното однесување. Були се станува и од презашѓтитнички однос па секогаш кога не е по вољата на детето ќе реагира со тепање други. И були се станува зашто таков модел на оденсување се гледа по дома. Па сега ти види. Постов е напишан од психолог, мајка на тригодишно дете. Значи има искуство и од двете области (не сум само хиперсензитивна мајка како што ти ги нарече другите мајки). И го напишав заради доброто на детето.
Прво мислев да ти се истурам и да ти кажам колку мноооогу погрешно си постапила. Особено ме потресе што си ја затворила во спална и што си ја слушала како урла и плаче. Уффф морници и гадење во исто време ме обземаа. НО, ќе ти кажам дека и ти ќе го промениш мислењето кога ќе станеш мајка, знаеш она мајка лавица очи што вади на секој кој го повредува нејзиното дете. Ете ти ја гледаш мајка ти која сега ти е најдобриот пример и си мислиш дека е така убаво. Те уверувам дека еден ден кога ќе прочиташ што си напишала ќе се срамиш од себе.
Ќотекот е од рајот излезен!! - така велат старите и не грешат. Понекогаш навистинА ТРЕБА по еден добар ќотек за некој што ќе си го заслужи, таму каде што зборовите не помогнале.
Можеби ќотекот би послужил кон некој што не го знаеш, а заслужил по некаков начин да го добие. Но на дете и жена никогаш не се дига рака. Тоа и јас сум го научил од старите.
Ја имам плеснато ќерка ми... И жал ми било после тоа... Ама тоа не го менува фактот, дека таа ќе го памти тоа што ја плеснав, а не тоа што мене ми било жал. Нема изговор за удирање дете.. Не се криви тие што 'беснеат', криви сме ние што не сме способни на моменти да го канализираме продуктивно гневот.
Па уште и олеснило што ја истепала, а внуката на крај и рекла фала што ме истепа сега сфатив дека сум лоша... Yeah my ass. Сигурно у фаца ти рекла дека те мрази ама тоа е друга приказна. Додека мислиш дека ќотекот е излезен од рајот, се надевам дека нема да ја чуваш веќе внука ти или друго дете. Не заслужуваш да бидеш во близина на било кое дете, а уште сега ги жалам твоите неродени деца (ако ги имаш во иднина). Секако дека има разгалени и немирни деца, ама и таквите сакаат внимание, љубов, разговор, игри, а сигурно нема да извлече поука од шамари, влечење за коса и заклучување во соба. Посебно кога е ТУЃО. Јас да и бев родител верувај дека НИКОГАШ веќе нема да го видиш тоа дете, па ако сакаш и сестра биди ми.
Ќотекот бил излезен од рајот. Тоа можат да го велат само оние што немаат трауми од такво нешто. Како прво, ако детето е толку непослушно и бесно, вината се бара во неговото (не)воспитување. Насилството не е решение, туку напротив. Еве јас бев мирно дете, па за некои работи, иако не беа страшни, "си го добивав". И guess what, не би правела така со мое дете, не можам ни да замислам да му правам такви трауми што на крај најверојатно ќе доведе да се оддалечи од мене. Нормално дека може да се случи понекогаш да го потплеснеш еднаш, особено ако е во прашање неговиот живот, но тоа е сосема друго и различно од ќотек, и доброто воспитување чуда прави.
Спојлер: Вознемирувачка содржина Навистина. И тука зборовите не помогнале, па еве како тоа изгледа. Оти е ќотекот од рајот излезен. Многу убав начин да го научиш детето на се, освен на тоа што треба. Покрај толку многу опции и форми на соодветно воспитување. Како не се срамите од вакви изјави, а уште повеќе дејствувања. Еве вака изгледате вие, со неколку плескања по газето и неколку шамарчиња. Зошто немам власт, само еден ден, само еден, за ваквите примери како овој на видеово.
Многупати сум разговарала на темава во кругот на фамилијата. Најмала сум од сите братучеди и досега скоро сите се оствариле како родители, така да сум присуствувала на доста дешавки со нивните деца. Мене искрено ми се повраќа од денешниве родители ( чест на исклучоци) што не знаат да се постават авторитетно кон своите деца. Тие се оние што прво треба убаво да се ,,ишљакаат'' , пошто сакаат демек нешто модерни да бидат , ама уствари не знаат кај тераат. Детето како дете- што викаше еден постар колега, тоа е една празна книга, каква ќе ја испишеш таква ќе биде. Сум присуствувала на дешавка детево на моја прва братучедка пред нас зема ја скубе за коса и и удира шамар , а таа на сето тоа се смее и му вика ,,Немој мама'' ..Како бе така? Сериозно?!! Или оди по трговски центри и урла како неандерталец ,а на се тоа родителиве викаат ,,Леле бе само не срами кај и да одиме '' , а притоа не преземаат ништо освен што му зборат не е во ред тоа да го правиш. Факт е дека има деца кои што ќе ги седнеш ,ќе збориш со нив и ќе те разберат. Ама има и од оние спротивните- со глава во ѕид. Ти можеш да си им збориш до утре ако сакаш , пак си тера по свое. Е во тој случај треба да се ,,исплеска'' за да сфати дека не е во ред тоа што го прави. И не , не оправдувам насилство врз туѓо дете. Секој родител нека си гледа за своето. Утре-задутре тие нека си имаат главоболки од тие што сакале да ги воспитуваат само со ,,разговор'' кој притоа не дал никаков резултат.
Кога ке има дете, ке сфати што направила. Ако тоа за снаа и' сакаше да инсинуира дека она ја тепа, не мораш и ти. Ако она ја разгалува, не мораш и ти. Ако не се осеќаш спремна, не ја чувај малата. Само штета ќе биде. А зошто ја ваделе од градинки има 300 затоа . Можебиа е сосем ок дете во нездрава средина, можеби има адхд , можеби родители немаат време за неа, можеби милион можеби . Не е твоја работа. Едно шлапнување ако си излегла од контакт, треба да те свести одма. Сите сме излегле од контакт, ама тоа е наша фрустрација ко што кажаа погоре . Сума сумарум- не ја чувај ако ти е напорна.
Излезени од рајот се социјалните служби и кривичните закони против насилство за такви што ги слушаат старите со овие размислувања.
Mojata urlase vo eden trgovski centar, nema dve godini. Sto da I pravam, kazi mi? Ne razbira uste nisto, sakase da trca po prodavnici vnatre, jas ne I davav, ja nosev vo race, a ona urlase. Znaci trebase da ja rashamaram, taka?
Нема јас да те учам како да го воспитуваш детето.Јас би ја прибрала дома , дома ќе ја расшамарам и нема во трговски додека не се опраи. Ама секој за себе
Најпрво треба да се разграничи за каков ќотек станува збор! Од ќотеќ до ќотек има мноооогу разлика. Второ..што сте се фатиле само за мали дечиња..јас мислам и на поголеми, тинејџери. Трето...дали знаете дека има деца кои им враќаат на родителите со ќотек??( ај кажете сега дека родителите се криви за такво агресивно однесување на децата)
Ќе расшамараш дете помало од 2 години? Дете кај кое не се доволно развиени когнитивните процеси и причинско последичните врски? Бабе, нема разлика од ќотек до ќотек. Шамар е шамар. Еднакво боли. Возраста е небитна кога станува збор за насилство. Да, родителите се виновни. Најчесто. Влијае и надворешната средина, но затоа родителите треба да бидат пример кој се следи. Постојат други начини, а не вклучуват тепање. И замислете, имаат резултат. Само треба да се помачиш, па полесно е да удриш.