Фала ти, комплименти ми се ова од страна на такви луѓе како тебе. Тебе вредностите ти се толку извитоперени што не ни постои во твојот ум нешто како лош родител, дури и во дисфункционални семејства со тапија. Спремна си секаква ситуација и лично искуство да извртиш за постарите да испаднат жртви и во право. Ниту ве боли душа, ниту се каете, обични патетики се тоа... да беше така немаше тука гласно да се браните. Нема да имаме појма никогаш за ваков примитивизам, ниту ќе ве разбереме. И да не се чудите зошто младите се несреќни и со психички проблеми, не е до времињава, туку баш напротив, од ваквото зло што се провлекува баш од оние минатите времиња. Луѓето во вселената стигнаа, ние тука расправаме за насилство оправдано според поговорки од турско време. Жално и гадно...
Богами ако јас како родител не успеам да воспитам дете на убав, културен начин, ако дозволам да биде размазено и да им наштетува на други, да прави триста циркузи и да му биде животот во опасност, а мене ако мува не ме лази како се однесува и што прави, тогаш навистина ќе немам право да писнам, ако некој реши да ми го превоспитува моето дете на друг начин. Како што велите дека родителите кои со ќотек ги воспитуваат децата не заслужуваат да имаат деца и треба да им се одземат, така јас ќе речам и родителите на кои децата им се невоспитани не заслужуваат да ги имаат децата. Јас имам преголем праг на толеранција, не би воспитувала ни мои ни туѓи деца со ќотек, ама ако животот на мое или друго дете е во животнозагрижувачка ситуација, а претходно разговор не помогнал-што не смее да прави, тогаш можеби и едно-две плеснувања не се ништо страшно во таква ситуација кога живот е во прашање.
Еве јас сум мајка која никогаш не го удрила своето дете, работам во градинка со 30 деца и по 10 пати на ден ме вадат од такт и никогаш не сум ни помислила да удрам некое, чував и уште ги чувам моите внуци и тие ме извадиле од такт ама никогаш ги немам удрено. А да и ме израснале родители кои некогаш не ме удриле,па еве ме воспитана, културна и ненасилна. И како родител, а и професионално разговарам со децата им укажувам на грешката, ако и тоа не помага тогаш може да казнам како нема одење надвор, нема играчки и сл. На работа најстрогата казна ми е седни на столче и одмори се 5 минути.
И ние како родители треба да водиме сметка за сопственото психичко ( а и физичко здравје) . Ако за себе не си добар, како ке бидиш за детето. Губење на контрола и за родителот е сигнал дека нешто не штима. Има една сорта луге, кон своите деца се најфини , најмило се однесуваат, а кон туги деца и луге возрасни, се стоки неотесани кои лечат фрустрации, а тек ако имаат формална моќ, па па па.. Е ,ако размислам за физичко насилство дека треба некому , прво тие ќе ми паднат на памет кога без потреба малтретираат некого.
Зошто после десет години да ти го каже истото? Читаш ли дека нејзините не кренале рака на неа? Толку ли ви е тешко да поверувате дека постојат луѓе што не ги тепаат своите деца? До кај стигнавме, да се убедуваме дека не лажеме тие што не ги тепаме децата или тие што не биле тепани. Толку да е вкоренето тоа дека дете ако не се тепа нема да биде воспитано, страшно.
затоа шо има една поговорка знајме шо помина а незнајме шо ке дојде што сте толку разпашани сите едвај се чека некој да пише обратно мислење и да се нафрле на него Пишав и јас некаде поназад не подржувам котек на дете со котек не се решава ништо но никој неможе да ме убеде дека еднаш не си плеснал макар по памперс по раче и тоа е мое мислење шо потреба да се скока на различно мислење
јас ако се прашувам исто ќе постапев. срам за родителите што дозволиле такво понашање на детето. ајде еднаш ќе објасниш два пати ама па дете да игра така со возрасни... старшно.
имав ситуација кај шо едно од децата со шајка буричка у штекерот секунда беше коа го тргнав настрана и му ја плеснав раката инстиктивно беше не ни си свесен у моментот затоа не ми кажувајте дека ни еднаш не сте плеснале не сте повишиле глас
така е. за ситница не би да се дерам или да шлапнувам ама веќе кога така секундарно опасни работи ќе направат ајде како ќе ги опоменеш?
Цитирање не е скокање. Ти ако така си направила не значи дека сите прават. Како сега се редуцираат работите малку по малку, шамарање, кубење, шлапање, па сега мааалку плескање по памперс или по раче, па повишување тон, на крај ќе биде кој спомна ќотек воопшто?
Зошто, што ке се смени по 10 години. Детето ке ми биде тинејџер па ке можам да го млатам или...? Да не бев мајка ке ми пишеше ај имај дете па кажи, а сега па дојди после 10 години. Разберете дека има луге што не маваат воспитни и што не ги мавале по газето. А и мислам дека не си нешто постара од мене, па да можеш да ми кажеш да дојдам после 10 години.
кај спомнав јас кубење шлапање шамарење ???? јас спонав плеснување по раче у момент коа буричка со шајка у штекер ама ок така ви одговара се повлекувам
Против ќотекот сум. Нема да си ги тепам децата. Ќе урлам и ќе ги казнувам колку треба ама никогаш нема да ги мавнам. Имам јадено ќотек, никогаш нема да го заборавам.Кај мене ни тоа не помогна бидејќи имам инает бетер од магаре. Ќотекот не е лек, не е од рајот искочен и не е решение. Некој да ми го ,,шлапне” детето јас ќе го расшлапам убаво. Со ќутек стока се разбира, се може да се реши со разговор и договор.Знам по себе, не сум личност која прифаќа ,,не” и ,,не може” како одговор.Кога ќе намислам нешто да направам го правам по секоја цена макар и ќутек да јадам.Мене шамарот ќе ме боли некое време ама моите дела повеќе можат да ги болат моите. Ви кажувам од страна на тинејџер.Со ќутек ништо нема да решите.
значи детето твое може да се однесува со непочит кон постари без никакви манири и да не речам сељачки и да урла и тоа за тебе ќе е нормално и не ќе сакаш некој дете да ти шлапне. Ќе треба браво да му рече.
Па затоа тука е родителот на правилен начин да го воспита така да не се понаша. Ако ти си дозволиш детето така да ти се понаша (без домашно воспитување), ништо не си остварила како родител. Па и ќотек дај му, јагода на шлагот.
е сега се сложувам дека туѓо дете не може тукутака некој да шлапне. Е ете братот на жената која ја опипала случката си дозволил дете така да му се понаша. На крај краева тој е за ќотек. Им се чудам на таквите родители. Можам да разберам дете да згреши да направи беља ама ќе му објасниш не е дотолку да не свати ама ова со девојчево...