Ќотекот како воспитна мерка

Discussion in 'Дете' started by Unfaithful18, Sep 12, 2010.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2018
    Messages:
    2,783
    Likes Received:
    14,961
    Gender:
    Female
    Значи родители што не ги плескаат децата не им обрнуваат и доволно внимание нели? И нас ни било досадно кога сме оделе по гости ама не демолиравме соби,си наоѓавме занимација,денешниве деца се премногу разгалени јас да ви кажам. Можеби досадно му е и ко ќе се дрецка сред чаршија за 50 ден да се возел на количе,иако претходно се извозел 5 пати. Сите вие што велите дека ние што би плеснале дете како воспитна мерка сме глупави или нз какви е пресмешно. Секој си има свое размислување и пак ќе повторам по нз кој пат од се што гледам околу мене многу родители фејлнале со воспитувањето.
     
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Joined:
    Mar 4, 2018
    Messages:
    11,629
    Likes Received:
    186,906
    Gender:
    Female
    Ние цело време зборуваме за воспитани деца кои не јаделе ќотек, ама ако вас ви е полесно да си ги дресирате децата како животни во циркус, слободно. А истовремено и да си го истурите бесот, затоа што не ви бил денот. И не ги ставајте во ист кош родителите кои мува не ги лази што им прават децата со оние на кои устата им фаќа пена од зборување. На тие првите им треба стручна помош и за самите нив, и за децата. Очигледно потфрлаат некаде со воспитувањето, исто како и вие што си ги шамарате децата, пошто така полесно ќе научат. Не, ќе научат да се плашат од вас и во прва прилика кога нема да гледате, пак ќе брцнат прсти во штекер. Наместо да научат зошто е тоа опасно.
     
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2018
    Messages:
    2,783
    Likes Received:
    14,961
    Gender:
    Female
    Сигурно никој не плеснал дете одма,сигурно било откако претходно 10 пати не се разбрало со збор,не сите деца се разбираат со збор. Многу деца родителите ги гледаат само како машина што треба да им оди по газот и да им ги задоволи сите нивни потреби,авторитет никаков. мене знаеле да ме плеснат и воопшто не мислам дека биле лоши родители или сум им била животно во циркуз,туку сум научила што треба и што не,сум научила кој е кој и што е авторитет.
    И никој не ми одговори што би направиле доколку вашето дете демолира ствари кога ќе одите на гости кај пријателка,настрана што констатиравте дека му фалело внимание што и не ми е толку веродостојно и нормално дете за да привлече внимание да уништува се околу себе,е тек тогаш и те како сте ја утнале работата во вашето воспитување.
     
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Joined:
    Mar 4, 2018
    Messages:
    11,629
    Likes Received:
    186,906
    Gender:
    Female
    Зависи и кој збор ќе се употреби. Може до зборот е и до начинот како е кажано. Штом детето не препознава авторитет кај родителот, очигледно потфрлиле. Исто и како што ќе потфрлат ако сакаат да го здобијат авторитетот со ќотек. Нема разлика.
    Инаку моето дете не демолира предмети по гости. Воспитано е без ќотек и разбира кога смее нешто, а кога не. Најдовме начин да се разбереме и сите да сме среќни.
     
  5. Macido

    Macido Истакнат член

    Joined:
    May 22, 2014
    Messages:
    36
    Likes Received:
    32
    Потполно се согласувам со тебе,ова со ''објаснување и зборување '' а детето уствари се треска и вреска ги премина границите.Најпрво треба да се преиспитаат родителите,детето воопшто не е криво во овој случај,тој прави само тоа што му е дозволено и што знае дека ќе помине со, немојј мамичка не е ова добро.И да,и јас сум плесната како мала од мајка ми и фала богу не сум некоја истрауматизирана од плескање по гз,ама еве јас НЕМАМ ДЕЦА и слободно нападнете ме како кога ке имам тогаш да зборам.Ама знаете ова од страна најубаво се гледа,а со овие деца што немаат никаква самоконтрола и бес кој демек е хиперактивност и период мене не ми се допаѓа воопшто,така да ако вие не сакате да ви држиме предавања ние истрауматизираните од едно плеснување по гз така и вие воздржете од филозофирање на истото и секој ќе си го воспитува детето како што си знае.А за оние што демек си го кршат детето од ќјотек има институции.Убав ден
     
  6. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Joined:
    Jul 9, 2013
    Messages:
    4,200
    Likes Received:
    64,432
    Gender:
    Female
    Добар ден на сите...

