1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Ќотекот е поучен но еднаш на подолго време со тоа што секогаш детето ќе стекне страво почит кон родителот и во одредени ситуации ќе внимава да не згреши бидејќи ќе знае што му следува за тоа.Но најважно поучно средство е дијалогот родител дете и обратно.Доколку родителот е добар педагог се ќе се надмине и детето правилно ќе биде воспитано и култивирано во средината. :)
     
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    5.920
    мислам дека таа мерка не треба да се превзема на своја рака туку треба прво да се постават некои услови кои ќе ги почитувате со своето дете. на пример тоа можите да го направите преку некоја игра , истовремено и на детето ќе му биде забавно а ни вие како родител нема да бидите изоставени . Сигурно не чуствувате никакво задоволство кога го тепате детето бидејќи јадело чоколада наместо ручекот. :(
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Детето е наједноставното и најискреното суштество на светот. Тоа апсорбира и учи со неверојатна брзина и што е најбитно учи од возрасните. Значи детото никогаш не е криво за ни една ситуации туку сме криви ние возрасните што тоа се однесува така. Што гледа тоа и прави. Еве ќе ви кажам еден типичен тажен случај во мојата фамилија. Имам внуче од прв братучед, 3 годишно преслатко детенце на "образовани" родители. Бидејќи сум во Скопје, немам многу можност да ги посетувам, но мајка ми редовно ми кажуваше како не можат да излезат на крај со малото, како нон стоп крши низ дома, како не се разбира никако со збор, како се тепа со другите деца, едноставно немало страв детето деца постари 2-3 години јаделе ќотек од него. Пред неколку месеци бевме кај нив, лично јас видов како со ќотек се решаваат проблемите кај нив. Малиот зеде намерно скрши чинија, мајка му зеде го наплеска, почна да плачи, и нормално заспа од плачење од што се умори. Значи чим спие - мирно е дома. Во првите 5 мин кога го видов, одма ми беше јасно дека нешто не е во ред со детето. Интелектуално е се во ред, препаметен е малиот, ама покажува огромна агресивност каса, мава, премногу е жив, константно трча и не може да задржи внимание на една работа, навистина е невозможно да го смириш. Бидејќи сум на медицина одма помислив на синдром на хиперактивност, буквално се поклопуваат симптомите и клиничката слика. Како близок човек, роднина му објаснив на мајката, по што ме направија од се подолу :како не ти е срам, ти ќе ни го правиш ненормално детето. А јас само советував да посетат психолог со најдобра цел, очекував двајца родители кои имаат високо образование дека ќе разберат. Последно што разбрав дека го избркале од градинка оти се тепало со децата. Сеуште го смируваат со ќотек.
    Од сите случаи што ги знам до сега каде што ќотекот се користел како воспитна мерка, сум константирала само дека треба ќотек воспитен ама за родителите.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Никогаш не сум била тепана од моите родители значи никогаш немат кренато рака на мене,постојано знаеја да ме советуваат,да седнат да зборат со мене,инаку имав тетин кој нон стоп ги тепаше братучедите и ден денеска тие не го слушаат и уште малце бидејќи се големи ти да го натепат,никогаш не може ќотекот да биде дисциплинска мерка,може да се казнува со нешто друго али не со ќотек
     
