И мајка ми некогаш знаела по газ да замавне или да фрли со папуча кога ќе ги преминевме сите граници со сестра ми (и тоа паметам дека секогаш намерно промашуваше). Но, никогаш со болка и плачење, само знак дека треба да се престане. Ама шамари?? Кој знае што се трпи девојчето дома штом мајка и само така го прифатила однесувањево на девојката па дури и се извинала...
За жал, ништо не трпи затоа и е таква ! Оти расте во памук, и нив ги гриза и им се дере ко надреална, ама тие трпат. Епа јас нема да трпам. Прва не и удрив шамар (ооо вие живописни, како го замислувате шамарот, со залет ? Бог да чува, обичен шлап) Каде е човечкиот фактор тука ? Што сум виновна ? Што не ја однесов в тоалет да ме гледа како мочам? (Да, и такви ве има со пораки дека требало да мочам пред неа да не ја испуштам од вид, пу јазк). Па претеравте више. А мајката, јас не очекував така да ми каже (Извини многу што те вознемирила) , ами очекував да ме распне ко Исус на крст како тука што пробувате. Сабаље ја прашале дали сака јас да ја чувам, рекла ДА. Оооо вие душебрижници и читачи на умови, вие не се секирајте дали мене ќе ме сака или мрази во иднина, а не се прашувате сега зошто јас ја чувам а не е во градинка ? Затоа што сега во приватна ќе оди, не можат да се справат со неа во државниве. Шо убав ден, излезете прошетајте ајде. Јас и таа еве досега шеткавме. П.с прв пат се случува да ме извади од такт дете и да ме стави во афектна состојба. Мојата работа е поврзана некогаш и директно со деца и тинејџери, сум била сведок на секакви случки. Ма ајде кому јас се објаснувам, отишло све веќе. Благодарам на многутте членки за пружената подршка во инбокс. Не сакав ради мене да излезе од контрола темава. Знам дека не смеете да се изразите тука, бидејќи "прогресивкиве" ептен се агресивни. Ма чао А, и правете разлика малку меѓу страв, омраза, почит и стравопочит. И трката за лајкови на пост ви е очигледна, не знам што добивате само со тоа која ќе напише и препише и наддаде подобро на постот од некоја друга. Гледајте си во својот двор, јас пишав само да ја искажам тегобава на душата, а вие ме етикетиравте. Реков не дај боже да ви се деси мене тоа што ми се деси, сега велам ДАЈ БОЖЕ да ви се деси истото, и во афект состојба место да седи мирно, да ве гризе и проба да ве исчупа. Е така.
Лелее како ја нападнавте девојката како од земја да го удрила детето, па и не се мавало туѓо дете па тетка му е, не најде некое на улица па да го исшамари, тетка е пола мајка што би рекле. И вие сите што толку се 'припотресовте' од целава ситуација како ако вашето дете некој го удри, најпрвоо треба да си ги воспитате децата како толку душебрижни родители за да не доаѓа до вакви ситуации, на што личи ова волку беснеење од 4 годишно дете. Ама не вие сте родители и не давате прав да падне врз вашето дете, го разгалувате, се му се дозволува и на крај секогаш следи ПА ДЕТЕ Е!!! Кривицата секогаш ја пронаоѓам во родителите, тоа е дете и не разбира. Исто и јас имам внука 4 години, исто како и ова девојче немирна, разгалена и страшно невоспитана. Беше на гости, играше што играше, беснееше ама ајде дете е реков, се мора да фати да премести тоа ме нервираше ама ја оставав, седнав да пијам кафе намерно ми ја буткаше масата и реков неколку пати да престане, како за инат уште повеќе продолжуваше. И се јадеше и дадов да јаде, како јаде така и трча со нечисти раце се ми испофаќа, почна да го плука јадењето на земја ајде исчистив и и реков дека јадењето е за јадење се најубавоо и зборував, после смоки и дадов намерно ги истури на земја и ги газеше ми пукна филмот ама не ја удрив, пак исчистив и на крај ја прели чашата кога се измочка во нокширот и фати ми го истури врз тепихот намерно и застана и ми се смееше во фаца, е тогаш и врзав два шамара и одма се смири па легна заспа, од тогаш реков веќе сама не сакам да ми ја праќаат.
