Од хиперактивно дете што не задржуваше интерес не подолго од неколку минути дојдовме до неколку часа за 1-2 години. Не терање, тоа е долг и комплексен процес, целиот пристап за да се намами детето, да му се привлече а потоа и задржи вниманието. Првите месеци, бев како исцеден лимон, плус со стомакот толкав трудна со трето и бебе околу нас, ама успеавме. Сте успеале, сте работеле и вие. Но некои мислат ете му уклучив тв, му дадов една играчка и нека ќути... Ех, да беше така.
А што ако му уклучиш тв? И на мојава и' се регулираше недостатокот на внимание, и покрај тоа што и телевизија гледаше, а не седев со нејзе со саати. Секое дете на таа возраст е барем малку 'АДХД'
Некои ни со тв нема да седат. Ќе стане и ќе ровари по собите. Избор е на родителот дали и колку тв ќе дозволи.
Примерот ми беше за кога сме оделе на гости, како сме се понашале, а не сме урлале и кршеле ако родителите не ни обрнуваат внимание. Никаде не реков детето по цел ден да се остава само, нормално дека му треба и внимание од родителот и многу зборување. И јас памтам како мала еднаш се возев на количиња после сакав пак, ајде и втор пат се извозив и сакав трет пат, но не ми дозволија и почнав да плачам и да се тегнам дека ќе останам таму, татко ми ми рече ајде пред мене доста ти е два пати јас пак продолжив, се убаво ми објасни ама дете е полно со упорност и после некое време ме залепи по газ, одма заќутев и продолжив да си одам.
Дете на предшколска возраст во една активност/игра има внимание од 30 -55 минути. Се над тоа е прекумерно на таа возраст.
Ах .. немавме такви проблеми... Секако дека е избор на родителите... И не секогаш правилно постапуваме... Пошто нема прирачник за гледање деца. Совети има, но се менуваат во зависност од новооткриени факти.. Една година е супер да спијат на стомак, за наредната да е супер да спијат на грб... Уште не знаеме до кај се' ќе одат предностите/ризиците кои доаѓаат со напредокот на технологијата...А да.. и огромната употреба на седативи, антипдепресиви и антипсихотици за деца кои се АДХД и АДД
Нема ништо лошо да му уклучиш тв. Или да му дадеш таблет или телефон. Проблемот настанува кога тоа е секојдневие. Конкретно кај моите, дозволен е таблет половина час во денот. Одбрана содржина. Ете, завтоа време може да се испие кафе на пример. Ама да очекувам цел ден да си терам мерак, со кафиња, муабети со комшивката, раат, без да им се замарам на децата не е нормално. Тек тогаш ќе демолираат и искршат што ќе најдат. Кафето нема да ми побегне. Децата ќе ми пораснат. Имам другарка, чија ќерка беше на таблет нон стоп. Мислеа дека има аутизам. Проблемот беше Пепа пиг и невнимание од родителите. И така.
Па да, за една активност пола час до час е огромен успех. Се започнува со онаа за која е потребно најголема концентрација или е најзахтевна од моторички/когнитивен аспект. Останатото се прилагодува повеќе од потребите кон интересите на детето. Дади му да бои, да игра со пластелин, со кинетички песок, кукле да рани, да скака на трамболина, ...и те како неосетно ќе ја помине таа граница со втора/трета занимација.
Ајде мајки чувајте нерви ке пораснат па малце полабаво ке биде ама па коа ке си испадните со керка или со син да си седните на кафе ,на ручек
ок тоа ама коа ке бидат тинејџери е друго чуство веке израснато оформено твое дете и си горд на сето тоа у секој случај убаво чуство
Иначе ја кога ти кажав авторитет не мислев со тепање,да го истепаш детето и да има страв од родителот,туку со збор да се разбере
Секое дете има момент кога не може да ги смири емоциите кога мисли дека е тоа во право и готово. Ние возрасните знаеме како да ја контролираме лутината (барем повеќето), можеме да застанеме и да изброиме до 10, за разлика од децата кои го немаат нашето искуство и сеуште не можат да размислуваат за последиците. Во таква ситуација излегувам со него од занимална, го тргам од настанатата ситуација, зошто сигурно нешто го налутило многу чим така реагира, го оставам 10тина секунди да се извика и почнувам да го смирува, му објаснувам што може да се случи ако повреди некое детенце или пак мене, дека оно е умно дете, а умните деца не се однесуваат така. Мора после да се извини и да вети дека нема да се однесува така. Верувај ми многу повеке делува смирено да му пријде, него и ти да почнеш да викаш. Викам и јас не дека не, и ке лупнам на маса понекогаш за да им привлечам внимание да ме слушнат, зошто тешко е да им свртиш внимание на 30 деца кои трчаат и викаат, ама во ситуација кога дете има изливи на бес мора ти да си таа што ке е смирена.