    Не сум за тепање деца воопшто, не е воспитна мерка да се разбереме, само полошо може да се направи.

    Е сега, како може бе дете да прави работи што не треба? Па на 4 години ако крши се околу себе , се качува на гелендер на тераса, само во тоалет??? незнам, деца се воспитуваат со зборење да им се воочи што е испарвно што не, ама РОДИТЕЛИТЕ треба прво да се превоспитаат, не се бабите и дедовците виновни за однесувањето на внучињата... како може родителот да нема авторитет пред детето..
    Апсурдна ситуација: детето се вози напред на седиште иако имаат позади седиште наменето за дете, аам сакала да седи напред, плачела, ..ајде бе плачела:x немам коментар..
    До нас родителите е.. не велам дека е лесно и се подмачкано, ама што ни е друго работа:? па на прав пат треба деца да се извадат не дебили и идиоти да бидат....

    Убав ден и викенд ви посакувам
     
    bittersweet and cresa-jagoda like this.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,469
    Likes Received:
    68,870
    Gender:
    Female
    Фејлнале со воспитување зашто детето плачело да се вози во количка? :rofl:
    Вака читајќи ве ништо не знаете за деца, очекувате да седат како возрасни и да ќутат додека вие си пиете кафе на раат и си муабетите на гости. Ама ќе седи, тепај го секој ден да си го има стравот, нели здраво е дете да се плаши од родители, има да седи и да ќути, да се знае кој е родителот.:muscle:
    Детето ем не е криво и уште згора е тепано. И очекуваме среќни, безгрижни и самоуверени деца.

    Уницеф има кампања "И родителството се учи". Наместо да оправдувате насилство врз деца малку прочитајте и едуцирајте се. Да се дигне рака е најлесно, но на децата им го должиме најдобриот дел од себе, а не само она што нам ни е најлесно.

    „Најновите сознанија во науката покажуваат дека во првите години од животот, човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот. Кампањата „И родителството се учи“ отвора дискусија за овие теми, како и за емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства и стресот врз детскиот развој.

    Истражувањето поддржано од УНИЦЕФ покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од користењето насилство при воспитување на децата, тоа не е одразено во праксата. Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика. Кампањата ќе се осврне кон овој недостаток, давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.

    Кампањата вклучува видео „Тежината на зборовите“ што го потенцира емоционалното запоставување кое децата вообичаено го трпат. Видеото со родители кои гледаат како децата глумат насилни методи на дисциплинирање, фрла светлина врз тоа дека родителите ја разбираат потребата од промена. Увидувајќи ја потребата на родителите за поддршка, кампањата е осмислена да ја поткрепи ваквата промена, овозможувајќи стручни предавања, ресурси за родителство и можност за учество во родителски настани што ќе се организираат низ земјата во наредните месеци.“
    https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/и-родителството-се-учи

    Наместо да ги тепате децата работете на вашата поврзаност со нив, треба да се чувствуваат поврзани со вас, сигурни, да имаат почит, а потоа и ќе ве слушаат кога ќе им кажете нешто. А со тепање само губат доверба и сигурност, па потоа ќе се чудите зашто последни дознавате се за вашето дете.
    Сигурна врска се гради со многу трпение уште од најмали нозе, со многу љубов, зборување и објаснување. Детето ако е мало, ама сепак е човек и личност, ако вие не сакате некој вас да ве удри, тогаш зошто вие би удриле еден мал човек?
    Родителството се учи.
     
