1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Денес бев на забар, за контрола на протезите. Дојде едно семејство, пристојно, средено. Јас бев со другарка и чекавме ред. Му викаат на детето да оди да се измие, и да дојде. Прилично беше мало детето, 8-9 години имаше. Детево почна да плаче и му вика на татко му: Татко мене ми е страв ме боли, несакам да го правам забот. И овој таткото крајно изнерврано го фати детево за уво, го изнесе надвор и почна да му вика Ако несакаш зашто дојде? Зашто тргна навака ако несакаш да го правиш? И слушаме шамари, истрча по нив веднаш мајката и другото дете по неа, и почна да плаче жената и да ика Ама не го тепај дете е! не го тепај. И си отидоа, односно повеќе неможев да слушнам. Сите луѓе што гледаа само направија фаца и никој ништо не прокоментира.
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Никако ќотекот не е воспитна мерка. Така пред детето покажуваш насилство, па и тоа ке се однесува така во иднина. Треба разговор и да му се објасни зошто тоа е грешка до што може да доведе и сл.
    иначе денес ке го изнатепат тој утре истото пак ке го прави
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Оф мореее кога ќе се сетам колку ќотек имам јаденооо... Од мајка ми така-така, овде -онде ќе ме потшлапнеше, ама од татко ми секоја воспитна ја памтам. Еднаш знам се инатев нешто кога ми ја плесна една, почна крв да ми течи од уста и ме затвори надвор... рече нема сега надвор ќе седиш, а јас дете.

    Е па затоа сега :
    Оти не ми прајш муабет... ?
    Оди надвор побарај ме....

    Во секој случај не за ќотекот постои друг начин на решавање на проблемите.
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Значи не, не и не! Скоро се може да се реши со разговор. Е сега ако е ЕПТЕН немирно и спобрлавено детето ни со ќутек ни со разговор ништо неможеш да решиш. Ама за тоа родителите си ја сносат кривицата, детето уште од мало учи и слуша се што неговите зборат меѓусебно и со другите луѓе. Дел има и од околината, наставниците и друштвото ама детето се учи додека е мало и општата култура ја стекнува од дома. Памтам кога бев помала повеќе ме тепаа и за глупости, памтам еднаш таткоми ме изнатепа за ништо а јас 3-4 години, епа ај кажете ми што сваќа дете на 4 години што направило и да го изнатепаш само ќе се навреди и кујзнае што ќе си мисли. Сега ако родителите си имаат некои свои фрустрации немора врз детето свое да си ги лечат! И памтам се утепав од плачење позади креветчето и наеднаш таткоми ме грабна за рака и ми вика ИДИ ГЛЕДАЈ ЦРТАНИ!! - значи ненормален е чоекот бе. И ја уште поише. И уште на мајка ми и се јавува на работа да и каже што сум напраила, не памтам сеа за што беше.. И ова добро го памтам беше негде 9 јуни мислам кога завршив петто. Тогаш богами поише ме пуштаа одколку сеа. Чудно нели? :^) И и беше роденден на другарка ми и јас со 2 другарки отидовме во трговскиот во населба да и купиме поклон, и добро купивме јас се јавив на мобилен реков мамо, јас ќе идам до кај Мери и ќе дојдам. И после беф кај неа и траеше тоа Забранета љубов уште и се јави мајка и на девојчето рече, да ја догледаме серијата за 15 минути и ќе ја донесеме. Нели, беше веќе ноќ а јас бев помала.. И добро ме донесоа. И наеднаш татко ми ме пречекува лут на врата и ме внесува внатре ме седнува доле и почнува да ми се дере и да ми мава шлаканици..а па мајками си лежи ладнокрвна во кревет и ми вика а кај беше ти до сега, кај беше?!? Мери си е дома, а ти не си, ти си седиш тамуу!! Како заврши, какви ти се оценките, да ги видам сите, кажувај. И мене ми идеше да се расплачам, и реков незнам. Стварно незнаев а таа година петто ко ненормална учев, пола саат у цел ден одмор немав.И таткоми уште ми маваше шамари, и ја зема папучата и ме мавна. И после уште баба ми викаше ауу ама нишо не ти напраи, јас не слушнав нешто само 2-3 шамари ти удри нели? Леле која дебилка значи! :@ :@ А последен пат што ме истепа таткоми беше негде на почеток на седмо, ме мрзи сега зашо како.. не ме тепале од тогаш до сеа, освен шо мајками ми удрила 1-2 пати шамар онака што су ја изнервирала нешто ситно.. Али па некад посакувам еднаш 10-15 минути да ми удрат еден ќутек, отколку казни од еден месец.. на крај на шесто нешо таткоми на месец ми го зема модемот баш кога завршивме со школо и ми вика праг не смееш да пречекориш од врата!! Ненормално све.. Абе нека ме тепаат, поарно пошто полошо се чувстувам и поише ме замараат коа ми се закануваат и ми се дерат само и ќе видиш ти каков ќутек ќе јадеш, бла бла со некои закани и со тие очиштана таткоми! Ќутекот ке помине и до утре ќе заборават.. а ова у пичку матер..само нешто ми дрндаат и се закануваат секој ден. Ете какво детство, ми направи тој господин почитуван татко и мајками со помал удел, што богами ќе го памтам цел живот.. по разни трауми. ;)
     
