Има разлика од пермисивно и позитивно воспитување, гледам ти не ја знаеш. Во првото сѐ им е допуштено, во второто се поставуваат граници кои не се означени со тепање. Со несогласувањето мислев на тоа дека треба уште од најрано да им се дозволи избор, а не се да биде како родителот ќе одлучи зашто најчесто е така. Децата за ништо не се прашани, нити за нешто им е дозволено да одлучат. Треба да се почне од мали работи, а потоа како растат да имаат самодоверба да донесат и други одлуки. Нормално дека за сѐ треба да се објаснува, мојата знае дека нож е опасен зашто милион пати сум кажала, дури и се имам сецнато и сум и покажала дека од ножот сум се исекла, пак со објаснувања. Нож на маса да стои она нема да го фати, а не сум ја удрила за да разбере дека е опасно. Во маркет не трча на сите страни бидејќи знае дека има многу непознати луѓе кои и може да се опасни. И пак не сум ја удрила за да стои до мене. Во маркет ако бара нешто едноставно и кажувам дека немам пари за тоа, не плаче и не се треска од земја, вика добро, следниот пат и толку. Исто така не сум ја плескала зашто барала нешто и плачела за тоа. Ниту пак барала и сум и дала, сите граници се постигнати со разговор, со мое дрндање по цели денови. Се надоврзав пак за пермисивното воспитување, едноставно мора да се прави разлика.
Дете смирено со шамар не е воспитано, туку само исплашено. И интересни ми се оние демек во ред е да удриш свое дете, ама друг ако ви го удри има да одговара. Малце звучите лицемерно, во друга тема пишував. Ако си му родител демек имаш право што сакаш да правиш со него, а инаку глумиш најголем негов заштитник. Не го поседувате тоа дете. Аа да, сега пак она истото ќе речете не си мајка. Ама за разлика од некои од овде не заборавам ни како е да се биде едно дете. Добро знам за последици од психичко изживување. За физичко не дознав никогаш и мило ми е за тоа. Зашто ако знаев, не знам што ќе беше од мене. Маче на сред улица ми се вртело, ме следело, потскокнувало за да му дадам храна и да го погалам. А дете во развој како очекувате дека апла мирно ќе седи?
Ги знам сите видови воспитувања,се чини ти ги имаш помешано многу од нив.Постои позитивно родителство,а не позитивен стил на воспитување. Во пермисивното не постои дисциплина,не постојат строги граници,постојат во авторитативното,можеби на тоа мислеше? Граница не значи тепање! Оној кој поставил граници без удирање,викање,пасивни агресии е успешен родител. Ако имаме преговори,немаме граници,иако секако мора да бидеме флексибилни и да го уважуваме мислењето на детето,а посебно ако има добри аргументи. Ако пр.мајката не постави граница,или не се сретнало со граница ,детето не знае до каде да оди,и често завршува како тиранин..или дете шеф.И тоа дете не знае всушност ништо освен тоа дека мајката служи да ги исполнува неговите желби. Со авторитетот и границите децата добиваат сигурност која им е потребна,а од друга страна и модел. Детето нема да стане самоуверен возрасен ако ти му дадеш зелена и црвена сламка да избере . Родителот е тој што одлучува и поставува граници,нe детето.Знаеш зошто? Зошто децата,а посебно малите одлучуваат како што се чувствуваат во моментот,точно знаат што сакаат (желбите),не се најчесто свесни за потребите. Пр.со видеото е доволен ако си го погледнала. Детето одлучува да оди со странецот зошто кучето му е слатко во моментот..иако му е укажувано на опасноста. Колку год.има твоето дете па знае дека другите луѓе можат да бидат опасни?Повеке од 10? Бидејки ако има помалку, тоа воопшто не е точно, односно ти мислиш дека знае бидејки си зборувала,ама тие не се свесни за тоа.
А ако детето рече “не ти побарав да ме родиш” Јас сум многу против ќотек. Како мала до крв сум била тепана, било со причина, било без причина. Детето е мало за се да разбира, да беше така сите ќе бевме родени со памет и ќе зборевме и ќе одевме од стомак. Се се учи со тек на време. Сигурно нема да родам дете со надеж дека ќе имам кого да малтретирам за моите испади. Извини уајлд што баш тебе те цитирав, така ми се погоди твојата реченица
Да. Во тој контекст и ми беше првиот дел од постот.. Тука да не ги заборавиме и оние што малтретирањето на детето го сметаат за помало зло од абортусот.
Мислам дека не се разбираме никако. А и имам отворно тема за воспитни стилови, подобро тоа таму да се продолжи, тука веќе се забегува од темата за ќотекот и насилството врз децата. Што се однесува на границите и изборот пак не се разбираме, јас зборувам за мало дете што му даваш избор кој веќе ти си го одобрил, на пример што сака да јаде и одбира од тоа што секако се готви, или што сака да носи, од гардероба што секако ја носи, ама се чувствува дека имало некаква контрола. Значи граници пак има, а во склоп на тие граници му се дава на детето избор. Дали сум сега појасна? А не на мало дете да му дадам избор да оди со странци, тоа нормално дека не ми паднало на памет.