@Snowflake97 , фала на разбирањето. Јас не велам дека е правилно тоа што го направив, далеку од тоа, но ме распнаа ко да сум сигурна дека така треба. Епа нема да молчам, ќе враќам, ме изнавреѓаа убаво. Јас лично сметам дека грешката е во воспитувањето, затоа што е прененормално размазена, кога ќе почне да треска наоколу ако не е по нејзино, наместо да ја стават во ред, нејзините ја галат и ја прашуваат што сака да ја смират. Брат ми ненормален, среде ноќ бараше пицерија отворена бидејќи малава станала сакала пица и почнала да се дере за да ја добие. Во градинка земала чинијата со леќа ја истурила врз главата на дете од групата и тоа и било смешно, и тука треба да и кажеш НЕМОЈ, ТОА НЕ Е УБАВО, СРАМ ТЕ БИЛО ? Мислите не и било кажано ? Па таа и на тоа се смее... Вие гатачките што велите дека сега ме мрази, ма нека ме мрази , битно мирна е и е послушна, дали е од страв или не, сама ќе си увиди дека и таа може да биде повредена како што повредува други!
Постовиве се баш за отворање очи, да знае човек дека ако остави дете негде на чување да напомене дека не смеат да го плескаат, туку ако не можат да се справат со ситуацијата да се јават, иако би требало тоа да се подразбира. Ама ете. https://www.radiomof.mk/video-kampa...a-so-nasilni-metodi-gi-discipliniraat-decata/ Еве како се дисциплинираат децата. Сите со ќотек растени, затоа и имаме толку агресивни и деца и тинејџери. Зашто секогаш е расшлакај го, најлесно е тоа, ама баш најлесно, а далеку потешко е да се работи на емоционалниот развој на детето, да се разбере во која фаза се наоѓа, да му се објаснува постојано, да се порасне детето во самоуверена личност, а не во агресивна која не ни знае да се справи со емоциите.
Јас рака на моите деца не сум кренала, никогаш не сум ги удрила. Ниту јас, ниту сопругот. Се надевам така ќе биде и во иднина. Не сум совршена, сум грешела и грешам. Применувам други начини. Не е лесно и не било лесно. Ама затоа сум родител, нели. Многупати сум се нашла во ситуација кога ми биле кренати нервите 345643, ама тогаш се брои до 10 или 20 или 30. Онолку колку што е потребно. Едно е да "летне рака". Но друг е описот од членката. Објаснува сочно тепање. Ниту со едното, ниту со другото се согласувам. Но првото би го разбрала повеќе од второто и јасно ми е дека рефлексно е можно да се случи. Иако, ниту тоа е оправдување. А друг да ми го истепа детето, макар тоа биле брат ми или сестра ми, ќе се погрижам да не го видат веќе, а не пак да го однесам пак на чување. Такво тепање, не е рефлексно, ниту е грешка. А ваму велиш едно шлап. Епа, знаеме да читаме. Иначе, родителите се виновни. Погрешиле/грешат во воспитувањето, но не затоа што не ја тепале, туку веројатно затоа што се премногу попустливи и заштитнички насочени кон детето. Без јасно поставени граници и дисциплина. Од ова произлегува размазеност и останатите проблеми кои ги имате. Но како што еднаш кажав, се поправа, на соодветен начин и без тепање.
@Lianna Anna , првичниот пост беше набрзина напишан. После со дијалог се изразив како течеа работите во тој конфликт.
Лимунке, желна си за лајкови мори ? Секако дека не можеш и не смееш моето дете да го ТЕПАШ, бидејќи не си му ти ништо, ни учителка ниту тетка. Како што јас нејзе не ја истепав, ами 2 шамари и еден СКУБ, да истепаш е нешто друго. Земи прави разлики,а сеа деф ајде, игнор.
Е ќе го тепам дека ти си тепала туѓо дете Не треба ама оваа тепала друго дете а не свое,тепала дете на брат и
Не знам зошто воопшто им се правдаш на оние кои те критикуваат, кога очигледно се тип на мајки како и онаа која ја одгледува внука ти . Нека се живи и здрави, но при вакво однесување не е на одмет една ваква лекција. А тие кои ја научиле така, нека си ја трпат.
Браво со еден ќотек си ја превоспитала,сега и поклон ке добиеш од брат ти и снаа ти. Само уште да не поднаучиш нас што не сме тепани и не тепаме деца како да имаме срце како тебе да ги шамараме и затвориме во соба и нема да има немирни и невоспитани деца благодарение на тебе и тие што те подржуваат.
Јас лично не би дозволила мое дете да дојде до момент да треба воспитна да му биде удрена. Границите ќе си ги знае, ама да истураш леќа врз глава со цел да испаднеш смешна, и ништо да не се превземе, тоа на што личи ?
Добро и твоето дете ќе го тепам,онака од кеиф,не те знам ама ако ве видам,ако имаш дете да За тоа постои казна или ќе кажеш на брат ти,дека не е твое детето
Доколку паднам толку ниско моето дете вака да се однесува, слободно тепај ме и мене и него. Барем некој да се опамети.
Ќе те информирам кога ќе распишам конкурс за учество во курс за ресоцијализација, ве има многу, конкурс ќе да е прво
А што да се преземе? Ако е дете од две години, кажи ми што ќе му направиш? Сигурно ќе го измлатиш убаво, м?