Нема последици? Дали ние ти личиме на една среќна и здрава нација? Имам јас пријателка наставничка, презадоволна е од децата, ама и она си работи со љубов и им се посветува, прави да им биде забавно. Не седнала да дрнда 45 минути и да очекува да не им е досадно. Откако се отселив сфатив колку лошо ми влијаела цела средина кај моите, целата тензичност, дури и какви последици имало нивното тепање и омаловажување. Кога добив малку далечина и јасност, дека не мора да е така. Дека дете не мора да се расте со удирање по раче, плескање по газе, со вербално омаловажување, како проста, саката ли си, глуп, туп... Последици од нивниот однос е што уште од тинејџерка ништо немам споделено со нив, немаме близина, не сум ги прашала никогаш за ништо, ако имам проблем не одам кај нив за совет. Тоа не сакам да е случај со моето дете, не сакам мене така да ме гледа, не сакам да се плаши од мене. Ќе ми биде тоа најголем пораз како родител. Пораз како родител не ми е што плачело на улица, пораз е кога ќе порасне и ќе реши дека не сака да те слуша, да те гледа. Е тоа е пораз. А тој пат се тапка од мали нозе, почнува со мали работи и само се продлабочува натаму. Зошто да го плеснете кога ќе направи нешто опасно? Јас постојано зборувам за улицата, дека ако оди може да ја удри кола, ако ја удри кола ќе одиме во болница кај што ќе ја боцкаат. Зашто, тоа е реалноста. За опасности нема омекнување на работите кај мене. И досега немало потреба за нешто да ја плеснам. Ама се збори цело време, ама баш цело време. А живееме и на прометна улица. Се зборува, се објаснува, што е преопасно се тргна настрана.
Да да јас ептен не ги сакав моите родители,напротив,и мислам секое плескање сум го заслужила. А сите вие со вашите теории се надевам дека имате добро воспитани деца. За нас другите олабавете.
Хм... мене ме плескаше мајка ми ко мала, ама споделувам со нив .. Сега, на 40, не толку, ама додека бев со нив сеуште.. Се' знаеа што ми се случува.. Добро.. скоро се' Татко ми 2 пати само ме има удрено..
Мене знаеле да ме плеснат и секогаш сум била блиска со нив,посебно со татко ми кој за жал го изгубив и многу ми е тешко. Ниту еднаш не мислам дека згрешил со нешто во воспитувањето.
Се си е до детето. Некое посензитивно ќе го сфати тоа многу лично. Јас бев поотпорна, но сепак целиот однос си придонесе за тоа што е. Брат ми пак... Уште полошо. Ти рече дека немало последици, јас ти кажувам дека имало. И не едно, повеќето во моја околина така се растени, и речиси кај сите е исто. Место да одиме напред, одиме назад, со што ни фалело нас никаде нема да стигнеме.
За тие два пати искрено, и јас не го наоѓам крив.. Сама ќе си манев шамар, да знаев она што знам денес. Ама мајка ми не тепаше почесто.. Најчесто 'без причина'. После долги години дознав што била нејзината фрустрација во тој период...Сама ми кажа... И искрено, не се плашев од нејзе, ами развив бунтовност кон нејзе и нејзиниот начин на живот, нејзината личност... Во секоја смисла на зборот. И ден-денес стојам зад тоа дека не сакам да сум ко мајка ми. Не е само до сензитивноста. Ако се рачуна по тоа, јас сум ултра-сензитивна. Не лажам кога велам дека само два пати ме удрил, навистина толку се.. Значи, прво и основно, му било лест ризорт шамарот, не прва опција. Второ, и двата пати имаше навистина 'добра причина'... Зборувам за 'логика' во афектна состојба. И можам да го разберам тоа... А она од мајка ми, не можев, и не можам...
Ако едно удирање било пресудно да не бидеш блиска со родителите тогаш сметам дека проблемот е во тебе, бидејќи никој родител не го удира детето туку така, најчесто е за наше добро, кај што не помага зборувањето, помага шлапнувањето. И мене како мала мајка ми 2 пати ме има ишлапано, првиот пат беше само еден шамар, а другиот беше малце подобар ќотек бидејќи брат ми со дубак го пуштив по скали и тоа намерно, можев да го убијам, да не се појави татко ми во тој момент ќе паднеше дирекно на глава. Татко ми повеќе пати ме има мавано ама само по газ, па со моите бев толку блиска како другарка скоро се знаеа за мене, сега татко ми почина па со мајка ми сум уште по блиска и од претходно.
