Построги методи има, мајка и ја плескала неа со влечка, она сега со стап и така ќе продолжи лозата дури не стигнат до секири или моторни пили. Не, колку што знам, ги немаат удрено.
Јас не гледам дека на последнава страна некој одобри ќотек или кажа дека ќотекот е добра воспитна мерка и дека има некаква граница кога е тој добар, а кога е лош. Ама има граница кога односот со родителите заради начинот на воспитување станува онаков каков го опиша Реин. Има разлика од нашите муабети и вашите обиди да наметнете нешто што не сме кажале во врска со ќотекот.
Голем број што пиша дека се плескани како деца сметаа дека е нормално или дека и они применуваат, затоа ме интересираше развојот на настаните .
Дали сте исто така со отворен ум кога дечко ќе мавне шамар на девојка и обратно? Еден, во афект. Да ја воспита де. Што има везе? Или вашите совети се кој еднаш мавнал, ќе мава и натаму. Што во пракса се покажало и докажало. Јас навистина не знам соодветен начин да објаснам дека воспитувањето не се постигнува со ќотек. Ниту пак невоспитувањето е предизвикано заради тоа што немало воспитни.
Стокхолмски синдром (метафорично). Како и сите патријархално и авторитарно воспитани млади, кои ги прифатиле тие поставени норми како позитивни. Па зошто кога и сама си свесна дека не е правилно, го спомнуваш примерот тука? Или да, знам, прекул и неодоливо е going against the flow
Јас не сум воспитувана со тепање, имам голема почит кон родителите поради тоа и општо за се. Никогаш не сум била проблематична, сум немала и немам пороци никакви, не сум разгалена. Од друга страна маж ми е воспитуван со ќотек и да не застанев и уште да стојам строго и со уцена дека нема да го воспитува така синот, и тој така ќе постапуваше. Зошто тоа му е вродено и нормално, како на многу што им е особено со потемпераментни деца. А богами моево е, и јас што имам трпение големо сум морала да избројам до 10 некогаш и после да седнам и со муабет да му разјаснам некои работи. И гледам дека разбира ко ќе е смирен се, без исклучок, која е поентата тогаш од тепање?
Како што не секое дете што растело со алкохоличар станало и самото алкохоличар, како што не секое дете со мајка малку "луда" станало исто такво психотично, така и во некои примери не сите деца што биле тепани станале тепачи. @Someonespecial За да ви ги размрдам малку теориите што ви се прилично црно-бели и ете ти единствено ми даде одговор -Стокхолмски синдром. Како ли не ми текна? Каков синдом е за родител што психички си го малтретира детето кое е полнолетно а тоа упорно седи во неговиот дом? Исто?
Ова ја прашав баш една членка, не знам дали беше таа со внука ѝ или друга. Одговорот беше дека мајка ѝ ја израснала, воспитала, исчувала и затоа таа има право да ја удри. А родител и дечко не се споредувале. Тој ниту ја израснал, ниту ја хранел и чувал. Фактички има луѓе кои имаат право да повредат некоја личност, други немаат такво право над истата личност. Или она - јас те родив, јас и ќе те отепам.
Затоа што имаше поента и беше во контекст на муабетот на Реин и Вајлд - ќотекот и односот потоа меѓу детето и родителот. Врати се страница наназад доколку не налета на нив. И не, не е стокхолмски синдром во прашање. Во прашање се различни степени на злоупотреба. Како што и за силување и убиство има различни степени соодветно и последиците се различни и не секогаш одат по шаблонот за кој сме читнале од статиички за психологија налик чик литературата. за тоа збори Бриџит. Али прашањево за прекул ти е во стiлот на ----a да те питам, прекул и бунтовно се осеќаш кога и парираш дури и кога не согледуваш дека има поента во она што го пишува? Don't.
Па тоа со братучетката на Бриџит не е благ степен на злоупотреба. Вели дека мајката континуирано ја мавала со влечка, што е понижувачки и примитивно. За мене ретко која нејзина дискусија има поента освен контрање и уникатност, I rest my case.
Сите ги извртуваме зборовите мање више. Чак гледам и особи кои сами своите претходни зборови ги извртуваат, тоа е уште поинтересно. Знаеш оти? Оти никој што удрил, ни под разно на форум нема да признае дека згрешил , оти сака да си мисли дека со катран и пердуви ке биде полиен овде и на криво магаре качен , а уствари пусто его. Ќотечето носи многу последици а малку исклучоци. И апсолутно да, трошка Стокхолм синдром, трошка депресија, трошка анксиозност, троа мрза, троа лакомост, се на куп за деца што на 30 се кај мајка и татка или свекор свекрва независно ,а овие пустите терминаториод читави 60-70 години.
Тоа и не е баш resting of а case, Спец. Tуку е biased opinion. По нашки, не држи вода. Сепак. Бриџа знае да остави долгорочни трауми врз сечија личност,ваљда, јбг.
Апсолутно се согласувам со напишаното! Ако треба да ги ставам во категоријата на најлоши родители, Ќе ги ставам пасивните агресори-отровни родители кои прават терор со психата на детето,а не удреле никогаш,наспрема оние грешници кои во момент на немоќ го плеснале детето по газе,а не му пасираат психа секојдневно на детето. И уште нешто ,тој немоќ кога родителот плеснува,не зборам за крвничко шамарење,децата го препознаваат. Имав другарка школска која на 15 год.побегна во Охрид на викенд со 26 год.дечко. Татко и ја најде и плесна шамар,прв пат од кога беше родена. Никогаш не му се налути,денес има три деца и вели дека не му се налутила бидејки и било јасно дека е во паника, и да ,во супер однос се денес,тој и ги чуваше децата.
Зато шо воспитувањето се прави од мали нозе,па можда тој дечкото шо во тинејџерски години ќе ја шлакнит својата девојка,не го шлакнале неговите родители кога бил мал. По тие книгите шо ги форсирате тука цело време сигурно и пишуват до колку години имаме влијание на децата во нивното воспитување. Така да споредбиве ви се смешни.
Па валда не им фатило доволно пена устата од зборување на неговите родители.... и пак ќе ти речам... СМЕШКИ