Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    После имаш пост каде што со ладна глава ја објаснувам целата случка инаку :hai:
    А за стручно лице, посочено е многу пати и од мајка ми, ама детево е првин ќерка а после внука, изборот е на родителите.
     
  2. Limunka

    Limunka Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Има казна за тоа бе,ке ја ставиш во кјош
     
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Баш затоа не е убаво од твоја страна што си ја скубела и шлапнала, тоа е целата поента на муабетот. Ноу хард филингс
     
    На CameliaMiller, stefanija70, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    13.811
    Не може ни една шлаканица да му се удри на моето дете, било тоа да е баба, дедо, тетка, чичко, стрина... И значи, ако жена ми чува дете и не е мирно, таа да му мава шамари? Е нече мочи. За тоа се одговара плус ако не си знаела.
     
    На stefanija70 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Трпение = спасение луѓе. Самоконтрола.
    Ќотекот не е решение. Никој не заслужува да биде тепан ... дете, жена, маж, небитно. Разговарајте, објаснувајте, раскажувајте. Со разговор и дискусија се може да се постигне. Ако родитетолот ја почитува личноста на детето и детето ќе научи да го почитува родителот. Децата се огледало на родителите.

    Еднаш во животот имав прилика да причувам нечии деца. Темпераментни, живи, хиперактивни, се сакаат да видат, се сакаат да пробаат. Ги чував два часа. Луѓе тие два часа ми беа како две недели да ги чувам. Се беше хаос. Стварно беа немирни, но ниту во еден момент не помислив да повишам тон на нив. Не е на мене да воспитувам и карам туѓи деца. Постојано бев со нив, ниту во еден момент не ги оставив сами, гледавме цртани, им раскажував приказни, рецитиравме песнички, играв со нив и карти и секакви други измислени игри. Се трудев да ги занимавам. Помина времето, од тогаш уште два пати ме замолија да ги припазам, но одбив. Инаку многу сакам деца, ама се си има своја граница.

    Како и да е најголемите виновници за таквото однесување се родителите. Пак ќе кажам, ќотекот не е решение. Наместо да има страв од родителот, детето треба да се научи да го почитува авторитетот на родителот. Авторитетот се гради од почеток, со пријателско однесување, со разговор и убав збор, стрпливост и доследност. Авторитет се добива само со почитување, а не со сила.
     
    На CameliaMiller, ivi1987, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    9.413
    Пол:
    Женски
    За да нече мочи воспитај си ја на време, дека ти како родител ако си ја толерираш не значи дека и друг е должен да трпи невоспитано дете.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    13.811
    Ај ти кога ќе бидеш мајка воспитај двегодишно дете. И тоа двегодишно дете не е невоспитано, туку сака се да фати, осознава, трча и слично. Ама што објаснувам на некој што не го искусил тоа. А таа жена јас ја плаќам и треба да знае дека дете што нема две години не седи мирно цел ден.
     
    На stefanija70 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Не претерувајте и вие современи mamicki , што ако е двегодишно од мало треба правилно да се воспита а не да ти се качува на глава. Не мислам лично на твоето туку општо. И не, не треба да седи мирно цел ден ама и да не ти уништува инвентар по дома.
     
    На CameliaMiller, Harper, slobodka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.049
    Пол:
    Женски
    Дека си го тепала и урлала си призна и дека си го затворила на сигурно да плаче и тоа си кажа. Кога виде нема ракоплескање ајде нов пост. Ти требаше детето да го смириш, а не затворено во спална да плаче ти нас да ни се фалиш како ја превоспитуваш. Уште малку ако те читам ќе кажам детето воспитано колку тетката.
     
    На stefanija70, zuto, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Oние што велите И мене ми удирале шамари, па што ми фали, баш реченицава кажува дека нешто ви фали, ама за жал не сте свесни.
     
    На CameliaMiller, stefanija70, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    9.413
    Пол:
    Женски
    Имам другарка 21 година има и има 2 деца, едното 3 години другото е бебе 5 месеци, често одам кај нејзе на гости и во куќата како да нема деца, толку мирни, воспитани деца јас немам видено.
    Ја прашав како е возможно бидејќи сите деца на таа возраст се бесни и немирни, ми рече па дете се воспитува од мало, не значи дека ако има 3 години не разбира, се разбира.

    Кога ќе отидам јас ги ранам децата, си седат мирни си јадат, си отвора уста нормално, ни да го молиш ни авионче да му правиш ништо, кога не сака ја врти главата само. Ќе му рече стани оди играј си во другата соба, оди и си игра глас не му се слуша, мене ми е 'шубе' и викам абе како го оставаш само да си игра дете се може да се случи, а она мака нема си седи, јас станувам го проверувам, си седи си вози количиња, си реди коцки се најнормално, кога му се здосади од играње стана и ги остави така играчките, она со еден збор му рече оди собери си ги играчките, детето отиде само си ги крена каде му стојат. Во градинка оди поголемкото и сите воспитувачки го фалат само него, со еден збор кога ќе речеле соберете ги играчките, повеќето од децата не ги собирале, он одма станувал и си ги собирал.
    Е тоа е дете воспитано, и научено да го почитува зборот најпрво на родителот, после и на останати повозрасни.
     
    На edna_malecka, sofi2107, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    13.811
    Па кажи ми како ќе го воспиташ? Јас не и дозволувам да уништува дома, ама си игра со пластични чинии, вади лажици, тоа и е интересно, сака на мала масичка да се качува, на гарнитура да рипа. И да ја ставам во ќош или да и пуштам цел ден цртани за да биде мирна? Ај кажи ми ти што ќе правиш?
     
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Не би да се мешам у нечие воспитување па да навредам некој ама треба да се има граница што смее и што не. Ако се помине границата се седнува и се разговара, ако пак не слуша ќе се најде некој начин да го казниш за да сфати од типот нема гледање цртани еден ден и сл. Невоспитани деца се огледало на родителот.
     
    На CameliaMiller, sofi2107, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Танче, дој да те гушнам за ова :hug:
    Ни ја исфилува приказнава, па накрај ќе испадне дека таа била жртва на насилство од внука и :D
    Шпанска серија :o
     
    На CameliaMiller, manako1, IM.TMKQ и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    13.811
    На мои познаници детето им пелтечи од страв зашто така му удираа по две-три шлаканици и му забрануваа многу работи,т.е. не смееше ништо да фати, одма му се дереа.
     
    На zuto и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Не зборам за шлаканици и тепање, али еве како ќе го воспиташ ти твоето ако му дозволуваш све? Како оно ќе знае утре што е правилно? Еве до каде се стигнува со такви деца, да пробаат да рипнат од тараса..
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    13.811
    Кај пишав дека се дозволувам? Ај те молам убаво читај пред да ме цитираш.
     
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.328
    Пол:
    Женски
    Ај олади малку. Со секој свој пост се повеќе и повеќе се закопуваш. За твое добро ти викам, ти кажаа сите овде, се разви дискусија, си погрешила, прифати го тоа и научи од истата грешка.

    Не се чатали овде пак со насилство, цела фемина ти укажува дека грешиш. Прифатете нешто мајко му стара.
     
    На CameliaMiller, ivi1987, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  19. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Да напоменам само дека сакала да скокне бидејќи не и прифатив да шетаме (врнеше цел ден побогу).
    Се спротистави таа на мојот збор, и иако 1 спрат (сепак доволно високо) да се испокрши, сакаше да избега.
     
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Добро е што ме научиле на време дека за никој не вреди да се скока :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.