  5. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Некогаш навистина кога ќе и се налутам ми иде да ја удрам но одма ја повлекувам раката, се запрашувам што ке и се случи нејзе ако јас постојано ја удирам или тепам? Кога ке се навратам на нејзиниот живот одкако се роди и кога ќе размислам колку само ми била болна, по болници колку време лежеше, како ги поминуваше конвулзиите -тешко, колку само сум го молела господ за нејзин живот, да биде здрава и да си продолжи да си го живее животот ;( .... Едноставно ЗОШТО да ја удрам, ако мојата нервоза ја истурам на неа - како она ке ме свати, дали ке се испалши и што се ќе постигнам ако ја удирам постојано. Јас постојано овие прашање си ги поставуав, верувајте ни мене не ми е лесно, не одам на работа дома сум по цели денови со неа, неможам да и најдам градинка да ја однесам -нема место. Досадно и е, постојано вика, се надвикува, бара деца да си игра - децата касно излегуваат надвор - а сега е ладно!
    Што е она крива ако неа и е досадно и ми досадува? Како да го удрам тоа мало суштество кое во мајката го гледа господ? Неможам , неможам.... Во излив на нервоза двапати досега ја имам удрено по газето она ме погледна зачудено се запраша што ли ми стана? - После веднаш ја гушнав и и се извинив, тоа го свати сосема нормално - лелел срцево ми се натажи кога ме погледна тажно :worried: Од тогаш рака немам кренато на неа. Лелеле мораме да ја контролираме нашата нервоза, не се они за се криви за да се истураме на нив. Јас секогаш разговарам со неа, секогаш ме разбира што и да објаснам, како старец е ! Многу мудро размислува за дете од неполни 3 години, но сепак фала му на господ што е таква, јас многу се плашев да не назадува од нападите кои ги имаше добивано од температурата . :angel:
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    mislam deka najgolemata greska na roditelot e da go udri deteto,deteto e radoznalo po svojata priroda,i moze da napravi milion gluposti bez da pomisli deka ke se povredi,kaj deteto zborot ,,NE,, I ,,NEMOZE,, e tolku interesen sto ni toa samoto neznae kolku,pointeresen od najinteresnata igracka,koga deteto ke pocne da razbira za sekoja napravena greska se sednuva i se razgovara zosto toa ne e dobro sto go napravilo,sekoj moze da udri i mene mi doaga koga ke go vidam kako ja pruza rakata nakaj stekerot da fati,no si vikam ima samo 20 meseci ,sto razbira deka ke se povredi,tolku mu stana interesno toa netamu sto me gleda vo oci i ceka da go vidam deka odi kaj stekerot,i se smee deka ke mu recam NEEEEEE,koga ke pocne da svaka sto e povreda togas ke bide drugo,DETETO SO LJUBOV NEMOZE DA SE RAZMAZI,DETETO TREBA DA PRIMA LJUBOV ZA DA PRERASNE VO NORMALNA LICNOST,ako nie precesto gi udirame tie mali gavolcinja ke mislat deka taka treba pa istoto ke go primenuvaat nadvor kon drugite deca,DETETO E OGLEDALO NA RODITELITE,,,,,,,,,ZATOA MAZETE GI I CUVAJTE GI,ZOSTO NIKOGAS POVTORNO NEMA DA BIDAT DECA,,,,,TIE SE DUSATA NASA,,,,
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ако се работи за мали дечиња, една воспитна по газето воопшто не штети. Тргнувајќи од себеси, сум била толку немирно и неподносливо дете, немате поим колку. Секој ден, ново цуцуле. И ке ме седнат, ке ми зборуваат, немало фајде воопшто, по 5 минути пак исто. Има деца што разбираат со разговор, има некои што прават бељи навистина поголеми, и на овој или на оној начин треба да се научат што е во ред а што не. Да го фатиш мало дете, да го изнатепаш, да вришти да плачи, е срамота, и за на психијатар. Една воспитна по газе ништо не штети. За во понатамошните години, ќотек ни во еден случај не оправдувам, ма којнзае што и да направило, и мислам дека воспитувањето не треба да се темели на страв, туку на разговор за проблемите со децата, на исто ниво како да се возрасни. Обвинувања и осудувања никако, или фамозната фраза "јас сум постар знам се". Се се случува, iи со децата треба да се изгради однос каде и да заглават, да им се обратат прво на родителите. А не да кријат, и да имаат страв. Тоа е многу тешко да се постигне, но јас кога ке имам деца, од прилика овие ке бидат моите принципи за воспитување.
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ќотекот не е решение, еве јас сум родител и некогаш симболично ја имам плеснато по газето, по рачето кога одела кон штекер (не знам зошто ама на сите дечиња штекерите им се интересни :lol:) или по устето кога на пр. опцула или кажала нешто што не ми се допаѓа, нагласувам симболично ама тоа кога беше помала, кога имаше 2-3 годинки. Сега има 4 и разговарам со неа, се обидувам со разговор да и укажам дека нејзините постапки или зборови не се убави, правиме разлики меѓу добро и лошо, се обидувам да ја натерам сама да сфати и да разбере дали нешто треба да се каже, да се направи или не..Насилството и ќотекот не се решение, ако ја удрам ништо не сум постигнала, само ќе се плаши од мене и нема да ме сака, а пак ништо нема да научи...
