Кога сме кај штекерите,еве ефна случка од син ми, имаше околу 3 години и никогаш не чепкал кај што не треба. Се спремавме за шетање, зел шнола од оние црнине иглици и чепнал. Го здрмало малку и беше преплашен. Јас исто така се исплашив но не го истепав,туку го гушнав и го прашав зошто. Рече проверував дали има струја(веројатно го имитирал татко му нешто). Денес има девет години и оттогаш ни еднаш не чепнал, страв му е и полнач да стави во.штекер. Факт е дека не може да ги допазиме, но можеме да им укажуваме на грешките.Не со ќотек. Може и ја требаше да го изнатепам, кај исплашен уште ќотек
Со маж ми ни побеле косата забрзано откако добивме дете. Не е само од тоа , секако , ама има удел. И тоа на едно дете останавме. Оти си проценив дека не сакам и не можам 2. За штекери, постојат блокатори. Не знам шо толку филозофии, исто за остри агли од маса. Другарка моја имаше катанец на шкаф каде чуваше токсични средства за чистење дури и беа тодлери децата . Ние не моравме оти не отвараше малата , ама од предстрожност секогаш готвевме на задна рингла. Телевизорот беше блокиран со клуб маса. Значи, може станот сопствен бејби- safe да се направи, кај другите не може, и уствари, сериозно, која е потребата да се водат мали деца кај пријатели без деца?? Ем нема муабет , ем на игли си и ти и домакин. Има игротеки со кафичи. Или баби за оставање, или ке ги викнам кај мене . Ја носев само ако имаше други деца за социјализација, а не да ја чуваат. Мразев како дете кога требаше да ги чувам децата мали на пријателите на моите. Едно детенце немирко ни исклучи фрижидер за длабоко замрзнување без да приметат моите и се внатре скапа, лето беше. Сега ми е смешно, ама знам моите се нервираа оти се мораше да се исфрли . Наравоучение- ако ви идат мали деца, она што не сакате да се скрши кренете на повисоко и проверете замрзнувач
А како ќе постапиш мила кога детето кое на работа го седнуваш на столче да одмори 5 минути,и еве не сака да те послуша те каса по рака, те клоца по нога ја фрла играчката со цел да повреди друго дете во групата или едноставно не сака да те послуша и покрај тоа што ти си му кажала и си му објаснила 1000 пати.Што тогаш? Мила и дерењето и казнувањето предизвикува последици психички кај децата.
На дете му е потребен одлучен родител кој јасно поставува граници! Пречесто се слуша преговарачки стил на разговор со деца. Така децата стануваат мали калкуланти и манипулатори. Се во свое време. Кога се мали треба да ги слушаат родителите. Постепено ќе дојдат до сопствени избори.
Во врска со небезбедни ситуации, ми текна на еден познат твит/виц, вака некако беше: Дете излезено со родител надвор се сопнува и паѓа. Реакцијата на родителот додека детето плаче и го боли? Во Англија/Канада/уатевр: Are you okay sweetie? Во Македонија: Гледаш ли ти бе кај одиш, будало несмасна?!? И вистина е, сите ние сме биле сведоци барем еднаш на ситуација во која родители им урлаат со погрдни зборови на деца во јавност од разни причини. Тука некаде со ова ниво на култура и однесување доаѓа и ќотекот како нешто нормално. За вакви примитивци немам воопшто почит и не можат да ми продаваат култура, макар имале и фудбалски тим деца, па веќе и внуци. На она видео од УНИЦЕФ солзи ми доаѓаат секогаш кога ќе го видам, зашто за секакви грди зборови барем добро знам и сум осетила. Родителството се учи, да, и за жал на Балканов ги има многу што нормативно и на збор светот им се врти околу домаќинлукот и семејството, а всушност цел живот не го научуваат.
