Најстрашното е што е медицинско лице. Во најмала рака полагала психологија. Кој се те гази мори Македонијо.
Прочитај наназад убаво кое е моето размислување за ќотекот, зошто толку многу напишав ама вие селективно читате.
Никој не чита селективно, напротив. А со самото тоа што напаѓаш и навредуваш повозрасни жени остварени како родители, кои се обидуваат да ти укажат на некои работи од лично искуство, доволно кажува за твоето воспитување, т.е ова е резултат на воспитните на кои мајка ти не штедела очигледно. Насилна и агресивна си и во мислењата што ги пишуваш, не знам како би се однесувала ако оваа дискусија би се одвивала во живо. Можеби ќе им лепиш шамари на сите што не се сложуваат со тебе?
Нема воопшто потреба од дискусија за физичко насилство,шамари и удирање на деца,тоа е пораз за секој родител! Се развлекува расправава ,нема потреба,ќе си има свое дете и тогаш состојбата може драматично ке се смени. ако е поентата да и впериме прст за да се чувствуваме како супер мајки што не удриле дете тогаш значи дебело некаде грешиме. Го занемаруваме и психичкото насилство,некако е помалку видливо,а многу присутно,за него не збориме,евидентно и на темава. Ќе кажам и на темава,јас моите деца ги немам удрено,иако ми се јавиле желби во пубертетов. Ама има нешто што не можам да си го простам,а тоа е кога се роди втората ќерка и се излудивме со грчеви,а поголемата нормално си бараше внимание , тогаш и се развикав за глупост, и 16 год.ме боли душава за тоа,бев вербален насилник, ништо поразличен од оној што удира по газе. Муабетот ми е, двете болат и имаат последици, подеднакво. Но за најлоши мајки ги сметам токму тие,пасивни агресори. Знам мајка која редовно повторуваше не го удира своето дете,ама ако не изедеше од кашата му ја буташе со сила заедно со повраќаното,и го тераше да го јаде,врв на агресија.
@Cosmi Воопшто не се занемарува, и не ни треба да се занемарува, психичкото насилство. Темата е ќотекот како воспитна мерка, па диксусијата се движи во тој правец, физичкото.
Зошто во темава упорно дискутирате за мали деца, зошто не дискутирате за употреба на ќотекот како воспитна мерка кај повозрасните деца кои бегаат од училиште, кои пушат, крадат, се дрогираат, се тепаат, кои не учат итд???
Во право си. И за тие деца, до 18год. треба да се дискутира. Ете, според мене, на пример, тинејџер со зависност му треба професионална помош. Дете со тешкотии во учењето или кое одбива да оди на училиште треба да се разговара и да се открие причината за незадоволството или одбивноста кон истото. Ако пуши, боже мој. Ќе зборам, ќе укажувам за последиците по здравјето и слично...ама пак, нема да мавам.
Прашај родители на зависници кои збореле, збореле, збореле и на крај кога децата станале прави зависници кои тешко се враќаат назад, се покајале што не примениле и построги мерки на казнување. Тоа дека ќотекот излегол од рајот не го измислив јас, тоа е многу стара поговорка која ја применувале старите, така да не ми ја препичувајте мене по стоти пат. На жалост и ќотекот не помага кај секое дете, некој ке се опамети а некој ке стане полош, сепак се е индивидуално...но мораме да заклучиме дека некогаш мора да се употреби и тој метод ако заслужи.
Тек па кај нив ќотек не помага, ако зборуваш за малолетни престапници. За бегање од школо , сите сме бегале, еве можда не сите, јас имам бегано иако бев одличен ученик. Бегав од бес повеќе или во друштво. Пушење хм...да тепам дека пуши? Па прво треба мајка ми татко ми и брат ми да ги истепам. Маж ми се откажа, не морам, страв му беше Не учат? Не мора сите да учат. Ниту можат сите да учат. Само во мк има "ај сите на факс". За дрога треба лечење и не ќотек. За малолетничка деликвенција подлабока тема , за која немам многу аргументи . Медицина на докази базирана нели применуваме, зошто не и воспитување базирано на докази Дете сосем загубено и излезено вон контрола во суштина е несреќно и незадоволно. Сум промашила како родител. Со ќотек нема да се искупам, има некои и си ги убиваат децата и обратно. До кога ќе го тепаш? Се додека не биде посилен/лна од тебе? Социопати се ствараат. Психопати се раѓаат.
Тогаш треба да се преформулира темава, бидејки физичкото го прати често и психичко насилство,а воопшто нема што да се дискутира на тема физичко освен билдање колку сме другите добри мајки, а сите имаме или ке имаме некоја грешка. Подобро да збориме за начини на воспитување,за авторитет,за справување со проблеми.... Треба да се збори.Лесно е да се справиш со мало дете,тешко е со големо.Колку и да е клише муабетов,толку многу е вистинит. Се смеев порано на ова.Со големи деца проблемите се поголеми,а грешките во воспитување доаѓаат за наплата.
Тинејџер зависник ќе чекирам во клиника без да го прашам бидејќи јас одлучувам. За возрасно, полнолетно лице, кое само треба да потпише, да, ќе зборам, нема да се тепам. Се сложувам Косми, така би било посеопфатно.
Малолетен, да, јас ќе го чекирам. Со помош на татко му, болничари или друга професионална помош. И тогаш, првен ќе зборувам, ќе се обидам да допрам до него на некој начин. Ако не јас ќе побара стручни лица да го сторат истото. Не си го замислувам чекирањето како тегнење за уши на сила. Тој прв чекор, преземање на истиот, е далеку покомлексен од бутање по ходници.
Бабе , а кога ќе го истепаш и врзеш за кревет, ке се излечи? Еднаш ќе мора да го одврзеш. Дрога е гадна работа. Лечењето апсолутно не е успешно кај сите. Макптрпно и пекол за блиските и болниот. Ама тоа е, ќе се бориш.
нема веќе да правам моабет на оваа тема..како велат, пљукни си во пазуви и кажи да не даде бог. поздрав.
Значи, резиме. Родителите може да тепаат, туѓи луѓе не. Е сеа тетки може, оти се иста крв. Среќа една до две тетки има, замисли 10 да се, секој ден по 2 ќотека ќе јаде. И мајка и тетка и сите кои си тепаат деца... треба да ви ги одземат. Плескање по газе е насилство не па шамар. Детето учи дека ако не прави некој како што сака оно треба да го тепа. Учи дека ако некој згреши, не треба да му се објасни туку да се тепа. Од страв полека се ќе прекине да прави за да не згреши. После деца дебили. Ако, само тепајте.
Море жени не е спорно дека котекот не е решение за проблеми и за воспитување на дете Ама нема мајка шо еднаш макар по памперс не шлапнала не зборам за силно ударање клоцање такви работи не ни ги помислувам
има мајки кои и уши истегнале и посилно мавнале..има, постојат, но не мора да значи дека тие се лоши мајки.