    Во средно имав другарка која често беше плескана од мајка и, дури и јас сум била сведок на нивни караници и мавања..и еднаш другарка ми ми рече- и што ако ме плесна, веќе не ме ни боли, сега само ја мразам...тие зборови и до ден денес ги паметам и на некој начин се една насока за мене за тоа како влијае ќотекот како воспитна мерка.
    Од друга страна ние никогаш ме биле тепани, моите имаа поинакво решение, не казнуваа, во смисла ако не се приберам на време-казна-нема нареден викенд излегување, намалена оцена, повишување тон и карање со мајка или сестра-долг разговор и укинат или намален џепарлак, некогаш си викав подобро да ме удри отколку да ми држи предавање два саати, ама сега сфаќам дека нивното решение било поефикасно..имам супер однос со родителите од една страна, а од друга страна и јас ја казнувам малата-нема цртани, нема компјутер, нема да си играм со неа, седи во ќош и потоа ја седнувам да поразговараме, да се извини, ќе се гушнеме, ќе се смириме и таа ми ветува-нема повеќе така да правам или речам. Сега за сега е вака, а како ќе биде понатаму ќе видиме, ќе се обидам да бидам добра мајка и во иднина и дај Боже никогаш да не бидам доведена во ситуација да кренам рака на неа. :)
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Да сме си искрени, кога децата ќе стигнат во инает-фаза, треба ептен самоконтрола за да не го плеснеш по газето. Син ми знаеше да вришти на цел глас како помал ако нешто не му е по волја. Не секогаш и за се, ама кога ќе му се споеја жичките, ем да кажеме уморен, ем ненаспан, ем гладен... право :devil: знаеше да биде. Слична фаза поминавме и кога почна прво одделение, со фрлање тетратки и плачење на цел глас ако треба да се пишува. Кога беше значи мал, 2-3 години беше најтежок. Ни можеш да му објасниш со збор, ни те слуша ни те сфаќа... Неговото и крај! Ми се има случено да го плеснам неколку пати по газето, признавам, и после да се утепам од плачење што сум го направила тоа. И тоа во какви ситуации-јас го молам да јаде, тој врти глава лево десно, се инаети (а се молиме на пр. еден саат) и на крај ја зема чинијата и ја фрла од маса! Со ручекот специјално за него правен, нели, мал па не јаде исто со нас, па не можам веднаш земи друга чинија и стави, тоа било за него. Или се прибираме од шетање преку ден, бил надвор веќе два саати, време е за ручек и спиење, а тој се фаќа за влезната врата од влезот и вришти колку го држи глас-уште сакал да си игра надвор. Да не му се верува на човек! Сега е голем, па друг ни е муабетот. Ако ептен забега, излегувам од соба за да вдишам неколку пати длабоко, па се враќам и продолжуваме со убедување.
    НИКАКО не оправдувам тепање на децата. Како што видов на улица пред некое време-не знам зошто (а и не е важно) мајката прво го изнатепа по газето, ама онака, машки, а после продолжи да го удира позади по главчето :( и да го навредува... А тоа немаше повеќе од 4 години, според мене. Тоа за мене е болна психа, дефинитивно. Знам дека дете може да те извади од такт, ама затоа си ти возрасен, (а тоа е дете) па контролирај се.
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Керка ми е 3.5 години а син ми 2. Кога се роди керката беше многу напорно бебе, и сега е напорно дете. Јас постојано се жалев од неа и кога разбрав дека сум бремена на нејзини 18 месеци, ме тешеа дека ако едното дете е лошко, другото ке биде добро.
    Е јас мислев дека керка ми е лошата :shake:
    Тие ме заспиваат (околу 12-1), ме будат максимум 8. Преку ноќ лошо спијат, станувам, покривам. 3,5 години јас немам отспиено како треба. На пладне помалото спие околу 1-1.5 час, керката веке и не сака да спие. Играчки се валаат по под цел ден, абе играчката што ке ја земе едното од децата, другото иде да му ја грабне и се тепаат. Едвај чекам да дојде сопругот од работа во 19х да земам воздух. На керка ми и имам удрено шамарче кога не сакаше да испие сируп, цело шише потрошивме, ај со лажиче, ај со шприц, а таа плука па плука. ЦЕЛО ШИШЕ! Е тогаш ми пукна филмот, неможев да се контролирам и ја шлапнав. Машково 1-2 пати по раче оти се пика позади термото и го бутка прстето внатре. За инаетот да не ви зборувам, цел е на сопругот :D А за викање, го подигам гласот ама се трудам и ова да не го правам оти по некое време ке се навикнат и нема да реагираат. Ги занимавам колу можам, учиме заедно, боиме, се играме ама пак ми здосадува да изигравам кловн цел ден.... Се тешам што има резултати од мојата работа со нив: двете веке зботуваат основни работи англиски, азбука знаат и македонска и англиска, исто и броеви, многу се културни кој други луѓе, обавезно благодарам и повелете, културно честитање празници и сл. Муабетот ми е дека ние, родителите сме тие што треба да ги научиме. Детето треба да се анимира постојано, да биде “зафатено“ за да не му текнуваат глупости. Се занимаваме со егзистенцијални проблеми и најчесто ги занемаруваме овие tabuli rasi....
    Сметам дека со ќотек ништо неможе да се постигне. Напротив, мајка ми јадната сите проблеми ги истураше во форма на ќотек врз нас и до ден денешен имам трауми. Немало ден да помина а таа да не не исплеска. А не сум била лошо дете. Од татко ми имам носено модрици. Не се сеќавам да ме погалиле, а за ќотеци колку сакаш.