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Е па мене ќотекот сосема спротивно ми делуваше. Јас го мразам татко ми заради тоа и уште многу работи. Зошто знаеше да биде родител кога требаше ќотек да јадам, а за друго не....
     
  6. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Леле ги читам мислењава и солзи на очи ми доаѓаат ;( како бе така (мало) дете да тепаш ... Ауу тоа се за мене дебилни родители! :@ Кој е тој начин да му кажеш на детето дека нешто греши... Кој е тој начиин!?!?!?! Постојат многу начини, и разговор и све!!! Па дете е ако од еднаш не разбере, ќе му кажеш уште еднаш и уште еднаш ако треба....
    Убав збор железни порти отвара :angel:
    ама да го удриш само затоа што ни самото не е свесно дека греши :x ... Многу се нервирам вака, ептен, еднаш на улица видов една циганка го искрши од мавање детенцено (нејзино), тоа сирото коски и кожа оваа го мава, од улица го акна ;( Ми идеше да излезам од кола и јас да ја акнам неа од тротоар... :@ Многу ми е жал така да гледам , а не дај боже па тоа да е константно, да се изживуваат родителите врз детето, тоа за мене е семејно насилство! Да скратам, во никој случај не го оправдувам ќотекот! Така ништо нема да решат, а само на детето ќе му наштетат... Подоцна не дај боже може да има трауми, да биде повлечено и исмејувано од други деца и ред други неубави работи (да посегне по дгори и глупости само да му биде убаво и да заборава што све му се случувало - ова го кажувам зашто го имам гледано кај блиски). Све тргнува од домот и семејството!! НЕ за ќотекот!!!
     
    На faye и sonce777 им се допаѓа ова.
  7. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Мајка што крева рака на дете е НЕСПОБНА МАЈКА. Сопствените фрустрации не се лечат со тепање и васпитни шамари и слично. Нека дојде на мене таа мајка да ми дигне рака, а не на некој помал и безпомошен! Ако сакате да се тепате, што се раѓале бе? Има кик бокс, има карате, боречки вештини еден куп, ама пи*ки сте, ви фуфка, само на некој помал од вас можете да му покажете сила. За воспитување на дете треба да се има мозок, не мускул, ама изгледа и вас ве тепале ко мали, па на тоа сте научени и се продолжува „традицијата“. На мене рака не кренале моите ниеднаш по животот, нити по „газе ме шлапкале“, па ете сум израснала во нормална личност, а и ко дете сум била мирна ама тоа зашто ми биле задоволени сите потреби. Децата не плачат и не се беснеат без потреба, нешто мора да им фали. Чукнете си ја главата малце, на друг начин истрошете ја негативната енергија, не ја истурајте врз најневините :swear:
     