Како може детето скришум да земе ножеви? Наша должност е да тргнеме опасни предмети и да не им се на дофат, а не да ги оставиме кај што ќе ги дофатат, па после да ги удираме, плескаме по раче, за тоа. Апсолутно не се согласувам. Децата треба да се научат да направат добар избор, а не само да им се наметнува, па на крај да не можат да одлучат ништо со своја глава. https://www.psychologytoday.com/us/blog/the-power-prime/200910/parenting-decision-making Јас секогаш и давам избор на ќерка ми, што сака да јаде, да носи, дали сака со некој да се гушне или не, ако сака две работи и велам да си одбере едно, мала е и за ситни работи се однесува ова, но често се договараме, објаснувам постојано. И донесувањето одлука е многу важен дел од животот кој исто така им е одземен на децата, доволно е да се натепаат, да седат на гости и да ќутат и сите да го фалат дека е воспитано.
Интересно видео.За разговор со непознати. Како размислуваат и одлучуваат деца кога ке се појави мотив, во овој случај кучето и колку тогаш во вода паѓаат нашите објаснувања. Со што не се согласуваш? Кој ги поставува границите?Детето или родителот? Кои се ризиците на допуштено родителство? Кој збори за тепање и седење мирно?
До некаде се согласувам со тебе, ако нештото е опасно треба да се тргне од видикот на детето за негова безбедност, меѓутоа тоа не значи дека сите опасности треба да му се отстранети. Како тогаш ќе научи што треба или не? Не велам дека треба да го оставиме да се повреди, туку да не ги отстрануваме сите опасни работи од него, туку со зборување да се обидеме да го научиме што е безбедно, а што не. Барем кај нас ова вака функционира во најголем дел. И јас сум тргала работи на страна ако гледам дека не сфаќа што и зборувам, меѓутоа главно гледам да и објаснувам за да сфати дека тоа е опасно за неа.
Да бе им фалело внимание, па и ние сме биле деца некогаш. Порано како мала кога мајка ми ме носеа по гости и мене и брат ми од дома ни држеше лекција, ќе си седите мирни, ако сакате нешто од масата ќе ми кажеш мене јас ќе ти дадам. Сме оделе на гости и сме биле бубалки, седиш мирен како кукла, кога имало и други деца станувавме и во друга соба си игравме најнормални детски игри, дали со кукли, дали коцки сме ределе и сл. Детето треба САМО да знае да се занимава, а не родителот да му глуми кловн, додека ние сме играле родителите си седеле раат, а не сега од децава не можат две секунди да се оддалечат оти не се знае што може да направи.
Според мене ќотек не е воспитна мерка секое дете се раѓа и има свој карактер и секое дете носи нечиј ген од фамилија, еве јас имам три и сите три ми се различни, имам 25 год. и веќе бели влакна ми наѕираат па често се фарбам. Штекерите дома кои не ми се заштитени мм ги заштити со капачиња од вива тетрапак сок и не може да го извадат капачето на никаков начин, а другите ми се штекери со штитници, кога готвам готвам на задна рингла, релна ако е укл ставам столоци околу или пред релна, на тераса вратата ми е блокирана со двосед за да немаат пристап, а прозори ми се со мрежи внатрешни па колку можам толку, за повеќе јас ќе пазам. Еве големово има терсене ген наследено од баба му, ако се удрни во нешто од почнува да беснее да рипа да вика да плаче да удира во тоа оти тоа било криво не внимавало, сум објаснувала многу дека не е убаво така да реагира ама не иде не влага тоа во глава кај него ама кога ќе ќутам и не обрнувам внимание побрзо се смирува и сфаќа дека всушност не е во ред така па решив да не му се мешам секој пат освен кога ќе приметам