    П.С. Ги пишав децата во градинка поради социјализација а и јас да побарам работа ама постојано се разболуваат, машкото посебно. Најмала инфекција на грло кај него поминува во гнојна ангина, се надоврзува стомачен вирус и завршуваме на инфективно со инфузии. Вака неколку пати... Знам дека е ова за тема имунитет него да се надовржев зошто сум дома :)
     
    На Moira и baby.90 им се допаѓа ова.
  11. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Сметам дека ќотекот не е никаква воспитна мерка, туку е само малтретирање на детето.Постојат милион други воспитни мерки и методи за правилно воспитување на децата.Исто така сметам дека младите девојки ,мајките ,и татковците секако треба повеке да се едуцираат кога станува збор за вопитување,а не да слушаат вујни тетки стрини баби, него си постои литература,седнете и порчитајте! ;)
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ќотек како воспитна мерка-да, но кај бабите и дедовците. Тие се најчесто виновни што децата се разлигавени и што не ги слушаат родителите.
    Баба ми е жив пример за тоа. Вујна ми ги учи едно децата, а таа потоа : дојдете внучиња, оставете мајка ви што збори, баба ќе ви го даде то, ќе ви го купи тоа мајка ви што не сака да ви го купи.
    А кој родител не сака да купина детето? Едноставно детето мора да се научи на граници, а не постојано да се оди по негов ќеф.