    На Moira, blueeparadise и sonce777 им се допаѓа ова.
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Цивилизираните живи суштества на овој свет или се разбираат со збор или воопшто не се разбираат
    Моите немаат рака кренато на мене ама кога бев мала ако направев нешто лошо ќе ме седнеа
    и ќе ми кажеа дека не е добро тоа што сум го направила -дека не треба другпат да се случи
    и уште од мала самата си создавав слика за тоа што е лошо а што не
    и после тие разговори си размислував со моето мало мозоче самата и се каев за тоа што сум го направила
    и после тоа правев нешто добро за да заборават моите на лошото :lol: мала лиска
    и сега така е многу сум блиска со моите посебно со татко ми разговарам за било која тема освен некои :tmi: (за кои не зборувам со никој ) :) освен на форумот каде не ме знае никој и можам д акажам се што ми лежи на срце и знам дека никој нема да ме прекаже и така преминав во офтопик сори
    а имам другарки кои се тепани од мали и уште се неразбрани и уште јадат ќотек а имаат 18 години :?:
    и далечни се со домашните на некој начин одбивни си се не разгивараат и затоа влегуваат во многу непријатности во лоши друштва прават работи кои не се добри и кои ќе им влијаат на понатамошниот живот но нема кој д аги советува впрочем сега касно е и да им кажат џабе е - теле се учи не се учи вол
    Јас мислам ако мало дете доживува трауми, нанесување болка, ќотек
    тие трауми за цел живот ќе траат и детето ќе е агресивно и тоа како
    и ако тоа било претепувано од страна на својот родител кознае како ќе го доживее тоа
    и кога ќе стане родител и тоа на своето дете може да крене рака па и сексуално да го малтретира и слично .А и овие игриве сега Кантер и слични такви влијаат на агресивноста на децата
    и фимови како Долина на волците
    абе ајде филмот трае до 11 јас кога бев мала во 8 бев кома
    завршуваа цртаните на Маркони пред вестите во 8 и заспивав а сега децава ...
    Да не филозофирам многу
    човекот што не се разбира со збор не се разбира ни со ќотек така да тоа не е решение за воспитувањето и точка
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    И заборавив да се докажам.. Малце може го претерав тоа што го напишав зашто внесов многу нервоза, незнам кога го пишував нешто се изнервирав ама сепак, и децата се суштетства и они имаат чувства и нив на пример може да ги боли глава, стомак или што и да е. Мајка ми ми вика е како те боли глава, дете си?! :^) Чувај боже.. Абе најмал шамар тоа е дете - кога е помало погрешно ќе го свати, ќе се налути и навреди и да не чувствува болка од самиот шамар ќе чувствува во душата и кога ќе стане 13-14 години ако детето сега е ептен кревко и така ги доживува работите и ќе стане бунтовно, ќе се завлече во лошо друштво и по лоши навики.. А па ако е бунтовно и онака ако му удриш шамар или го истепаш уште полошо ќе стане. А и најбунтовните деца имаат и душа и срце и длабоко во себе сеуште се деца и имаат свои чувства и размислувања ама затоа што не осеќа дека некој таков го прифатил дека никој не го сака и сваќа станал таков.. А и на крај краева, бунтовен не станал преку ноќ и туку така од ништо. Станал таков заради ете таквите воспитни шамари и однесувањето и воспитувањето на неговите родители. Значи, седнете го и зборувајте со него. Тоа му е најпотребно, и следен пат кога ќе посегнете да му удрите шамар - размислете пак.
     
  10. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Мислам дека е претерано ќотекот да биде воспитна мерка за деца.
    Особено во денешно време. :!:
    Можеш да го воспиташ на друг начин детето,да му кажеш што чини,што не,да му укажеш на однесувањето,а не со ќотек на таков простачки начин.
    И што ако детето не разбира со зборови,тогаш ќе разбере со ќотек а?Ц ц ц :x
    И утре тоа дете како ќе те гледа,цени и сака? :^)
     
