интересна темава и мислам во Македонија треба многу да се работи на ова и да се искоренуваат некои "традиции" баш овој пример беше даден во еден флаер што стигнува месечно во Германија кога ќе ви се роди бебе - пишуваше дека не треба ни по раче да се удри! Тоа е пред се непочитување на детето како личност (убаво пишаа другите за како не си маваме шамари ние возрасните). И пишуваше, ако треба ставете една игличка еднаш малце да се боцне од штекерот - ако не разбира од зборување - ама дефинитивно не го удирајте. Многу ми се допадна примерот. А дека граници треба да се ставаат вистина е преважно, мислам дека треба една тема и за тоа - воспитување на мирен начин .
Читајќи ви ги размислувањата овде не се ни чудам зошто има толку разгалени деца,вриштат по продавници,никаква почит кон постари,тие поставуваат услови а не родителите,одат по гости ја демолираат дневната соба итн. Никој не вели да ги тепате крвнички ама не мислам дека сите деца се разбираат со збор,милион примери гледам околу мене,старите рекле тепај газиња за да не тепаш газишта,после се е потешко. Прашајте како им е на учителите на школо со новите генерации,катастрофа е,ни добар ден знаат,ни фала ни пријатно.
Гледав едно видео на јутјуб смешно ми беше ама корисно. Буцка мало дете во штекер и родителот го трга зема плишана мечка ја носи до штекер со раката од мечката буцка во штекер ја трга мечката и со стап ја мава. После го носи детето до штекер и го тера да буцне а нему памет не му фаќа да се доближи. Исто и со јадење имаше. Дете не сака да јаде мајката му дава на мечето и демек и тоа не сака па го мава со стап потоа му дава на детето и ова остава телефон и веднаш јаде со полна уста
Да, сум го гледала. Мајката крвнички го тепа мечето. И тебе тоа смешно ти е. @1992g не ми одговори дали шамара и кучиња кога се непослушни, или само деца.
туѓо дете не би да тепам ама кажав и претходно за свое. Има ситуации каде од бес од инат прави бељи со збор нема шанси да разбере зашто не сака и што,треба така да прифатиме? Демек ај не можам на крај да излезам аман што сака нека прави. Море кај што треба ќотек ќе си дадеш,фала богу не да го здрвиш и помодриш
да тоа видео е. А што треба детето ќотек да добие? Како поинаку ајде? Ќотек не а со збор не му одговара да разбере.
Ќе му се дерам, ќе го казнувам ама ќутек нема да јаде. Ќутекот не е решение.Поготово ако е како мене инаетливо. Знаеш каков ќутек имам јадено дома пошто сум пушела? Тоа беше пред некои 2 години. Еве уште пушам, од тогаш навака 300 проблеми направив дома за да им вратам за ќутекот.Ќе го памтам цел живот.Не сакам и моето дете да го доживее истото. Јас ако фатам да мавам, се искључувам и мавам до крај.А тоа на моето дете нема да му се случи. А друг не смее да ми мава дете ни под разно.Мене нека ми збори како не сум го воспитала и како е во мене кривицата, ама НЕ СМЕЕ да го мава!Никој освен мене и татко му. Ни моите ни неговите, НИКОЈ.Пекол ќе му направам на тој што ќе го удри.Сум го носела со месеци, сум го пазела, сум му се тресела не сум спиела не сум јадела за на крај некој да ми го ,,шлапне” бидејќи било безобразно и диво? А демек после шлапнувањето нема да биде?Имам другарки со помали браќа/сестри.Да видите вие што е разгалено.Тоа уште одма во корен се сече, урлање по дома, тепање кршење предмети бодење со ножици. Ако е агресивно и си има мака ќе одиме кај стручно лице да помогне.Џабе што ќе го истепам, ќе има само страв и што?Ќе ја научи лекцијата со тоа?Нема.
Поинаку? Ќе го оставиш додека не му се пријаде, на пример. Ќе го убедиш "една за мама, една за тато", нас така не убедувале. А не да му влееш страв во коски, па да има трауми цел живот. Значи не? Ама дете ќе исшамараш. Интересно...