    Шана, секоја чест за однесувањето со децата. :bow:
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Шана браво за ваквиот начин на воспитување на децата.
    Инаку мене во животов ме немаат удрено, освен едно шамарче кое беше заслужено :D имав 5 години, ја пуштив машината за перење, а вратата не била убаво затворена, направив поплава дома :D :D :D
    Сум против ќотек, а сум за плескање по газето, секако ако е заслужено.Не да го удрам,за да му биде црвено газето една недела и да го памти тоа доживотно, туку чисто колку детето да знае дека ако уште еднаш го направи тоа што несмее, пак ке добие исто.
     
  14. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Моето дете има 1 година и 8 месеци Јас и сопругот работиме а него го чуваат баба и дедо.И имаме еден проблем баба и деде никогаш ама баш никогаш не го имаат искарано или барем тон повишено а камоли да го подудрат.Тој им е главен дома додека не сме тука на - 10 степени им вели дека сакал да оди надвор и тие опп ајмо надвор значи и го слушаат и што сака тој тоа тие прават Кога идеме ние од наработа се менуваат работите затоа што МАМА малку е ЛОША па не дозволува некои работи и оп тука има кавги затоа што само јас го карам а свекорот и свекрвата а воедно и мојот сопруг ќе го бранат и детето помалку ја обожава мама дека таа го кара нормално.Да бидам искрена и ќе кажам дека знам и по раче да го удрам и по пелена но тоа е тоа не премногу само колку да знае дека згрешил баба и деде на тоа дојди кај нас ние ќе те "спасиме" и тогаш го земам во нашата соба седиме и му зборувам му зборувам после едно одредено време се враќаме во дневна и пак постаро :).Дефинитивно малку од повеќе е разгален од нивна страна но јас се трудам колку можам да си створам афторитет затоа што јас му сум мајка а не тој мене :)
    Како и да е некогаш знам да речам дека ќотекот излегол од рајот но до одредена мерка нормално.
    Пред некој ден бевме на гости кај едни пријатели и мајката со шамари ја заплеска својата 11 месечна ќерка Син ми кога го виде тоа очите му се наполнија со солзи и се скри во мене и беше премногу умен додека бевме на гости Тој не е навикнат на такво воспитување и малку се заплаши и сега кога е неумен му велам ќе те носам кај тетката за да јадеш чотек.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Нине25, го поддржувам она дека ќотекот излегол од рајот :D Потребно е понекогаш мало ко што објасни ти, тапкање по памперс, по раче и слично.
    И да, убаво кажано, ти си му нему родител, а не тој на тебе.

    На ќерка на пријатели на моите родители, која има 4-5 години, е КРАЈНО лигава.
    Кога сите седат на маса и таа седнува (иако се случувало да нема место за мене или за некој друг, таа МОРА да седи на посебен стол (во мајка и да седи не доаѓа во предвид).
    Кога таа ќе каже, тогаш ќе си одат дома, што ќе каже таа е нивна наредба.
    Па Боже мили, тие се родители или детето им е родител на нив?
    Ама ова е грешка на нивните родители. Токму преска и кажував на мајка ми, ако моите деца се такви, да ме кара многу и да не дозволи тоа така да остане.
    Сепак, секој сака да му угоди на своето дете и детето да се задоволено со се. Но да дозволам да ми го управува животот-НЕ.