  8. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Joined:
    Jul 9, 2013
    Messages:
    4,200
    Likes Received:
    64,432
    Gender:
    Female
    @RainBow точно РОДТЕЛСТВО СЕ УЧИ... потполно се согласувам...
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,944
    Никое дете не почнува туку одеднаш да демолира ствари. Тоа дете сигурно редовно си е такво и родителите се свесни за тоа, т.е. така си го воспитале.
    Мое дете така не би се однесувало. Ама нормално дека на дете му е потребен стимул. Јас нема да го оставам моето дете да се нервира и умира од досада само за да можам да си се изнамуабетам со пријателката. Ако пријателката ме вика мене и моето дете на гости, треба да е свесна дека вика мало дете што нема да издржи да седи само. Поради таа причина кај мене не доаѓаат често роднини и другарки со мали деца. Почесто јас одам кај нив. Немам што да им понудам на децата. Ќе им дадам да цртаат, ќе им дадам топки да си играат, ќе им дадам тревичка да го хранат папагалот, ќе поседиме додека нив ги држи внимание, ама кога речат "мамо ајде да си одиме" се станува и се оди. И јас кога сум со другарки или роднини што имаат мали деца, не барам целото внимание да биде кон мене насочено, или да "се изнамуабетиме како луѓе". Напротив, јас го ценам времето поминато заедно ама пред сѐ се концентрирам на детето, а узпат, колку фатам од мајката. :wasntme: мајката нема да се почувствува запоставено затоа што не сум и правела муабет, ама тоа дете ќе умре од досада саат и пол - два да слуша две како брборат нешто, а него никој не го ни погледнува.
     
  10. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    708
    Likes Received:
    8,335
    Пред 4 години кога го зедов кучево мое ептен цивкаше навечер, мочкаше кај ќе стигне, се криеше насекаде, буквално тие две недели јас полудев и зедов еден весник и два пати го пернав по газот ама силно. Цвикна еднаш и ме здоболе душата, вечерта почнав да плачам и еве сега после 4 години кога ќе ми направи некоја мила фаца одма солзи ми доаѓаат од мисла дека некогаш сум го пернала со весник.

    Погоре прочитав дека теткава го исшамарила детево и после место да се кае напишала дека и олеснало. Да ти олесни да истепаш дете. Ненормално. Јас сум чувала еден куп деца, имам братучеда бетер од тоа дете разгалена, сум и викала, мада и на тоа пазев пошто е туѓо дете, за удирање нема шанси, значи НЕМА ШАНСИ, не сум ни помислила не да го удрам. На другарка и комшивка близначињата ептен се бесни, пошто е самохрана мајка некогаш ги остава кај мене. Едното ми го тресна телевизорот од земја, а другото ми го фрли моб од балкон кога му дадов да гледа цртани и песнички. Од памет се извадив, збеснав, ама во себеси, нив само им објаснив налутено дека не е во ред тоа, ми удрија два три шамари, ме маваа со боксови, се ова кажав на мајка им, ми вика тепај ги ти давам дозвола. Ни ќе тепам туѓо дете ни ќе му се ѕверам, можам само да кажам на родителите или воопшто да не го земам на чување.
     
    stefanija70 and manako1 like this.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,674
    Gender:
    Female
    Порано не сум размислувала многу на оваа тема, сега кога имам дете богами не само што размислувам, туку и посматрам како треба а како не со детето, па и враќам филмови како во наше време не воспитувале. И ме фаќа страв да не потфрлам во воспитувањето на моето дете.