Наоколу сум гледал ретардирани жени, исфрустирани од менгемето што ги стиска од сите страни, па ултимативно нервозата ја канализираат преку децата дерејќи им се во јавност со прегрубо однесување. Сум гледал и ретардирани кретени мажи што им се дерат на децата и ги малтетираат мислејќи дека така треба. Сум гледал и прекрасни луѓе како прекрасно ги третираат сопствените чеда , давајќи пример наоколу. Во сите случаеви не судам и не обвинувам АМА ако ќотекот е мерка ВОСПИТНА , во тој случај, према законот на логика, во името на малтетираните деца , треба секоја појака единка да им удри ќотек на родителите па веројатно ќе знаат како треба а како не треба ? Не, ќотекот не е воспитна мерка. ЧОВЕК го знае тоа , еволуиран мајмун исто така. Секое негативно искуство што ќе го има детето во детството, ќе го носи до крај на животот, а тоа ќе биде многу пресудно за неговото развивање и реализирање како човек понатаму. Затоа > совет: полнете ги децата со позитивни искуства, ќе ви бидат многу благодарни.
А кој рече да го тепаш за да јаде? А да го однесеш на гости и даљинското од тв да го фрли в шоља? Таман си се свртел скршил нешто друго? Како постапувате тогаш? Значи не кај вас дома,дома ако сакаат и на глава нека ви се качат,а по гости? Уствари зошто воопшто тоа дете има деструктивни нагони и дури го караш те гледа в лице,ти се смее а веќе смислило друга пакост.
Еве тинејџер во права смисла на зборот.(Не се лути)Ова е тоа што е различноо и многу потешко отколку на 3 или 5 или 8 години. Но,За да не дојдеме до оваа ситуација каде „Не” не се прифаќа како одговор во разговор,треба да имаме авторитет. Ако го немаме,тогаш не се фаќаат ни со арно ни со лошо,па многу родители во моменти на немоќ ,удираат. ова не го зборам за да ги оправдам туку да посочам дека грешките настануваат многу одамна...
Не се лутам.Јас искрено ви кажувам.Мајки сте голем дел од вас, јас си кажувам од аспект на дете/тинејџер/девојче.Кажувам од мојата призма.Каква и да е реалноста тоа е. Никогаш не сум била разгалена и не ми било допуштано се и сешто, никогаш не сум имала забрани ама кога мислеле пример дека излез до 12ипол ми е океј, дека тоа и тоа е океј а јас не сум го мислела истото си тераме инает. Моите ми се авторитет, ама работите што можам да ги терам до крај, ги терам.И во школо и надвор сум таква.Си терам на своето до крај
Точно. Стани од столот јас да седнам и вели на мајка му и таа станува нормално,мочле од 4 години. Ако не ми туриш сок во зелената чаша не го пијам. И ред др. примери се нервирам само кога ќе се навратам на нив што се сум видела.
повикани на ручек кај свекрва и свекор таму девер јатрва и две деца сите гости сме поголемото на јатрвата 7 год тогаш се втили он да седел на тоа столче оти у спротивно немало да јаде а ја веке седната и јадам шо требаше да станам???? да му правам кеиф на дете од 7 год со залци у уста тањир лажица и да се селам ?? патем за три секунди ке ме скорне и од таму оти па таму сакал и после пак и пак и пак а не е прв пат стално се дешаваше не, јас сум возрасна а он е дете не ги менувајте улогите
Еве го одговорот ви го дала Џокерче. Јас би додала и недостаток на внимание, што е доста поврзано. И на "најлошите" деца ако им подарите соодветно внимание (на нивната возраст и интереси, пред сѐ) и им направите да им е интересно, ќе станат деца што нема да ги познаете. Активности од типот пцуење, плазење јазик, гризење, плукање, мавање...не се вродени, туку стекнати. Детето мора да ги види/чуе од некаде за да ги примени. Ама сѐ ова децата употребуваат само со една цел - да привлечат внимание. Особено на гости, или кога тие имаат гости, децата се чувствуваат најзапоставени. Кога веќе сме решиле да бидеме родители, треба да сме свесни дека на децата најмногу им треба љубов и внимание, што е сосем нормално. На повеќето деца, за жал, им е ускратено потребното внимание, а згора на тоа и ќотек добиваат.
Ќотекот не може да биде воспитна мерка, може само да биде начин за справување на глупави луѓе кои не знаат како да го искористат паметот што го имаат..ако воопшто го имаат. Има различни начини а ќотекот не е никакво решение. Не ги сафаќам луѓето како имаат храброст да удрат дете или било кого.