Сите студии укажуваат дека удирањето има само негативни последици, дали краткорочни или долгорочни. Уницеф апелира дека тие практики треба да се искоренат, но еве ние упорно ќе си дрндаме дека треба некогаш да се плеска. Наместо да советуваме други начини, го советуваме најлошиот. Зошто ако е во ред да се плеска не стана да и ја плеснеш една на другарка ти? Зошто ти е тоа незамисливо? Зошто ние возрасните не одиме наоколу мавајќи си шамари едни на други да си го подобриме однесувањето? Зошто е прифатливо да удриш едно мало човече кое секако не може ни да се одбрани, а не е прифатливо да удриш друг возрасен човек на кој не ти се допаѓа однесувањето? Мора да се мисли малку што се прави со децата и мора да се сфати дека не треба да се удираат за да го променат однесувањето кое е и онака наметнато од возрасниот. Уницеф имаат работилници, треба да се оди и да се научи нешто, со децата треба да се работи. И милион пати ќе го повторувам ова зашто не можам да опишам колку ми е одвратно кога ќе видам како се тепа дете, како се навредува, како возрасен се изживува на нешто што сам го донел на овој свет, сам одлучил дека ќе има дете. За потоа да го тепа ли? Учете, учете како да бидете подобри родители, а не насилни родители.
Јас сум против плескање затоа што не е мирно,растурало или што знам јас,а тек пред луѓе,па макар и мои родители А сум и против кога ќе прочитам леле што ми дојдоа деца невоспитани Што треба да прават децата?Да седнат и кафе да се напијат? Имам две деца Малото ми е година ипол и е разбрано и "воспитано" дете Ако не разбере од прв пат,разбира и сваќа после 10тиот пат зборување/објаснување Кога одиме некаде не чепка и седи до мама "Големото" ми е 3год (без 2-3 недели )и е "невоспитано" и неразбрано дете Кога одиме на гости исто претура и чепка што ќе стигне Дома изведува опасни егзибиции и зема скришум ножеви за што два пати ја имам удрено кога си го довела животот во опасност И после 10000000 пат објаснување и повишување тон,казна да седи во својата соба и да не излезе 1час Ако тоа ме направи лоша мајка нека...и не,не се каам ни малку што ја имам удрено И да,двете деца исто ги воспитувам и со двете исто се однесувам ама некогаш и до детето ќе да е
Кај мене дојде самохрана мајка со близнаци (оти горе направивте дека биле разгалени децата затоа што била самохран родител). Им послав ќебе на земја, им дадов да цртаат, им дадов топки. Поиграа, интересно им беше затоа што идат прв пат па пееја малку, се криеја во ходникот, мајка им цело време ги прекоруваше затоа што пееја, да ме сметале на комшиите. Дури и срам и беше, а децата среќни, ништо не поместија од кај што не му беше местото, ништо не скршија, само скокаат, играа, пееја. Го прашав комшијата, не ни слушнал дека имало некој кај мене. Да, ние не можевме да си направиме нормален муабет, ама децата беа во нова, за нив непозната средина. Многу нормално дека ќе бидат љубопитни и сѐ ќе ги интересира. Наместо да ги казнуваш за љубопитноста, треба да бидеш нивни соучесник и да им покажеш што можат, што смеат и што ме смеат и зошто. А не да ги оставиш да прават што сакаат и после да ги натепаш затоа што тебе тоа не ти се допаднало.
Порано додека ги немаше проклетите телефони,таблети,децата сами си смислуваа игри,развиваа креативен ум.Сега најлесно средство за заигрување,смирување на родителите, таблетот во рака,за да јаде,за да седи мирно.... Се оди на одмор,прво таблетите се спремаат,најлесниот начин. Моментално решен проблем,доплготрајно многу голем проблем.Затоа децата не знаат што треба, што не,се нема никаков авторитет. Имаме генерален проблем со воспитување. Седиме во кафич,и едно детенце фрла камења наоколу,гостите почнуваат да негодуваат ко на бојно поле,а мајка му не може да најде начин да го спречи на 3 год.да не мава низ локалот. Авторитетно родителство денес е се пореткo.
Секој со своето размислување,јас здравје Боже кога ќе имам деца не сакам кога ќе се најавам некаде гостин да им се темни на луѓето,не сакам моето дете да им го оштети телевизорот,затоа што не би сакала а можеби не би ни имала 500 евра да им купам нов,немој сега одма како погоре да ми ги извртите муабетите како материјалното ми е побитно,ама децата ТРЕБА ДА СИ ГИ ЗНААТ ГРАНИЦИТЕ!