    Она што го имам заклучено е дека дете може без ќотек да се воспита правилно, само е потребно многу труд и постојано зборување. Моите никогаш не не тепале, ни мене ни сестра ми, а секогаш имале и имаат авторитет над нас. Ама многу работеле со нас. Имав другарка која после секое родителско јадеше ќотек и ќотекот не ја направи подобар ученик, иако беше тепана од петто одделение, напротив една година во средно остана на полагање. Моите кога ќе се вратеа од родителско ако имав некоја намалена оцена, почнуваа со разговор зашто така, дали не сум посветила внимание на предметот и не сум научила или не ми одело тоа, пример ако станува збор за математика, па се вклучуваа со помош и потикнување за дополнителни часови, вежбање тестови со мајка ми и слично.
    Во пубертет никогаш не сум имала слобода да лутам по цела ноќ, сум имала точно определено разумно време до кое треба да сум дома и без ќотек сум се враќала. Секогаш ме чекале дур не се вратам. А не беа многу ригорозни моите, дури либерте во тој поглед беа, ни оставаа слобода со сестра ми да изживееме се што е нормално за нашата возраст.
    На улица ако се степав со некое дете, па ако отидев дома да се жалам дека сум тепана, никогаш не сум добивала заштита од мајка ми да појде со мене и да се жалиме кај мајката на детето или уште пострашно да го бараме детето и ние да го воспитаме, зашто имаше тавкви случаи во маало. За карање и тепање секогаш требаат двајца вика мајка ми. Па следеа предавања како со тепање и карање ништо не се постигнува. Никогаш не сме демолирале по дома, на гости па да не споменувам.

    Сега пред некое време баш ја начнавме темата, зашто и јас и сестра ми имаме деца, моето 14 месеци на сестра ми 21 месец, што баш сега се во таа фаза се да пипнат, се да треснат. Мајка ми ни вика, ќотекот е најлесна метода, ќе го натепате ќе го затворите во соба и ќе си продолжите со обврските, мислите сте го научиле на нешто. Сте завршиле работа со 5 минути ќотек, полесно е за 5 минути да натепаш дете што не знае да се брани и што уште не разбира, отколку да седнеш и со убаво да го научиш што треба, што не треба. А учењето не е лесно, да не очекувате дека од еднаш се ќе разберат. По 100 пати ќе објаснувате, ќе го насочувате и ако ви се чини дека не ве разбира детето е како сунѓер и се впива. И точно е, ако беше толку лесно со 5 минути ќотек да воспиташ дете немаше да има невоспитани деца, нити па воспитувањето ќе беше така сложен процес.
    Се развлеков бајаги со постот, уште ова и нема да должам, она што приметив одејќи по родендени и собиранки каде има повеќе деца на куп, сфатив дека најневоспитани се оние деца што родителите не им посветуваат внимание. Дошла мајката, седнала со кафето во раце и дошла да се одмара, а детето и хара, закача други деца, ја растураат слатката маса, мајката кулира. И кога ќе стане ситуацијата алармантна, станува му шлапнува една и пак се враќа да си допие кафето. Така дете не се воспитува и не е криво детето. Ќе си одиш бре по него, ќе го спречиш да прави глупости, а не откако ќе напраи нешто шамар. Кога еднаш, двапати, десет пати ќе објасниш дека слатката маса не е наместена за да ја растурат, туку дека треба да чека да му се даде, ќе му влезе во глава. Од еднаш нема, епа нема.
     
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2018
    Messages:
    2,783
    Likes Received:
    14,961
    Gender:
    Female
    Викни ги пак и на секоја нивна посета купувај си нов тв и телефон....kids rule the world :D
     
    cresa-jagoda and christinnn like this.
  13. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    708
    Likes Received:
    8,335
    Секако :P
    И на кафе кога одиме едниот ме клоца под маса и ме гледа со таков поглед опасен, дека ништо не им велам нон стоп сум физички и психички малтретирана од нив двајца :D Позабавни ми се вакви немирковци блесави него некое мирно детенце, заспав еднаш со еден беблак мирен, вака нервози, стресови, трауми, спомени :D
     
