За брат ми нормално памтам, бев повозрасна кога тој растеше. За мене кажуваат моите и нема шанси да лажат. Доволен беше само оној поглед од мајка ми за да си ја знам границата.
Како не се сеќава па ти. Дури и бебиња кога биле знаат што правеле. А некои дури од шест месеци се воспитувани
И благодарение на тие шамари, денес е дете за пример. Била прашана утрово дали сака пак јас да ја чувам, рекла ДА. Разговаравме јас и таа, малата си ги знае грешките. Арно вели татко ми, заради тоа што "сум ја поставила на место" мене ќе ме бара бидејќи и се допаднало поставувањето граници ЗА ПРВ ПАТ (макар и со ескалација и на лош начин што ја шлапнав, ете).
Прочитав нешто кога ќе бидиш родител ќе те видам како ќе ги воспитуваш децата. Нема врска што не сум родител. И јас сум била дете, сум била хиперактивна и немирна, сум правела грешки и глупости како и секое дете. Но моите родители никогаш не кренале рака на мене, наместо тоа ме научиле како треба да се однесувам преку разговор и само разговор. Кога сум грешела ми укажувале на тоа и ме научиле да се извинам. Исто и тие кога грешеле ми се извинувале. Човечно е да згрешиш. И возрасните грешат. Подобро 1000 пати да му објасниш на детето со убаво отколку да го испотепаш и после да има трауми или пречки во психолошкиот развој. Па куче кога дресираш не го тепаш. Крајно нечовечки и нецивилизирано е да применуваш насилство во воспитување на децата.
За среќа, само вие сте свесни за се нешто. Еве ја што сум била мавната по гз, најголем дегенерик сум сеа, а не сум свесна за тоа. Боже господе и сите светци. Се нафрливте на девојчето беспотребно многу. Се би звучело многу пофино кога мислењето би било еден коментар, без потребата за докажување кој е најдобар. Никако не ја оправдувам, далеку од тоа, а таа и сама си е свесна на грешката. Факт е дека има разлика од дете до дете и со некои се поминува полесно и среќни се тие родители со тие деца. Ќотекот ниту е оправдување, ниту воспитна мерка, ниту од рајот излегол. Ама има деца кои навистина не се разбираат со збор па ти труби до миље воље. Трудна сум, ќе се обидувам на најдобар начин да го извадам најдоброто од моето дете, некогаш веројатно ќе биде полесно, некогаш потешко, некогаш едноставно може нема нит да се води нит да се тера. Пуфка по гз никому никогаш не оставила траума. Никој не збори за крвничко тепање побогу, ниту оправдува такво нешто. И доста со тоа “како го остаи детето само”. Божем вас не ви се десило ниеднаш. Некои деца едноставно не може да се довардат па ако сакате и на глава превртете се. Мајка ми, единствената жена во која имам милион посто доверба, не не пуштила од рака мене и брат ми, 10 години скали сами не сме искачиле/симнале. Толку ни се тресеше над глава. И пак во еден момент брат ми ќе и се испуштеше од рака, и за секундата ќе напраеше беља, оти таков беше, брлив. Не се секирајте нема никакви трауми детето, ептен кул дечко е. Туѓо дете не се воспитува на никој начин. И недај боже некој да проба да воспита мое, нема да одговарам за постапките. Родителите секако се најзаслужни за однесувањето на своите деца. И пак ќе кажам, среќни се тие родители што немаат поголеми проблеми со децата.
Па и за туѓо дете се работи во постовите, за свое си одговара родителот. Еве јас не би земала да чувам дете, не сакам таква одговорност зашто па и плус имам и свое кое не можам од очи да го испуштам. Ама да земам од брат ете да чувам и притоа да го шамарам, извини, но не е прифатливо тоа. Си има тоа дете родители, ако е немирно, ќе им го вратам одма и повеќе не го земам.
Мислам дека премногу ја нападнавте @1992g Членката рече дека сфатила дека греши, ниту јас не ја оправдувам таа нејзина постапка. Замислете своето дете или внуче да го видете како виси од тераса, па во афект се може да се направи. Јас може не би зашамарила, ама сигурно би се развикала и би го казнила на друг начин (на пример, нема да си игра со другарчињата 3 дена). Исто така, по тоа што таа го кажа, девојчето е (било) крајно невоспитано и се му е дозволено од родителите. И тука тие се виновни. На дете му се кажува дека не може да има се што ќе посака во животот, во спротивно ова ќе се случува. Никој не е должен да трпи невоспитано дете. Правете разлика помеѓу убав ќотек и една воспитна која е само доволно за да знае дека греши детето (а не да го повреди!). Сум добила и тоа и тоа, и убаво ја знам разликата. Едното остава трауми, другото е лекција. Не, не оправдувам воспитување со насилство, ниту дека ќотекот е излезен од рајот. Но дете како дете, понекогаш ќе сака да оди до крајност, па мора да знае до каде е границата. И да, тоа најубаво се постигнува со разговор, за да сфати дека греши детето и да не го повторува тоа во иднина. Многу ми е жално кога гледам деца мали на родендени, урлаат до бескрај а родителите си седат безгрижно. Сепак, детето е одраз на (не)воспитувањето од родителите.