дека ќе треба, второто ми е сосема друго, се му е рамно и не се замара, ама р'чкало е прави многу бељи и братму го криви и смешно му е а братму се љути, сфаќам одма дека се во таа фаза што и јас и сестрами сме биле во тој период, не ми направиле до сега некаков "срам" некаде, пример да ми пиштат за играчки или слично знаат дека не е можно се што ќе видат да биде нивно, ама нормално е да посакаат и да прашаат ќе им одговорам нормално на нивни начин кој знам ќе го разберат, во тоалет одам слободно, дури и во маркетот што ми е спрат под нас идам сама, а они се сами дома, ги начекувам онака како сум ги оставила се играат и малото со нив, затоа се сѐ решава со разговор на начин кој би го разбрале децата, со примери и последици од тоа ако се прават грешки, но и не е убаво на дете да се допушти и размази бидејќи има и такви кои ги имам сретнато како вриштат на цел глас и бараат невозможно да стане возможно. На плоштад се случи таква случка пред мене што имаше гужва и оти мајкава и татково не купиле уште крофнички за детево тоа буквално рипна во мене да се гура до мајкаму да стигне да ја удира и на цел глас се дереше дека не ја сака и неа и таткому оти не му купиле уште, ги мразел од дното на душата, а тие поцрвенеа од срам мајката почна да плаче дури оти никогаш не му кажувала такви зборови и не знаеше како да изреагира. Искрено мене срам ме фати, детето имаше 8 год. што е доволно големо да разбере и да знае како треба да се однесува. Ќотекот од рајот искочил ама за родителите кои наместо да објаснат на децата тие ги удираат. И не е вистина дека никој од нас нема по газе еднаш онака инстиктивно чукнато дете свое, ама тоа не е ќотек како ладнокрвно тепање дете и лечење комплекси или истурање нервоза на детето па удри - мавај.
За моето дете нема недостапно место,секаде умее да се качи,се умее да отвори Имам на секаде од оние kindersicherung (неможам да се сетам на македонски како се викаат) оние заштити за фиоки,штекери и врати Ги менувам стално и секој месец купувам нови со надеж дека ќе се откаже Не се плаши од ништо за да ја заплашам,не разбира и после 2 години објаснување и нормално дека ја имам плеснато,два пати,не на секое...
Тешка ми е темава, пошто, како што спомнав претходно, ја имам плеснато, и сега ми е глупаво да зборувам за тоа што мислам дека е правилно, оти во тие моменти се косеше моето убедување, со мојата реакција. Иначе, убедена бев дека нема да удрам дете, никогаш во животот... Ама не си достојав на зборот.. еве.. Туѓи деца сум чувала... И имало во нив и такви кои биле понемирни, ама никогаш не ми дошло да удрам некое. Она што заприметив, едно дете, кое е научено да биде тепано.. буквално од кој ќе стаса (мајка му, татко му, баба му, другата баба, тетки, стрини, чичковци, вујковци, дедовци), кога зборувам со него отворено, како со возрасен човек, ме слуша заинтересирано.. После си продолжуваше по негово (со мавање, фрлање и беснеење), ама повеќе ми изгледаше како демант на она што го зборував, а не дека сака да биде насилно. Има многу голем удел објаснувањето. И поставувањето граници со слобода на избор. Како што кажа погоре Реинбоу, никогаш не им го одземајте правото на децата да одлучат за ним битни работи, ама не им давајте бесконечен избор... туку редуцирајте на две опции, па само да одлучи што и како ќе прави (пример: Сакаш да ги облечеш сините панталони, или кафеавите). Сакаат да бидат третирани како возрасни. И казна, забрана, викање, удирање со објаснување 'Оти јас така реков' - секогаш ќе биде поука со лош резултат.