Повеќе сакам да гледам темпераментни деца кои живо си играат околу, па и растураат, чепкаат до одредена мера, трчаат низ соби отколку здрвени деца седнати на тросед и чекаат команди од родителите. Убави на мајка гледај како сум ги воспитала, да можам јас на раат кафе да пијам а оно да си црта саат или два дури сме на гости. Оти ако не црта мама ќе се налути. Нема да ме удри ама ќе почувствувам дека не е задоволна. Донекаде и јас бев таква на почеток и жал ми е сега што сум го ограничувала детето мислејќи дека го воспитувам примерно да е. И да, имам примерно дете ама со тек на време почнав да го учам на што помалку правила и прописи. И не, нема да ви го демолира реновираниот спрат туку ќе ви отвори неколку фиоки, ќе истури сок на маса и можеби некој украс ќе падне на земја. И треба, дете е, не знае да проценува ситуации.Тоа што нас такви работи ни одат на живци е наш проблем.
па дома ако мавало по тв,сигурно ќе пробаш со збор ако немат ефект и ќе го плесниш,а очигледно дете што по гости крши дома му е секојдневие и непара е воспитано! Логиката е таа
Не, не, натепај го ти уште пред да мавне, за ни еднаш да не му се случи, а не од кога му се случило време неколку пати. Страв лозје чува.
Да и нашите мајки,баби,тетки оделе во Уницеф на часови како да се биде подобар родител. И јас лично моите родители би ги опишала како едни од најдобрите родители кои ми го покажале вистинскиот пат со разговор и примери,ама дете како дете знаевме да си земеме се здраво за готово и ги преминувавме границите,па една по гз како предупредување ама баш никако не ми оставило трауми и тие ваши тешки малтретирања што ги зборите. И некој по отворен и поблизок со родителите од мене јас не познавам.А они не биле на никакви часови и сигурна сум дека не читале со часови како да бидат подобри родители.Крај на крај гледам дека сите грешка се разбираме,тука сепак не станува збор за кршење од ќјотек,и мавање кај ќе стигнат.За тоа сум ептен против,ама пример сестра ми ги има највоспитаните две девојчиња и воедно најсаканите,ама плеснувани се по гз кога претеруваат ,а жими мене дека се малтретирани или децата истрауматизирани .Дај боже коа ќе имам нели со право ќе можам да зборам,бидејќи ние што немаме не знаеме.До тогаш со среќа на сите во воспитувањето А и ако јас се мрднам некој ден од моите шо ме плеснувале или децата на сестра ми ќе ве известам па да сте на раат и да зборите со право.Се најдобро
Грото од вас што немате деца (чест на исклучоците) имате заборавено како е да се биде дете. Немате поим низ кои се фази поминува детскиот организам во развојот и зошто некои работи се случуваат. Нормално дека детето може да крши и демолира и на 2 и на 5 и на 15 години. Со тоа што, детето на 2 години тоа го прави затоа што тестира до каде може да оди, дали има или нема граница, и не перцепира опасност како поголемите. Е тоа дете, ако му се посвети доволно внимание, и ако му се укаже дека тоа што го прави не е убаво (секако не со ќотек), со тек на време ќе сфати што треба да прави, а што не. Оти не разбираат првиот пат, ни вториот ни третиот пат нема да разберат, ама со тек на време ќе сфатат. Упорноста е битна. А не, ај еве една воспитна ако не разбере од прва. А како да разбере кога не е свесно што е опасно, а што не? А децата од 5 и од 15 години што демолираат наоколу, цел им е да привлечат внимание, оти не знаат како поинаку. Оти цел живот биле запоставувани, и само на тој начин добиле внимание, т.е ќотек, казни, затворање во соба, или што и да е, ама битно го имаат вниманието на родителот на тој начин, макар и тепање. Тие деца не се виновни што се такви, виновни се родителите што не сакале или еве, не можеле да им посветат внимание, и децата се невоспитани, и понатака ќе бидат невоспитани, а самите кога ќе бидат родители ќе израснат нови, себични генерации на агресивци и насилници.
Па ти ако немаш абер ко родител и не го тргаш и ако дозволиш да крши твоето дете, ќе крши и дома и на гости кога ќе одите.А ако го тргнеш неколку пати, нема да оди веќе таму. Ние кога сме оделе на гости, мојата сакала да фаќа телевизор, компјутер,кај кујната, ама јас сум ја тргала со убаво два-три пати и веќе не одела таму. Не сум ја тепала, туку само ќе ја тргнам.
Тогаш е до самото дете, такво е и крај. Нема да го тепаш на секое. Ќе му помине. Има деца што седат мирни, има што сакаат да фатат, а тоа не е невоспитано, туку е такво едноставно. Две деца од исти родители, па скроз се различни, а не е дека се невоспитани.
да реков за видеото и за тоа како детето пикува раце во штекер ама ти знаеш секогаш за погрешното да се фатиш