Не, нема. Доволно ме вреѓавте, и не е цела фемина, далеку од тоа. Да ја видиме следната етикета сега.
Море како ми иде да им влезам во она судот и да им мавнам на сите по еден ќотек саглам, па ќе видите дали е од рајот или пеколот. Уф како сум љута
Јасно ми е се, само не е оправдување за тоа што се десило. Али доста вергламе, се надевам доберманот нема да го плеснеш пошо може да те фати
Oф Боже ко со дрво да зборувам. До утре пишувај си ти ако сакаш, пак нема да бидеш во право. Никој не ти лепи етикети, ти се кажува дека си погрешила. Инаетот терај си го на друго место, овде само те прикажува во негативно светло. Ем кажуваш дека си истепала дете, ем се љутиш оти ти рипнаа феминкиве. Што сакаш, да ти честитаат, да ти речат алал следен пат на ортопедија прати ја? Не сте ми јасни мајке ми.
Уживај, уште немам искуство со одгледување дечиња, ама со кучиња и те како. Да го социјализирам убаво и те канам на гости да му ја тестираш толеранцијата и послушноста
Ама знаете дека родителите кои се служат со ќотек за "воспитување" и оние кои не прават ништо околу воспитувањето се исти? Првите се истураат врз децата, а на вторите ич не им е ни гајле за нив. Е, ние цело време за третите ви збориме- не тепаат и работат на воспитување. Ако имам проблем со такво дете, а не е мое, си има родители, на крај краева и стручни лица и нека си решаваат. Јас бесот ќе си го истурам на перница или ќе дрмнам виски после чувањето и тоа ќе биде последно што ќе го чувам. Не знам како не ви е јасно, дека удирање туѓо дете е казниво и со закон. Под туѓо се мисли и на внуче. После докажувајте се дека било лесно шамарче, воспитно за негово добро итн.
Definitivno se slozuvam so postapkata na @1992g Neka si kazvat samo drugite, nazad im e zimata koga ke bidat roditeli.. Zasega
Поголем дел од членовите кои ја "нападнаа" се родители. @1992g Не треба така. Прво не си смеела да ја оставаш сама. Од секој напишан збор се гледа дека на девојчето и било досадно и имало вишок енергија. Најдобро е да оди во градинка. Да се запише на дополнителни активности како на пример пливање, не знам дали има пливање за деца над 3 години во Мк како активност. На детето му е досадно.
Знам за неколку вакви примери. Не само пелтечење. И други состојби, кои од физиолошки минуваат во примарни. На жалост, речиси секогаш причината има психолошка позадина која произлегува од домашни услови. @John Snow Дете од 2 години не ги разбира последиците, нема развој на когнитивни процеси. Тешко е и не е во ред да го наречеш невоспитано, само затоа што минува нормален развоен период на учење и истражување. Што не значи дека не треба да зборуваш, објаснуваш или пак се да дозволуваш. Точно е дека на оваа возраст може да се постават правила, но да се очекува од детето да биде робот, а при тоа да се мава оти не е, е апсурд. И да, точно е дека децата се одраз на родителите. @NarCis@ И тепање свое дете е казниво, не само туѓо. Социјално ги одзема децата, а ним им се одзема родителското право. Има еден куп деца во детско село, одземени од вакви родители. Само нема кој да ги пријавува. Луѓе и да видат, велат ај, 2, 3 шамарчиња, ништо не е. Трагедијата е што она воопшто не е родител на тоа дете @Youknow А за таквите постапки, како нејзината и оправдувањата овде на истата, кривично се одговара.
А многу повеќе ме поддржаа приватно Уште еднаш ќе кажам, јас бев да мокрам, со отворена врата. 1 минута, само што ми виде грб, таа шклап на вратата. Не се ни доизмочав. Знам дека многу од вас пред децата серат и мочаат, ама ете, јаа не можам, извинете.
Добро ете, си ја испуштила од вид на кратко, сигурно и на многу родители им се случило. Мора ли да ја истепаш после?
Де бре, претеравте и вие аман. Едно е да се изживуваш со ќотек, друго е да го плесниш некогаш кога е стварно невоспитано и насилно. Прајте разлика. И не се вадете на тоа дека сите деца врват низ таков развој на вриштење и трескање од земја. Така прават оти родителите му дозволиле да му се качат на глава. Јас и брат ми не бевме такви. На брат ми никогаш не кренале рака оти беше мирно дете, а јас си добивав понекогаш плескање по газ ама си бев брливо дете по малце. И ете, преживеав без последици. Не се трескајте толку од земја само.
А се сеќаваш што сте правеле кога сте имале 2 или 4 години? Дали сте биле "мирни" или "немирни" деца?
Таа мораше ли да се испентари за да се фрли, и откако ја спречив да ме каса ? И не, не ја истепав (така се изразив в првичниот пост, да) според мене да истепаш е нешто многу повеќе. Крај краева пак се сведува се на тоа дека вие мислите дека јас мислам оти правилно постапив, не, не мислам, и реков дека ЗГРЕШИВ и дека се било во афект. А сега, одам, малата стана и ќе одиме во Веро Џамбо. Ми помина денот во објаснување ама џабе. Поздрав феминки.
Па таа е дете, љубопитна, темпераментна. Ти на 27 години (ако толку имаш според никот) не можеш да се споредуваш со неа. Пардон, си ја исшамарала што пак е ќотек.