Се додека мислите дека децата треба сами да се занимаваат и не им покажувате ништо, освен истури куп играчки пред нив, нормално дека нема да знаат што да прават. Од друга страна, имате еден куп опции преку едукативни игри да ги научите што и како треба. Ако не им покажеш, нема да знаат. Што ќе им покажеш, тоа ќе знаат. Да, во ред е да ги оставите да им биде некогаш и досадно, за да може да им се развие фантазијата, но не и никогаш да не ги позанимавате. Не станува збор за изигрување кловн, туку за квалитетно време поминато со децата, на кои истиве најмногу се радуваат и најмногу учат од родителите. Еднаш се деца. Растат. Времето поминува брзо. Страшно е тоа колку млади девојчиња што еден ден ќе бидат мајки и млади мајки, размислуваат како нашите баби и дедовци, оти ним и нам ништо не ни фалело. Покрај толку многу научни податоци и нови откритија, стручна литература и стручни лица достапни за консултација со вас, па и со децата, полесно е да шлапате. Тешкото е да се обрне внимание, таму каде што сте подвалиле. Околу изборот. Детето треба да бира. Тоа е само еден од начините да може да се развие во самостојна и сигурна единка, со самодоверба и да знае да каже не. Уште мал милион бенефиции од истото. Изборот го нудиме ние како родители и е безбеден за децата. И да, се што е потенцијална опасност се става на страна. Подобро ќе ги тргнам токсичните средства и ќе ја заклучам балконската врата, отколку да ја мавам главата во ѕид цел живот, поради мојата немарност. Сите што сме родиле, знаеме дека ова дете од 2 години не може да го рзбере, па дури и да разбере, не е за ризикување.
Jас само ке кажам мало дете и тинејџер не е исто како растат децата и проблемите стануваат поголеми со нив Не за џабе рекле мало дете мали проблеми големи деца големи проблеми Јас сум со две тинејџери прилично се ок е сеа имат бубачки како и секое дете Уста пења ми фака од зборување и со машкото и со женското овие девнови па убрзано за секс пубертет бременост заштита болести сексуални Кога беа мали беа умни деца прилично не се тепани којзнае колку ама ете ситуацијата со штекерот ја пишав погоре така да ако се водиме по тоа и после тоа моето не чепна во штекер ама и му се објасна зошто ен треба да чепка од како беше шлапнато по рачето у дел од секунда инстиктивно е сеа со какви проблеми се справивам поарно и да не знајте и тоа сама јас со две деца Наше е да зборуваме објаснуваме казниме сеа многу често и казнувам оти поинаку не може па неможе и д аги остајме да прават шо сакат да одат кај сакат да се прибират кога сакат муабетот ми е дека и со котек не се постигнува ништо аа не осудувајте ако еднаш два пати е шлапнато
Абе едно животинче што го имам бара занимација и време. Те вика кога не си со него, реагира на игри, на стимул, покажува инает и прави глупости кога не му обраќаш внимание. Дете ти е исто, несвесно е за своите постапки, ама твое е да го научиш како да се однесува, што може, а што не. Ама твое е и да го стимулираш, да му помогнеш да се искаже. Има една предност тука, децата зборат. Ќе ти каже што сака, што не му одговара, ќе направи избор. Не може и не треба да ги игнорираме желбите на децата и да се обидуваме од нив да направиме послушни кукли што ќе ги облечеме во што сакаме, ќе ги носиме кај сакаме и ќе седат мирни. Ако сакате такви деца не ни раѓајте, купете си кукли и нив чувајте ги.
На детето треба да му се зборува, да го занимава некој, а не само по цели денови да се снаоѓа. Ок и малку да знае само, како што рече членка погоре да му се развива фантазијата, но не постојано само за мајката да си седи раат ко што кажуваш.