    А она за мешањето на бабите и дедовците ќе се самоцитирам:

    и ќе додадам: што поголема количина, тоа подобро :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cuculce1984

    cuculce1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Јас лично сум против тепање на децата, меѓутоа има моменти кога ќерка ми и покрај тоа што е мала и има само 15 месеци ме вади од кожа, како на пример вчера зашто и го земавме шишето со кое истураше вода кај нејзе во ракав и насекаде низ дома отиде и го тресна телевизорот толку јако што мислев дека ќе го искрши. Тогаш јас станав и ја удрив не многу јако по газето (пелената) за да не и текне никогаш веќе да го направи тоа. Незнам дали тоа ќе има некое дејство ама морав да изреагирам некако а да не биде со дерење бидејќи мислам дека тоа нема никако да помогне.
    А за тоа дека бабите и детовците ги разгалуваат децата се согласувам потполно. Ќерка ми ја чува свекрва ми и понекогаш кога мојот инат :) ќе направи некоја глупост (а прави многу често) ќе и свика и после 2 секунди и вика дојди кај баба и почнува да ја гали, е тоа е многу полошо отколку да не и рече ништо.
     
  17. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Прво воспитај па да не мора да го тепаш,котекот доаѓа кога немаш веке друго решение. Немам деца но како мала мајка ми ептен ме тепаше,на 10 години морав дома да чистам, да перам и кога таа ќе си дојдеше од работа, ако перницата не е наместена ќе ме удресе и нон-стоп ке го обезвреднуваше мојот труд. Не можев ни со децата да си играм бидејќи секојдневно имав обврски.

    Да не избегам од темата, зборот ми беше дека некогаш ќотекот е корисен ама некогаш предизвикува трауми за цел живот. Моментално сум бејбиситерка, девојчето има 11 години и мислам дека тоа е ѓаволот на земјата. Таа сите ги навредува сите се ку** гледа само да озборува и да ја искривува вистината, дисциплина никаква, респект никаков. Она сака фармерки од 200 евра, па се дере и крши ко ненормална ако не ги добие. Мајка и само по газот и оди и не смее ни да и се скара камоли да ја удри. Некогаш ми доаѓа не ќотек, туку да ја убијам се што ми има направено неиздржливо е. Татко ми ми вика не се расправај со деца, а како кога толку е злобна и толку работи ми има направено да ти пукне филмот па сум видела се ама толку злобно и разгалено дете никогаш. Па поарно ке го удрам како мало да знае што смее, од колку вака да мора да го утепам.
     
  18. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    499
    ѓаволот на земјата бе! хахахахах ме изнасмеа :D :D ок, не е смешно може, си имаш мака, ама како што си го опишала :rofl: Како и да е, да не бидам офф-топик, мое мислење - НЕ за ќотекот. Сите сме добиле по некој шамар од родител, едно друго, ама како што разбрав темава е за асолен ќотек, т.е. за оние родители кои проблемите со децата ги решаваат со леванка и десанка. Мое мислење е дека, железото се кова додека е жешко, ако навреме се воспитаат децата, не верувам дека понатаму ќе се однесуваат така да има потреба од вакви екстемни мерки.. Во секој случај, мислам дека ќотекот со тек на време имплицира нарушување на односот меѓу родителите и децата и ред други проблеми како и искривена перцепција за она што треба да претставува родителството... ако децата израснат во средина каде грешките се казнувааат со шамари, во средина каде што ќе се плашат од своите родители, ќе се плашат да ги признаат своите грешки, што може да се очекува од нив утре? Па после се чудат луѓето, како син им имал собраќајка а не кажал дома, ќерка им останала трудна и истрчала право кај другарка и од средно за помош?! Па 21 век сме, има многу понапреди воспитни мерки :)
     
    На machorka, Shana и Butterfly-itgirl4s им се допаѓа ова.
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ако збориме за два шамари, скубнување за коса, или ‘галење‘ по г‘зот, тогаш немам ништо против.

    Значи ако детето не го послуша мојот збор и те како ке следува ќотек,
    ама не до степен да го раскрварам, па потоа да има трауми од детството.Ништо нема да му бидне од неколку шамари и мислам дека делуваат и тоа добро на воспитанието на детето.
    Па да видам дали после нема да ме послуша или ке рече: Мамо ти што велиш? :rofl:
     
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Лесно му е на слонот да згази мравка !
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.