Јас не бев тепана, братучетка ми редовно мавана од мајка и со влечки за по дома кога не беше послушна. Денес таа со мајка и се ко газ и гаќи, слободно се гушкаат, бакнуваат, си кажуваат се'. Jас со мојата...онака. Логика од експерти?
^Близината може и да се изглуми кога знаеш дека имаш очи вперени во тебе. Тоа што пред другите изгледаат така не значи дека навистина братучедка ти има доверба и високо мислење за нејзината мајка. Не секој говори јавно за проблемите со кои се соочува.
Да, да, баш се посветени на тоа да глумат близина од нејзини тинејџерски години па до ден денес. А јас со мојата? Глумам ладен однос а всушност сме многу блиски?
За твојот однос не коментирам, поради твојата личност или личноста која што си на форумов. Сум кажала јавно тука на форумов дека се оградувам од коментирање на твојот карактер, поради причини што верувам дека на многумина тука им се јасни. А општо за близината помеѓу родител и дете ќе кажам само дека зависи од двете страни, односно од двата карактери. Исто како и за било која друга релација.
Па нели родителите ги формираат децата во голема мера со тоа што прават и не прават, како сега зависи од карактерот на детето? Тука се збори за плескање, тепање и последици. Ништо друго. За другите начини на воспитување ваљда во друга тема. А она болдираното, има нешто што сите знаете а јас не? Дијагноза некоја за која јас не сум свесна?
Токму така, во голема мера но близината и желбата за споделување на најдлабоките размислувања на детето не може да ги моделира родителот во целост. Тој влијае во однос на насочување кон здрави размислувања и градење на здрави врски на детето со околината, но не може да ја моделира неговата желба за споделување. Позитивно влијание за близината има доколку родителот уште од најмали нозе комуницира и разговара со детето за различни теми, но крајниот резултат зависи и од желбата на детето. Провокации не помагаат кај мене за да те коментирам, така што залудно се трудиш
Она за што збори Рејнбоу, не е само ќотек во прашање. Туку родители, луѓе кои се страшно пакосни и злобни, отровни едноставно и други деца има кои биле тепани од нивните заради што излегле на улица и слично, али дефинитивно има разлика од ќотек до ќотек. Она е малтретирање, омаловажување, кршење на дух на човек кое не е еднаш, два пати дур си мал. Тоа и на 60г ти го прават.
Значи, кога сме на оваа тема, не ќе да е само -плеснато е или не, туку родителството е толку широк поим што да сумираш нечие воспитување ама ич не е доволно од знаење на неколку факти. Не сум ниту за плескање ниту за мавање, ама ако слушнам дека некој си го има плеснато детето не затворам ум и веднаш го сместувам во група -лоши и заостанати родители. Оставам простор за тоа дека и покрај нешто направено во афект, можеби имаат подобар и поздрав однос од било кој друг кој ќе се пофали со -јас свое дете немам ударено. Не мислам дека редовно мавање со влечка кога детето е немирно е правилно воспитување и води до однос каков што има пример братучетка ми и нејзината мајка, во случај да ми извртите зборови, само укажувам на нешто друго.
А мене ме интересира до каде е океј плескањето, од каде не е? Колку пати ќе го удри, колку ќе боли? Што е критериумот чим малку не е страшно?
И јас баш се запрашав зошто баш тие родители со ``проблематични/хиперактивни/неразбрани`` деца кажуваат дека и покрај плескање/удирање детето не се разбира и пак продолжува со истата песна. А аналогно на тоа родителот пак ќе дури, ќе подвикне..и така во круг. Не увиделе ли дека плескањево не е лекот, дека не помага? Не е лошо човек некогаш да си признае дека нема живци, нема нерви, нема трпение...па дека он претерал и не се исконтролирал, а не дека детето е мал подвижен терминатор кој руши пред себе.
Сакаш да кажеш без влечка, нема близина? има логика , признавам, со влечката растресува и подредува се одново, ко ристарт и праи. Пробај, шта речи...ама....ко шо кажавме 100 пати, оти не тепкаат мајкиве возрасни луге? Ил они сите си се воспитани веч....знаете оти? Оти дете не може, не смее да врати. Да можеше и мајките ќе мислеа 3 пати и во афект.
@Dentina Па прилично долго се изначекав, мислев некој во истата минута ќе го напише она што ти го напиша.