Кога не може човек да се справи со сопственото дете и неговата состојба или фазите низ кои минува може да користи литература на таа тематика и да се информира за начините за надминување. Има и лица кои се стручни во таа област па може и родителот да разговара и да побара помош. А доколку на детето му е потребно и со него да се посетат истите. Има толку многу начини... освен ќотекот.
А ќе ги научиш со шамар? Ако го удриш, само ќе му всадиш страв во коски и ќе биде мирно од страв да не си го окрка пак, не дека си го воспитал. Како беше приказната со детето што земало камен за да го удри мајка му?
Ќотекот врз дете е одраз на немоќ на возрасниот да се справи со ситуацијата. И тоа е повеќе од јасно ,од напаѓање на членката немаме ништо. Не се снашла во улогата која и ја довериле. Можеме да зборуваме за авторитет,за казни и награди,за поставување на граници и што повеќе го боли детето?! Дали треба да се казнува и како? Освен физичкиот удар ,друг удар кој ги боли е ударот на нивниот интегритет. Од моето време поминато во градинките забележав дека многу ги боли одењето во ќош! Или мајките кои употребуваат заплашување од типот "Ако не слушаш или не прекинеш, ќе те дадам на циганката" Или викање на своето дете. И тоа е подеднакво страшно колку и удирањето! Од друга страна, сведоци сме на ситуации каде родителите воопшто немаат авторитет, а често се и жртви на своите деца. И тоа не е за занемарување. Немање никаков авторитет на дете од 3 год. може да значи и немање авторитет и на 14 год.кога пропустите во воспитувањето излегуваат на виделина. Неодамна дознав за случај каде 16 год. син ја нападна својата мајка,а тон му немаат повишено неговите родители.
Таа состојба кај детето е од самите родители, бидејќи они тоа му го дозволуваат. И тоа веќе го кажав претходно, сите што глумите супер модерни мамички тука, наместо да мудрувате седнете и воспитувајте си ги децата. На дете додека не му поставиш граница оно не знае до каде смее. Можеби кај некое ќе помогне и тој шамар. Мене мајка ми само 3 пати ме има удрено во животот, 2 пати кога бев мала и еднаш кога бев веќе поголема, па не ми останале трауми туку сум сфатила каде грешам, и никогаш повеќе не ми текнало да го направам тоа, не од страв дека пак ќе јадам ќотек туку дека сум научила нешто од тоа.
Од толку што се добри и модерни денешниве родители, полно е разгалени и невоспитани деца што креваат рака на тие истиве што ги довеле до тој степен. Не го гледај на криво, не му викај, не му се дери, не кревај рака на него.. Никој не рече дека плеснувањето треба да е прво нешто шо треба да се направи за немирно дете. Ама кога упорно и упорно не се разбира од збор, епа ќе си добие една по газ по цена и да не спијам таа вечер од грижа на совест дека сум го удрила.
А си научила дека работите се решаваат со насилство. Да те удри дечко ти на пример зошто си го изнервирала, што ќе научиш од тоа? Или сега ќе речеш родител и партнер не е исто. Ама насилство е насилство. Во никој случај не е оправдано освен во самоодбрана.
@Snowflake97 јас одлично си ги воспитувам децата, пред се без ќотек, шлапање, удирање, плескање... И да, и читам стручна литература кога чуствувам дека не се справувам најдообро со некоја ситуација и професионална помош сум побарала за полесно надминуавње на истите. ЈАс ниту верувам ниту поддржувам граници поставени со насилство. А ниту нормална држава со функционални социјални служби го прават истото.
Првите пет се најважни на свет. Тоа секој родител треба да го знае.После се е џабе. Кога двегодишно дете меѓу кои и моето пробува да манипулира треба да се постават граници. И треба сите околу детето да имаат ист став. И да,треба коњски живци, да ти падне уста од зборење и секако граници.
Не знам. Еве, ти како поискусна во оваа област, кажи ми. Колку шамари на ден, во недела , во месецот е ок? Кој интенитет е дозволен. Да вцрви образ, да остави модрица...?
На насловната страна на сајтот на Фемина стои видео од мајка како го удира со клоца своето три годишно девојче. Ако на некој тоа видео му е ќеф да го гледа, нека слободно продолжи да коментира како со насилство се решаваат работите.
Дали ако се опнеш еднаш т.е прв пат со момак, те прави тоа искусна во СЕКС ? Ај ај, со кој си имам јас полемики тука. Јадни деца ваши, мешање баби и жаби цц
Па и 100 пати да се опнеш, ако не те бива - не те бива. Барем нашите деца нема во насилници да пораснат
Да. Треба. Зошто шамар не е начин. Туку лечење комплекси свои. Детето е дете. Ако му посветиш внимание добро ќе се однесува. А ти си го оставала само да оди секаде и згора на тоа ќотек. Од тебе родител не бидува. Ич не раѓај.
Не сум научила дека со насилство се решаваат работите, туку сум научила каде сум згрешила. И да тоа ќе го кажам родител и партнер не е исто, родителот ме створил и ме гледал, ме советувал и воспитувал, а кога сум ги преминала границите и нивниот праг на толеранција сум добила воспитни. БравоС за тебе!
@1992g тоа што игнорираш членки што не се сложуваат со тебе, не те прави во право. Во врска со коментирање на вакви теми, мене ми е помило да прочитам девојка што не е мајка уште, а е свесна дека дете со тепање не се воспитува, од мајки што мислат дека ќотекот од рајот излегол.
Невоспитани луѓе ги има и возрасни, на јавни места, знаат и директно од такт да извадат со својата некултура. Ако ќотекот е стварно излезен од рајот и нешто нормално, што не почнете да шамарате такви полнолетни персони во јавност? Зошто баш за децата како најкревки суштества во развој е ова уште нешто дискутабилно и општествено прифатливо од пола народ, и тоа од нивните родители - од кои треба да ги учат и впиваат основните вредности во животот? Апсурд.