Се беше преместено дома откако прооде и наредните 2-3 години. Врзани вратничиња од регали, масичето напикано в ќош, за да има место да трча и да не се зашигари во него. Врати затворени, некогои и заклучени. Урнебес. Моите се грееа тогаш со печка на дрва. И прв пат откако прооде, одиме на гости, и едно-две ќе се напикаше во близина на печката. И како да и' објаснам дека е опасно.. Ми текна, ја однесов до печката, и го зедов показалчето и и' реков: Види колку е жешка. - и го допрев до делот кај што не е многу топла, ја повлече раката, направи Уууф! и од тогаш, во радиус од метро и пол околу печка се движеше... Им треба стимул, ама еве, немам нерви да си играм 5 саати со дете. Ниту со моето, ниту со било чие. Ќе си поиграв 20тина мунути-пола саат, и толку.... сафра ме фаќаше. Повеќе ми е задоволство да си праам 'муабет' со нејзе.. Среќа и таа сакаше да се 'муабети'.. А да.. и да и' читам приказни и пеам песнички... Тие од БејбиТв, ден-денес ги памтам... Пееше и таа еден период... Така и научи англиски. Иначе... сега... 13 гоинг он 30 гоинг он 3... не е по муабетењето баш .. Ќе си збораме-збораме и во 99,9% од случаите, на сред муабет ми е 'исклучува' и си мисли на нешто скроз петто. Знам оти на сред муабет ми менува тема, па ќе ја прашам: Ти ме слушаш шо зборам, или ламарина ти тропа.. - ќе ми се насмее само и ќе ми кажи: А да, извини, не те слушав- а јас влезена во објаснување, до тука бива
И во пубертет знаат да се "напорни". Пубертетски бубачки , од брзо лутење, емоции бурни, стално некој друг е крив, несигурности и 300 други предизвици. Ама и среќа и љубов даваат. Со маж ми збориме дека ние ни оддалеку не сме биле толку "тинтрани" од нашите. Можда дека 2 деца , друго време било, и иако патријархатот не беше владеечки насекаде, сепак мајката "крие и попушта" , таткото е "строгиот" се влегуваше во некои пропишани улоги. Сепак, мислам дека сме подобри родители. Барем во нашиот случај. Не ао гордост или тага ова, туку намерно пробувам да не ги повторувам грешките на моите. Со внуките се и тие сами каде-каде попопустливи од со децата. И очекувано- баба дедо галат, родител воспитува. Децата ИМААТ потреба од граници и сигурност. Не да му го кршиш егото, но не да те тероризира. Анархија е непотребна, но и диктатура не. Во 95% од случаи кога сум вреснала по неа, јас сум била напната, а не дека таа којзнае што сторила. Кога го сфатив ова, бар за мене зборам можев и да се променам. Но не давам и покрај пубертет , таа да ми вика ако е нервозна. Праам челинџ и и кажувам како стојат работите. Мада ...од бубачки во пубертет, буквален кошмар сонував пред некој ден. Не знам секогаш како.
Ние треба да се прилагодиме на потребите на детето, не оно на нашите. Најдоброто за него е она што е баш прилагодено кон неговиот карактер, степен на когнитивен развој и интереси. Доколку детето е хиперактивно а сакаме да испиеме кафе ќе го пиеме во игротека, не во дневна кај пријателката. Ако и одговара бујрум, ако не фала пријатно. Не е криво детето што има вишок енергија и сака да игра и да се забавува а не да седне како старо со нас и да ќути ние додека муабетиме. Доколку детето не покажува интерес ќе седиме со него на подот со саати и ќе се трудиме да го анимираме и стимулираме. Долгорочно ќе има ефект. Секое дете не е исто, на некои им треба стимулација и придружба во тие детски игри. Имаше период од една година кога буквално секој ден седев со саати на подот со детето во обид да и задржам внимание со некоја играчка. Сите деца ја немаат фантазијата, или високо ниво на истата, за сами да се заиграат, кај сите деца фазите од развитокот не настануваат како по календар. Сега е доволно само да седам во просторија. Но треба д им се даде материјал за играње, занимација, активност според нивните интереси да им се покаже како, да се охрабрат и поддржат за и понатаму да го играат истото. Само од себе нема ништо. Трпение и работа, секојдневна.
Ама пак, на 2-3 години, ништо не им задржува интерес, подолго од неколку минути. Ова со седењето со саати, ко да ја терам на сила да 'одбери нешто' за играње/правење. И' презентирам: редиме коцки, па облекуваме кукли, па цртаме, па не знам што.. ама не траело никогаш тоа со саати. После, како што растеше, и' се дефинираа интересите, и почна повеќе внимание и време да посветува на одредени игри/предмети/активности, помалку на други..