Пишував за ова на некоја друга тема... Додека не прооди, не ни сакав да седам на кафе со нејзе, пошто сакаше в раце поголем дел од времето, и кафето/ручекот, низ нос ќе ми излезеше... Откако прооде, ја носев. Никогаш не скршила или да турнала нешто, никогаш не се туркала, тепала, врескала.. Ќе си потрчка покрај кафичот/кафаната (зборувам за топло време) па ќе си седнеше ќе си праеше 'муабет', па ќе црташе, или ќе си нарачаше за пиење, па не имитираше нас Ама обавезно носење со нас прибор за цртање, и играчката која во моментот и' е најинтересна. Во градинка работиш?
Уште нешто околу изборот. Треба да се прави разлика помеѓу детските желби и детските потреби,децата често не се свесни за своите потреби. Ако родителите ги исполнуваат сите детски желби, тогаш одлучуваат децата ,за што не се секако спремни. Со пермисивното воспитување ,кое е често сега и модерно,не постои зборот "Не" и поставување граници,односно постои слаба контрола на нив.. Ама границите и "Не" е потребно во воспитувањето,иако кога ке кажеме "Не",детето е луто,разочарано,или плаче,тоа е потребно во развојот. Треба да се јасни, одлучни и точно утврдени границите,кои ги поставува родителот. Резултат на тоа воспитување без граници,нема да биде дете со силна самодоверба,туку напротив,несигурно,неснаодливо,со висока импулсивност доколку се сретне со ограничувања и неисполнување на желби.
е ова ич не ми е јасно како го правите... Еднаш, наставничка на ќерка ми, ме остави во училница со 30 деца на возраст од 8 години, на 10 минути, да земе нешто од канцеларија. 2 минути не можев да им привлечам внимание и да ги смирам да не викаат и се рашетаваат низ училница.. не пак 10 минути, не пак 8 саати
Не разбрав и нема да ја разберам потребата од децата да седат мирни/ние да пиеме кафе, да тераме гости. Може е смешно или.трагично но откако ми се роди второто.повеќе сум дома или во двор. Ако отидеме по гости тоа се сведува на саат саат и пол, и тоа што скоро сите ми се со деца, па го занимаваат дека најмало. Но толку издржува,му здосадува. Во кафиќи два три.пати дали сме биле со нив. Пре ќе оставам со баба да се занимава јас ќе испијам кафе раат. А сега со третово па не можам да замислам како ќе излагам. Пред очи ми е само ливада огромна и едно ќебе.И супер е што во последно некои ресторани се трудат да имаат занимации.за децата.
Можда грешката треба да ја бараме во лудово време и растргнати родители,наставници,учителки,баба и дедо,растргнати меѓу трката за преживување доаѓаме од работа во 17 часот и што попрво,иако има детето двајца родители,и детето поминува скоро цел ден без родителот,да укаже на опасностите,на зедничката игра и забава.Можда мајките треба да работат од 7-14часот,па ќе со дојде дома и ќе има време за све и детето колку толку ќе биде барем со едниот родител,вака децата ги расте улицата.
Учителките си ги познаваат децата, секогаш има неколку деца кои се водачи и кои први почнуваат со глупостите, а останатите гледаат од нив, кога ке успееш нив да ги смириш си ги смирил сите 30 деца Јас толку добро си ја познавам групата што знам кое дете до кое не треба да седи кога имаме активности и треба да бидат мирни, зошто се закачат, се смеат. На кое дете треба да бидам повнимателна кога сме надвор зошто знае да забега и сл. Кога почнав со работа ме ставија во средна група и малку ми беше потешко дури да ги научам децата, а и тие мене. Ама кога ке почнеш со нив од малечки е многу полесно. А и треба да имаш живци и да сакаш да работиш со деца.