Па кој е крив ако не родителите? Дете што е воспитувано правилно никогаш не би кренало рака на родител!
Правилно воспитано дете во светов не постои...родителите изгубија секакво право, секаков авторитет, углед, курци и палци..опшеството ги креира децата....ЀКој ве воспита вас правилно да пцуете и навредувате постари, да ги исмејувате и да не им станувате да седнат???
So koe pravo tepas tugo dete. Ako ne si sposobna da go cuvas ne treba ni da go cuvas. Vo site situacii sto gi opisa ti si kriva. Deteto bilo ostaveno bez nadzor. Imam dete na taa vozrast. Celo vreme pred odi go imam, i vo toalet koga e. A sto ako ti ispiese nekoe sredstvo dur bese vo wc. Nema veze,mlada si ke naucis.
Нема никаква разлика од насилство до насилство во психолошки и морален аспект. Ниту пак е повеќе оправдливо ако детето е на поголема возраст. Ако удираш мало дете, во развој му всадуваш идеја дека така се решаваат работите. Ако удриш тинејџер, понижувањето е уште поголемо, бидејќи веќе и тоа како разбира и го повредува твојот токсичен мајндсет. И да, нормално дека родителите се криви ако детето почне да им враќа на ќотек, дури и самоодбрана може да е тоа. Криви се и ако почне насилно да се однесува со други личности - во училиште, во друштво, па и кога ќе порасне со партнер итн. Зашто родителот, ко што кажав, му ја всадил абнормалната идеја дека ќотекот е воспитна мерка.
@1992g Се испоплашив читајќи те. Не го чувај друг пат. Не си смеела да го оставаш само! Друг пат не го чувај те молам.
Последен пат се обраќам на темава и никогаш више ! Не знам од што си патите и живописно толку ги сфаќате работите, ја отеравте како да сум ја скршила од ќотек и убила ! Ете, како беше целата случка, ќе ви доловам со дијалог, па валјда ќе ви стане појасно пошо вие хиперсензитивки пристрасно читате тоа што сакате : Јас: Тете, удобно ти е ? -Да Ќе седиш мирна да идам до тоалет? - Да (задлабочена во цртанот) Идам веднаш - одам во тоалет, отворена врата, земам да вршам нужда и слушам ШКЛАП на врата. Се средувам со брзина на светлината и одам , ја гледам готова да падне се покачича на ѓелендер. Мене ме облива ладна вода и инстинктовно со викање Јас: Го извикувам јако нејзиното име (и трчам натаму) - Се смее Ја пристигаам и ја фаќам за нога и силно ја повлекувам. Таа: Бегајјј мааа (и ме касна за нога) Јас: Како не ти е срам ќе паднеш после зошто сме живи ? Таа: Плаче вреска и ме каснува силно. Јас ја потегнувам за коса и и се дерам. Јас: Веднаш внатре (воедно треперам готова да се онесвестам) Малава зема да кружи ми доаѓа позади и ме каснува толку силно, се завртив и ШЛАААААП по фаца Јас: Ќе слушаш ли ти некогаш? Можеш ли да седиш мирна ? Таа ме фаќа за коса, јас шлааап уште една шлаканица. Викање, урлање, ја оставив в спална (најбезбедна соба е). Урлаше, и сама дојде, ја зема куклата и седна. Јас си ги чистев стисоцоте кај што ме касна. Ништо не и прозборив. Си седеше мирна додека да дојдат. Ете, тоа бидна, а не тука да ми величате ќотеци од невидени размери. И не ми е криво што ја шлапнав и искубав. Уште многу би пишала за малава, ама како што реков така би влегла во семејна интима. Денес пак е кај мене. Си седи мирна, ми побара да јаде, јадеше, сакаше киндер јајце, се симнавме до продавница. Мирна, се држи за рака. Милина. П.с мајка и ми се јави. И кажала малава дека сум ја шлакнала и скубнала. И објаснив јас што како станало. Ми се извини што ме вознемирила толку и ме праша дали и денес можам да ја чувам. Ете, толку.
Ќотекот бил излезен од рајот оти го избркале од таму. Една од најнеубавите глетки е навредено и усрамено дете од ќотек.
Како не постои? Ти твоите неправилно ги воспита? Родителот прв го меси тестото што би рекле, што ќе стане понатаму од рецептот е до умешноста на куварот да направи супер "деликатес".
Нели се заклучува вратата за терасата? Никогаш не се остава така дете, зашто се непредвидливи. Ти очигледно немаш деца и не знаеш низ какви развојни фази поминуваат. Таа те каснала, ти си ја шлапнала, она те скубнала, дали си свесна дека си се степала со мало дете? Место ти да и покажеш со пример што не се прави, ти обратно. Кој е возрасниот во ситуацијава? Читајќи те не би знаела. Туѓо дете и нема што ти да воспитуваш, ако не можеш да излезеш на крај не се нафаќај да ја чуваш. Сега веќе и ќе се плаши од тебе. Ако сакаме да ги замолчиме децата и да живеат во страв, тогаш ќотекот е вистинско решение.