Таа вели дека ја навредиле многу. Ниедна навреда не прочитав, во смисол погрден назив. Ако несогласување ја вреѓа, важи. Бај д веј- ја натепа оти е помала и послаба,а не оти така треба. Оти не тепаме надвор некој што ке не извади од контакт ,а е посилен од нас? Отиии, можда истепани ќе бидеме или полиција ке ни дојде. Нема аргументи за тепање дете на кое му треба психолог. Ко политичар е теткава, сите муабети ги изврти за 180 степени. Ако пак се случи исто пак ќе ја удриш или имаш нова тактика?
Никаде не ја оправдав. И ја не би чувала туѓо, па и на брат ми да е, посебно ако знам дека е брливо. Туѓото си е само туѓа грижа се додека не е соодветно социјализирано и воспитано, за да се остави на некој друг.
Има мирни деца има и галени и ралигавени сега по модерно ги викаат хиперактивни а тоа не е ништо друго него разгалено дете се знае што е за дете што не е треба да се знае до кај е границата
@1992g како прво, ако знаеш дека немаш контрола над детето, не го земај на чување. Одвратно е што си ја исшлакала и заклучила во спална. Не знам со кој памет денес пак ја чуваш. Тоа дете цел живот ќе памти дека си го удрила. Не се согласувам ни со "не е твое да го тепаш", има други начини да се научи како, ама не знам со кој памет мајката на тоа дете пак ти го доверила денес. Не знам како си дозволувате да удрите некого. Тоа дете еден ден треба да е фукционална возрасна личност, а не силеџија и тепач.
Жалосно е што сите тука сте против семејно насилство, а сепак "една воспитна" не ја класифицирате како такво нешто. А всушност и тие воспитните спаѓаат во семејно насилство. Како тоа не е во ред маж да тепа жена, жена да тепа маж, ама во ред е на дете да му се даде една воспитна?! Ајде ставете се во ситуација на секоја ваша грешка во работата, претпоставениот да ви удри по една воспитна, наместо да ви укаже на грешката и како да не ја повторите истата следниот пат. Како ќе помогне воспитната кај дете кое не знае да ги контролира своите чувства?
Многу сте јаки и компетентни пред нас „децата“ што „назад ни е зимата“ само зашто сте родители. Пошто сте опседнати со искуство и лични ситуации како потврда, мене па ме интересира дали вас лично друг член од фамилијата ви удрил дете и дали баш (би) ви било така сеедно, па и да го поддржите. Ако да, тешко на тие деца. Не знам јас за себе дали ми е назад зимата, не се ни гледам воопшто со деца во иднина засега, но за вашите деца баш ми е жал. Патем членкава не е чудно ни да нѐ дрибла, во тоа што го пиша прееска дека внуката магично станала мирна па и ја барала сега, чисто се сомневам. Во секој случај дрскост до срж ѝ вришти, и кон мајки што ѝ реплицираа, критика прифаќање 0.
Всушност подобро воопшто да не бидам мајка, отколку да бидам лоша мајка. Така да, оправдувањето од типот дека не сме родители уште не ви држат вода.
А од кај научило девојчето да тепа, каса и слично? Може и нејзините дома ја тепаат лога прави бељи и.после никому ништо. Ни да се објасни како што.и зошто. Може има недостаток на внимание а родителите за да и надоместат за тоа ја разгалиле со друго. Има многу можеби. Ама како и да е, дете не се воспитува со ќотек. Па туѓо дете да тепам нема шанса. Имало ситуации кога и мене ми идело да ги натепам но сум се воздржувала. Не можам да го сфатам моментот, да ти олесни кога тепаш дете. Ја по газе.да ги удрам па ноќта не ќе спијам од мака. Дете од 4 години веќе може да разбере некои работи ама треба некој да му ги каже.
Се прашувам сите ли помини замини му даваат на детево по некој шамар, оти бесно нели, па да го учат на ред? Ако е така пусто дете што расте во фамилија каде шамарите се воспитни мерки, па еве, и тетката без проблем мава шлапа. Во спротивно тешко на тие родители што доверуваат мало дете на чување кај личност која се служи со насилство. Како и да е неубаво. Гревота. Како да научи и тоа дете да се справува со сопствените емоции и тантруми кога живее во токсична средина и опкружено со насилници. И да. Кој крева рака врз дете е насилник. Шамари, плескања.. тоа е насилство. Оние кои го користат истото, па уште и горди демек постигнале некаков посакуван ефект во “воспитувањето” не можам да ги сфатам. Зарем веруваат дека едно мало дете на таа возраст(или било која) освен страв во тој момент може нешто друго да научи од “лекцијата”? Уствари да, кога четивото, лекцијата де, на редовна база ќе му ја сервираат само ќе го повторува имитира понашањето на возрасните. Не е ништо да го плеснеш, да го шлапнеш, да го искубеш... Страшно. Арно го навасале. Јас у мисла се ставив и за терасата, што не се затвара, а пак иде детево таму. Јас мир не би имала со мало дете дома да не можам под клуч да држам потенцијални опасности.
Кога жена ќе се пожали дека мажот ја удрил, ја советуваме да се разведе, дека е насилник и слично, а кога теткава го ишамарала детето, некои од вас го гледаат како нормална работа, демек и се испуштило. Големо чудо де, мора да се научи на ред.
Има деца и кои не се разбираат од збор, научени се да им се попушта и се да биде по нивно, бидејќи така ги научиле се да им биде угодено.