Јас па не се слагам со изборот шо сакаш да јадиш? ај молим те се јаде шо се има ручек дома и нема ако не сака од гравот пр да станам да изпржам јајца нема оно да манипулира со тебе него обратно мое мислење пак ек кажам
Рековме од тоа што секако се готви дента. Нема тука ништо екстра. А побогу и да има некој ден, не е страшно. Да му го направиш на детето омиленото јадење да речеме. Никој не зборува за постојано исполнување желби. Ниту пак за модел кој не вклучува граници и дисциплина. Изборот, влегува во позитивното родителство и како таков е многу корисен за децата. Овој модел на воспитување, ги поттикнува децата на независност, одговорност, самосталност, со јасно поставени граници и правила, каде точно се знае кој е родител, а кој дете. И замислете, не вклучува по некоја воспитна. Нарушување на вниманието, односно недостиг на истото и хиперактивност.
Аха е па не сум сватила убаво еве пример од денес момата моја сака да испаѓа а со школото е попуштена малце ме прашува дали може да испадне и реков незнам одлучи ти дали треба или не треба ? Гледам отиде се јави на другарка оти не испаѓала сама е свесна оти е крива иако јас зборував дека е за нејзино добро дрндрндрн
Знам дека ти не се сложуваш, чувај Боже, ти можеш да јадеш што ти се јаде, ама детето има да јаде тоа што си ставила на маса зашто ти си газда во куќата. Толку страв од тоа детето да не манипулира со родителите, од таму и доаѓа ќотекот, од потребата да се покаже кој е главен.
Па и да јаде тоа што сака, што има лошо. Јас на 30 и нешто години сум проблематична со храна, а не на дете да му правам притисок да јаде нешто што не му се допаѓа. Како за непријатели зборувате за децата, а заборавате дека деца се и се влијае на развојот. Јас баш па обратно мислам дека строго држените деца, со правила за се и дури удирање можат да се попроблематични од децата кон кои пријателски и со разговор се постапува во сите ситуации.
Тоа што сака готвам јас. Јас ручам на работа секако, и не ми прави проблем да јаде тоа што има желба.
Ајде нека биде така. Јас зборам дека детето не е тоа што треба да ја избере границата туку да ја постави родителот. За компромиси,преговарање и лабави граници кои де факто постојат кога границата е ставена на избор на детето,а е една од главните одлики на пермисивен родител,односно родители кои имаат проблеми во поставувањето на граници,и кај кои постои страв за поставување граници. Избор Кој избор ке се понуди кога не е храна во прашање туку однесување на прим.со постари? Кој избор ке се понуди кога ке има 12 и ке инсистира да оди на одмор сама,а не прифака Не како одговор?! Кој избор ке понудиш ако поставиш граница не за пиење пред 16-18 год.?
Тоа е пермисивно родителство и нема врска со позитивното. Во последново, родителот поставува граници, а не детето. Ајде Косми жити се, не зезај. Зошто упорно го форсираш пермисивното, небаре тука за тоа сите навиваме. Изборот се дава до одреден степен, односно за мали нешта, соодветни на возраста. Нема избор за се, туку граници и правила. Спротивното е веќе индеферентност или пермисивност. Ја сакаш розевата или белата блузичка? Сакаш да играш со барбики или да редиш сложувалка? Каде овде гледаш дека нема граници? Ова се мали, чиниш незначајни нешта, но на децата им помагаат да изградат самоконтрола, самодоверба, можност за одлука итн. итн. Децата не се кукли, не се роботчиња, не се телевизор исклучи и вклучи. Не може и не е во ред цел живот друг за нив да бира и одлучува. Еден ден кога ќе се најдат пред животна одлука и потешкотии, нема да знаат да се снајдат, а мама и тато нема да бидат тука да им помогнат. И ете ти проблем. Токму затоа е и изборот. Затоа што децата се посебни индивидуи и личности. Примерот од претходно, со грабнување деца, нема врска со изборот. Дете бира од понудена опција од родител, не од странец. За странец има правила. Но ова е друга тема, да не навлегувам. За однесување со возрасен нема избор. Има правила.
Ќе кажам отворено дека ми се случило ретко да плеснам по газе, почесто да повишам тон, но тоа го сметам за мој неуспех, затоа што во даден момент не сум успеала да соберам трпение и да избувнам. Не е нешто со кое би требало да се пофали било кој родител, демек му покажав јас на детето кој е главен и каде му е место да си знае за друг пат. За жал некогаш премореноста и повторување на некои работи по сто пати си го прават своето и секогаш ми е криво поради тоа, доколку избувнам без поголема причина ќе ги изгушкам и ќе им се извинам, ако се мали знам дека им значи тоа и ги смирува. Но ќотек во вистинска смисла на зборот, тепање плескање шамари не, такви трауми на свое и било кое дете не.