За жал не се заклучува. Знае малава убаво како се отвара, дури и на кип да е има сила да ја отвори. Не е уплашена. Јас правев муабет со неа, ама не сум должна тука да пренесам се и не сакам. Ме гушка, си играме, ме лакираше и ме шминкаше пред малку. А сите душегрижници што им е "лошо" од случкава(пошо мене ептен ми беше демек арно) напијте се по 1 лексилиум, што да ви кажам друго. Се изначитав глупости еден куп. Одјава
Знаеш ли што..понекогаш си велам сама на себе, оти мајка ми не ми ја исчупа поубаво косата, можеби попаметна ќе бев и не ке ги направев грешките што ги направив!! премногу бев размазена, се тресеа на мене, но јас го злоупотребив тоа. Моите деца..па неможам да кажам дека се 100% добро воспитани..имаат пороци, имаат лочи карактеристики, но ги научив да бидат хумани, културни, педантни итн.
Со ќотек не се постигнува авторитет кај детето. Ниту пак се воспитува. Само се создава револт и уште еден насилник, кој истото ќе го прави со другите деца додека расте, и со сопствените деца кога ќе ги има.
@1992g Велиш дека стравот те натерал да кренеш рака на неа, нели? Еве случка од моето детство. Баба ми требаше да ме носи на училиште, стигнуваме до една од најпрометните улици во градот и застануваме на пешачки чекајќи некој да застане. Јас бев живо дете, не како внука ти (не сум гризела), ама темпераментно. Немав трпение да чекам, погледнав од едната страна немаше автомобили што доаѓаа и се испуштив од рака (значи замисли од рака и се пуштив, а не пак сама да ме оставела!) и тргнав да преминувам. На сред улица слушнав силен свиреж и тогаш сфатив дека не погледнав дали доаѓаа автомобили од другата насока. За среќа закочи. Баба ми претрча ме фати за рака и ме искара. НЕ МЕ ИСТЕПА, ТУКУ МИ ОДРЖА УБАВА ЛЕКЦИЈА. Уште една казна беше самото тоа што им раскажа за случката и на моите. Од нив повторно не добив ТЕПАЊЕ, туку казна од типот на забрана на некое време за нешта кои сум сакала да ги правам (игри на улица, гледање цртани и слично). Сега кажи ми дека мене не ме сакале моите штом не сум добила ќотек како воспитна мерка.
Само во Македонија после живото-загрозувачка ситуација, детето добива ќотек. Ем не разбрало и не научило за опасноста, ем натепано... После агресивни биле... Е ќе бидат.
Полека малку Кажа - што кажа девојката. Сите се изредивме со попување и доволно е. Секој со своја совест и според свои убедувања. За некои е од рајот испаднат, некои пак само со пердуви ги галат децата Се дискутура со таков тон ,Божем никогаш не сте се нашле во ситуација дете да ве излуди и да сте исфрлени од колосек. Ќотекот не е мерка за воспитување и никој тоа не го спори, ама ако летне рака накај немирно задниче не е никаков грев Само начин да освестиш дете кое знае да залуди. Репресивна мерка за да се скроти детето во моментот. Сум удирала по задник секогаш кога сметам дека после 101 начин да се објасни дека нештото е опасно и нетреба така, не сум успеала. Се љути кога сум ја удрила и го памети тоа зашто е ретко и го правам на начин - не да ја боли и да ја повредам, туку со говорот на моето телото да осети дека е време да престане. И нетреба да е пракса Треба да се ретки гестови за да биде ,,онаа,, последната мерка која се превзема кога се сака да се спроведе некој ред и некоја дисциплина. Да се едитирам... Ќотекот не како тепање, туку како ГЕСТ дека е време за доста.
Сум против тепање на други деца и шамарење како воспитна мерка но сите и се нафрливте на девојката а што е со тоа што нема 4годишно дете воспитување од дома да се однесува невоспитано? Или по ново е темпераментно? Девојката сама кажа како се однесувало детето во градинки и досега промениле три градинки поради тоа што касала и други деца? Кај е воспитувањето од дома? Јас на тие години глас не смеев да пуштам, а не пак да тепам и да касам други деца и да се трескам од земја. До сега сум чувала многу внучиња, биле исто така невоспитани од родителите, дома не смеат да писнат ама затоа по други куќи се случувало да мават клоци и по моите родители а нив, нивните родители тоа им е смешно. Успеав некако да се воздржам, и сама не знам како. Бев еднаш на еден роденден, детето правеше 5 или 6 годинки, низ куќата владееше толку голем хаос поради децата што пола гости си отидовме, но родителите на децата ништо не превземаа и цело време им беше -Остави ги, деца се, не разбираат. Ако уште од мали години не стекнуваат навика за култура, што да кажам за во иднина? Пред некој период, едно дете од 6 години го опцу татка си со зборовите - да ти ебам мајката а таткото горд на синот што знае да пцуи. Затоа, пред да осудите во иднина девојчето кое не го правдам поради тоа што го направило, грешката побарајте ја и во родителите што не ја воспитале внуката.
Не си ти крива,криви се тие што ти дале дете да чуваш па колку да е разгалено и немирно. Како ли твои ќе успееш да чуваш незнам кога за неколку часа ќе си го отепала или само ќе се отепало. Снаа ти ти се извинила а со учителките се расправа дека ти поубаво тепаш. Печена си за во темата золви и снаи. А дека сега те гушка и шминка не се радувај се плаши да не јаде ќотек а во душата биди сигурна те мрази.