  11. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    нама грешка -ќотек- коо божем стока гледаш.тоа е проста работа и за прост народ.нормален човек знае да си го воспита детето на друг начин,а не со ќотек.во никој случај не го оправдувам...
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    НЕ!Големо Не за ќотекот.Децата се мали луѓе,кои што многу добро разбираат,ако кон нив се поставите како да зборувате со некоја возрасна личност.Еве еден пример:Значи запознав една жена која дојде на гости на слава кај мои роднини со мало девојче,некаде околу 5 годинки.Девојчево уште од врата почна да вика не влегувам,да се дере(буквално),ајде влезе што влезе и одеднаш вика,е сега ќе се качам на телевизорот :^) и мајка и наместо убаво да и каже нешто таа уште немој те молам и вика и детево уште толку е нема бе ќе се качам,и мајкава ќути.Јас неможев да го поднесам однесувањето и му викам на девојчето,добро ако не ти е срам,вака голема девојка качи се,само да ти кажам дека јас имам дома кутре,на кое ако му кажам да седи мирно седи,а ти голема убава девојка срамота не слушаш и ја срамиш мајка ти.Да видите како се усрами и не кажа повеќе нижто такво си правеше нормални муабети.Знаци и толку мали разбираат,ако ние се поставиме како што треба.Во случајов мајкава е крива,зошто она си ќутеше и нормално девојчето ќе прави што сака.Извинете вака малку опширно,ама ми беше битно да кажам дека,со муабет се се може и дете мало да разбере,од ќотек нема потреба.
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    STOP NASILSTVO!!!!!

    Ako na svetov ima ponemirno detence od toa sto bese brat mi kako mal, neznam. Od krsenje cazi, cinii, se zivo i divo niz kuka ne kotek i sveti kotek ne mozese da go smiri, detence temperament, samo da cepka nesto, da se seta niz kukja. :) :D e aj smiri go :P nema sansi,takov si e do den denesen :D

    Kjotekot nosi traumi vo detskiot period, a mnogu od lugjeto sto imale traumi vo detstvoto PEKOL im e zivotot potoa ;( inaku se sto se slucuva e vo nasata potsvest samo sto dobrite raboti isplivuvaat na povrsina, a losite se potisnuvaat, no koga-togas i tie isplivuvaat na povrsina :D za zal ;(
    [mod-kirilica:1zde10ik][/mod-kirilica:1zde10ik]
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас како мала многу јадев ќотек од мајка ми, бев многу темпераментна, не знам дали проаѓаше ден, а да не ме истепа.Мислам дека понекогаш толку ја мразев, што ми идеше да се убијам.не ја оправдувам што и ден денес вели дека сум била како машко, со мене не се излегувало накрај. Па боже мој , иако ми е мајка, никој не ја терал да се мажи на 18 години и за 3 години да роди 2 деца. Па нормално дека ќе попуштиш на нерви. Ама ај нека и е простено, јас никогаш нема да го тепам моето дете, си има начин како да го воспиташ. Не може да ми каже некој дека во ќотекот е решението. НЕ никако!!!
     
  15. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Ќотекот е нешто најлошо што родителот може да му го направи на своето дете. Мене татко ми никогаш не ме удрил, а мајка ми ехее иако бев премирно и преповлечено дете, мајка ми и за најмала грешка ми се дереше и ме тепаше, баба ми кутрата стално ме бранеше и беше на моја страна. Е сега си имам милион комплекси и се повлекувам од се со страв да не згрешам, да не ми вика некој... Сега имам подобри односи со мајка ми односно се трудам да биде така, ама џабе загубеното не се враќа кон неа сум ладна и ни на крај памет не ми паѓа да ја гушнам или да ја бакнам, едноставно не можам ми одбивна и се карам кога му вика на брат ми и на сестра ми т.е нема ден, а да не ме изнервира таква е малку невротична и себична чим досега не се променила од сега ич... Друго, не сваќам зошто раѓаат деца оние кои се невротични и неможат да ги трпат? Зошто своите комплекси му ги пренесуваат на децата? :^) Најдебилно ми е кога гледам дете кое пр. сака некоја играчка или пак не сака да јаде во моментот и родителот почнува да му се дери и да го тепа и тоа на сред улица :x Зошто? Толку не знаат макар некоја лага да му кажат на детето? Јас разбирам дека финансиската состојба на многу луѓе им е лоша и имаат многу проблеми, ама кога веќе се решиле да имаат дете тогаш нека се однесуваат кон него како кон личност! Децата се оние кои се најневини и прават НИКАКВИ грешки за разлика од возрасните. А што ќе беше да ги тепаа и да ги казнуваа возрасните за нивните грешките? :?:
     