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2018
    Messages:
    2,783
    Likes Received:
    14,961
    Gender:
    Female
    ќе ти кажам пример,јас немам деца,но моите другарки имаат и ги поканивме дома на новиот спрат што си го спремивме,значи децава беа толку немирни,неописливо нешто,трчаа внатре како да се на стадион,ми го зедоа далинското и штракаа на сите дугмиња,им го зедови им кажав дека не е играчка тоа и го ставив на шанкот,зедоа стол го зедоа пак и штракаа и ме гледаа в очи и ми се смееа ,па го полија со сок,па го ичкртаа ѕидот,се дереа ненормално многу што ние од нив не можевме нормален разговор да водиме,и сето то беше хаотично,другарка ми стана го плесна едниот и тој почна да врескат небаре рака му пресече и така врескаше врескаше и по 5 мин си продолжи по старо,згрешила ко не плескала порано,сега е касно.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,469
    Likes Received:
    68,870
    Gender:
    Female
    А ти што не и ја плесна една на другарка ти така што ги оставила децата да трчаат?
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,944
    1. Згрешила што ги довела
    2. Мислиш прв пат и е да го плесне? Еве ти доказ на лице место дека плескано дете не значи и воспитано дете
    3. Што занимација имаа тие деца? Очекувавте од нив дека само ќе седат и ќе ве остават да си се честите за спратот? Баш тоа што кажав. Не сте можеле нормален разговор да водите. Значи вие сте очекувале да се однесуваат децата како да ги нема за вие на мира да си се изнамубатите.
    Ова не е играчка, она не е играчка, остај не да си збориме... Да, да, сигурно така ќе ти седи мирно дете.
     
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2016
    Messages:
    7,794
    Likes Received:
    38,954
    Gender:
    Female
    Децата сакале да си играат. Не можат да седат како вас на маса и муабет да прават. Да биле претходно изиграни ќе биле помирни.
     
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2018
    Messages:
    2,783
    Likes Received:
    14,961
    Gender:
    Female
    за играње има играчки,трчање,урлање и дерење и тоа ненормално гласно ако е за вас нормално за мене не е,не везат дома тие деца по цел ден па дошле сега на гости и да ја истурат енергијата,по цел ден се такви,затоа што се невоспитани и разгалени и не си ја знаат границата. И ние сме биле деца,па не сум барала родителите 24/7 да ме забавуваат и во спротивно со деструкција да привлекувам внимание.
     
    Amellie13 and Alita like this.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2017
    Messages:
    1,366
    Likes Received:
    7,839
    Gender:
    Female
    Факт е дека многу деца патат од недосток на внимание денес. Зафатени родители, социјални мрежи и тн итн. Па децата не можат да седат и слушаат вести. А некои па патат и од премногу внимание. Порано, нас мене и сестра ми а верувам и многу од нас, ни давале да јадеме, облечени и сами сме се занимавале. И кога вака се потсеќам имало секогаш занимации. Сме правеле игри, претстави, лотарии па менување сликичкк и детска.пошта. Но,тогаш имаше дружби, имаше другаство. Сега има многу себичност и меѓу децата и меѓу родителите. Сме правеле белји и ние но не памтам да јадел некој толку ќотек. За тинејџери, памтам баш едно време кога донесоа некој закон рација за малолетни по 12 да се дома.Синот на комшијата го собрале во станица. Го оставија да си преноќи таму утредента го зедоа. Не го скршија од ќотек, ниту пак се намачија да фатат врски да го извадат или па да се одмаздуваат на полицајците. Некогаш и игнорирање треба, за некои работи да сфатат дека не се баш интетесни.
     
    gjoker4e and Martka like this.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2018
    Messages:
    2,783
    Likes Received:
    14,961
    Gender:
    Female
    Токму така,јас не велам да ги кршиш од ќотек секој ден и за се,ама кога ќе видиш дека работите се вон контрола ќе преземиш мерки и верувале или не ако навреме и само еднаш го плесните,големи се шансите да не се повторуваат глупостите,за да не фати уста пената од зборување и пак да немате ефект.
    сега брзоимав прилика да разговарам со учителка од 1 до 5то одд,рече дека кога влегувала во училница се однесувале како никој да не влегол,урлале,беснееле. Денешниве деца се многу зилезени од колосек сакале признале или не,не велам дека само заради што не ги плескале,туку многуродители никако не ги воспитуваат.