  16. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Морам и јас да кажам дека сум против тепањето, тоа за мене е насилство врз децата. Кога бев мала до 6 години живеев во село со баба ми и дедо ми но кога наполнив 6 год. морав да дојдам во градот каде што работеше мајка ми за да тргнам на школо. Од тогаш за било која грешка макар и најситна да е, јадев котек и тоа саглмски.И до ден денес иако имам веке 15 ипол години кога се скарам со мајка ми таа има навика да ме удри по главата што можеби јас го издржувам тоа но знајте одвнатре во душата боли. Порано кога бев помала уште со што не ме е удрила...Со тавки, со сукалки, со дрвени лажици и дури не памтам со што веке не по толку многу котеци а богами повеке имаше и навреди што не верувам дека некоја друга мајка и го има кажано тоа на својата керка (се надевам знаете за какви навреди станува збор).Па затоа до ден денес јас немам никаква комуникација со неа освен кога треба да ја прашам нешто што навистина ми е потребно и никогаш не ми е покажала мајчинската љубов од неа само котекот и викањето го знам во животот. Додека за татко ми немам зборови човекот НИКОГАШ во животот ме нема ударено или навредено али кога каже нешто кажано е и . Значи со разговор може се да се постигне и кога би имала деца ке си ги чувам ке си ги галам пошто имам доживеано на своја кожа котек и знам како е а и тоа ке биде дете и секој уче од грешките и со добар муабет се што се сака може да се постигне. И баш напротив повеке ги сакам палавите деца одколку мирните незнам некако поинтересни ми се :)
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.424
    котекот не е воспитна мерка, во никој случај..
    јас и брат ми ниту еднаш не сме добиле шамар, ниту сме биле истепани од страна на родителите, па израснавме во сосема нормални личности, културни...
    мислам дека котекот го применуваат они луѓе кои веке неспремни станале родители, односно многу младите мајки и татковци, бидејки немаат баш нерви да разговараат, на смирен начин да ги решат работите... и ајде ни криво ни должно детето истепај го..
    моите родители малце постари се решиле за деца, односно кога биле и психички и економски спремни да не исчуваат, и затоа не ја применувале оваа техника..

    според мене најдобар начин за воспитување на децата е наградата, а не котекот..односно да се научи детето дека треба да направи добри работи, бидејки со тоа и тој добива некоја добрина.. а не да се казнува на било кој начин
     
  18. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    ве читам и гледам само од децата одговор :) јас како мајка исто би кажала дека котекот не е решение :!:
    да,но како искусна мајка на две керки кои се толку различни :o понекогаш незнам како да постапам...но ке кажам само дека секое дете индивидуално си разбира и си замислува во своето главче :* и секако дека треба подршка со разговор и насмевка за поттик мотивација,а следното е НИВНО :*
     
  19. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Ќотекот е израз на слабост. Ако си доволно паметен, разумен, стабилен ќотек нема ни на памет да ти падне да го примениш. И што ако на детето му се даде ќотек? Ефектот е стравопочит, а не почит спрема родителот. И остава длабоки последици....
    Јас фала Богу никогаш немам добиено ќотек од моиве - освен некоја клоца по газ кога бев помала кога ќе направев некоја беља :)
     
  20. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Потполно се согласувам со претходното мислење! Со ќотек воопшто нема да го вразумиш детето туку само ќе му внесеш страв од тебе и ќе те гледа со поинакви очи. Ако тоа што го направило детето друг пат нема да го направи тоа е бидејќи се плаши дека повторно ќе биде тепано, а не дека сфатило дека не треба да го прави тоа.